За харизматичните движења
Харизма: грчки: charisma – милосрден дар, божествена дарба, свето вдахновение, особена моќ стекната со Божјата милост; видовитост, моќ за комуницирање со светците; харизмата не може да се протолкува со рационални причини; моќ за неодоливо привлекување на масите.
Лажниот „свети дух“, кој се манифестира кај харизматичните движења во светот не е ништо друго освен ѓаволски или демонски дух како пандан на вистинскиот Божји Дух или на Светиот Дух, кој е трето лице на Божјето Тројство.
Лажниот дух поттикнува пентекостални движења кои, покрај другото, тврдат: Ние добиваме дар, Светиот Дух, како и апостолите на денот Педесетница или на Духовден (Пентекост) и зборуваме странски јазици како и тие! Да, само тука постои огромна разлика. Како што беше кажано, апостолите добиле Свети Дух од Бога кој ги надарил со за нив непознати странски јазици за да им го проповедаат евангелието на народите на нивниот мајчин јазик, и така правеле (Дела 2,1-11). А денешните „полиглоти“, откако ќе го добијат наводниот „свети дух“, паѓаат во верски занос и почнуваат да зборуваат мртви, загубени, непознати и таинствени јазици кои никому не му се мајчин јазик и со нив никому не му го проповедаат евангелието. Затоа оваа појава, со која сатаната му парира на Светиот Дух, излеан врз апостолите на Духовден, е ѓаволска, спиритистичка појава.
Беше наведен примерот на Тереза Нојман (Theresa Neumann), која во транс зборувала арамејски јазик. Свештеник изнесува пример на човек обземен од сатански дух како наеднаш проговорува некој странски јазик кој никогаш ниту го чул ниту го учел, зашто тоа се стари јазици. „Намерно почнувам да му поставувам прашања на латински и добивам одговор, иако тој човек не знае латински“ – објаснува свештеникот.
Според тоа, за разлика од вистинскиот Свети Дух, лажниот свети дух на луѓето им дава лажни јазици.
Ориген (185-254 г. од новата ера) пишува за Павловиот дар на јазици кој е споменат во 1. Коринќаните 14,18 и јасно кажува дека дарот како способност да се зборува на некој познат јазик е даден со цел на другите да им се проповеда евангелието. Тој кажува: „Кога некој ќе прими дар, некој јазик, не заради себе, туку заради оние на кои треба да им се проповеда евангелието, тој станува должник кон сите чијшто јазик го примил од Бога.“
Денес постојат многубројни харизматични движења во протестантските цркви, но сè почесто и во Католичката црква, кои прераснуваат во моќно средство за нивно обединување. Таму каде што не помага ниту едно друго средство за обединување на разнебитеното христијанство, многу силен и ефикасен е спиритизмот.
Папата Павле VI најпрво беше под притисок да ги осуди харизматичните движења во Католичката црква. Но во 1975 година, кога на плоштадот Свети Петар во Рим масовно се собраа повеќе од 25.000 луѓе, од кои 10.000 странци, папата Павле VI го пофали „духовното будење“. Списанието „Кристианити ту деј“ од 6 јуни 1975 пишува:
„Бискупите, архибискупите и кардиналите, борејќи се да ги задржат своите шешири и своите положби, пееја и играа во екстаза, прегрнувајќи се едни со други и подигајќи ги рацете кон небото. Обраќањето на папата Павле VI беше полно со екстатичност.“
Споменатата екстаза, што е општа карактеристика на пентекосталните и на харизматичните движења, е екстаза предизвикана не од Божјиот Дух, туку од демоските духови, односно од лажниот демонски свети дух.
„Бидејќи тој лажен свети дух веќе ги обединува римокатолиците и протестантите, харизматичното движење во нивната средина прави ‘чуда’.“16
Мрачните демонски сили, со својот лажен свети дух, односно со спиритистичкиот оган, ќе го запалат светот со лажни знаци и чуда.
Интересно е да се забележи дека католичкиот пентекостализам придонел за уште поголема почит кон папскиот авторитет, за посилно обожавање на Марија и за уште поцврсто вкоренување на католичката доктрина.
Пентекостализмот бргу се ширеше преку глобусот како шумски пожар и до 1996 година верските извештаи овој феномен го опишуваа вака:
„Во текот на четиридневниот екуменски состанок минатото лето десет илјади харизматици и пентекосталци заедно се молеа, пееја, играа, ракоплескаа и радосно извикуваа поврзани со заедничка врска на Светиот Дух … Околу половина од учесниците на конгресот за Светиот Дух и на светската евангелизација, одржана од 26 до 29 јули 1996 г. во Орландо на Флорида, беа католици… ‘Светиот Дух сака да ги урне ѕидовите меѓу католиците и протестантите’, велат Винсон Синам и теолошкиот декан Пет Робертсон од Риџен универзитетот, кој претседаваше со конгресот.“17
Треба сериозно да се испита тој верски занос во кој западнале учесниците на споменатиот конгрес свикан и посветен на Светиот Дух, на кој „харизматици и пентекосталци заедно се молеа, пееја, играа, ракоплескаа и радосно извикуваа поврзани со заедничка врска на Светиот Дух“. Дали навистина таа еуфорија на конгресот била поттикната од вистинскиот Свети Дух?
Од императивна важност е внимателно да ги проучуваме функциите на Светиот Дух и феномените, како што се исцелувањата и зборувањето на јазици, кои му се припишуваат нему. Дали пентекосталното движење го задоволува библискиот критериум во врска со манифестациите на Духот? Во никој случај!
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за матните води на спиритизмот“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БИБЛИЈАТА ЗА МАТНИТЕ ВОДИ НА СПИРИТИЗМОТ
Верувањето во задгробен живот, во бесмртна душа или во бесмртен дух, создало извонредно плодна почва на која никнала и се развила една недосеглива појава која е целосно надвор од нашиот рацио и која станува сè поинтересна и попривлечна за денешниот човек. Станува збор...
Темелот на спиритизмот
Врз што се темели спиритизмот? Врз првата лага со која сатаната ги прелагал нашите први родители кога им кажал: „Не, вие нема да умрете!“ Таа лага, погрешното верување на луѓето во задгробен живот, погрешното верување во вродена бесмртна душа или во вроден бесмртен...
Астрални патувања на душите на покојниците!?
Друга една појава во која плива особено протестантскиот свет и која станува сè поприсутна и помасовна во светот, зад која стои и истата ја пласира и со голем успех ја промовира сатаната со своите демони, се возбудливите искуства и чудните претсмрни доживувања низ кои...
Небото е вистинско место за луѓе со вистинско тело
Да чуеме што ни кажува апостол Јован во Откровението 21,2: „Тогаш го видов светиот град, новиот Ерусалим, како слегува од небото, од Бога, стокмен како невеста украсена за својот маж.“ Што видел овој Исусов ученик од другата страна на смртта? Многу повеќе отколку...
Постари, потрадиционални облици на спиритизмот
Спиритизмот е најсилно и најуспешно средство во рацете на сатаната со чија помош тој се поигрува со светот како мачка со глушец! Божјата реч за него кажува: „И не е чудно, зашто сатаната се претвора во светлосен ангел.“ А Христос најавува: „Ќе се појават лажни...
Зад ликот на Марија се кријат спиритистички појави
Во последните денови во католичкиот и православниот свет доминантни ќе бидат спиритистичките појави поврзани со приказанијата на Исусовата мајка Марија, Света Богородица или Дева Марија, кон која, како што кажавме порано, ние имаме висока почит и уважение. Видовме...
Повеќе за приказанијата на Марија
Најпрочуени приказанија на Марија во текот на втората половина на дваесеттиот век се случиле во малечкото место во Херцеговина, Меѓугорје, каде што шест деца од едно малечко село секој ден ја гледале Дева Марија, Богородица, и од неа примале пораки уште од 1981...
Со чија помош спиритизмот ќе го стави светот под свој чадор?
Се прашуваме како сатаната ќе го стави цел свет под влијание на спиритизмот кога мнозинството конзервативни протестанти и многу конзервативни католици се длабоко свесни за опасноста од спиритизмот на популарното движење „Њу ејџ“ (New Age - Нова доба) чијашто суштина е...
Вистински и лажни чуда и како да се препознаат?
Да, ние ќе се соочиме со такви и слични, невидени и недоживеани натприродни појави и феномени и со големи знаци и ѓаволски приказанија на небото од кои на луѓето здивот ќе им застанува. Исто така и на земјата демоните и нивните слуги со нивна помош ќе прават...
Приврзаноста на папите кон Марија
По изборот на папата Франциско за поглавар на Римокатоличката црква читавме и слушавме најразлични коментари и вести, од кои приведуваме само некои: „Папата Франциско денот го почна со молитва во римаската базилика Santa Maria Maggiore.“ „Папата Франциско само 12 часа...
Високо технички спиритизам
Научниците секоја година трошат милиони долари за да пронајдат дали постојат интелигентни суштества во надворешниот простор. Можно е еден ден тие напори да се исплатат - со таа разлика што тие суштества, кои ќе му се претстават на човечкиот род во тоа време нема да...
Политиката во канџите на спиритизмот
Веќе кажавме дека спиритизмот станува доминантна религиозна сила со доминантна улога во светот, која се инфилтрира во сите сфери од општествениот живот и ги опфаќа сите човечки структури. Она што пред релативно кусо време беше незамисливо, денес е сосем нормално. Маса...
Жалната состојба на луѓето опседнати од демони
Спиритизмот е змија отровница, многу поотровна и од најотровната кобра и црна мамба. Мрачните сили - сатаната и неговите демони - ви поставуваат стапици за да паднете во рацете на нивните слуги, во рацете на спиритистие, преку кои ќе ве турнат директно во матните води...
Сатаната и сатанистите
Човек опседнат од демони навистина е во жална и очајна состојба, зашто станува играчка во рацете на најголемиот садист во вселената, марионетка во рацете на сатаната кој се игра со него како мачка со глушец. Ако е тоа случај со вас, тој ви го парализира духот и...
Сатаната ве разболува, сатаната ве лекува
Читавме за жалната состојба на момчето опседнато од демон. Таа состојба кај детето целосно ја предизвикува демонот кој се наоѓа во него. Демонот го фрла момчето на земја, тој го вкочанува, тој го тера низ вода и оган за да го погуби, тој го тера да чкрта со забите и...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.