Темелот на спиритизмот
Врз што се темели спиритизмот? Врз првата лага со која сатаната ги прелагал нашите први родители кога им кажал: „Не, вие нема да умрете!“ Таа лага, погрешното верување на луѓето во задгробен живот, погрешното верување во вродена бесмртна душа или во вроден бесмртен дух, е негов темел. Погрешното верување на луѓето дека живите имаат можност да разговараат со умрените, е негова суштина, суштина на спиритизмот. Погрешното верување на луѓето дека умрените можат да се вратат од гробот, па, како што видовме, и од чистилиштето, да стапат во контакт со живите и да им пренесат пораки од „другата страна на гробот“, „од другиот свет“, од „светот на мртвите“, е столб на спиритизмот.
Можат ли живите да комуницираат со мртвите? Постои ли некој паралелен свет кој не можеме да го видиме, а во кој се движат сеништа на умрените кои одржуваат врска со живите? На овие прашања спиритизмот дава потврден одговор.
Меѓутоа, Библијата е категорична кога кажува за умрените: „Живите барем знаат дека ќе умрат, а мртвите не знаат ништо… Одамна ги снема: нивната љубов и нивната омраза и завист, и веќе немаат учество во ништо што се случува под сонцето… Нема работа, ни мислење, ни знаење, ни мудрост во гробот во кој заминуваш.“ „Кога ќе излезе духот од него (од човекот), тој се враќа во својата земја, и во тој ден пропаѓаат сите негови мисли.“ „Како облакот што исчезнува и се распливнува, така кој ќе слезе во гробот, веќе не излегува. Никогаш веќе не се враќа во својот дом, неговото место веќе не го познава… пред да тргнам на пат без враќање, во земјата на темнината, во земјата на смртната сенка“ (Проповедник 9,5.6.10; Псалм 146,4; За Јова 7,9.10; 10,21).
Да забележиме: „мртвите не знаат ништо“, „веќе немаат учество во ништо што се случува под сонцето“, „кој ќе слезе во гробот, веќе не излегува“, и „никогаш веќе не се враќа во својот дом, неговото место веќе не го познава“. А сепак живите разговараат со духови. Да, почитувани, живите навистина разговараат со духови. Тоа е сушта, непореклива вистина! Милиони луѓе од сите општествени слоеви во цел свет комуницираат со духовите на умрените. Не смееме да заборавиме дека спиритизмот е многу повеќе од обичен трик, дека спиритистичките појави се вистински појави кои вршат силно негативно влијание врз оние кои се занимаваат со нив.
Ужалена мајка го гушка своето мило девојче, својата слатка ќеркичка, која пред извесно време смртта многу грубо ја отргнала од мајчините прегратки.
Млада ујадена сопруга му подава рака и разговара со својот сакан сопруг кој неодамна бил жртва на сообраќајна несреќа.
Татко, кој починал пред неколку месеци, сега стои пред својот мил син, разговара со него и му дава совети и пораки како да постапи во одредена ситуација и да успее во животот.
Цар, чијашто земја се наоѓа во воена опасност, разговара со покоен Божји пророк и бара од него совет како да постапи за да ја спаси својата земја од силните непријателски војски кои само што не го нападнале (види 1. Самоилова 28,1-20).
Драги мои, ова не се хипотетички или измислени случаи! Не, тоа се секојдневни животни реалности кои го преплавуваат светот. Но се прашуваме: Ако мртвите навистина не знаат ништо, ако не излегуваат од својот гроб и ако не се враќаат дома за да разговараат со своите мили и драги кои тагуваат по нив, тогаш кои се тие духови кои комуницираат со живите и кои им пренесуваат пораки од „светот на мртвите“? Кое е она мило девојче во прегратките на онаа мајка со гламносано срце, наполно истата ќеркичка, со ист глас, со исти слатки обравчиња и панделки, со истите манири, кое ја гушка својата мила мајка? Кој е оној сопруг кој ѝ подава рака и разговара со онаа млада, бесперспективна и до дното на душата ујадена сопруга, наполно истиот сопруг кој до пред извесно време делел со неа и добро и зло? Истиот оној татко кој стои пред синот и го советува како да реши некој проблем и да води успешен живот? Истиот оној пророк кој починал пред извесно време и сега му дава совет на царот кој се наоѓа во тежок безизлез?
Дали се тоа вистинските покојници кои се вратиле од „светот на мртвите“ за да се сретнат со живите, со своите мили, за да им ги олеснат маките, да ги утешат и да ги охрабрат? Не! Во никој случај тоа не се вистинските покојници! – Библијата е категорична дека „тоа се ѓаволски духови, кои прават чуда“ (Откр. 16,14) по цел свет, ѓаволски духови кои се поигруваат со чувствата на луѓето, користејќи ја нивната неупатеност и незнаење, за да ги заведат на лош пат и да ги упропастат.
Осамен вдовец копнеел за друштво со својата покојна сопруга. Ги отворил очите и видел како неговата сакана пристапува кон неговиот кревет. „Дојдов да те видам. Навистина ми недостигаш!“ Приказанието било наполно идентично со неговата сопруга – долга брановидна коса, сини очи, мелодичен глас, нежна… Неговите емоции длабоко се вознемириле; умот му се затемнил, но веднаш се тргнал. „Знам дека ти не си мојата сопруга“, липал од болка. „Ти заповедам во Христово име, исчезни!“ Приказанието исчезнало од собата. Потиштен, се свртел на другата страна и горко плачел. Колку свиреп и ефтин фалсификат! Знаел дека неговата сопруга не можела да се врати од гробот и да разговара со него.
Мнозина ќе се соочат со ѓаволски духови кои ќе им се појават како нивните покојни драги роднини и пријатели, објавувајќи им најопасни заблуди. Тие посетители ќе влијаат врз нашите најнежни чувства и ќе прават чуда за да ги поткрепат своите лажни тврдења. Мораме да бидеме подготвени да им се противставиме со библиската вистина дека мртвите не знаат ништо и дека тие што се јавуваат така се ѓаволски духови. Комуникацијата со духовите на пакоста, престорени во сенки на умрените, не е игра. Тоа е мошне опасна работа со трагични последици.
Веќе кажавме дека во старо време Бог строго забранил секакво комуницирање со мртвите. „Да не се најде кај тебе никаков бајач, никаков маѓесник, чародеец ниту вражар; никој кој би повикувал духови и души на предците или кој би повикувал мртви.“ „Ако ви кажат: ‘Прашајте ги оние што разговараат со мртвите, прашајте маѓесници и бајачи, кои шепотат и мрморат’, вие одговорете: ‘Зар народот не треба да го праша Бога? Зар ќе ги прашуваат мртвите место живите?’“ (5. Мојсеева 18,10.11; Исаија 8,19).
Зошто Бог забранил секаква комуникација со мртвите? Затоа што при таа комуникација со мртвите на дело се ѓаволските духови, а не вистинските покојници кои го чекаат во своите гробови она славно утро на воскресението (1. Сол. 4,16.17).
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за матните води на спиритизмот“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БИБЛИЈАТА ЗА МАТНИТЕ ВОДИ НА СПИРИТИЗМОТ
Верувањето во задгробен живот, во бесмртна душа или во бесмртен дух, создало извонредно плодна почва на која никнала и се развила една недосеглива појава која е целосно надвор од нашиот рацио и која станува сè поинтересна и попривлечна за денешниот човек. Станува збор...
Астрални патувања на душите на покојниците!?
Друга една појава во која плива особено протестантскиот свет и која станува сè поприсутна и помасовна во светот, зад која стои и истата ја пласира и со голем успех ја промовира сатаната со своите демони, се возбудливите искуства и чудните претсмрни доживувања низ кои...
Небото е вистинско место за луѓе со вистинско тело
Да чуеме што ни кажува апостол Јован во Откровението 21,2: „Тогаш го видов светиот град, новиот Ерусалим, како слегува од небото, од Бога, стокмен како невеста украсена за својот маж.“ Што видел овој Исусов ученик од другата страна на смртта? Многу повеќе отколку...
Постари, потрадиционални облици на спиритизмот
Спиритизмот е најсилно и најуспешно средство во рацете на сатаната со чија помош тој се поигрува со светот како мачка со глушец! Божјата реч за него кажува: „И не е чудно, зашто сатаната се претвора во светлосен ангел.“ А Христос најавува: „Ќе се појават лажни...
Зад ликот на Марија се кријат спиритистички појави
Во последните денови во католичкиот и православниот свет доминантни ќе бидат спиритистичките појави поврзани со приказанијата на Исусовата мајка Марија, Света Богородица или Дева Марија, кон која, како што кажавме порано, ние имаме висока почит и уважение. Видовме...
Повеќе за приказанијата на Марија
Најпрочуени приказанија на Марија во текот на втората половина на дваесеттиот век се случиле во малечкото место во Херцеговина, Меѓугорје, каде што шест деца од едно малечко село секој ден ја гледале Дева Марија, Богородица, и од неа примале пораки уште од 1981...
Со чија помош спиритизмот ќе го стави светот под свој чадор?
Се прашуваме како сатаната ќе го стави цел свет под влијание на спиритизмот кога мнозинството конзервативни протестанти и многу конзервативни католици се длабоко свесни за опасноста од спиритизмот на популарното движење „Њу ејџ“ (New Age - Нова доба) чијашто суштина е...
Вистински и лажни чуда и како да се препознаат?
Да, ние ќе се соочиме со такви и слични, невидени и недоживеани натприродни појави и феномени и со големи знаци и ѓаволски приказанија на небото од кои на луѓето здивот ќе им застанува. Исто така и на земјата демоните и нивните слуги со нивна помош ќе прават...
Приврзаноста на папите кон Марија
По изборот на папата Франциско за поглавар на Римокатоличката црква читавме и слушавме најразлични коментари и вести, од кои приведуваме само некои: „Папата Франциско денот го почна со молитва во римаската базилика Santa Maria Maggiore.“ „Папата Франциско само 12 часа...
Високо технички спиритизам
Научниците секоја година трошат милиони долари за да пронајдат дали постојат интелигентни суштества во надворешниот простор. Можно е еден ден тие напори да се исплатат - со таа разлика што тие суштества, кои ќе му се претстават на човечкиот род во тоа време нема да...
Политиката во канџите на спиритизмот
Веќе кажавме дека спиритизмот станува доминантна религиозна сила со доминантна улога во светот, која се инфилтрира во сите сфери од општествениот живот и ги опфаќа сите човечки структури. Она што пред релативно кусо време беше незамисливо, денес е сосем нормално. Маса...
Жалната состојба на луѓето опседнати од демони
Спиритизмот е змија отровница, многу поотровна и од најотровната кобра и црна мамба. Мрачните сили - сатаната и неговите демони - ви поставуваат стапици за да паднете во рацете на нивните слуги, во рацете на спиритистие, преку кои ќе ве турнат директно во матните води...
Сатаната и сатанистите
Човек опседнат од демони навистина е во жална и очајна состојба, зашто станува играчка во рацете на најголемиот садист во вселената, марионетка во рацете на сатаната кој се игра со него како мачка со глушец. Ако е тоа случај со вас, тој ви го парализира духот и...
Сатаната ве разболува, сатаната ве лекува
Читавме за жалната состојба на момчето опседнато од демон. Таа состојба кај детето целосно ја предизвикува демонот кој се наоѓа во него. Демонот го фрла момчето на земја, тој го вкочанува, тој го тера низ вода и оган за да го погуби, тој го тера да чкрта со забите и...
За харизматичните движења
Харизма: грчки: charisma - милосрден дар, божествена дарба, свето вдахновение, особена моќ стекната со Божјата милост; видовитост, моќ за комуницирање со светците; харизмата не може да се протолкува со рационални причини; моќ за неодоливо привлекување на масите....
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.