Парастоси (помен за мртвите)
Ќе наведеме изјава на рускиот православен богослов, протојереј Александар Шмеман, која гласи вака: „Главна метода со која се служела Црквата за да ги преобрати незнабошците во христијанство била методата на сублимација и преобразба на паганските верувања: Црквата пречистувала некои пагански обичаи и ги исполнувала со христијанска смисла и содржина.“27
Наш заклучок: Главна метода со која се служело паганството за да ги преобрати христијаните во паганство била методата на сублимација и преобразба на христијанските верувања: Паганството ги пречистило сите христијански библиски обичаи и ги исполнило со паганска смисла и содржина. Уште поточно: Паганството ја пречистувало и ја пречистило целокупната теологија на традиционалната Црква и, не само што ја исполнило со паганска смисла и содржина, туку комплетно ја претворило во паганска теологија! Најдете и цитирајте барем една темелна библиска вистина која во теологијата на традиционалната Црква не е до гуша потоната во античкиот паганизам! Наместо христијанството да го преобрати и да го прибере паганството под својот чадор, паганството го преобратило, го асимилирало и го прибрало христијанството во своите пазуви.
Да продолжиме со парастосите. Во рамките на култот на умрените, во православието се воспоставени и помени за мртвите, наречени парастоси, во народот познати како раздавачки или задушници – се раздава храна за душа на умрените. Овие помени за мртвите Црквата ги презела од грчкиот многубожечки култ. Што кажува православието за важноста на одржувањето на парастосите?
„Друго време посветено исклучиво за молитва за покој на душите на упокоените христијани се парастосите што се приредуваат во третиот, деветтиот, четириесеттиот ден по смртта и за полгодишнината на умрените. (…) Во народот се познати како ’раздавачки’. Се приредуваат точно во одредено време за парастос… Тоа посебно се однесува на раздавачката за четириесетдневниот парастос, зашто тој ден, според преданието на нашата света Црква, во Божјето царство се врши посебен суд над душата на покојникот, кога душата добива привремена награда или казна (привремен суд н. з.), зависно од нејзината вера и дела, од молитвите на нашата света Црква и од нашите приноси за нејзиното спасение од вечната осуда. Тоа нашиот народ го знае. Затоа четириесетдневниот парастос се дава точно четириесеттиот ден од смртта на покојникот или некој ден порано, но во никој случај подоцна.“28
Значи, според учењето на Источната црква, третиот, деветтиот и четириесеттиот ден по смртта се мошне значајни за душата на покојниот христијанин.
Овде ќе наведеме дел од паганските обичаи кои христијанството „ги преобразило и ги исполнило со христијанска смисла и содржина!“ Јевсевие Поповиќ, црковен историчар на православието:
„Исто така беше обичај да се држи богослужение за душите на умрените (задушници) со принесување на евхаристични жртви, ако било можно во близина на гробот, и гозби за душите на умрените (агапе или љубов за душите, раздавачки) особено третиот, седмиот или деветтиот, триесеттиот или четириесеттиот ден, посебно на годишнината на смртта или погребот… Третиот, деветтиот и четириесеттиот ден се избрани можеби во врска со тоа што Христос третиот ден воскреснал од мртвите, четириесеттиот ден се вознел на небото, а деветтиот ден е три пати трети, нагласен третиот ден. Но веќе и незнабожечките Грци принесувале жртви за своите мртви третиот, деветтиот и триесеттиот ден и на годишнината на смртта.“29
„Како и нивните земјаци, верниците во Грција празнуваат кармини третиот, деветтиот и четириесеттиот ден по смртта.“30
Бидејќи дознавме дека и обичаите на незнабожечките Грци пропишувале помен за душите на умрените во третиот, деветтиот и четириесеттиот ден по смртта, многу пологично е да се претпостави и да се верува дека и овој пагански обичај е прифатен од Црквата така што му е придодадено христијанско значење. Да, пологично е така отколку да се верува дека тој има божествено устројство кое божем ангелите му го објавиле на свети Макарие? Имено, јасно е дека за учењето на овие и вакви помени никаде во Библијата не можеме да најдеме дури ни најмали траги! Според тоа, и овие обичаи за парастосите, Црквата комплетно ги презела од античкиот паганизам.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за човечките посредници меѓу Бога и грешниците“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БИБЛИЈАТА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПОСРЕДНИЦИ МЕЃУ БОГА И ГРЕШНИЦИТЕ
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за човечките посредници меѓу Бога и грешниците“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. [viz-category-posts...
Гревовите да се исповедаат единствено пред Бога – не во исповедална пред увото на смртен свештеник
Никаде во Библијата Бог не заповеда ниту пак бара од луѓето да одат кај свештениците во исповедална и таму, пред увото на смртни луѓе, да ги исповедаат своите гревови, што е своевидно понижување. Грев пред Бога прават свештениците што си дозволуваат себеси таква...
Прошка на минатите, сегашните и на идните гревови на живите; прошка и на мртвите – за пари!
Според римокатоличкото учење, светците направиле повеќе добри дела отколку што им било потребно за нивно лично спасение. Тие „одвишни“ добри дела на светците ја сочинуваат духовната ризница со која располага папата, па тој од неа може да им даде прошка за гревовите на...
Денешните свештеници како посредници меѓу Бога и грешниците
Наполно небиблиска е науката и на Православната црква за проштавање на гревовите според која свештеникот, изговарајќи одредена формула, му ги проштава гревовите на грешникот. Откако грешникот ќе се исповеда пред свештеникот, тој, според своја проценка, чита отпусна...
Христос е брилијантен Спасител кој поинаку им ги проштава гревовите на грешниците
Еднаш пред Христа фарисеите довеле голема грешница, жена фатена во прељуба, изркана и исплукана од општеството и како општествен смет исфрлена на буниште. За тој нејзин голем грев Христос на грешницата не ѝ определил никаква епитимија ниту покора за да го окае гревот...
Традиционалната Црква за култот на Исусовата мајка Марија, Дева Марија или Света Богородица
„Според Православната црква, Дева Марија ужива поголема ‘чест од херувимите и неспоредливо е пославна од серафимите.’ Таа ги надминува сите созданија. Црквата во неа гледа Божја мајка и молителка пред Синот за целиот човечки род и непосредно ѝ се моли за застапништво....
Нашиот пристап кон Бога е личен и слободен, непосреден и директен
Непростлива хула на теологијата на традиционалната Црква е што на грешниците им го препречува патот на спасението и им го блокира пристапот кон Бога. Каде најде традиционалната Црква во Библијата, во евангелијата, основа за својата опачна теологија според која „патот...
Божјите ангели како посредници меѓу Бога и грешниците
Никаде, ниту во Стариот, ниту во Новиот завет, немаме ниту еден запис дека Бог праќал од небото светци да им помагаат на луѓето на земјата. Напротив, и во Стариот и во Новиот завет Бог од небото на луѓето им праќал само ангели да им донесат вест или помош. Божјите...
Едно од многубројните чуда на свети Никола (270-343)
Во Цариград живееше еден благочестив човек, полн со вера во Господа Христа. Тој го сакаше и многу го почитуваше големиот угодник Божји свети Никола. Еднаш, подготвувајќи се по некоја работа да отпатува со кораб во друга земја, тој според својот обичај отиде во црквата...
Марија визави паганските божици
Марија на Христа не му дала божествена и Божја природа, туку му дала тоа што имала - човечка природа. Христос како Бог постои од вечноста, а не од мигот кога се родил, односно од мигот кога Марија му дала човечка природа. „Голема е тајната на побожноста: ‘Бог се јави...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.