Со чија помош спиритизмот ќе го стави светот под свој чадор?
Се прашуваме како сатаната ќе го стави цел свет под влијание на спиритизмот кога мнозинството конзервативни протестанти и многу конзервативни католици се длабоко свесни за опасноста од спиритизмот на популарното движење „Њу ејџ“ (New Age – Нова доба) чијашто суштина е спиритистичка, движење кое ги асимилира сите религии на светот, со што ги омасовува своите редови и станува сè повеќе популарно на светската сцена. Веруваме дека еден од најзначајните начини со чија помош сатаната ќе го стави светот под свој диктат се токму овие таканаречени приказанија на Дева Марија. Најпосле, што може да биде поутешно и помило за срцето отколку Исусовата мајка да општи со човечкиот род, пренесувајќи му пораки од него (од Исуса!). Тогаш како може некој да се осмели да ѝ се противстави на таа прекрасна „вистина“!?
Бидејќи лошите духови се преправаат дека веруваат во Библијата и ќе покажуваат почит кон прописите на Црквата, нивното дело ќе биде примено како откровение на Божјата сила.
Католиците и православните, кои се фалат со чудата како сигурен знак дека нивната црква е од Бога, ќе бидат лесно прелагани од оваа сила која прави чуда, а протестантите, отфрлајќи го штитот на вистината, Библијата, ќе бидат исто така прелагани бидејќи и тие веруваат дека мртвите не се мртви, туку дека живеат во рај или во пекол? Таа нивна граница меѓу спиритизмот и состојбата на мртвите е многу растеглива и нејасна и нивната меѓа е подвижна. Што е за нив спиритизам и како би го дефинирале тие овој феномен? Како го дефинирал спиритизмот Били Грејем и зар тој не ја преминал неговата граница и не зашлапал во него (во спиритизмот) кога разговарал со својата покојна баба? Нашите браќа протестанти немаат бедем да ги заштити од силната поплава на спиритизмот кој ќе го стави светот под свој чадор? Тврдиме дека тој и нив ќе ги повлече во својата мрежа и ќе ги удави!
Кога Црквата еднаш ќе потврди дека приказанијата на Дева Марија се вистински и натприродни, тогаш сите католици ќе бидат натерани да ги прифатат нивните пораки како да се од Бога, иако за нив вистинската Марија не знае ништо, бидејќи таа е в гроб и чека воскресение. Но, кога Марија ќе воскресне во првото воскресение и кога ќе види како демоните низ тие лажни приказанија се криеле зад нејзиниот лик и го злоупотребувале, а луѓето тоа го прифаќале како вистина, ќе се чуди со големо чудо и никогаш не ќе може доволно да се начуди.
Сите овие приказанија и средби со Марија, иако изгледаат како вистински натприродни настани, всушност се директни средби со сатаната, чиста сатанска измама, и ништо не пречи дали некој верува во една од нив или во сите. Тој ќе биде прелаган.
По цел свет, во редовите на обичните верници се забележува вистински подем на вера во Дева Марија. Милиони обожаватели се ројат околу нејзините светилишта, а многу меѓу нив се млади. Се формира меѓународно маријанско здружение на свештеници кое ја промовира пред светот Марија, како што е веќе кажано, како „небесна кралица“, како „кралица на мирот“, со пространо, „безгрешно“ мајчинско срце, во кое го повикува светот да најде мир и единство. Марија е „мајка на сите живи“, „посредничка на секоја милост“, „семилостива спасителка“, „милостива мајка на светот“, помилостива и од Христа, која ден и ноќ го моли Синот за спасение на светот.
Марија „се повикува во Црквата со титулата адвокат, помошник, добротворка и посредничка“7.
Како што кажавме, Фатима е најпознато католичко светилиште каде што се појавува Марија, но тоа во никој случај не е и единствено. Многу луѓе тврдат дека ја виделе Девицата. Навистина, за последните 15 или 20 години, речиси во секоја земја на светот луѓе тврдат дека ја виделе неа лично, или нејзините статуи и икони како плачат, ронат човечки солзи или од нив течат крвави капки пот. Вакви појави се видени во Франција, Никарагва, Украина, Кореја, Соединетите Држави, Канада и Италија итн.
Никнуваат нови, современи, небиблиски пророштва. Од сите страни на светот, како никогаш до сега, пристигнуваат информации за нови, масовни приказанија на Марија. Слушаме за милиони преобратени животи, пренасочени од световното кон духовното; имаме извештаи за физички, ментални, морални и духовни исцелувања. Врз основа на силните раскажани искуства на оние кои стапиле во допир со неочекуваното и натприродното, спонтано настанува цела една нова култура, се јавува една нова ера, ера на Дева Марија или Богородица, во која таа доминира и ќе доминира со своите лажни, демонски приказанија.
„Во своите силни екуменски пораки, во различни приказанија, Марија истакнува дека нејзините пораки се наменети за сите народи, за цел свет, а не само за католиците. Марија кажува дека Католичката црква располага со најцелосен доказ за многу дарови дадени на човештвото за спасение, но сепак, таа е мајка на сите луѓе на земјата.“8
Но бидејќи, како што видовме, таа своите клиенти ги упатува на разговор со мртвите и во своите приказанија зборува за пеколот и чистилиштето, „таа“ не е ништо друго освен лажна Марија, сатански дух, медиум меѓу живите и мртвите.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за матните води на спиритизмот“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БИБЛИЈАТА ЗА МАТНИТЕ ВОДИ НА СПИРИТИЗМОТ
Верувањето во задгробен живот, во бесмртна душа или во бесмртен дух, создало извонредно плодна почва на која никнала и се развила една недосеглива појава која е целосно надвор од нашиот рацио и која станува сè поинтересна и попривлечна за денешниот човек. Станува збор...
Темелот на спиритизмот
Врз што се темели спиритизмот? Врз првата лага со која сатаната ги прелагал нашите први родители кога им кажал: „Не, вие нема да умрете!“ Таа лага, погрешното верување на луѓето во задгробен живот, погрешното верување во вродена бесмртна душа или во вроден бесмртен...
Астрални патувања на душите на покојниците!?
Друга една појава во која плива особено протестантскиот свет и која станува сè поприсутна и помасовна во светот, зад која стои и истата ја пласира и со голем успех ја промовира сатаната со своите демони, се возбудливите искуства и чудните претсмрни доживувања низ кои...
Небото е вистинско место за луѓе со вистинско тело
Да чуеме што ни кажува апостол Јован во Откровението 21,2: „Тогаш го видов светиот град, новиот Ерусалим, како слегува од небото, од Бога, стокмен како невеста украсена за својот маж.“ Што видел овој Исусов ученик од другата страна на смртта? Многу повеќе отколку...
Постари, потрадиционални облици на спиритизмот
Спиритизмот е најсилно и најуспешно средство во рацете на сатаната со чија помош тој се поигрува со светот како мачка со глушец! Божјата реч за него кажува: „И не е чудно, зашто сатаната се претвора во светлосен ангел.“ А Христос најавува: „Ќе се појават лажни...
Зад ликот на Марија се кријат спиритистички појави
Во последните денови во католичкиот и православниот свет доминантни ќе бидат спиритистичките појави поврзани со приказанијата на Исусовата мајка Марија, Света Богородица или Дева Марија, кон која, како што кажавме порано, ние имаме висока почит и уважение. Видовме...
Повеќе за приказанијата на Марија
Најпрочуени приказанија на Марија во текот на втората половина на дваесеттиот век се случиле во малечкото место во Херцеговина, Меѓугорје, каде што шест деца од едно малечко село секој ден ја гледале Дева Марија, Богородица, и од неа примале пораки уште од 1981...
Вистински и лажни чуда и како да се препознаат?
Да, ние ќе се соочиме со такви и слични, невидени и недоживеани натприродни појави и феномени и со големи знаци и ѓаволски приказанија на небото од кои на луѓето здивот ќе им застанува. Исто така и на земјата демоните и нивните слуги со нивна помош ќе прават...
Приврзаноста на папите кон Марија
По изборот на папата Франциско за поглавар на Римокатоличката црква читавме и слушавме најразлични коментари и вести, од кои приведуваме само некои: „Папата Франциско денот го почна со молитва во римаската базилика Santa Maria Maggiore.“ „Папата Франциско само 12 часа...
Високо технички спиритизам
Научниците секоја година трошат милиони долари за да пронајдат дали постојат интелигентни суштества во надворешниот простор. Можно е еден ден тие напори да се исплатат - со таа разлика што тие суштества, кои ќе му се претстават на човечкиот род во тоа време нема да...
Политиката во канџите на спиритизмот
Веќе кажавме дека спиритизмот станува доминантна религиозна сила со доминантна улога во светот, која се инфилтрира во сите сфери од општествениот живот и ги опфаќа сите човечки структури. Она што пред релативно кусо време беше незамисливо, денес е сосем нормално. Маса...
Жалната состојба на луѓето опседнати од демони
Спиритизмот е змија отровница, многу поотровна и од најотровната кобра и црна мамба. Мрачните сили - сатаната и неговите демони - ви поставуваат стапици за да паднете во рацете на нивните слуги, во рацете на спиритистие, преку кои ќе ве турнат директно во матните води...
Сатаната и сатанистите
Човек опседнат од демони навистина е во жална и очајна состојба, зашто станува играчка во рацете на најголемиот садист во вселената, марионетка во рацете на сатаната кој се игра со него како мачка со глушец. Ако е тоа случај со вас, тој ви го парализира духот и...
Сатаната ве разболува, сатаната ве лекува
Читавме за жалната состојба на момчето опседнато од демон. Таа состојба кај детето целосно ја предизвикува демонот кој се наоѓа во него. Демонот го фрла момчето на земја, тој го вкочанува, тој го тера низ вода и оган за да го погуби, тој го тера да чкрта со забите и...
За харизматичните движења
Харизма: грчки: charisma - милосрден дар, божествена дарба, свето вдахновение, особена моќ стекната со Божјата милост; видовитост, моќ за комуницирање со светците; харизмата не може да се протолкува со рационални причини; моќ за неодоливо привлекување на масите....
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.