Небото е вистинско место за луѓе со вистинско тело
Да чуеме што ни кажува апостол Јован во Откровението 21,2: „Тогаш го видов светиот град, новиот Ерусалим, како слегува од небото, од Бога, стокмен како невеста украсена за својот маж.“
Што видел овој Исусов ученик од другата страна на смртта? Многу повеќе отколку тунел. Видел цел град како слегу-ва од небото, блескотен и сјаен како невеста стокмена за свадба. Тој град е прекрасен, и кога Јован се обидува да го опише, тој едноставно кажува дека неговите улици се од чисто злато, неговите порти од бисер, а Божјата слава е толку блескотна, што таму нема ноќ.
Библијата ни нуди многу повеќе отколку патување низ магла. Таа ни нуди дом. Јас навистина го сакам ветувањето што им го дал Исус на учениците непосредно пред своето распнување: „Во домот на мојот Отец има многу места за живеење… Одам да ви приготвам место“ (Јован 14,2).
Исус ни приготвува место. Вистински луѓе во вистински тела ќе уживаат на вистинско место, во вистински дом на небото. Почнуваш ли да ја увидуваш разликата меѓу човечките соништа и она што ќе биде вистинско?
Да ја погледнеме одломката која подробно зборува за тоа. Првото послание до Коринќаните 15-та глава е позната глава за воскресението. Во стих 37, Павле смртта и воскресението ги опишува како различни видови семе посеано во земјата кое расте слично на различни видови жита, како различни видови „тела“. Тој кажува дека луѓето имаат еден вид, а рибите и птиците поинаков вид тело; дека постојат земни и небесни тела; дека небесното тело е пославно од ова што го имаме на земјава, но дека тоа навистина е вистинско тело. И продолжува:
„Така е и со воскресението на мртвите: се сее во распадливост, а воскреснува во нераспадливост“ (1. Коринќаните 15,42).
Да забележиме: Библијата истакнува дека телото е вистинско – тело нераспадливо. Спомнувајќи го Исусовото воскресение, апостол Павле јасно ни кажува дека нашите смртни тела ќе бидат изменети – ќе станат слични на неговото славно тело (в. Филипјаните 3,21). Секако, Христовото славно тело било вистинско. Учениците го препознале. Тој одел, зборувал и јадел со нив.
Кога го посматраме во Библијата животот по смртта, ние гледаме многу повеќе одошто блескотна светлина; ние гледаме лице – славното лице на Исуса Христа. Тоа е оној силен восхит, чувство на копнежливо очекување што го исполнува Новиот завет. Тоа е таа голема надеж која ги оживувала првите ученици – средбата лице в лице со живиот Христос.
Ниту едно перо не забележало повозбудливи зборови од оние што ги забележал Јован во Откровението 22,4 опишувајќи ги спасените кои ќе дојдат пред Божјиот престол на небото: „Ќе го гледаат лицето негово…“ Да, ќе го гледаат оние кои во овој живот се спријателиле со Спасителот Христос.
Павле тоа толку речито го кажува во својата класична глава за Христовата љубов: „Сега гледаме како во огледало, нејасно, а тогаш лице в лице…“ (1. Коринќаните 13,12). Тоа е голема надеж што можеме да ја имаме во овој живот, нешто што со копнеж можеме да го очекуваме. Тоа е повеќе отколку гледање низ замаглен прозорец, повеќе отколку сон. Тоа е реалност – средба лице в лице со Исуса Христа.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за матните води на спиритизмот“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БИБЛИЈАТА ЗА МАТНИТЕ ВОДИ НА СПИРИТИЗМОТ
Верувањето во задгробен живот, во бесмртна душа или во бесмртен дух, создало извонредно плодна почва на која никнала и се развила една недосеглива појава која е целосно надвор од нашиот рацио и која станува сè поинтересна и попривлечна за денешниот човек. Станува збор...
Темелот на спиритизмот
Врз што се темели спиритизмот? Врз првата лага со која сатаната ги прелагал нашите први родители кога им кажал: „Не, вие нема да умрете!“ Таа лага, погрешното верување на луѓето во задгробен живот, погрешното верување во вродена бесмртна душа или во вроден бесмртен...
Астрални патувања на душите на покојниците!?
Друга една појава во која плива особено протестантскиот свет и која станува сè поприсутна и помасовна во светот, зад која стои и истата ја пласира и со голем успех ја промовира сатаната со своите демони, се возбудливите искуства и чудните претсмрни доживувања низ кои...
Постари, потрадиционални облици на спиритизмот
Спиритизмот е најсилно и најуспешно средство во рацете на сатаната со чија помош тој се поигрува со светот како мачка со глушец! Божјата реч за него кажува: „И не е чудно, зашто сатаната се претвора во светлосен ангел.“ А Христос најавува: „Ќе се појават лажни...
Зад ликот на Марија се кријат спиритистички појави
Во последните денови во католичкиот и православниот свет доминантни ќе бидат спиритистичките појави поврзани со приказанијата на Исусовата мајка Марија, Света Богородица или Дева Марија, кон која, како што кажавме порано, ние имаме висока почит и уважение. Видовме...
Повеќе за приказанијата на Марија
Најпрочуени приказанија на Марија во текот на втората половина на дваесеттиот век се случиле во малечкото место во Херцеговина, Меѓугорје, каде што шест деца од едно малечко село секој ден ја гледале Дева Марија, Богородица, и од неа примале пораки уште од 1981...
Со чија помош спиритизмот ќе го стави светот под свој чадор?
Се прашуваме како сатаната ќе го стави цел свет под влијание на спиритизмот кога мнозинството конзервативни протестанти и многу конзервативни католици се длабоко свесни за опасноста од спиритизмот на популарното движење „Њу ејџ“ (New Age - Нова доба) чијашто суштина е...
Вистински и лажни чуда и како да се препознаат?
Да, ние ќе се соочиме со такви и слични, невидени и недоживеани натприродни појави и феномени и со големи знаци и ѓаволски приказанија на небото од кои на луѓето здивот ќе им застанува. Исто така и на земјата демоните и нивните слуги со нивна помош ќе прават...
Приврзаноста на папите кон Марија
По изборот на папата Франциско за поглавар на Римокатоличката црква читавме и слушавме најразлични коментари и вести, од кои приведуваме само некои: „Папата Франциско денот го почна со молитва во римаската базилика Santa Maria Maggiore.“ „Папата Франциско само 12 часа...
Високо технички спиритизам
Научниците секоја година трошат милиони долари за да пронајдат дали постојат интелигентни суштества во надворешниот простор. Можно е еден ден тие напори да се исплатат - со таа разлика што тие суштества, кои ќе му се претстават на човечкиот род во тоа време нема да...
Политиката во канџите на спиритизмот
Веќе кажавме дека спиритизмот станува доминантна религиозна сила со доминантна улога во светот, која се инфилтрира во сите сфери од општествениот живот и ги опфаќа сите човечки структури. Она што пред релативно кусо време беше незамисливо, денес е сосем нормално. Маса...
Жалната состојба на луѓето опседнати од демони
Спиритизмот е змија отровница, многу поотровна и од најотровната кобра и црна мамба. Мрачните сили - сатаната и неговите демони - ви поставуваат стапици за да паднете во рацете на нивните слуги, во рацете на спиритистие, преку кои ќе ве турнат директно во матните води...
Сатаната и сатанистите
Човек опседнат од демони навистина е во жална и очајна состојба, зашто станува играчка во рацете на најголемиот садист во вселената, марионетка во рацете на сатаната кој се игра со него како мачка со глушец. Ако е тоа случај со вас, тој ви го парализира духот и...
Сатаната ве разболува, сатаната ве лекува
Читавме за жалната состојба на момчето опседнато од демон. Таа состојба кај детето целосно ја предизвикува демонот кој се наоѓа во него. Демонот го фрла момчето на земја, тој го вкочанува, тој го тера низ вода и оган за да го погуби, тој го тера да чкрта со забите и...
За харизматичните движења
Харизма: грчки: charisma - милосрден дар, божествена дарба, свето вдахновение, особена моќ стекната со Божјата милост; видовитост, моќ за комуницирање со светците; харизмата не може да се протолкува со рационални причини; моќ за неодоливо привлекување на масите....
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.