Астрални патувања на душите на покојниците!?
Друга една појава во која плива особено протестантскиот свет и која станува сè поприсутна и помасовна во светот, зад која стои и истата ја пласира и со голем успех ја промовира сатаната со своите демони, се возбудливите искуства и чудните претсмрни доживувања низ кои поминуваат безброј милиони и здрави и болни луѓе кои се соочуваат со смртта. Тоа се оние измамливи, лажни, блиски средби на неупатените со смртта за кои постои силна поплава на литература во светот.
Имено, во миговите кога луѓето се разделуваат од животот, наводно нивната бесмртна душа или нивниот бесмртен дух го напушта нивното тело и се упатува на чудесно астрално патување на кое доживува неверојатни нешта, чудни авантури.
Мнозина известуваат за патување низ долг, мрачен или облачен тунел.
Жена, која паднала на тротоар и за малку што не умрела, вака ги опишува своите чувства: „Се најдов опкружена со густа, топла, маглива, сива материја. Во маглата можев да видам одделни искри на светлина која се пробиваше и на моменти недоловлива темнина.“
Додека чувствуваат како поминуваат низ долг тунел од облак, луѓето од другата страна забележуваат светлина. Таа светлина сè повеќе се приближува, а понекогаш прилично драматично ги обвива.
Пациентка добила анестезија во ординација на забар за тежок третман. Таа раскажува како во таа пригода одлетала нагоре сè до небото и таму ги сретнала своите роднини. Озгора можела да се гледа себеси на столицата на забарот и неговите помошници како вршат операција над неа. По извесно време, долетала спирално надолу и се разбудила во забарската столица. Тоа е појава наречена „билокација“ – едновремено сте присутни на две места. Самите себеси се гледате од некоја друга точка во просторот.
Уште неколку вакви искуства!
„Лежев на постела… во Флорида. Штом ги затворив очите, почувствував некакво чудно боцкање во врвовите на прстите на нозете кое бргу се пренесуваше низ целото тело сè додека не се запре во главата. Ми се чинеше како да патувам низ некаков воздушен тунел, исполнет со сивкава искричава магла, слична на онаа што се гледа на празен телевизиски екран. Чувствував дека го напуштам моето тело, дека летам како ракета низ таванот и наеднаш почнав да се реам, лебдам во магла од надворешната страна на станот на моите пријатели на вториот кат во станбениот блок веднаш до нашиот. Премногу исплашен за да можам да пискам, наеднаш се ископчав од сето тоа и се најдов во мојата соба со разџагорени очи. Ништо не можеше да ме одврати од помислата дека мојата ‘душа’ го напушти моето тело и патуваше низ просторот.“
Овој човек, откако ги расчистил овие прашања во светлината на Библијата, кажува: „Верувањето дека во нашето тело живее бесмртна душа или бесмртен дух, кои при смртта го напуштаат нашето тело и се упатуваат на астрално патување, слично на моето – всушност блиските средби со смртта – претставуваат демонски халуцинации и измами, современа манифестација на првата лага на сатаната: ‘Не, вие нема да умрете’, измама во која ќе биде вовлечен цел свет, со исклучок на оние кои ќе ги сочува Божјата сила со вера во неговата Реч.“
Во 1988 г. познатото списание „Ескваер“ објавило прилог на познатиот автор Мајкл Крајтон во кој е опишана неговата средба со неговиот покоен татко на некој астрален брод:
„Не ми беше лесно со мојот татко додека беше жив. Сега ми се прикажа додека бев ранлив, во една поинаква состојба на свеста. Се прашував што ќе стори тој, што ќе се случи. Татко ми имаше ист изглед, единствено беше провиден и маглив, како и сè друго на тоа место… Одеднаш ме прегрна. Во миговите додека ме гушкаше, го видов и го почувствував сè она што ме поврзуваше со татко ми, сите чувства што ги негував и зошто погрешно сум го сфатил, сета љубов која всушност постоеше меѓу нас и сета збунетост и недоразбирања што ја надвладаа… Раната што ме мачеше со години, сега беше исцелена.“
Повреден за време на борбите во Виетнам, капетанот Томи Кларк раскажува како го напуштил своето тело: „Луѓето со кои служев беа околу мене мртви. Се оддалечуваа од мене, комуницирајќи, но не со зборови. Не беа во своето физичко тело, но јас знаев дека тоа се Далас, Ралф и Тери, и тие ме препознаваа мене.“
Во списанието „Семеен круг“ една жена вака ја опишува својата блиска средба со смртта: „Забележав како моето тело ја обвива синкава магла и јас се издигнував над масата за операции.“
Ридерс Дајџест ги опишува типичните појави на блиските средби со смртта: „Во многу случаи се зборува за многу слушни ефекти… за вистинско неугодно зуење… Заедно со бучавата, луѓето често имаат чувство како нешто ги влече низ некаков мрачен простор. Сум слушал како го опишуваат како пештера, извор, корито, тунел… Откако ќе помине низ тунелот, покојникот може да се најде во положба своето тело да го посматра од некоја точка надвор од него… Меѓу зборовите и изразите што ги употребуваа разни говорници спаѓаат: магла, пареа, енергетски облак.“
Како што видовме, во овие случаи мнозина го споменуваат чувството на напуштање на телото, реење над местото на настанот. Со други зборови, тие стануваат дух кој го напуштил телото.
Кога Грејс пристигнала во болницата, се тресела од силна треска и од страшна болка. & се чинело дека целата внатрешност ѝ се кине; паѓала во септичен шок. Во следниот миг Грејс веќе чувствувала како излегува од своето тело и се оддалечува од болката. Била уверена дека се рее, лебди под таванот и озгора ги посматра лекарите и медицинските сестри како избезумени се обидуваат да ѝ го спасат животот. Потоа се свртела кон нешто што изгледало како тунел, делумно провидно и слично на облак. Грејс го опишува своето искуство:
„Почнав да чувствувам неверојатно топла, прекрасна љубов… Се наоѓав во светлина. Беше пријатна, како личност, како мудрост… Таа мудрост ме сакаше и едновремено знаеше сè за мене. Можев да видам сè што кога било сум го сторила и чувствувала. Сакав да продолжам да одам кон светлината и да останам со неа засекогаш, но ми беше покажано дека морам да се вратам и да се грижам за моите две деца.“
Со таа мисла Грејс станала свесна дека пак е во своето тело, пак со својата болка. Не ѝ било право што била оттргната од мирот, најчудесен во целата вселена.
Ако забележавте, додека се наоѓала во таква состојба Грејс имала патување во своето лично минато: „Можев да видам сè што кога и да е сум го сторила и чувствувала.“
Интересно, сатаната може да нè поведе на пат во нашето минато, каде што можеме да се гледаме себеси како повторно поминуваме низ нашето детство и низ другите фази од минатиот дел од животот.
Тој, ѓаволот (сатаната) има моќ преку хипноза (хипнозата е сатанска активност, а хипнотизерите орудија во рацете на сатаната со чија помош преку хипнозата им го плакне мозокот на луѓето со контаминирана вода) и преку други свои активности, механизми и вештини со кои располага, да нè поведе длабоко во историското минато, да нè стави во туѓа кожа, да нè обуе во туѓи обувки, на пример, во чизмите на Наполеона или во сандалите на Клеопатра, и да нè убеди или да нè доведе во таква состојба во која ние не само што ќе мислиме и ќе си вообразуваме, туку и навистина ќе се чувствуваме како да сме вистински реинкарниран Наполеон или вистинска реинкарнирана Клеопатра; ние сме наполно убедени дека зад себе го имаме нивниот изоден пат, нивниот живот, или животот на некоја друга важна историска личност – чувство дека тоа бил наш личен живот, дека тие личности сме биле лично ние. На тоа се темели науката за реинкарнација на браманизмот и будизмот.
Да, почитувани, иако тоа се неверојатни феномени и неодгатлива загатка, сепак е неодминлива и непрескоклива вистина дека тоа е масовна реалност присутна во светот.
Да се вратиме пак на астралните патувања на кои ги води сатаната наводните души и духови на болните во миговите додека се разделуваат од животот на претсмртна постела или ставени под апарати за реанемација или на операциони маси во хируршките одделенија во болниците.
Што всушност им се случува на луѓето кои тврдат дека поаѓаат на неверојатно патување во мигот кога ќе се сретнат очи во очи со смртта? Дали тоа се само халуцинации? Дали тие лица поаѓале на вистинско патување кон небото и кон Бога? Или пак тука има нешто окултно (таинствено), дури демонско, ѓаволско во тој друг, таен свет на духовите што се реат? Секако! Последново е точно!
Пред сè, мораме да имаме на ум една работа која е заедничка за сите кои тврдат дека поминале низ такво искуство, низ таква блиска средба со смртта или имале такво претсмртно доживување: никој од нив навистина не умрел. И така, потполно можеме да исклучиме една можност луѓето, кои се близу до смртта, Бог да ги зема на небото – дека на некој таинствен начин душата, која го напуштила телото, ја привлекува во нејзиниот дом, во рајот. Каков би бил тој Бог кој по грешка би почнал да ја вознесува душата на болната Грејс на небото, а потоа, кога болничкиот персонал би успеал да ја оживее, ќе каже: „О, направив грешка, подобро е оваа душа да ја вратам во нејзиното тело.“ Бог нема проблеми со времето. Тој точно знае кога ќе умреме.
Претсмртните доживувања ни даваат измамлива слика за идниот живот. Но, да запаметиме – Библијата не само што навестува некакво патување, туку таа ни ја покажува целата слика. Таа не навестува некаква полусмрт по смртта, туку објавува дека по смртта доаѓа воскресение и живот со сето свое изобилие. Постоење, не како бестелесен дух или душа, туку живот во вистинско тело. Не тунел од облак, туку Спасител полн со љубов кого ќе го сакаме и со него вечно ќе живееме.
Да си поставиме овде уште еднаш неколку сериозни прашања. Кој направил план да прошири идеи спротивни на библиското учење за смртта, како што е мислата дека сите што умираат стануваат наградени со радосен занес во вечноста, без оглед на тоа што правеле и како живееле на земјата? Како можат луѓе, кои никогаш не се покајале, а малтретирале деца, убивале, заработувале на порнографија, биле водачи на банди и терористи – сите да бидат прифатени во Божјето царство? – За нив постои второ воскресение, суд и вечна смрт илјада години по второто Христово доаѓање (Откр. 20,4-6).
Целата таа идеја за претсмртните доживувања или за искуствата доживеани при блиските средби со смртта е заговор на непријателот лукаво да го наметне уверувањето дека не е важно каков живот живееш – ти ќе бидеш спасен. Во тие искуства или доживувања ништо не се спомнува за тоа дека нема спасение без Исуса Христа, ништо за некакво покајание и преобраќање, за крстот или за откупувањето.
Библијата ја исклучува можноста душата да патува. Таа не кажува дека по смртта наоколу се маткаат некакви бестелесни духови, туку ни прикажува свет на вистински луѓе со вистински тела, со посилни, почудесни, пославни отколку што ги имаме сега. Тоа не е само сон, тоа е стварност.
Не знам кој би сакал да постои како дух без тело, но, според нас, таа мисла е непривлечна, дури и грда. Дали би сакал вечноста да ја поминуваш како дух, лелеејќи се на небото и реејќи се над облаци? Ако немаш тело, тогаш ти си само некоја мисла во просторот, ти всушност и не постоиш, лишен си од она што Бог планира да го имаш. Но тие замисли, тие лаги, ги пласира сатаната преку спиритизмот во чијашто мрежа светот е веќе заробен и човештвото е играчка во неговите раце.
Повеќе од осум милиони Американци веќе доживеале блиска средба со смртта. Сите тие луѓе веруваат дека нивната душа (или дух) го напушта нивното тело. Понатаму, четириесет и два процента од Американците имале допир со „мртвите“ кои се рееле како бестелесни духови, а тоа е наполно спротивно на библиската наука.
Спиритизмот во светот се шири со геометриска прогресија. Неговиот темел сатаната го поставил во рајот со својата прва лага: „Не, вие нема да умрете!“ Со истата лага, стратешки инкорпорирана во могубројните спиритистички појави и активности кои земаат силен замав, сатаната ќе успее да го прелаже цел свет и да го стави под своја контрола.
Секуларистите, протестантите, католиците, православните, Евреите, муслиманите, будистите, хиндуистите – затоа што не го прифаќаат јасното библиско учење за состојбата на мртвите, не се заштитени од измамите на сатаната во последните денови. Од Били Грејем, кој разговарал со својата покојна баба, до Далај Лама, од иранските имами до католичките свештеници во Јужна Америка, сите се неотпорни на сатанската најподмолна, најсилна и најприфатена измама: „Не, вие нема да умрете!“ Страшно!
Бидејќи астралните патувања стануваат масовна светска појава, ние со нив пак ќе се сретнеме подоцна, кога ќе зборуваме за астрологијата, чијшто контекст ќе бара да го сториме тоа.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за матните води на спиритизмот“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БИБЛИЈАТА ЗА МАТНИТЕ ВОДИ НА СПИРИТИЗМОТ
Верувањето во задгробен живот, во бесмртна душа или во бесмртен дух, создало извонредно плодна почва на која никнала и се развила една недосеглива појава која е целосно надвор од нашиот рацио и која станува сè поинтересна и попривлечна за денешниот човек. Станува збор...
Темелот на спиритизмот
Врз што се темели спиритизмот? Врз првата лага со која сатаната ги прелагал нашите први родители кога им кажал: „Не, вие нема да умрете!“ Таа лага, погрешното верување на луѓето во задгробен живот, погрешното верување во вродена бесмртна душа или во вроден бесмртен...
Небото е вистинско место за луѓе со вистинско тело
Да чуеме што ни кажува апостол Јован во Откровението 21,2: „Тогаш го видов светиот град, новиот Ерусалим, како слегува од небото, од Бога, стокмен како невеста украсена за својот маж.“ Што видел овој Исусов ученик од другата страна на смртта? Многу повеќе отколку...
Постари, потрадиционални облици на спиритизмот
Спиритизмот е најсилно и најуспешно средство во рацете на сатаната со чија помош тој се поигрува со светот како мачка со глушец! Божјата реч за него кажува: „И не е чудно, зашто сатаната се претвора во светлосен ангел.“ А Христос најавува: „Ќе се појават лажни...
Зад ликот на Марија се кријат спиритистички појави
Во последните денови во католичкиот и православниот свет доминантни ќе бидат спиритистичките појави поврзани со приказанијата на Исусовата мајка Марија, Света Богородица или Дева Марија, кон која, како што кажавме порано, ние имаме висока почит и уважение. Видовме...
Повеќе за приказанијата на Марија
Најпрочуени приказанија на Марија во текот на втората половина на дваесеттиот век се случиле во малечкото место во Херцеговина, Меѓугорје, каде што шест деца од едно малечко село секој ден ја гледале Дева Марија, Богородица, и од неа примале пораки уште од 1981...
Со чија помош спиритизмот ќе го стави светот под свој чадор?
Се прашуваме како сатаната ќе го стави цел свет под влијание на спиритизмот кога мнозинството конзервативни протестанти и многу конзервативни католици се длабоко свесни за опасноста од спиритизмот на популарното движење „Њу ејџ“ (New Age - Нова доба) чијашто суштина е...
Вистински и лажни чуда и како да се препознаат?
Да, ние ќе се соочиме со такви и слични, невидени и недоживеани натприродни појави и феномени и со големи знаци и ѓаволски приказанија на небото од кои на луѓето здивот ќе им застанува. Исто така и на земјата демоните и нивните слуги со нивна помош ќе прават...
Приврзаноста на папите кон Марија
По изборот на папата Франциско за поглавар на Римокатоличката црква читавме и слушавме најразлични коментари и вести, од кои приведуваме само некои: „Папата Франциско денот го почна со молитва во римаската базилика Santa Maria Maggiore.“ „Папата Франциско само 12 часа...
Високо технички спиритизам
Научниците секоја година трошат милиони долари за да пронајдат дали постојат интелигентни суштества во надворешниот простор. Можно е еден ден тие напори да се исплатат - со таа разлика што тие суштества, кои ќе му се претстават на човечкиот род во тоа време нема да...
Политиката во канџите на спиритизмот
Веќе кажавме дека спиритизмот станува доминантна религиозна сила со доминантна улога во светот, која се инфилтрира во сите сфери од општествениот живот и ги опфаќа сите човечки структури. Она што пред релативно кусо време беше незамисливо, денес е сосем нормално. Маса...
Жалната состојба на луѓето опседнати од демони
Спиритизмот е змија отровница, многу поотровна и од најотровната кобра и црна мамба. Мрачните сили - сатаната и неговите демони - ви поставуваат стапици за да паднете во рацете на нивните слуги, во рацете на спиритистие, преку кои ќе ве турнат директно во матните води...
Сатаната и сатанистите
Човек опседнат од демони навистина е во жална и очајна состојба, зашто станува играчка во рацете на најголемиот садист во вселената, марионетка во рацете на сатаната кој се игра со него како мачка со глушец. Ако е тоа случај со вас, тој ви го парализира духот и...
Сатаната ве разболува, сатаната ве лекува
Читавме за жалната состојба на момчето опседнато од демон. Таа состојба кај детето целосно ја предизвикува демонот кој се наоѓа во него. Демонот го фрла момчето на земја, тој го вкочанува, тој го тера низ вода и оган за да го погуби, тој го тера да чкрта со забите и...
За харизматичните движења
Харизма: грчки: charisma - милосрден дар, божествена дарба, свето вдахновение, особена моќ стекната со Божјата милост; видовитост, моќ за комуницирање со светците; харизмата не може да се протолкува со рационални причини; моќ за неодоливо привлекување на масите....
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.