Приврзаноста на папите кон Марија

По изборот на папата Франциско за поглавар на Римокатоличката црква читавме и слушавме најразлични коментари и вести, од кои приведуваме само некои: „Папата Франциско денот го почна со молитва во римаската базилика Santa Maria Maggiore.“ „Папата Франциско само 12 часа по својот избор на чело на Католичката црква во четвртокот замина од Ватикан за да се моли во римската базилика Santa Maria Maggiore, најстара црква на светот посветена на пресвета Богородица.“ „Папата Франциско се молеше во римската базилика пред познатата икона на Богородица, наречена Salus Populi Romani, за водство и помош во неговата служба.“ „Врхбосанскиот надбискуп, кардинал Винко Пуљиќ, го коментираше изборот на папата Франциско со следните зборови: ‘Веднаш се виде кај него дека зазема јасен став; тој е човек кој ѝ припаѓа на Црквата, Христов човек, човек од вера, човек од молитва, посебно Богородичен човек, и тој сигурно со тој дух на побожност уште како ќе има срце за човекот.’“ „Во текот на литургиската прослава, во својата проповед папата Франциско посебно се осврна на заштитничката улога на свети Јосиф. Улогата на Јосифа (Исусовиот притатко) како заштитник се простирала и над Црквата, за што зборуваше и папата Јован Павле II, истакна папата Франциско. ‘Јосиф нè штити и го чува духовното битие на Црквата. На кој начин Јосиф ја извршува улогата на заштитник? Дискретно, скромно, во тишина, но во постојано присуство и во внатрешната вера. Неговата заштита е постојано со нас, и во добри и во лоши времиња.’“ „Наместо традиционалниот златен крст, папата Франциско одбра железен крст.“ „Папата исто така одбра скромен папски прстен од сребро. Папскиот или рибарскиот прстен до сега бил од злато со слика на свети Петар во чамец кој фрла мрежа и со името на папата кој го носи. Но, Бергољо (Франциско) одбра прстен од сребро на кој е изгравиран ликот на свети Петар кој ги држи клучевите од рајот.“

Во овие изјави што ги приведовме забележуваме дека новиот папа, Франциско, е необично понизен човек и силно приврзан кон Марија, и второ, тој го одбра папскиот прстен со ликот на св. Петар кој ги држи клучевите од рајот, што претставува авторитет, власт.

Порано кажавме дека на 1 ноември 1950 година папата Пие XII во својата „еџ цатхедра“ објавил догма според која „безгрешната Божја мајка и вечна девица Марија три дена по смртта воскреснала и во прославено тело се вознела на небото со телото и душата“. Коментирајќи го ова, протестантскиот автор Дејв Хант кажува: „Всушност папата тврдел дека догмата за вознесение на Марија еднодушно била прифатена во првата црква уште од почеток и дека таа има потврда во Библијата. Но таква догма првата црква не познавала и таа нема поддршка во Божјата света книга. Таквите папски изјави едноставно му одговарале на широко распространетото мислење на католиците и придонесувале за растот на култот на Марија.“9

А што може да се каже за покојниот папа, Јован Павле II? „Никој не е толку убеден во непобитноста на приказанијата во Фатима од сегашниот папа, а и никој друг не е толку приврзан кон Марија како него. Јован Павле II, кој себеси и својот понтификат ѝ ги посвети на Дева Марија, на својот грб ја носи буквата М за Марија; неговиот лозунг, извезен на латински јазик на неговата облека, гласи: ‘Totus tuus sum Ma­ria’ (Марија, јас сиот ти припаѓам тебе). Папата има невообичаени лични причини за таа исклучителна приврзаност кон Марија. Обидот врз него да се изврши атентат се случи на 13 мај 1981 година, наводно на годишнината на појавувањето на Дева Марија на 13 мај 1917 година во Фатима, во Португалија. Додека закрепнувал од атентатот, во една визија таа му порачала како му го поштедила животот заради посебна мисија што мора да ја изврши за да се донесе мир.

Откако закрепнал и се вратил во Ватикан, Јован Павле II се молел крај гробовите на своите непосредни претходници и изјавил: ‘Овде можеше да биде уште еден гроб, но блажената Девица… поинаку наумила.’ Потоа со длабока благодарност и почит, додал: ‘Наспроти сè што ми се случи оној ден, јас ја почувствував таа извонредна мајчинска заштита и грижа, што се покажаа посилни од смртоносниот истрел.’ – Тогаш зошто, се прашува Хант, би ти бил потребен Бог, ако уживаш заштита од Марија?

Благодарен, папата отишол на поклонение во Фатима на 13 мај 1982 година (точно една година по обидот за атентат), каде што се молел пред кипот на девицата од Фатима. Илјадници луѓе го слушале како говори и како на Марија ѝ го посветува светот, токму онака како што барала таа.“10 – Дури и на надгробната плоча на неговиот гроб во Ватикан е изгравирана буквата М.

„Во својата последна порака и во тестаментот што го објави Ватикан за време на неговиот закоп, папата ѝ изјавил на Марија: ‘Јас сум комплетно во твоите раце!’ А кардиналот Ratzinger својата хомилија на закопот ја заврши со зборовите: ‘Твојата драга душа ние ѝ ја доверуваме на Божјата мајка, на твојата мајка, која те водеше секој ден!’“11

Интересно е што никаде во Библијата нема ниту една молитва упатена на Марија и ниту еден случај каде што таа чудотворно му помага некому, ниту едно ветување дека таа би можела или би го сторила тоа. Па сепак, „повеќе католички молитви ѝ се упатуваат на Марија и нејзе ѝ се укажува поголемо внимание и чест отколку на Христа и на Бога заедно. Низ цел свет постојат илјадници центри и светилишта посветени на Марија, толку фасцинантни што привлекуваат десетици милиони посетители секоја година, од сите возрасти и структури, од наједноставните селани, сè до папите, а само едно, и речиси непознато светилиште му е посветено на Христа кое се наоѓа во Бувоар, во канадската покраина Квебек.“12

Чудно, зар христијаните не читаат во Библијата дека „нема спасение во никој друг, ниту пак има друго име (освен името на Исуса Христа) под небото дадено на луѓето преку кое мора да бидеме спасени“ (Дела 4,12). Тогаш зошто Марија, зошто Богородица, зошто света Петка, зошто света Недела, свети Никола, свети Арангел, зошто… зошто илјадници посредници кои ја засенчуваат Христовата улога како единствен Спасител на грешниците и Христа го фрлаат зад грб?

Колку далеку отишло христијанството од нашиот Спасител! Колку густ и непробивен е мракот што го обвил човештвото! Колку е страшен спиритизмот во чиишто канџи ѓаволот го заробил светот, таа огромна грда композиција вагони преполни со луѓе кои го сочинуваат последното, прелагано и измамено поколение, композиција што ја управува директно сатаната како машиновозач и која јури со секавична брзина во пропаст!

Драги мои, возот се полни и се приготвува да крене од последната станица на своето последно неверојатно патување. Не влегувајте во тој погрешен воз!

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за матните води на спиритизмот“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

БИБЛИЈАТА ЗА МАТНИТЕ ВОДИ НА СПИРИТИЗМОТ

Верувањето во задгробен живот, во бесмртна душа или во бесмртен дух, создало извонредно плодна почва на која никнала и се развила една недосеглива појава која е целосно надвор од нашиот рацио и која станува сè поинтересна и попривлечна за денешниот човек. Станува збор...

Темелот на спиритизмот

Врз што се темели спиритизмот? Врз првата лага со која сатаната ги прелагал нашите први родители кога им кажал: „Не, вие нема да умрете!“ Таа лага, погрешното верување на луѓето во задгробен живот, погрешното верување во вродена бесмртна душа или во вроден бесмртен...

Астрални патувања на душите на покојниците!?

Друга една појава во која плива особено протестантскиот свет и која станува сè поприсутна и помасовна во светот, зад која стои и истата ја пласира и со голем успех ја промовира сатаната со своите демони, се возбудливите искуства и чудните претсмрни доживувања низ кои...

Небото е вистинско место за луѓе со вистинско тело

Да чуеме што ни кажува апостол Јован во Откровението 21,2: „Тогаш го видов светиот град, новиот Ерусалим, како слегува од небото, од Бога, стокмен како невеста украсена за својот маж.“ Што видел овој Исусов ученик од другата страна на смртта? Многу повеќе отколку...

Постари, потрадиционални облици на спиритизмот

Спиритизмот е најсилно и најуспешно средство во рацете на сатаната со чија помош тој се поигрува со светот како мачка со глушец! Божјата реч за него кажува: „И не е чудно, зашто сатаната се претвора во светлосен ангел.“ А Христос најавува: „Ќе се појават лажни...

Зад ликот на Марија се кријат спиритистички појави

Во последните денови во католичкиот и православниот свет доминантни ќе бидат спиритистичките појави поврзани со приказанијата на Исусовата мајка Марија, Света Богородица или Дева Марија, кон која, како што кажавме порано, ние имаме висока почит и уважение. Видовме...

Повеќе за приказанијата на Марија

Најпрочуени приказанија на Марија во текот на втората половина на дваесеттиот век се случиле во малечкото место во Херцеговина, Меѓугорје, каде што шест деца од едно малечко село секој ден ја гледале Дева Марија, Богородица, и од неа примале пораки уште од 1981...

Со чија помош спиритизмот ќе го стави светот под свој чадор?

Се прашуваме како сатаната ќе го стави цел свет под влијание на спиритизмот кога мнозинството конзервативни протестанти и многу конзервативни католици се длабоко свесни за опасноста од спиритизмот на популарното движење „Њу ејџ“ (New Age - Нова доба) чијашто суштина е...

Вистински и лажни чуда и како да се препознаат?

Да, ние ќе се соочиме со такви и слични, невидени и недоживеани натприродни појави и феномени и со големи знаци и  ѓаволски приказанија на небото од кои на луѓето здивот ќе им застанува. Исто така и на земјата демоните и нивните слуги со нивна помош ќе прават...

Високо технички спиритизам

Научниците секоја година трошат милиони долари за да пронајдат дали постојат интелигентни суштества во надворешниот простор. Можно е еден ден тие напори да се исплатат - со таа разлика што тие суштества, кои ќе му се претстават на човечкиот род во тоа време нема да...

Политиката во канџите на спиритизмот

Веќе кажавме дека спиритизмот станува доминантна религиозна сила со доминантна улога во светот, која се инфилтрира во сите сфери од општествениот живот и ги опфаќа сите човечки структури. Она што пред релативно кусо време беше незамисливо, денес е сосем нормално. Маса...

Жалната состојба на луѓето опседнати од демони

Спиритизмот е змија отровница, многу поотровна и од најотровната кобра и црна мамба. Мрачните сили - сатаната и неговите демони - ви поставуваат стапици за да паднете во рацете на нивните слуги, во рацете на спиритистие, преку кои ќе ве турнат директно во матните води...

Сатаната и сатанистите

Човек опседнат од демони навистина е во жална и очајна состојба, зашто станува играчка во рацете на најголемиот садист во вселената, марионетка во рацете на сатаната кој се игра со него како мачка со глушец. Ако е тоа случај со вас, тој ви го парализира духот и...

Сатаната ве разболува, сатаната ве лекува

Читавме за жалната состојба на момчето опседнато од демон. Таа состојба кај детето целосно ја предизвикува демонот кој се наоѓа во него. Демонот го фрла момчето на земја, тој го вкочанува, тој го тера низ вода и оган за да го погуби, тој го тера да чкрта со забите и...

За харизматичните движења

Харизма: грчки: charisma - милосрден дар, божествена дарба, свето вдахновение, особена моќ стекната со Божјата милост; видовитост, моќ за комуницирање со светците; харизмата не може да се протолкува со рационални причини; моќ за неодоливо привлекување на масите....

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат