На Божјиот суд вселената му суди на Бога – ја проверува Божјата правда и исправноста на неговата благодат!
Давид со ништо не можел да го оправда злосторството што го направил. Тој западнал во тешко ропство на гревот кој како свиреп господар и тиран го оковал во тешки прангии од кои немало друг спас освен да пека пред Бога за откуп од тоа ропство; тоа е пекање за сигурност и надеж дека Божјата љубов кон него ќе биде толку голема што Христос ќе го откупи и ќе го оправда, така што гревовите ќе му бидат простени и избришани.
Меѓутоа, се поставува прашање како можел праведниот Бог да остане праведен, а едновремено да му го прости и да му го избрише на Давида неговиот толку тежок грев?
Да направиме паралела со еден пример од современата историја! За време на судењето на нацистите во Нирнберг, по Втората светска војна, еден од судиите рекол дека цел свет ќе им суди на судиите врз основа на тоа како тие таму им суделе на злосторниците. Исто така и Бог, како врховен судија и Творец на вселената, е подложен на судење.
Беше кажано дека на Божјиот суд пред Божјиот престол се присутни милиони небесни ангели кои, заедно со сите други вселенски жители, напрегнато ја посматраат сцената на судењето за да видат како Творецот, Бог, сега во улога на врховен судија на небесниот суд, на кој се одмерува случајот на секој грешник – го решава проблемот на гревот на Давида, на разбојникот (злосторникот) на крстот и на сите други грешници. Дали Бог ќе покаже некаква сентименталност, односно пристрасност, и на својот миленик, Давид, на небесниот суд ќе му прогледа низ прсти, ќе ги прикрие неговите гревови, и од него ќе бара помалку отколку од другите грешници? Како ќе го оправда пред вселената за неговите тешки злосторства и како ќе го откупи од ропството на гревот? Што ќе стори со неговите гревови? Дали, оправдувајќи го Давида, самиот ќе остане праведен? Дали Бог на судот ќе ги затвори очите и ќе му дозволи на некој грешник, можеби на Давида, грешен да влезе во небесното царство? Дали Бог на судот навистина има свои миленици на кои им суди според друга основа, според други, можеби пониски стандарди, или за сите грешници важат исти аршини? Или, истото прашање поставено на друг начин: Дали прагот на небесното царство за некого е понизок, а за други премногу висок, така за да не можат, или одвај да можат да го пречекорат; или можеби вратата на Божјето царство за некого е широка, а за други таа претставува иглени уши низ кои одвај можат да се провлечат?
Дали, и како Бог ќе остане праведен, кога на судот ќе ги оправда или ќе ги откупи грешниците од нивните гревови кои, откупени и оправдани, ќе влезат во Божјето царство; и праведен за сите други грешници кои неоправдани, заедно со своите гревови ќе заминат во огнено езеро? Како ќе ја одбрани Бог пред вселената исправноста на својата, толку изобилна благодат кон грешниците?
На овие и на сите други непоставени прашања во врска со гревот и грешниците на небесниот суд исправен одговор дава крстот кој единствено сигурно, успешно и праведно ги разрешува сите овие проблеми и може да одговори на основното прашање што го поставивме: Како може праведниот Бог да остане праведен, а едновремено на Давида да му прости и да го избрише неговиот толку тежок грев? Крстот кажува дека безгрешниот и совршен Бог може – праведно и чесно – да биде и праведен и милостив кон оние кои прават тешки гревови.
Значи, на небесниот суд му се суди лично на Бога; на судот вселената ја проверува Божјата праведност и исправноста на Божјата благодат! Судот е од отворен тип на кој отворено се разгледуваат сите, и најкомпликуваните случаи на грешниците, слично на Давидовиот, и на оној на разбојникот на крстот. Според тоа, беше кажано дека Бог на најтранспарентен можен начин го води судскиот процес на кој радикално, коренито и засекогаш, праведно го решава вселенскиот проблем на гревот така што, по завршувањето на процесот на судот, да не остане ниту најмалечко сомневање во неговата исправност ниту каква и да е можност за дополнителни прашања во врска со гревот и грешниците.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за небесниот истражен суд“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНИОТ ИСТРАЖЕН СУД
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за небесниот истражен суд“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на...
Небесен истражен суд
Неколку општи напомени. Небесниот суд во Библијата се одвива во три фази: „Предмилениумски суд“, или „истражен суд“, кој уште се нарекува и „предадвентен суд“, „Милениумски суд“, и „Извршен суд“. За првата фаза од небесниот суд, наречен предмилениумски, истражен или...
Засметана и подарена Христова праведност и процесот наречен „посветување“
Денес протестантскиот свет е заплиснат со нова погубна либерална теологија која се шири како пожар и го опфаќа целиот религиозен свет. Таа теологија широко му ја отвора вратата на гревот кој сè повеќе го проникнува и го расипува светот. Според таа теологија, сè што...
Христовата жртва на Голгота и неговото посредување во небесното Светилиште
Христовата жртва помирница на крстот, со која светот има можност да се помири со Бога, е принесена. Во одредено време Исус објавил: „Се сврши!“, и умрел. Тој доброволно му го предал својот живот на Отецот. Судирот бил завршен - Тој однел победа. Христовата жртва е...
Повеќе за Христовата посредничка улога на небесниот суд
„Дечиња мои, ова ви го пишувам за да не грешите, а ако некој згреши, имаме Застапник кај Отецот - праведникот Исус Христос. Тој е помирителна жртва што се принесе за нашите гревови, и не само за нашите, туку и за гревовите на цел свет“ (1. Јованово 2,1.2). „Покајте се...
Наближува крајот на небесниот истражен суд
Се ближи крајот и на денешната, втора фаза од планот на спасението врзана за небесното Светилиште, крајот на Христовата првосвештеничка служба и на небесниот истражен суд, кога Христос, во улога на посредник и застапник, ќе го означи крајот на времето на милоста како...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.