Вистински и лажни чуда и како да се препознаат?
Да, ние ќе се соочиме со такви и слични, невидени и недоживеани натприродни појави и феномени и со големи знаци и ѓаволски приказанија на небото од кои на луѓето здивот ќе им застанува. Исто така и на земјата демоните и нивните слуги со нивна помош ќе прават најразлични лажни чуда. Велиме лажни, зашто „ѓаволот е лажливец и татко на лагата“ (Јован 8,44). „Тоа се демонски (ѓаволски) духови, кои прават чуда“ (Откровение 16,14.16). „Ќе се појават лажни христоси и лажни пророци и ќе покажат големи знаци и чуда за да ги прелажат, ако е можно, и избраните“ (Матеј 24,24). „Доаѓањето на тој беззаконик ќе биде под дејство на сатаната, со секаква сила и знаци и лажни чудеса.“ (2. Солуњаните 2,9-12)
Но, да нема забуна! И Бог и неговите верни и предани слуги ќе прават чуда, но вистински, а не лажни чуда. И Христос и апостолите со помош на Светиот Дух правеле најразлични чуда – лекувале болни од секакви болести и воскреснувале мртви. Исти такви знаци и чуда ќе прават Божјите слуги во последните денови.
Како можеме да правиме разлика меѓу вистинските и лажните знаци и чуда? – Единствено и само со помош на Светото писмо. Библијата е тој кантар на кој треба да ги мериме сите знаци и чуда и таа ќе ни каже дали се тие од Бога или од ѓаволот. Каква е пораката на тој што прави знаци и чуда? Дали е таа библиска или не? Каков е неговиот живот? Ако оној што прави чуда не живее според библиската наука во целост, ако не ги држи сите Божји заповеди, ако верува во задгробен живот и разговара со мртвите и ако неговата порака макар и малку отстапува од Библијата, „тој нема да дочека зора“ – вели Библијата. Тој не е од Бога, туку е лажен пророк и прави лажни знаци и лажни чуда (Исаија 8,19.20).
Апостол Павле ја опишува нашата борба со „демонските (ѓаволски) духови, кои прават чуда“ и ни кажува како единствено можеме да ги победиме: „Облечете се во сето Божје оружје за да можете да се одржите пред лукавствата на ѓаволот. Зашто нашата борба не е против крв и месо, туку против управителите, против властите, против световните мрачни сили на овој свет, против духовните сили на злото под небесата. Затоа земето го сето Божје оружје за да можете да се противставите во лош ден и, откако ќе свршите сè, да се одржите!… Земете го шлемот на спасението и мечот на Духот, кој е Речта Божја“, Божјето слово, Библијата (Ефесците 6,11-18).
Да, пред силните налети на „демонските (ѓаволски) духови, кои прават чуда“, и пред нивните лажни чудотворенија, можеме да опстанеме, да не паднеме, да не бидеме прелагани, единствено со силата на изворната библиска наука, се разбира, ако добро ја познаваме и ако сме утврдени во неа и со неа.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за матните води на спиритизмот“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БИБЛИЈАТА ЗА МАТНИТЕ ВОДИ НА СПИРИТИЗМОТ
Верувањето во задгробен живот, во бесмртна душа или во бесмртен дух, создало извонредно плодна почва на која никнала и се развила една недосеглива појава која е целосно надвор од нашиот рацио и која станува сè поинтересна и попривлечна за денешниот човек. Станува збор...
Темелот на спиритизмот
Врз што се темели спиритизмот? Врз првата лага со која сатаната ги прелагал нашите први родители кога им кажал: „Не, вие нема да умрете!“ Таа лага, погрешното верување на луѓето во задгробен живот, погрешното верување во вродена бесмртна душа или во вроден бесмртен...
Астрални патувања на душите на покојниците!?
Друга една појава во која плива особено протестантскиот свет и која станува сè поприсутна и помасовна во светот, зад која стои и истата ја пласира и со голем успех ја промовира сатаната со своите демони, се возбудливите искуства и чудните претсмрни доживувања низ кои...
Небото е вистинско место за луѓе со вистинско тело
Да чуеме што ни кажува апостол Јован во Откровението 21,2: „Тогаш го видов светиот град, новиот Ерусалим, како слегува од небото, од Бога, стокмен како невеста украсена за својот маж.“ Што видел овој Исусов ученик од другата страна на смртта? Многу повеќе отколку...
Постари, потрадиционални облици на спиритизмот
Спиритизмот е најсилно и најуспешно средство во рацете на сатаната со чија помош тој се поигрува со светот како мачка со глушец! Божјата реч за него кажува: „И не е чудно, зашто сатаната се претвора во светлосен ангел.“ А Христос најавува: „Ќе се појават лажни...
Зад ликот на Марија се кријат спиритистички појави
Во последните денови во католичкиот и православниот свет доминантни ќе бидат спиритистичките појави поврзани со приказанијата на Исусовата мајка Марија, Света Богородица или Дева Марија, кон која, како што кажавме порано, ние имаме висока почит и уважение. Видовме...
Повеќе за приказанијата на Марија
Најпрочуени приказанија на Марија во текот на втората половина на дваесеттиот век се случиле во малечкото место во Херцеговина, Меѓугорје, каде што шест деца од едно малечко село секој ден ја гледале Дева Марија, Богородица, и од неа примале пораки уште од 1981...
Со чија помош спиритизмот ќе го стави светот под свој чадор?
Се прашуваме како сатаната ќе го стави цел свет под влијание на спиритизмот кога мнозинството конзервативни протестанти и многу конзервативни католици се длабоко свесни за опасноста од спиритизмот на популарното движење „Њу ејџ“ (New Age - Нова доба) чијашто суштина е...
Приврзаноста на папите кон Марија
По изборот на папата Франциско за поглавар на Римокатоличката црква читавме и слушавме најразлични коментари и вести, од кои приведуваме само некои: „Папата Франциско денот го почна со молитва во римаската базилика Santa Maria Maggiore.“ „Папата Франциско само 12 часа...
Високо технички спиритизам
Научниците секоја година трошат милиони долари за да пронајдат дали постојат интелигентни суштества во надворешниот простор. Можно е еден ден тие напори да се исплатат - со таа разлика што тие суштества, кои ќе му се претстават на човечкиот род во тоа време нема да...
Политиката во канџите на спиритизмот
Веќе кажавме дека спиритизмот станува доминантна религиозна сила со доминантна улога во светот, која се инфилтрира во сите сфери од општествениот живот и ги опфаќа сите човечки структури. Она што пред релативно кусо време беше незамисливо, денес е сосем нормално. Маса...
Жалната состојба на луѓето опседнати од демони
Спиритизмот е змија отровница, многу поотровна и од најотровната кобра и црна мамба. Мрачните сили - сатаната и неговите демони - ви поставуваат стапици за да паднете во рацете на нивните слуги, во рацете на спиритистие, преку кои ќе ве турнат директно во матните води...
Сатаната и сатанистите
Човек опседнат од демони навистина е во жална и очајна состојба, зашто станува играчка во рацете на најголемиот садист во вселената, марионетка во рацете на сатаната кој се игра со него како мачка со глушец. Ако е тоа случај со вас, тој ви го парализира духот и...
Сатаната ве разболува, сатаната ве лекува
Читавме за жалната состојба на момчето опседнато од демон. Таа состојба кај детето целосно ја предизвикува демонот кој се наоѓа во него. Демонот го фрла момчето на земја, тој го вкочанува, тој го тера низ вода и оган за да го погуби, тој го тера да чкрта со забите и...
За харизматичните движења
Харизма: грчки: charisma - милосрден дар, божествена дарба, свето вдахновение, особена моќ стекната со Божјата милост; видовитост, моќ за комуницирање со светците; харизмата не може да се протолкува со рационални причини; моќ за неодоливо привлекување на масите....
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.