Прошка на минатите, сегашните и на идните гревови на живите; прошка и на мртвите – за пари!

Според римокатоличкото учење, светците направиле повеќе добри дела отколку што им било потребно за нивно лично спасение. Тие „одвишни“ добри дела на светците ја сочинуваат духовната ризница со која располага папата, па тој од неа може да им даде прошка за гревовите на верните римокатолици кои даваат прилог за да добијат таква опросница1.

Значи, според таа погубна наука на споменатата црква, грешниците за своите гревови можат да се откупат со пари, Божјата милост може да се купи за златници, а за гревот не е неопходно ниту покајание. Во таа пригода грешникот од свештеникот добивал писмен документ, опросница или индулгенција во која пишувало и се тврдело дека нему му се простени сегашните, минатите, па дури и идните гревови – гревовите што ќе ги направи во иднина – што претставувало своевидна стимулација за грешниците повеќе да грешат, а црквата повеќе пари да спечали! Грд фалсификат на Христовата свештеничка и посредничка служба во небесното Светилиште! Чудно и несфатливо! Милост и прошка да се купуваат за пари! Крајно небиблиска и безбожна категорија!

Во времето кога во Рим се доградувала црквата „Свети Петар“, папскиот пратеник и полномошник, Тецел, низ Европа собирал пари за тоа огромно велелепно црковно здание, за кое била потребна голема сума пари. Со одобрение и заповед од папата, Тецел пристигнал и во Германија, на верниците да им продава опросници за минатите и идните гревови, без потреба од вера и покајание. Проштавање (прошка) на гревовите можело да се добие не само за живите, туку и за мртвите кои, наводно, престојуваат во чистилиштето. Секаде каде што одел, Тецел пред себе праќал способни весници да му го приготват патот, да го известат и одушеват сето население, сите луѓе, за неповторливата извонредна можност и шанса од своите минати и идни гревови да се откупат со златници! Не е потребно покајание ниту откажување од кој било грев – златниците успешно ќе ја завршат таа работа.

„Римскиот службен орган издал книга со прецизни суми пари што треба да се платат за различни прошки. На ѓакон кој бил виновен за убиство можело да му се прости за дваесет круни. На бискуп или на старешина на манастир, кој би убил непријател, можело да му се прости за триста лири. Најопачното злосторство имало своја цена.“2

Од град во град, толпа верници го нагрвалувале благајникот на Тецела и во неговото ковчеже пуштале златници, научени и уверени од свештенството дека, во мигот кога ќе ѕвекне златникот во ковчежето, нивните мили и драги покојници веднаш од пеколните маки во чистилиштето заминуваат на небо, во рај. – Нешто што воопшто не може да се голтне. Тоа е небиблиска, ефтина благодат: проштавање на гревот без признавање, без покајание и без лично исповедање на истиот пред Бога. Тоа е благодат без Исуса Христа и без неговата жртва на крстот на Голгота. Тоа е обезвредена Божја благодат.

Од друга страна, вистинската Божја благодат навистина е ефтина бидејќи секому му стои при рака и секој може со нејзината сила да се спаси, да добие живот вечен.

Но, едновремено Божјата благодат е и скапа. Скапа е затоа што го осудува гревот, а благодат е затоа што го оправдува грешникот. Над сè таа е скапа затоа што е платена со смртта на Бога, со смртта на неговиот Син: „Скапо сте купени“ (1. Коринќаните 6,20). А она за што Бог платил висока цена не може и не смее да биде ефтино за нас.

Светот го примил христијанството и благодатта станала мошне ефтин заеднички имот. Римската црква ја присвоила Божјата благодат како свој имот и ја продавала за пари, како кому што сакала.

Со Божја помош и милост Лутер на светот му открил  значајна спасоносна библиска вистина: не оправдание на гревот, како што учела Римската црква, туку оправдание на грешникот, и тоа го натерало да го напушти манастирот, во кој долго време поминал како калуѓер, и да се врати во светот, но не како поголем грешник, туку како весник за скапата Божја благодат.

Наш проблем и сечиј проблем: каде и да одиме, гревот е со нас, зашто е во нас. Можете да се затворите во манастир, и манастирот е дел од светот, а светот е грешен. Можете да заминете во пустина и цел живот да поминете сами  како пустиник, но и натаму останува проблемот на гревот, зашто гревот е во самите нас. Сè на овој свет е дел на светот. Лутер ова го сфатил, го напуштил манастирот и стапил во борба со ефтината благодат којашто званичната Црква во тоа време ја продавала скапо, манипулирајќи со спасението на луѓето. Лутер силно му се противставил на Тецела.

„На подрачјето на опросниците папата Sikstus IV покажал извонредна генијалност. Тој бил прв понтиф кој решил опросниците да ги примени и на мртвите. Дури и тој бил совладан од нивната популарност. Опросниците станале неограничен извор на приходи за кој дури ни неговите најалчни претходници не сонувале. Резултатите на опросниците им го одземале здивот на папите! Тие, созданија од крв и месо, имаат моќ над регијата на мртвите! Душите, кои се мачеле во чистилиштето поради своите гревови, можеле да бидат ослободени на збор од папата само ако нивните роднини ја стават раката во својот џеб. А кој од нив не би го сторил тоа, ако има макар искра на христијанска пристојност? Вдовиците и вдовците, и ожалостените родители, би потрошиле сè само своите сакани да ги ослободат од чистилиштето кое било сликано со сè помрачни бои.“3

„Молитвата за мртвите била една работа, а плаќањето за нив нешто сосем друго. Едноставниот народ е наведен да верува дека папата, или оние што доаѓале во селата да го продаваат неговото проштавање, гарантирале дека нивните мртви ќе заминат на небо на крилјата на опросниците. Потенцијалот за злоупотреба бил огромен. Продажбата на реликвии од десеттиот век во голема мера опаднала. Всушност, долго Рим најмногу извозувал лешеви, цели или во делови. Продавани им се на аџиите за големи суми. T. H. Dyer рекол: ‘Палец или прст од маченик можел да биде залак за човек со умерени примања, но владетелите и бискупите можеле да си дозволат себеси да купат цел скелет.’ Со катакомбите, како еден вид папски Ел Дорадо, многу понтифи им подарувале коски од маченици на градови на кои сакале да им се додворат. Талентот на папата Sikstus IV се состоел во следното: Ништо не подарувал! Коските на мачениците и маслото не било нешто што можело да се обнови, но опросниците биле безгранични, а нивните цени можеле да се прилагодат на секој и сечиј џеб. Ништо не се барало од дарителот или од примателот: ниту љубов, ниту сожалување, ниту молитва, ниту покајание – само пари! Ниту една пракса не била толку нерелигиозна колку оваа. Папата се богател онолку колку што сиромасите биле насамарени.“4

Вчудовидува како папството успеало да се наметне како џиновски авторитет и толку мудро да ги измисли и беспрекорно и целосно, без приговор и поговор, да ги контролира чистилиштето и пеколот во подземјето и рајот на небото, чиишто клучеви цврсто ги држи во свои раце и по своја желба и процена им ги отвора и затвора нивните врати на верниците, во зависност од нивната лојалност и преданост кон Црквата.

Општо кажано, чистилиштето, пеколот и рајот се моќен извор и најсилни и најефикасни инструменти во рацете на папството со чија помош тоа својата власт над верниците на земјата ја издигнало во ранг на вселенски димензии, со што не случајно папата е прогласен како господ бог на  земјата. Во оваа црковна структура Бог и неговата Реч се наполно потиснати на страна и спасението на грешниците стопроцентно се наоѓа во рацете на Црквата. Таа душите на најзаслужните верници ги праќа на небото во рај, а оние на помалку послушните или на еретиците, ги праќа директно во подземјето, во чистилиште или во пекол. Во таа апсолутна власт и контрола над верништвото, на црковната власт ѝ помагаат нејзините генијални измислици: опросниците и плејадата светци и посредници што таа ги пратила на небото како своја сервисна служба за полесно да го контролира небото и подземјето, а со тоа, се разбира, и Земјата.

Иста контрола над подземјето или пеколот, и над рајот на небото, врши и Православната црква, со таа разлика што таа, наместо чистилиште, измислила некаков негов еквивалент, интермедиер меѓу пеколот под земјата и рајот на небото, наречен „митарства“. И таа има иста сервисна служба од плејада светци и човечки посредници на небото за полесно да го контролира своето верништво на земјата. Со еден збор, традиционалната Црква извонредно вешто и успешно успеала под своја контрола и управа да ги стави и неприкосновено да ги контролира сите три подрачја: подземјето, небото и Земјата – структура каде што го распоредува престојот на душите на своите верници.

„Папата има толку возвишено и врховно достоинство, што нему му припаѓа врвот на сите достоинства. Папата има толку возвишена позиција и возвишеност, што тој не е само човек, туку е како Бог. Тој е Божји намесник… Исто така тој е божествен монарх, највисок цар и цар над сите цареви. Затоа папата е крунисан со трикратна круна – како цар на небото, на земјата и на нижите предели (чистилиштето и пеколот, под земјата).“5

Во Рим постојат стари гробишта, каде што се закопани мултимилионери, на чијашто капија стои натпис на латински Indulgentia plenaria quotidiana et aeterna pro vivis et defunctis, што значи: „Опросници (прошки) целосни, секојдневни и вечни, за живите и за мртвите!“

Очигледно е дека богатите покојници што почиваат во овие гробишта дале огромни суми пари во црквата, со што од свештениците купиле целосна прошка за сите свои гревови – минати, сегашни и идни – како и прошка за гревовите на своите покојници, кои со тоа добиле право да преминат од чистилиштето во рајот.

Да, почитувани, од тие причини покајанието и проштавањето на гревовите на грешниците црквата ги подигнала на ранг или на ниво на света црковна тајна, обред или сакрамент, како орудие во рацете на свештенството за да може да манипулира со верниците.

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за човечките посредници меѓу Бога и грешниците“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

 

БИБЛИЈАТА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПОСРЕДНИЦИ МЕЃУ БОГА И ГРЕШНИЦИТЕ

  Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за човечките посредници меѓу Бога и грешниците“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.   [viz-category-posts...

Гревовите да се исповедаат единствено пред Бога – не во исповедална пред увото на смртен свештеник

Никаде во Библијата Бог не заповеда ниту пак бара од луѓето да одат кај свештениците во исповедална и таму, пред увото на смртни луѓе, да ги исповедаат своите гревови, што е своевидно понижување. Грев пред Бога прават свештениците што си дозволуваат себеси таква...

Денешните свештеници како посредници меѓу Бога и грешниците

Наполно небиблиска е науката и на Православната црква за проштавање на гревовите според која свештеникот, изговарајќи одредена формула, му ги проштава гревовите на грешникот. Откако грешникот ќе се исповеда пред свештеникот, тој,  според своја проценка, чита отпусна...

Христос е брилијантен Спасител кој поинаку им ги проштава гревовите на грешниците

Еднаш пред Христа фарисеите довеле голема грешница, жена фатена во прељуба, изркана и исплукана од општеството и како општествен смет исфрлена на буниште. За тој нејзин голем грев Христос на грешницата не ѝ определил никаква епитимија ниту покора за да го окае гревот...

Традиционалната Црква за култот на Исусовата мајка Марија, Дева Марија или Света Богородица

„Според Православната црква, Дева Марија ужива поголема ‘чест од херувимите и неспоредливо е пославна од серафимите.’ Таа ги надминува сите созданија. Црквата во неа гледа Божја мајка и молителка пред Синот за целиот човечки род и непосредно ѝ се моли за застапништво....

Нашиот пристап кон Бога е личен и слободен, непосреден и директен

Непростлива хула на теологијата на традиционалната Црква е што на грешниците им го препречува патот на спасението и им го блокира пристапот кон Бога. Каде најде традиционалната Црква во Библијата, во евангелијата, основа за својата опачна теологија според која „патот...

Божјите ангели како посредници меѓу Бога и грешниците

Никаде, ниту во Стариот, ниту во Новиот завет, немаме ниту еден запис дека Бог праќал од небото светци да им помагаат на луѓето на земјата. Напротив, и во Стариот и во Новиот завет Бог од небото на луѓето им праќал само ангели да им донесат вест или помош. Божјите...

Едно од многубројните чуда на свети Никола (270-343)

Во Цариград живееше еден благочестив човек, полн со вера во Господа Христа. Тој го сакаше и многу го почитуваше големиот угодник Божји свети Никола. Еднаш, подготвувајќи се по некоја работа да отпатува со кораб во друга земја, тој според својот обичај отиде во црквата...

Парастоси (помен за мртвите)

Ќе наведеме изјава на рускиот православен богослов, протојереј Александар Шмеман, која гласи вака: „Главна метода со која се служела Црквата за да ги преобрати незнабошците во христијанство била методата на сублимација и преобразба на паганските верувања: Црквата...

Марија визави паганските божици

Марија на Христа не му дала божествена и Божја природа, туку му дала тоа што имала - човечка природа. Христос како Бог постои од вечноста, а не од мигот кога се родил, односно од мигот кога Марија му дала човечка природа. „Голема е тајната на побожноста: ‘Бог се јави...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат