Сатаната ве разболува, сатаната ве лекува
Читавме за жалната состојба на момчето опседнато од демон. Таа состојба кај детето целосно ја предизвикува демонот кој се наоѓа во него. Демонот го фрла момчето на земја, тој го вкочанува, тој го тера низ вода и оган за да го погуби, тој го тера да чкрта со забите и да му тече пена од устата… Демонот кој е во вас кај вас предизвикува очајна состојба. И што понатаму? Вие одите кај гледач или бајач да ве ослободи од тие стеги, не знаејќи дека тие сатански асистенти или медиуми, спиритисти, што веќе ги набројавме, се во директна спрега со сатаната и со неговите демони. И што се случува? На пример, сатаната или демонот ве вкочанил. Бајачот ви прави метании и демонот излегува од вас, со што ве откочанува.
Или, нечистиот дух или демонот во вас ве онемел, ви го врзал јазикот и вие не можете да зборувате. Одите кај вражалка која изведува некакви активности и демонот излегува од вас, при што јазикот ви се одврзува и вие почнувате да зборувате. Или, одите кај гледач на кафе или на икони за некоја друга мака што ви ја создал демонот, односно ѓаволот. Со своите волшебства гледачот привидно ве ослободува од маката.
Сценаријата за сите овие примери што ги наведовме ги создава, ги режира и директно во нивната изведба учествува сатаната. Неговите слуги, споменатите медиуми, спиритисти, се само маша, маскоти во неговите раце, без никаква сила да управуваат со ситуацијата и без моќ директно тие да ги разрешуваат проблемите со кои се соочуваат опседнатите луѓе. Сатаната нив ги користи само како видливи посредници со чија помош привлекува и регрутира цели армии луѓе во спиритизмот. Нивните метании и активности ги крунисува со привиден успех за да бидат привлечни и кај неупатените да остави силен впечаток дека тие се Божји слуги кои своите божемни успеси ги постигнуваат со Божја помош, иако Бог нема никаква врска со сето тоа. Напротив, видовме дека Бог најстрого ги осудува сите сатански слуги и нивните активности со кои ги заведуваат луѓето на погрешен пат.
Да нема забуна! Сите метании што ги прават слугите на сатаната – вражбите, гатањето, баењето, магиите, хипнозата, клетвите, амајлиите, уроците и сите други нивни терапии и активности – се најобична форма, без никаква суштина и значење за демоните кои ниту ги прифаќаат ниту пак постапуваат според нив. Тие се само привлечен трик, мамка и опасна стапица, подмолна игра и средство со кое демоните им даваат авторитет на своите медиуми, на своите асистенти и маскоти, за да соберат што поголем број жртви во своите мрежи.
Голема невистина и лага е да се мисли дека спиритистите лекуваат, зашто ниту тие, ниту нивните метании, немаат никаква моќ да лекуваат и да истеруваат демони од луѓето кои се опседнати од демони. Со други зборови, демонот ве вкочанил, демонот ве откочанува, наполно независно од метаниите на бајалецот или гаталецот. Или, нечистиот дух ви го врзал јазикот за да не можете да зборувате и истиот дух ви го одврзува јазикот и вие почнувате да зборувате. Тој тоа го прави наполно независно од сите метании што ви ги сервира вражалката. Демоните се наполно независни во своите активности, оставајќи само впечаток дека нивните слуги со своите вражби и терапии ве ослободуваат од тие напасти што ве снашле откако сте зашлапале во нивните спиритистички води.
Рековме дека сатаната користи видливи медиуми со видливи метании затоа што луѓето сакаат да видат нешто видливо и опипливо, макар тоа да е и лажно. Од друга страна, мрачните сили, односно демоните, иако често се престоруваат и пред луѓето се појавуваат како најразлични видливи суштества, дури и во вид на светлосни ангели (2. Коринќаните 11,14), тие по природа се невидливи за човечките очи, што за нив е своевидна предност, бидејќи како невидливи се многу посилни и поопасни, зашто не знаете како и од која страна ќе ве нападнат.
Голема илузија е ако мислите дека бајалците, гаталците, гледачите на дланка, на кафе, на икони, на тарот карти, астролозите, маѓепсниците, и сите други сатански слуги, можат засекогаш да ве ослободат од тешкото ропство на мрачните сили во чиишто канџи сте паднале. Пред нивните метании демоните навидум се повлекуваат од вас и вие чувствувате извесна релаксација и подобрена здравствена и општа психичка состојба, радувајќи се и мислејќи дека засекогаш сте се решиле од нив. Но тоа е голема заблуда.
Запомнете, демоните никогаш нема да ве напуштат сè додека Бог не интервенира во ваша полза на ваша искрена молба. Тоа што повремено демоните ги олабавуваат своите стеги околу вас за да здивнете од преголемиот товар што го носите на себе и во себе, во никој случај не значи дека тие се повлекле од вас пред силата на метаниите на нивните слуги. Со тој чин на нивно дозирано повлекување од вас тие само им излегуваат во пресрет на своите медијатори за да им го подигнат угледот и авторитетот пред народот сè со цел да го наполнат својот кош со маса нови клиенти.
Кога демоните наводно се повлекуваат од вас, тие всушност приготвуваат поинаква тактика со поинакви, поефикасни потези, поставуваат нови габарити и темели за друга, нова и пострашна ситуација од претходната, во која уште повеќе ги зацврснуваат своите позиции кои им овозможуваат уште подлабоко да се вгнездат во вас и уште посилно да ја вклештат вашата душа во своите стеги од кои навистина ви нема друг спас освен Господ Исус Христос да ви дојде на помош, како во случајот со момчето опседнато од демон кој не можеле да го истераат од него дури ни апостолите.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за матните води на спиритизмот“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БИБЛИЈАТА ЗА МАТНИТЕ ВОДИ НА СПИРИТИЗМОТ
Верувањето во задгробен живот, во бесмртна душа или во бесмртен дух, создало извонредно плодна почва на која никнала и се развила една недосеглива појава која е целосно надвор од нашиот рацио и која станува сè поинтересна и попривлечна за денешниот човек. Станува збор...
Темелот на спиритизмот
Врз што се темели спиритизмот? Врз првата лага со која сатаната ги прелагал нашите први родители кога им кажал: „Не, вие нема да умрете!“ Таа лага, погрешното верување на луѓето во задгробен живот, погрешното верување во вродена бесмртна душа или во вроден бесмртен...
Астрални патувања на душите на покојниците!?
Друга една појава во која плива особено протестантскиот свет и која станува сè поприсутна и помасовна во светот, зад која стои и истата ја пласира и со голем успех ја промовира сатаната со своите демони, се возбудливите искуства и чудните претсмрни доживувања низ кои...
Небото е вистинско место за луѓе со вистинско тело
Да чуеме што ни кажува апостол Јован во Откровението 21,2: „Тогаш го видов светиот град, новиот Ерусалим, како слегува од небото, од Бога, стокмен како невеста украсена за својот маж.“ Што видел овој Исусов ученик од другата страна на смртта? Многу повеќе отколку...
Постари, потрадиционални облици на спиритизмот
Спиритизмот е најсилно и најуспешно средство во рацете на сатаната со чија помош тој се поигрува со светот како мачка со глушец! Божјата реч за него кажува: „И не е чудно, зашто сатаната се претвора во светлосен ангел.“ А Христос најавува: „Ќе се појават лажни...
Зад ликот на Марија се кријат спиритистички појави
Во последните денови во католичкиот и православниот свет доминантни ќе бидат спиритистичките појави поврзани со приказанијата на Исусовата мајка Марија, Света Богородица или Дева Марија, кон која, како што кажавме порано, ние имаме висока почит и уважение. Видовме...
Повеќе за приказанијата на Марија
Најпрочуени приказанија на Марија во текот на втората половина на дваесеттиот век се случиле во малечкото место во Херцеговина, Меѓугорје, каде што шест деца од едно малечко село секој ден ја гледале Дева Марија, Богородица, и од неа примале пораки уште од 1981...
Со чија помош спиритизмот ќе го стави светот под свој чадор?
Се прашуваме како сатаната ќе го стави цел свет под влијание на спиритизмот кога мнозинството конзервативни протестанти и многу конзервативни католици се длабоко свесни за опасноста од спиритизмот на популарното движење „Њу ејџ“ (New Age - Нова доба) чијашто суштина е...
Вистински и лажни чуда и како да се препознаат?
Да, ние ќе се соочиме со такви и слични, невидени и недоживеани натприродни појави и феномени и со големи знаци и ѓаволски приказанија на небото од кои на луѓето здивот ќе им застанува. Исто така и на земјата демоните и нивните слуги со нивна помош ќе прават...
Приврзаноста на папите кон Марија
По изборот на папата Франциско за поглавар на Римокатоличката црква читавме и слушавме најразлични коментари и вести, од кои приведуваме само некои: „Папата Франциско денот го почна со молитва во римаската базилика Santa Maria Maggiore.“ „Папата Франциско само 12 часа...
Високо технички спиритизам
Научниците секоја година трошат милиони долари за да пронајдат дали постојат интелигентни суштества во надворешниот простор. Можно е еден ден тие напори да се исплатат - со таа разлика што тие суштества, кои ќе му се претстават на човечкиот род во тоа време нема да...
Политиката во канџите на спиритизмот
Веќе кажавме дека спиритизмот станува доминантна религиозна сила со доминантна улога во светот, која се инфилтрира во сите сфери од општествениот живот и ги опфаќа сите човечки структури. Она што пред релативно кусо време беше незамисливо, денес е сосем нормално. Маса...
Жалната состојба на луѓето опседнати од демони
Спиритизмот е змија отровница, многу поотровна и од најотровната кобра и црна мамба. Мрачните сили - сатаната и неговите демони - ви поставуваат стапици за да паднете во рацете на нивните слуги, во рацете на спиритистие, преку кои ќе ве турнат директно во матните води...
Сатаната и сатанистите
Човек опседнат од демони навистина е во жална и очајна состојба, зашто станува играчка во рацете на најголемиот садист во вселената, марионетка во рацете на сатаната кој се игра со него како мачка со глушец. Ако е тоа случај со вас, тој ви го парализира духот и...
За харизматичните движења
Харизма: грчки: charisma - милосрден дар, божествена дарба, свето вдахновение, особена моќ стекната со Божјата милост; видовитост, моќ за комуницирање со светците; харизмата не може да се протолкува со рационални причини; моќ за неодоливо привлекување на масите....
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.