Зад ликот на Марија се кријат спиритистички појави 5

Во последните денови во католичкиот и православниот свет доминантни ќе бидат спиритистичките појави поврзани со приказанијата на Исусовата мајка Марија, Света Богородица или Дева Марија, кон која, како што кажавме порано, ние имаме висока почит и уважение. Видовме дека сатаната се појавува и ќе се појавува пред луѓето како Христос (лажен христос) и како некој од старите библиски пророци и апостоли. Замислете, пред вас се појавува пророк Еремија или апостол Петар, кои не само што ќе тврдат дека се Еремија и Петар, туку така и ќе се чувствуваат.

Но, во многу голема мера сатаната во последните денови ќе го користи ликот на Марија, која чесно ја завршила задачата што ја поставил Бог пред неа – го родила Христа и го одгледала во неговото детство – и сега лежи во својот гроб и, како и секоја друга жена, која верно и предано му служела на Христа, чека воскресение.

Меѓутоа, сатаната успеал преку црквата Марија да ја прати на небото за да може непречено да манипулира со неа, да го користи нејзиниот лик зад кој се кријат негови демони кои во нејзино име прават и сè повеќе ќе прават безброј непобитни, но лажни чуда. Истото тоа важи и за света Петка и за света Недела и за секоја друга света „светица“ или свети „светец“.

Во светот постојат многубројни светилишта на Католичката црква посветени на Марија, меѓу кои најважни се светилиштата Лурд во Франција, Гарабандал во Шпанија, Фатима во Португалија и Меѓугорје во Херцеговина, каде што наводно им се појавува Марија на одделни визионери, меѓу кои и на деца, со свои пораки од небото. Пораките од Фатима црквата ги прифаќа како службени пораки што ѝ ги праќа Христос преку својата мајка Марија, и „нејзините“ пораки се многу ценети.

Култот на Марија е цврст столб врз кој се потпираат Католичката црква и православието и, како што рековме, тоа му дава огромни можности и шанси на сатаната да се крие зад нејзиниот толку ценет и почитуван лик кај нивните верници и да прави лажни знаци и чуда за да ги прелаже и да ги заведе на погрешен пат.

На 13 мај 1917 година три деца, Франсиско Марто (9 години), Јасинта Марто (негова сестра, 7 години) и Лусија Сантос (10 години), паселе овци близу до едно португалско село, Фатима. Одненадеж забележале светкавици, а неколку мига подоцна, над еден близок даб се појавила убава, млада жена. „Не плашете се“, им рекла, „нема да ве повредам. Јас сум од небото.“

Од тој миг почнуваат нивните контакти со Марија во Фатима која се промовира и прераснува во најпрочуено католичко светилиште посветено на Марија која со своите приказанија привлекува милиони верници на поклонение каде што ги задоволуваат своите духовни потреби, доживуваат посебна духовна релаксација и наводни исцелувања од многу болести.

Покрај другото, децата виделе зраци на светлина како излегуваат од нејзините отворени раце. Еднаш Лусија покажала кон небото. „Еве, доаѓа жената!“ Возрасните гледале како гранките на дабот се свиткуваат, иако не ги пофатила човечка рака. Кога средбата била завршена, возрасните биле убедени дека децата зборуваат со Девица Марија и надалеку се расчула сторијата за овој настан. Веста бргу се раширила низ целата област.

Во друга пригода Марија ги подала рацете, а од нив излегувала светлина. Лусија рекла дека светлината навлегла во земјата и добила видение за пеколот. „Го виде пеколот каде што заминуваат душите на кутрите грешници“, ѝ рекла жената. „За да ги спаси, Бог сака во цел свет луѓето да му упатуваат молитви на моето безгрешно срце.“ – Спротивно на Библијата, демонот кој стои зад ликот на Марија овде тврди дека грешните одат во пекол, и второ, луѓето ги повикува, наместо на Христа, молитви да ѝ упатуваат на Марија! Марија на неколку визионери им кажала „да се молат за душите во чистилиштето“ – пак небиблиска порака.

На 13 август истата година 1.500 луѓе виделе топка од светлина како се движи на небото доаѓајќи од исток и како се спушта врз дабот.

На 13 септември се појавиле 30.000 луѓе. Тие исто така виделе топка од светлина како се спушта врз дабот и сјајни снегулки како паѓаат низ воздухот како снег. Жената го повторила своето ветување за чудо на 13 октомври.

Тоа утро, на 13 октомври, од небото истурал дожд како река. Сепак, повеќе од 75.000 луѓе дошле да го видат „чудото“. Не биле разочарани. Децата пак ја виделе „жената“ која, заминувајќи, ги отворила рацете. Овојпат зраците на светлината биле насочени кон сонцето. Додека луѓето го посматрале сето тоа, сонцето почнало да бледнее и станало како сребрен диск на небото. Од него во сите правци се ширеле зраци со различни бои: црвени, сини, жолти, зелени – сите бои од сончевиот спектар. Одненадеж сонцето се претворило во џиновско пламено тркало кое мошне бргу се вртело околу својата оска. Диво играло на небото, а потоа, на луѓето кои гледале им се чинело како да се ослободило од својата орбита и почнало да паѓа кон земјата. Станало сино, а потоа жолто. Набргу низ целата околина почнале да паѓаат жолти дамки.

Еден новинар објавил дека „народот… гледал во сонцето кое треперело и правело нагли и нечујни скокови, надвор од сите космички закони. Сонцето буквално изгледало како да игра на небото“.

Откако поминало ова натприродно приказание, сонцето се вратило на своето место на небото, дождот престанал и облаците ги снемало. Присутните луѓе, кои од дождот биле мокри до гола кожа, забележале дека облеката им е наполно сува. Не само тоа, почвата била наполно сува, иако до пред петнаесетина минути насекаде имало длабоки бари и до десетина сантиметри!

Постојат реални можности сатаната да прикаже лажни знаци и да инсценира лажни приказанија на небото од типот на оној „голем знак на небото: жена облечена со сонцето и со месечината под нејзините нозе, а на главата имаше круна од дванаесет ѕвезди.“ Жената е бремена и очекува да се породи. До неа стои голема црвена ламја со седум глави и со десет рогови, а на нејзините глави седум круни. Ламјата чека жената да се породи за да ѝ го проголта детето (Откровение 12,1-6). Ова е библиска сцена која нема ништо заедничко со Марија како жена. Со неа Бог ја прикажува својата вистинска црква – чиста како сонцето, која живее според апостолската наука (дванаесетте ѕвезди на главата – науката на дванасесттемина апостоли).

Но, на сатаната не му пречи да ја злоупотреби оваа библиска сцена, да го земе ликот на Марија, да се скрие зад него, да се облече во привидно сонце, да стави привидна месечина под нозете и круна на главата со дванаесет ѕвезди, и од небото да се прикаже пред светот како Богородица или Дева Марија и на луѓето да им упати лажни, небиблиски пораки. Всушност, таква жена облечена во сонце и се појавува насекаде по цел свет, нудејќи им на луѓето „сигурно“ пристаниште во своето „безгрешно“ срце.

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за матните води на спиритизмот“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

БИБЛИЈАТА ЗА МАТНИТЕ ВОДИ НА СПИРИТИЗМОТ

Верувањето во задгробен живот, во бесмртна душа или во бесмртен дух, создало извонредно плодна почва на која никнала и се развила една недосеглива појава која е целосно надвор од нашиот рацио и која станува сè поинтересна и попривлечна за денешниот човек. Станува збор...

Темелот на спиритизмот

Врз што се темели спиритизмот? Врз првата лага со која сатаната ги прелагал нашите први родители кога им кажал: „Не, вие нема да умрете!“ Таа лага, погрешното верување на луѓето во задгробен живот, погрешното верување во вродена бесмртна душа или во вроден бесмртен...

Астрални патувања на душите на покојниците!?

Друга една појава во која плива особено протестантскиот свет и која станува сè поприсутна и помасовна во светот, зад која стои и истата ја пласира и со голем успех ја промовира сатаната со своите демони, се возбудливите искуства и чудните претсмрни доживувања низ кои...

Небото е вистинско место за луѓе со вистинско тело

Да чуеме што ни кажува апостол Јован во Откровението 21,2: „Тогаш го видов светиот град, новиот Ерусалим, како слегува од небото, од Бога, стокмен како невеста украсена за својот маж.“ Што видел овој Исусов ученик од другата страна на смртта? Многу повеќе отколку...

Постари, потрадиционални облици на спиритизмот

Спиритизмот е најсилно и најуспешно средство во рацете на сатаната со чија помош тој се поигрува со светот како мачка со глушец! Божјата реч за него кажува: „И не е чудно, зашто сатаната се претвора во светлосен ангел.“ А Христос најавува: „Ќе се појават лажни...

Повеќе за приказанијата на Марија

Најпрочуени приказанија на Марија во текот на втората половина на дваесеттиот век се случиле во малечкото место во Херцеговина, Меѓугорје, каде што шест деца од едно малечко село секој ден ја гледале Дева Марија, Богородица, и од неа примале пораки уште од 1981...

Со чија помош спиритизмот ќе го стави светот под свој чадор?

Се прашуваме како сатаната ќе го стави цел свет под влијание на спиритизмот кога мнозинството конзервативни протестанти и многу конзервативни католици се длабоко свесни за опасноста од спиритизмот на популарното движење „Њу ејџ“ (New Age - Нова доба) чијашто суштина е...

Вистински и лажни чуда и како да се препознаат?

Да, ние ќе се соочиме со такви и слични, невидени и недоживеани натприродни појави и феномени и со големи знаци и  ѓаволски приказанија на небото од кои на луѓето здивот ќе им застанува. Исто така и на земјата демоните и нивните слуги со нивна помош ќе прават...

Приврзаноста на папите кон Марија

По изборот на папата Франциско за поглавар на Римокатоличката црква читавме и слушавме најразлични коментари и вести, од кои приведуваме само некои: „Папата Франциско денот го почна со молитва во римаската базилика Santa Maria Maggiore.“ „Папата Франциско само 12 часа...

Високо технички спиритизам

Научниците секоја година трошат милиони долари за да пронајдат дали постојат интелигентни суштества во надворешниот простор. Можно е еден ден тие напори да се исплатат - со таа разлика што тие суштества, кои ќе му се претстават на човечкиот род во тоа време нема да...

Политиката во канџите на спиритизмот

Веќе кажавме дека спиритизмот станува доминантна религиозна сила со доминантна улога во светот, која се инфилтрира во сите сфери од општествениот живот и ги опфаќа сите човечки структури. Она што пред релативно кусо време беше незамисливо, денес е сосем нормално. Маса...

Жалната состојба на луѓето опседнати од демони

Спиритизмот е змија отровница, многу поотровна и од најотровната кобра и црна мамба. Мрачните сили - сатаната и неговите демони - ви поставуваат стапици за да паднете во рацете на нивните слуги, во рацете на спиритистие, преку кои ќе ве турнат директно во матните води...

Сатаната и сатанистите

Човек опседнат од демони навистина е во жална и очајна состојба, зашто станува играчка во рацете на најголемиот садист во вселената, марионетка во рацете на сатаната кој се игра со него како мачка со глушец. Ако е тоа случај со вас, тој ви го парализира духот и...

Сатаната ве разболува, сатаната ве лекува

Читавме за жалната состојба на момчето опседнато од демон. Таа состојба кај детето целосно ја предизвикува демонот кој се наоѓа во него. Демонот го фрла момчето на земја, тој го вкочанува, тој го тера низ вода и оган за да го погуби, тој го тера да чкрта со забите и...

За харизматичните движења

Харизма: грчки: charisma - милосрден дар, божествена дарба, свето вдахновение, особена моќ стекната со Божјата милост; видовитост, моќ за комуницирање со светците; харизмата не може да се протолкува со рационални причини; моќ за неодоливо привлекување на масите....

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат