Едно од многубројните чуда на свети Никола (270-343)

Во Цариград живееше еден благочестив човек, полн со вера во Господа Христа. Тој го сакаше и многу го почитуваше големиот угодник Божји свети Никола. Еднаш, подготвувајќи се по некоја работа да отпатува со кораб во друга земја, тој според својот обичај отиде во црквата на свети Николај и му се помоли на Божјиот Светител. Потоа се прости со пријателите и со соседите, па се качи на коработ и отпатува. Во три часот по полноќ почна да дува силен ветер и започна невреме. Морнарите се растрчаа околу притегнувањето на едрата, им прискокна на помош и овој благочестив човек, но некако се сопна и падна во морето. Мракот беше страшен, ветрот силен, та не можеа да му притекнат на помош на давеникот, иако сите го сожалуваа и офкаа. А тој, онака облечен, борејќи се со брановите и тонејќи викна: „Свети Никола, помогни ми!“

И – о чудо! Тој одеднаш се најде во својата куќа во Цариград, иако му се чинеше дека уште е во длабочината на морето. Неговите домашни, штом го чуја неговиот глас, запалија свеќи. На тоа дотрчаа и соседите и го видоа како стои насред куќа, громогласно зборува, а облеката сета му се цеди од морската вода. Сите се скаменија од ужас и страв, неспособни збор да прозборат. А давеникот им рече:

„Браќа, што се случува? Знам дека вчера се простив со вас, па отидов на кораб. Коработ се отисна и ние пловевме по морската шир. Потоа дувна силен ветар, настана бура, морнарите се растрчаа околу едрата, а јас некако се препнав, и зафатен од ветрот паднав во морето, и го повикав на помош свети Никола. А сега каде сум, не знам. Кажете ми, да не сум полудел? Што се случило со мене?“

А тие, кога го слушнаа што кажува и гледајќи како морска вода му тече од облеката, разбраа дека се случило прекрасно чудо. И сите почнаа да се радуваат со него и долго од радост плачеа и воскликнуваа: „Господи помилуј!“

Потоа давеникот се преоблече и отиде во црквата на свети Николај. И остатокот од ноќта го помина во молитва, плачејќи, правејќи метании и вознесувајќи Му благодарност на Бога и на чудесниот угодник Негов, светителот Никола.

Од оваа сторија на „благочестивиот човек“ за чудото што го доживеал на морето заклучуваме дека давеникот не му се обратил за помош на Бога, како апостол Петар кога тонел и се давел во Галијеското Езеро и кога рекол: „Господе, спаси ме!“ (Матеј 14,30), туку му се обратил на св. Никола со истите зборови: „Свети Никола, помогни ми!“ Исто така заклучуваме дека на апостол Петар Исус му подал рака и Исус го избавил, а кај овој човек гледаме само дека св. Никола направил чудо. Не ни се кажува дали св. Никола му подал рака и го избавил,  дали светецот истиот миг го однел давеникот дома или пак тоа го сторил Исус или некој од Божјите ангели. Сторијата ни кажува само дека давеникот бил избавен од брановите и истиот миг се нашол дома, и ништо друго.

Во секој случај, се прашуваме, зошто на тој давеник/бродоломник не му дојде на помош оној ангел што го избави апостол Павле и другите во текот на бродоломот што го доживеаја, туку него мораша да го избави светецот св. Никола? Зошто давеникот не му се обрати на Бога Бог да му прати свој ангел да го спаси? И зошто Црквата имаше потреба светецот св. Никола да го прогласи за заштитник на бродарите/бродоломниците/давениците кога веќе Бог одредил свој ангел за таа служба. Дали св. Никола, кога Православнта црква го прогласи за светец, му го зазеде местото на ангелот од бродоломот на апостол Павле? Или, каде заминаа другите ангели за кои читавме во приложените библиски текстови? Дали на Божјите ангели им е потребно засилување од светците за да можат успешно да ја извршуваат својата задача што ја поставил Бог пред нив да им помагаат на верните кои ќе го наследат спасението? Дали и тие стареат и снеможуваат и заминуваат во пензија? И – да не дробиме многу!

Ниту Павле, ниту кој и да е друг во Библијата за помош им се обраќал на светци, или на своите покојници. Сите библиски личности за помош му се обраќале директно на Бога кој им праќал на помош ангели, а не светци или нивните покојници.

Теологијата која учи и тврди дека постојат светци кои се наши помошници, водичи и заштитници, дека  света Богородица, или овој или оној светец или светица е покровител и заштитник на овој или оној град, или патрон на Црквата, е јалова и целосно имагинарна теологија која во секој поглед е надвор од библиските габарити. Во врска со житијата на светците на традиционалната Црква, за кои веќе опширно зборувавме, испредена е таква фантастика од која глава боли. Според тоа, житијата на светците, заедно со нивните светци, целосно ѝ припаѓаат на научната фантастика, а не на Библијата, зашто тие намаат никаква врска со Библијата, бидејќи во нив нема ништо библиско. Библијата не познава, не признава и не прифаќа категорија светци од типот на светците на традиционалната Црква.

Зошто само во Новиот завет плејада светци и светители? Зар таква привилегија ужива само Новиот завет? Зар старозаветната Црква немала исти привилегии како и новозаветната,  да прати на небото плејада светци и светители да му помагаат на Бога, како што му помагаат новозаветните асистенти-светци на Христа да нè спасува нас грешниците? Зошто таа разлика? Каде имаме такви записи? Никој во Стариот завет не им се обраќал на светци за помош. Секој му се обраќал директно на Бога кој им праќал ангели на помош.

И во Новиот завет, по Христовото вознесение, ние гледаме само ангели и Светиот Дух кои им доаѓаат на апостолите и верниците на помош. Никаде не ја гледаме Дева Марија да им доаѓа на помош, ниту пак некаде читаме дека некој апостол или верник во апостолскиот период барал помош од Дева Марија или од некој друг светец или светител. Според тоа, Бог од небото не праќа на помош светци, туку ангели.

Дури и во Православната апологетика наоѓаме потврда за ова што го кажуваме: „Важноста и неопходноста на преданието и во еден и во друг облик (устен и пишан) се неоспорни. (…) Ако светото предание не би го дополнувало Светото писмо, тогаш, значи, многу верски прашања (почитување на светителите, на иконите, на молитвите за мртвите) би останале без поволно решение.“25

Православниот апологет, Иван Николин, е свесен и категоричен дека „почитувањето на светците“, почитувањето на „иконите“ и „молитвите за мртвите“ се стопроцентна фабрикација на преданието. Иван Николин е јасен кога тврди дека тие се надвор од Библијата, дека се чедо на усното и пишаното предание. Според тоа, силната желба на „светите отци“ своето учење, односно учењето на „светото предание“ на сите можни начини некако да го поврзат и да му го припишат на првовековното или апостолското верување и учење, останува само нивна пуста, јалова и непродуктивна желба и ништо повеќе. Тоа е обид еднаков на обидот од болва да се вади маст.

Библијата не дава никаква можност Црквата или ние да се молиме на Бога да им ги прости гревовите на нашите покојници кои не им биле простени додека биле живи, со цел побргу и полесно да излезат од пеколот или од чистилиштето и да преминат во рајот. Библијата не ни дава никаква можност да се молиме на нашите покојници или на светците да се заземаат или да посредуваат за нас пред Бога. Библиските текстови кои бараат од нас да се молиме за болните, едни за други и за сите луѓе, не кажуваат и не ни даваат право да се молиме и за мртвите и на мртвите (Јаков 5,13-16; 1. Тимотеј 2,1), како што тврди Лазар Милин.26

Теологијата на традиционалната Црква за состојбата на мртвите и за светците, како што кажавме, е научна фантастика, а не библиска наука и теологија. Библијата е јасна и Божјата заповед е категорична. Таа бара од нас да ги исфрлиме од нашите домови, од нашите цркви и од нашиот живот иконите, кандилата и свеќите и сите други идоли. Почитувани, тоа е библиска вистина!

 

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за човечките посредници меѓу Бога и грешниците“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

 

БИБЛИЈАТА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПОСРЕДНИЦИ МЕЃУ БОГА И ГРЕШНИЦИТЕ

  Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за човечките посредници меѓу Бога и грешниците“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.   [viz-category-posts...

Гревовите да се исповедаат единствено пред Бога – не во исповедална пред увото на смртен свештеник

Никаде во Библијата Бог не заповеда ниту пак бара од луѓето да одат кај свештениците во исповедална и таму, пред увото на смртни луѓе, да ги исповедаат своите гревови, што е своевидно понижување. Грев пред Бога прават свештениците што си дозволуваат себеси таква...

Прошка на минатите, сегашните и на идните гревови на живите; прошка и на мртвите – за пари!

Според римокатоличкото учење, светците направиле повеќе добри дела отколку што им било потребно за нивно лично спасение. Тие „одвишни“ добри дела на светците ја сочинуваат духовната ризница со која располага папата, па тој од неа може да им даде прошка за гревовите на...

Денешните свештеници како посредници меѓу Бога и грешниците

Наполно небиблиска е науката и на Православната црква за проштавање на гревовите според која свештеникот, изговарајќи одредена формула, му ги проштава гревовите на грешникот. Откако грешникот ќе се исповеда пред свештеникот, тој,  според своја проценка, чита отпусна...

Христос е брилијантен Спасител кој поинаку им ги проштава гревовите на грешниците

Еднаш пред Христа фарисеите довеле голема грешница, жена фатена во прељуба, изркана и исплукана од општеството и како општествен смет исфрлена на буниште. За тој нејзин голем грев Христос на грешницата не ѝ определил никаква епитимија ниту покора за да го окае гревот...

Традиционалната Црква за култот на Исусовата мајка Марија, Дева Марија или Света Богородица

„Според Православната црква, Дева Марија ужива поголема ‘чест од херувимите и неспоредливо е пославна од серафимите.’ Таа ги надминува сите созданија. Црквата во неа гледа Божја мајка и молителка пред Синот за целиот човечки род и непосредно ѝ се моли за застапништво....

Нашиот пристап кон Бога е личен и слободен, непосреден и директен

Непростлива хула на теологијата на традиционалната Црква е што на грешниците им го препречува патот на спасението и им го блокира пристапот кон Бога. Каде најде традиционалната Црква во Библијата, во евангелијата, основа за својата опачна теологија според која „патот...

Божјите ангели како посредници меѓу Бога и грешниците

Никаде, ниту во Стариот, ниту во Новиот завет, немаме ниту еден запис дека Бог праќал од небото светци да им помагаат на луѓето на земјата. Напротив, и во Стариот и во Новиот завет Бог од небото на луѓето им праќал само ангели да им донесат вест или помош. Божјите...

Парастоси (помен за мртвите)

Ќе наведеме изјава на рускиот православен богослов, протојереј Александар Шмеман, која гласи вака: „Главна метода со која се служела Црквата за да ги преобрати незнабошците во христијанство била методата на сублимација и преобразба на паганските верувања: Црквата...

Марија визави паганските божици

Марија на Христа не му дала божествена и Божја природа, туку му дала тоа што имала - човечка природа. Христос како Бог постои од вечноста, а не од мигот кога се родил, односно од мигот кога Марија му дала човечка природа. „Голема е тајната на побожноста: ‘Бог се јави...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат