Постари, потрадиционални облици на спиритизмот 1

Спиритизмот е најсилно и најуспешно средство во рацете на сатаната со чија помош тој се поигрува со светот како мачка со глушец! Божјата реч за него кажува:

„И не е чудно, зашто сатаната се претвора во светлосен ангел.“ А Христос најавува: „Ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе прават големи знаци и чуда, за да ги заведат, ако е можно, и избраните“ (Матеј 24,24; 2. Кор. 11,14).

Забележавме, нели: „Сатаната се претвора во светлосен ангел“, блескотно суштество со натприроден карактер пред кое луѓето остануваат без здив, и „лажни христоси и лажни пророци кои ќе прават големи знаци и чуда“ за кои луѓето не се подготвени реално да ги согледаат и сфатат, туку ќе ги прифатат како силна манифестација на Светиот Дух, како чуда што доаѓаат од Бога и – ќе бидат прелагани!

Ќе посочиме некои од лажните чуда што ги прави сатаната со своите демони. Меѓу тие феномени спаѓа појавата – маса удира по под со посебен, точно одреден ритам, при што се пренесуваат пораки од „светот на духовите“. Слична е и појавата при која чаша шета по стаклена површина на која се напишани букви. Во иста група спаѓаат и „зборувањето во транс“ и „автоматското пишување“. Во првиот случај се работи за манифестација на вонсетилни сили преку медиуми, човечки посредници, во транс. Медиуми се луѓе проникнати со сатански или ѓаволски дух, што ги користи сатаната како свои орудија преку кои зборува и ги реализира своите замисли, планови и акции, односно, преку кои ги пласира своите лаги.

Медиумите во транс добиваат неверојатно точни информации кои вчудовидуваат, со што ја утврдуваат верата на оние кои комуницираат со мртвите.

Кај медиумите во транс често може да се установи појава на ксеноглосија – способност на медиумот да зборува странски јазик со кој инаку не се служи – како, на пример, кај Тереза Нојман(Theresa Neumann),, која зборувала арамејски јазик.

Денес оваа спиритистичка појава, зборување на странски јазици, во светот прераснува во силно харизматично движење кое е многу раширено во Католичката црква, а сè повеќе ги опфаќа и протестантскте цркви, и истото прераснува во моќно средство за нивно обединување. Таму каде што не помага ниту едно друго средство за обединување на разнебитеното христијанство, многу силен и ефикасен е спиритизмот.

Ете, велат многубројните „полиглоти“, меѓу кои и многубројни свештеници од висок црковен ранг, ние добиваме дар, Светиот Дух, како и апостолите на Духовден, и зборуваме странски јазици како и тие.

Да, само тука постои огромна разлика. Апостолите добиле Свети Дух од Бога кој ги надарил со за нив непознати странски јазици за да им го проповедаат евангелието на народите на нивниот мајчин јазик, и така правеле (Дела 2,1-11). А денешните, пак ќе кажеме „полиглоти“, откако ќе го добијат божемниот „свети дух“, паѓаат во верски занос и почнуваат да зборуваат мртви, загубени, непознати и таинствени јазици кои никому не му се мајчин јазик и со нив никому не му го проповедаат евангелието. Затоа оваа појава, со која сатаната му парира на Светиот Дух, излеан врз апостолите на Духовден, е ѓаволска, спиритистичка појава.

При појавувањето на „автоматско пишување“ медиумот, без учество на својата свест, пишува пораки што му ги диктира духот под чиешто влијание се наоѓа. Д-р Хенрих (Henrich) во својата книга „Мртвите живеат“ зборува за медиумот по име „Менсфилд (Mansfield), кој во будна состојба пишувал истовремено со двете раце на два различни, за него непознати јазици, и при тоа водел жива конверзација.

Друга многу раширена спиритистичка појава е појавата наречена телепатија или видовитост. Филозофот Јунг-Штилинг во својата книга „Наука за духовите“(Geisterkunde) опишува случај на телепатија: Полскиот крал Август II бил голем пријател со прускиот крал Фридрих Вилхем I (Friedrich Wilhelm)и со неговиот фелдмаршал фон Глумбков (von Glumbkow). Околу три часот ноќе, на 1 февруари 1733 година, фон Глумбков одненадеж при ноќна светлина забележал појава во која го препознал кралот Август кој му рекол: „Драги мој Глумбков, токму сега јас издивнав во Варшава!“ Фелдмаршалот веднаш ја запишал веста и му ја пратил на прускиот крал.

Четириесет и шест часа потоа пристигнал весник од Варшава носејќи тажна вест за смртта на полскиот крал. Кога го споредиле времето во кое се појавило приказанието и часот на смртта, се видело дека двете времиња точно се совпаѓаат.

Хилда Вивер, клинички психолог, која порано не покажувала никаков интерес за паранормалните појави, раскажува

за својата средба:

„Една вечер се наоѓав во мојата канцеларија и пишував прилог за професионалните весници. Го подигнав погледот и го видов Елвис Присли како седи карши мене во удобната темна фотелја во која обично седат моите пациенти… Можам да ви кажам дека си помислив оти со мене нешто не е во ред. Тоа ме изненади, зашто во тоа време си мислев дека се наоѓам на самиот врв на светот: психолог со сопствена ординација, мошне успешна, мошне интелигентна… Почна да разговара со мене, да комуницира. Рече: ‘Дали сте задоволни со својот живот, госпоѓице?’… Потоа извесно време разговаравме. Голем дел од тој разговор беше со лична природа, нешто што и сега не би го поделила радо со другите… Инстинктивно ја наведнав главата и ги склопив рацете како да се молам. Кога повторно го подигнав погледот, него веќе го немаше. И никогаш веќе не го видов. Повремено пуштам по некоја од неговите плочи и го слушам.“

И кај астрологијата (читање на судбината на човекот од меѓусебната положба на ѕвездите), астромантијата (гатање, преткажување на иднината со помош на ѕвездите), кај јасновидците, хороскопите, рабдомантијата (откривање на скриени работи под земја, особено извори, со помош на стапчиња), кај хиромантијата (гледање во дланка, преткажување на иднината според цртите на дланката), кај читањето на карти, гледањето во филџан кафе итн., покрај многу измама и шарлатанство, може да се најде и појава на спиритизам.

Не е спорно дека меѓу најчудните појави на окултизмот се вбројуваат таканаречените „материјализации“. Професорот Грубер во своето дело „Парапсихолошки сознанија“(Parapsychologische Erkenntnisse) за тоа изјавува: „Телекинезата и материјализациите се факти што ги признава природната наука. Некои луѓе во одредени околности имаат способност, без учество на која било телесна функција, да дејствуваат врз предметите во својата околина, преместувајќи ги или менувајќи им го обликот. Освен тоа, можат да создаваат нови облици од непозната материја, помалку или повеќе високо организирана, кои можат да се видат и опипаат. Тие нови творби понекогаш светат со сопствен сјај и во многу случаи имаат облик на човечко тело или на некој негов дел. Овие материјализации настануваат и исчезнуваат мошне бргу.“

Во  најголем број случаи оваа појава настанува постепено. Д-р Кох(Koch) пишува: „Во првиот стадиум се јавува силно вртење и создавање на некаква маглива, слузеста супстанца, еластична како каучук, која излегува од телото на медиумот.“2

Научникот Шренк-Ноцинг (Schrenck-Notzing) објавил за тоа опширно дело илустрирано со слики направени со помош на блескава светлина. Во вториот стадиум безобличната материја добива облик. Освен слики, на некои им успеало да направат и парафински отпечатоци на овие творби. Третиот стадиум претставува згуснување на оваа материја во појави слични на видение кои како фантоми се појавуваат во близината на медиумот. Во четвртиот стадиум доаѓа до феноменот телекинеза, односно до раздвижување на предметите со помош на непозната сила и до апорт, односно до преместување на истите од едно на друго место.

Една од најпрочуените сеанси на модерниот спиритизам, што ја одржал медиумот Еусапија Паладино во присуство на најголемите научници на своето време – Анри Бергсон, Марија Кири (Maria Curie), Шарл Рише (Charles Richet)  и други – била сензационална по својата содржина. Иако медиумот бил опкружен со електрично поле, чиешто пробивање веднаш би го регистрирале најпрецизните електроскопи, му успеало да предизвика дигање на тешки маси кои формално летале, заобиколувајќи ги сите присутни. Еден ковчег, тежок седум килограми, сам преминал од една маса на друга, празни кутии од цигари фучеле летајќи од едниот на другиот крај на просторијата, чашите ѕвечеле, а една оддалечена харфа свирела прекрасна мелодија.

Преку австрискиот медиум Марија Силберт се јавувал дух кој себеси се нарекувал Нел. Професорот Фишл (Fischl) за тоа пишува: „Нел стекнал популарност затоа што давал автограми, врежувајќи го своето име на поклопци од часовници, на медалјони, на кутии за цигари и слично.“3

Овде спаѓа и способноста на одделни медиуми во состојба на транс да поминуваат низ цврста материја. На сеансите на медиумот Мадам д’Есперанс (Madame d’Esperance) се случувало, на пример, додека медиумот седи во кабинет, надвор од просторијата да се материјализира приказание кое конечно добива облик на женско суштество кое слободно се движи меѓу посетителите на сеансата.

Следниот стадиум на појавата е таканаречена хиеноманија, при што медиумот физички и психички прима облик на животно. Иако навистина е тешко да се поверува дека воопшто е можно такво нешто, постојат сведоштва на бројни научници, меѓу кои и сведоштвата на Тишлер (Tischler) и Естерајх (Estereich), кои ја посматрале оваа појава.

Врв на овие појави сигурно претставува приказанието на Исуса Христа. М. Шмит (Schmidt) во својата книга за спиритизмот опишува една ваква материјализација: „Во петокот изутрина имавме приватна сеанса на која беа присутни само осум лица, меѓу кои и д-р Пенц. Медиумот влезе во салата и за дваесетина минути падна во транс. По кратко време, додека духот зборуваше, вратата се отвори и се покажа една величествена појава која нè исполни со страхопочит. Во сета големина на својата слава се појави Исус од Назарет, Господарот над господарите, Царот над царевите, чистиот и свет Господов Помазаник. Дојде да го исполни своето ветување, и стоеше видливо пред нашите очи. Нè посматраше неколку мига, а потоа проговори: ‘Вие сте верни борци и ќе видите и поголеми чуда од ова!’ На госпоѓата Луис (Lewis), која седеше

најблизу до вратата, ѝ подаде рака. Таа ја прифати и му даде цветен венец. Тогаш ѝ подаде рака на госпоѓата Катер (Cutter), која седеше до неа, а потоа на госпоѓата Клајн  (Kline),, која стапи на подиумот. Таму ѝ ја стави раката на глава, ја благослови и ја бакна. Потоа се сврте кон секого од нас, нè благослови, нè бакна, и се повлече. Беше облечен во бела облека, а на главата имаше круна на која се прелеваше голем скапоцен камен… Тоа беше вистинско ремек-дело на материјализацијата.“4

Да, почитувани, во последните денови сатаната сè почесто ќе се јавува како Христос не само на сеанси во полутемни простории и на пусти места (Матеј 24,26), туку пред големи маси луѓе во разни делови на светот како величествена појава, со Христова лика и манири, со привлечен милозвучен глас што плени, како миротворец и добротвор на човештвото, нудејќи му излез од тоталниот безизлез во кој се наоѓа. Ќе ги изнесува истите евангелски пораки што ги изнесувал Христос во свое време, но помешани со лага. Во улога на Христа ќе тврди дека сите промени во библиската наука што ги извршила црквата во текот на вековите, ги извршила со негово одобрение, дека саботата лично тој ја заменил со недела и дека оние, кои и понатаму празнуваат сабота наместо недела, му нанесуваат безмерна болка и нему, но и проклетство на целото човештво, припишувајќи им ја вината ним за хаотичната состојба во која се наоѓа светот и прогласувајќи ги за непријатели на редот и законот, за еретици и за чума на човештвото што треба да се истреби.

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за матните води на спиритизмот“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

БИБЛИЈАТА ЗА МАТНИТЕ ВОДИ НА СПИРИТИЗМОТ

Верувањето во задгробен живот, во бесмртна душа или во бесмртен дух, создало извонредно плодна почва на која никнала и се развила една недосеглива појава која е целосно надвор од нашиот рацио и која станува сè поинтересна и попривлечна за денешниот човек. Станува збор...

Темелот на спиритизмот

Врз што се темели спиритизмот? Врз првата лага со која сатаната ги прелагал нашите први родители кога им кажал: „Не, вие нема да умрете!“ Таа лага, погрешното верување на луѓето во задгробен живот, погрешното верување во вродена бесмртна душа или во вроден бесмртен...

Астрални патувања на душите на покојниците!?

Друга една појава во која плива особено протестантскиот свет и која станува сè поприсутна и помасовна во светот, зад која стои и истата ја пласира и со голем успех ја промовира сатаната со своите демони, се возбудливите искуства и чудните претсмрни доживувања низ кои...

Небото е вистинско место за луѓе со вистинско тело

Да чуеме што ни кажува апостол Јован во Откровението 21,2: „Тогаш го видов светиот град, новиот Ерусалим, како слегува од небото, од Бога, стокмен како невеста украсена за својот маж.“ Што видел овој Исусов ученик од другата страна на смртта? Многу повеќе отколку...

Зад ликот на Марија се кријат спиритистички појави

Во последните денови во католичкиот и православниот свет доминантни ќе бидат спиритистичките појави поврзани со приказанијата на Исусовата мајка Марија, Света Богородица или Дева Марија, кон која, како што кажавме порано, ние имаме висока почит и уважение. Видовме...

Повеќе за приказанијата на Марија

Најпрочуени приказанија на Марија во текот на втората половина на дваесеттиот век се случиле во малечкото место во Херцеговина, Меѓугорје, каде што шест деца од едно малечко село секој ден ја гледале Дева Марија, Богородица, и од неа примале пораки уште од 1981...

Со чија помош спиритизмот ќе го стави светот под свој чадор?

Се прашуваме како сатаната ќе го стави цел свет под влијание на спиритизмот кога мнозинството конзервативни протестанти и многу конзервативни католици се длабоко свесни за опасноста од спиритизмот на популарното движење „Њу ејџ“ (New Age - Нова доба) чијашто суштина е...

Вистински и лажни чуда и како да се препознаат?

Да, ние ќе се соочиме со такви и слични, невидени и недоживеани натприродни појави и феномени и со големи знаци и  ѓаволски приказанија на небото од кои на луѓето здивот ќе им застанува. Исто така и на земјата демоните и нивните слуги со нивна помош ќе прават...

Приврзаноста на папите кон Марија

По изборот на папата Франциско за поглавар на Римокатоличката црква читавме и слушавме најразлични коментари и вести, од кои приведуваме само некои: „Папата Франциско денот го почна со молитва во римаската базилика Santa Maria Maggiore.“ „Папата Франциско само 12 часа...

Високо технички спиритизам

Научниците секоја година трошат милиони долари за да пронајдат дали постојат интелигентни суштества во надворешниот простор. Можно е еден ден тие напори да се исплатат - со таа разлика што тие суштества, кои ќе му се претстават на човечкиот род во тоа време нема да...

Политиката во канџите на спиритизмот

Веќе кажавме дека спиритизмот станува доминантна религиозна сила со доминантна улога во светот, која се инфилтрира во сите сфери од општествениот живот и ги опфаќа сите човечки структури. Она што пред релативно кусо време беше незамисливо, денес е сосем нормално. Маса...

Жалната состојба на луѓето опседнати од демони

Спиритизмот е змија отровница, многу поотровна и од најотровната кобра и црна мамба. Мрачните сили - сатаната и неговите демони - ви поставуваат стапици за да паднете во рацете на нивните слуги, во рацете на спиритистие, преку кои ќе ве турнат директно во матните води...

Сатаната и сатанистите

Човек опседнат од демони навистина е во жална и очајна состојба, зашто станува играчка во рацете на најголемиот садист во вселената, марионетка во рацете на сатаната кој се игра со него како мачка со глушец. Ако е тоа случај со вас, тој ви го парализира духот и...

Сатаната ве разболува, сатаната ве лекува

Читавме за жалната состојба на момчето опседнато од демон. Таа состојба кај детето целосно ја предизвикува демонот кој се наоѓа во него. Демонот го фрла момчето на земја, тој го вкочанува, тој го тера низ вода и оган за да го погуби, тој го тера да чкрта со забите и...

За харизматичните движења

Харизма: грчки: charisma - милосрден дар, божествена дарба, свето вдахновение, особена моќ стекната со Божјата милост; видовитост, моќ за комуницирање со светците; харизмата не може да се протолкува со рационални причини; моќ за неодоливо привлекување на масите....

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат