Наближува крајот на небесниот истражен суд
Се ближи крајот и на денешната, втора фаза од планот на спасението врзана за небесното Светилиште, крајот на Христовата првосвештеничка служба и на небесниот истражен суд, кога Христос, во улога на посредник и застапник, ќе го означи крајот на времето на милоста како последна можност и шанса за грешниците да се помират со Бога и да се спасат. Крајот и на оваа толку значајна фаза нашиот Спасител ќе го означи со истите зборови што ги изговорил на крстот: „Се сврши!“
„А седмиот ангел ја излеа својата чаша во воздухот, и излезе силен глас од храмот, од престолот, велејќи: ‘Се сврши!’ И настапија молскавици, татнежи, громови, и настана силен земјотрес, каков што никогаш немало откако постојат луѓе на земјата; таков голем и толку силен земјотрес“ (Откровение 16,17.18).
Зборовите „Се сврши“ Христос ги изговара во небесниот храм, пред Божјиот престол, кога небесниот истражен суд ја завршува својата работа. Испитан е случајот на секој грешник чиешто име било предмет на разгледување на овој суд и, во зависност од извештајот за неговиот живот во небесните книги, тој добива соодветна награда, живот вечен како помилуван грешник, чиешто име се пишува во Книгата на животот, или вечна смрт ако до крај останал грешник, и неговото име се запишува во Книгата на смртта.
Откако ќе ги изговори зборовите „Се сврши“, Христос ја објавува одлуката на небесниот суд:
„Грешникот и понатаму нека греши, поганиот и понатаму нека се погани, праведникот и понатаму нека живее праведно, и светиот и пнатаму нека се посветува!“ (Откровение 22,11).
Со други зборови, кој како што ќе се затече во мигот кога се издава овој проглас, таков останува за вечност – или грешен за вечна смрт, или праведен и свет, за вечен живот.
На небесниот суд на Христа „му беше предадена власта, честа и царството за да му служат сите народи, племиња и јазици. Неговата власт е вечна власт и никогаш нема да помине, неговото царство нема да пропадне“ (Даниел 7,9.10.13.14).
Веднаш потоа Христос доаѓа на оваа земја по вторпат „како цар над царевите и како господар над господарите“ да му даде „секому според неговите дела“ (Откровение 19,16; 22,12). Почнува третата фаза од планот на спасението, милениумот, кога „царството ќе го преземат светите (спасените) на Севишниот, и тие ќе го поседуваат за веки веков“ (Даниел 7,18).
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за небесниот истражен суд“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНИОТ ИСТРАЖЕН СУД
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за небесниот истражен суд“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на...
Небесен истражен суд
Неколку општи напомени. Небесниот суд во Библијата се одвива во три фази: „Предмилениумски суд“, или „истражен суд“, кој уште се нарекува и „предадвентен суд“, „Милениумски суд“, и „Извршен суд“. За првата фаза од небесниот суд, наречен предмилениумски, истражен или...
Засметана и подарена Христова праведност и процесот наречен „посветување“
Денес протестантскиот свет е заплиснат со нова погубна либерална теологија која се шири како пожар и го опфаќа целиот религиозен свет. Таа теологија широко му ја отвора вратата на гревот кој сè повеќе го проникнува и го расипува светот. Според таа теологија, сè што...
Христовата жртва на Голгота и неговото посредување во небесното Светилиште
Христовата жртва помирница на крстот, со која светот има можност да се помири со Бога, е принесена. Во одредено време Исус објавил: „Се сврши!“, и умрел. Тој доброволно му го предал својот живот на Отецот. Судирот бил завршен - Тој однел победа. Христовата жртва е...
Повеќе за Христовата посредничка улога на небесниот суд
„Дечиња мои, ова ви го пишувам за да не грешите, а ако некој згреши, имаме Застапник кај Отецот - праведникот Исус Христос. Тој е помирителна жртва што се принесе за нашите гревови, и не само за нашите, туку и за гревовите на цел свет“ (1. Јованово 2,1.2). „Покајте се...
На Божјиот суд вселената му суди на Бога – ја проверува Божјата правда и исправноста на неговата благодат!
Давид со ништо не можел да го оправда злосторството што го направил. Тој западнал во тешко ропство на гревот кој како свиреп господар и тиран го оковал во тешки прангии од кои немало друг спас освен да пека пред Бога за откуп од тоа ропство; тоа е пекање за сигурност...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.