Повеќе за приказанијата на Марија
Најпрочуени приказанија на Марија во текот на втората половина на дваесеттиот век се случиле во малечкото место во Херцеговина, Меѓугорје, каде што шест деца од едно малечко село секој ден ја гледале Дева Марија, Богородица, и од неа примале пораки уште од 1981 година. Според некои проценки, тоа зафрлено село го посетиле 15 милиони поклоници и 15.000 свештени лица. Додека Фатима била најзначајно место од тој вид во првата половина на 20 век, Меѓугорје ги задоволува духовните потреби на оваа генерација во поново време.
Не треба да ги отфрлиме сите тврдења на приказанијата на Марија како глупост на лековерните луѓе. Децата од Фатима неколку месеци однапред преткажале дека на 13 октомрви 1917 година ќе се случи чудо и 75.000 луѓе виделе како тоа се исполнило. Навистина, два световни весника, кои до тогаш ги исмевале детстките кажувања, известувале во подробности за настаните што се случувале на 13 октомври. На тој начин, не е можно настаните од Фатима да се прикажат како измама. Ние мораме сериозно да ги прифатиме. Нешто натприродно – нешто чудно – се случило барем во некои подобро познати приказанија, а веројатно исто така и во некои од оние помалку познатите.
Да се потсетиме – Светото писмо е јасно кога кажува дека лажните чуда ќе бидат една од главните измами на сатаната за да го прелаже светот во последното време. Веќе чувме како Исус кажал дека „ќе се појават лажни христоси и лажни пророци (од рангот на Саи Баба, а и поголеми), па ќе прават големи знаци и чуда, за да ги заблудат, ако е можно и избраните“ (Матеј 24,24). Апостол Павле преткажал дека ќе се појави беззаконик преку кого ќе дејствува сатаната „со сила и со чудесни знаци и со лажни чуда, и со секаква неправедна измама за оние кои гинат“ (2. Солуњаните 2,9.10).
Но, најголемо богохулно учење кое постојано се повторува во овие приказанија на таканаречената Дева Марија е тоа што таа е откупител и посредник заедно со Исуса. Еден католички писател, кој е типичен за католичкиот свет, напишал:
„Бидејќи нашето спасение е извојувано во срцето (на Марија) и преку нејзиното срце, очигледно е дека после Бога и неговиот Син Исус, ова е прв темел од кој не можеме да се одделиме без да се соочиме со очигледна опасност од пропаст и вечно проклетство… Исто така ние најпрво му се посветуваме на најсветото Исусово срце, на Богочовекот, а потоа на пречистото срце на Марија која е соединета со Исуса во делото на спасението… Затоа, милосрдието на Марија која страда со Христа… е суштина на нејзиното дело на страдање и откуп.“6
Примерите што ги наведовме за лажните учења на таканаречената Дева Марија се доволни да убедат секого дури и со делумно сфаќање на библиската вистина дека овие приказанија не се од Бога. Неизбежен е заклучокот дека зад нив стојат сатаната и неговите демони, користејќи го ликот на Марија како маска зад која се кријат, а тоа им оди од рака бидејќи католиците и православните цврсто веруваат дека Марија не е во гроб, туку на небото.
Поради небиблиската природа на приказанијата на Марија, ако причината за потеклото е натприродна, тогаш можеме само да имаме работа со демоните, а не со Бога.
Свесни сме дека ова што го кажуваме за Марија можеби е неприфатливо за многу католици и православни, но сепак, веруваме дека е потребен овој теолошки заклучок.
Ние живееме токму во последните денови од земната историја; силите на злото бргу се поврзуваат меѓусебно за конечниот судир, па мораме да го предупредиме Божјиот народ дека го чека голема измама која ќе го привлече вниманието речиси на целиот свет.
Истиот случај на визионерите од Фатима го среќаваме и кај визионерите од Меѓугорје – некои и од нив виделе, разговарале, па дури и допреле луѓе кои умреле. Иванка тврди дека во неколку наврати ја прегрнала и ја бакнала својата умрена мајка. Во текот на еден интервју Иванка опишала две средби со својата мајка: „Трипати ја видов мајка ми откако умре! Најубаво време ми беше минатиот пат кога таа беше со блажената мајка Марија. Мајка ми дојде до мене, ме прегрна и ме бакна. Рече: ‘О Иванка, толку се гордеам со тебе!’“
Како може ова да се сообрази со изричната библиска забрана и строга осуда за оние кои разговараат со мртвите? Зар Марија дејствува спротивно на Библијата? Зар таа не знае дека Бог забранува секаков разговор со мртвите? Зар Бог би ѝ дозволил нејзе да биде на небото и од таму да дејствува спротивно на неговата Реч, да ја гази неговата заповед, низ приказанија луѓето да ги повикува да разговараат со мртвите? Во никој случај! Очигледно е дека зад ликот на вистинската Марија, која мирно почива во својот гроб, се крие лажна Марија, односно ѓаволски духови, сатански демони, на кои сè им е можно (5. Мојсеева 18,10-12; Исаија 8,19; 1. Дневникот 10,13.14).
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за матните води на спиритизмот“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БИБЛИЈАТА ЗА МАТНИТЕ ВОДИ НА СПИРИТИЗМОТ
Верувањето во задгробен живот, во бесмртна душа или во бесмртен дух, создало извонредно плодна почва на која никнала и се развила една недосеглива појава која е целосно надвор од нашиот рацио и која станува сè поинтересна и попривлечна за денешниот човек. Станува збор...
Темелот на спиритизмот
Врз што се темели спиритизмот? Врз првата лага со која сатаната ги прелагал нашите први родители кога им кажал: „Не, вие нема да умрете!“ Таа лага, погрешното верување на луѓето во задгробен живот, погрешното верување во вродена бесмртна душа или во вроден бесмртен...
Астрални патувања на душите на покојниците!?
Друга една појава во која плива особено протестантскиот свет и која станува сè поприсутна и помасовна во светот, зад која стои и истата ја пласира и со голем успех ја промовира сатаната со своите демони, се возбудливите искуства и чудните претсмрни доживувања низ кои...
Небото е вистинско место за луѓе со вистинско тело
Да чуеме што ни кажува апостол Јован во Откровението 21,2: „Тогаш го видов светиот град, новиот Ерусалим, како слегува од небото, од Бога, стокмен како невеста украсена за својот маж.“ Што видел овој Исусов ученик од другата страна на смртта? Многу повеќе отколку...
Постари, потрадиционални облици на спиритизмот
Спиритизмот е најсилно и најуспешно средство во рацете на сатаната со чија помош тој се поигрува со светот како мачка со глушец! Божјата реч за него кажува: „И не е чудно, зашто сатаната се претвора во светлосен ангел.“ А Христос најавува: „Ќе се појават лажни...
Зад ликот на Марија се кријат спиритистички појави
Во последните денови во католичкиот и православниот свет доминантни ќе бидат спиритистичките појави поврзани со приказанијата на Исусовата мајка Марија, Света Богородица или Дева Марија, кон која, како што кажавме порано, ние имаме висока почит и уважение. Видовме...
Со чија помош спиритизмот ќе го стави светот под свој чадор?
Се прашуваме како сатаната ќе го стави цел свет под влијание на спиритизмот кога мнозинството конзервативни протестанти и многу конзервативни католици се длабоко свесни за опасноста од спиритизмот на популарното движење „Њу ејџ“ (New Age - Нова доба) чијашто суштина е...
Вистински и лажни чуда и како да се препознаат?
Да, ние ќе се соочиме со такви и слични, невидени и недоживеани натприродни појави и феномени и со големи знаци и ѓаволски приказанија на небото од кои на луѓето здивот ќе им застанува. Исто така и на земјата демоните и нивните слуги со нивна помош ќе прават...
Приврзаноста на папите кон Марија
По изборот на папата Франциско за поглавар на Римокатоличката црква читавме и слушавме најразлични коментари и вести, од кои приведуваме само некои: „Папата Франциско денот го почна со молитва во римаската базилика Santa Maria Maggiore.“ „Папата Франциско само 12 часа...
Високо технички спиритизам
Научниците секоја година трошат милиони долари за да пронајдат дали постојат интелигентни суштества во надворешниот простор. Можно е еден ден тие напори да се исплатат - со таа разлика што тие суштества, кои ќе му се претстават на човечкиот род во тоа време нема да...
Политиката во канџите на спиритизмот
Веќе кажавме дека спиритизмот станува доминантна религиозна сила со доминантна улога во светот, која се инфилтрира во сите сфери од општествениот живот и ги опфаќа сите човечки структури. Она што пред релативно кусо време беше незамисливо, денес е сосем нормално. Маса...
Жалната состојба на луѓето опседнати од демони
Спиритизмот е змија отровница, многу поотровна и од најотровната кобра и црна мамба. Мрачните сили - сатаната и неговите демони - ви поставуваат стапици за да паднете во рацете на нивните слуги, во рацете на спиритистие, преку кои ќе ве турнат директно во матните води...
Сатаната и сатанистите
Човек опседнат од демони навистина е во жална и очајна состојба, зашто станува играчка во рацете на најголемиот садист во вселената, марионетка во рацете на сатаната кој се игра со него како мачка со глушец. Ако е тоа случај со вас, тој ви го парализира духот и...
Сатаната ве разболува, сатаната ве лекува
Читавме за жалната состојба на момчето опседнато од демон. Таа состојба кај детето целосно ја предизвикува демонот кој се наоѓа во него. Демонот го фрла момчето на земја, тој го вкочанува, тој го тера низ вода и оган за да го погуби, тој го тера да чкрта со забите и...
За харизматичните движења
Харизма: грчки: charisma - милосрден дар, божествена дарба, свето вдахновение, особена моќ стекната со Божјата милост; видовитост, моќ за комуницирање со светците; харизмата не може да се протолкува со рационални причини; моќ за неодоливо привлекување на масите....
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.