Денешните свештеници како посредници меѓу Бога и грешниците

Наполно небиблиска е науката и на Православната црква за проштавање на гревовите според која свештеникот, изговарајќи одредена формула, му ги проштава гревовите на грешникот.

Откако грешникот ќе се исповеда пред свештеникот, тој,  според своја проценка, чита отпусна формула:

„Господ и Бог наш Исус Христос со благодатта и милоста на своето човекољубие, чедо духовно, нека ти ги прости сите твои гревови. Јас, недостојниот јереј (свештеник), со власта што ми е дадена од него, ти простувам и те разрешувам од сите твои гревови во име на Отецот, Синот и Светиот Дух.“

Згора на тоа, ако свештеникот оцени дека „гревовите се од таков степен да не може веднаш да се изрече оваа формула за нивна прошка, тој на покајникот му одредува епитимија која (наводно) нема казнено-правен карактер, туку (некаков) медицинско-педагошки, поправен (прилично магливо и нејасно!), и откако ќе ја издржи епитимијата во смирение, добива разврзување“ – свештеникот го разврзува: „те разрешувам од сите твои гревови.“6

Епитимија значи црковна казна (проклетство) – изолација, забрана и целосно исклучување на верникот-грешник од активно учество во црковниот живот, со што му се одзема и правото на причест, правото на крштевка и венчавка во црквата и сите други права. Во зависност од тежината на гревот на грешникот и од „разумната проценка на свештеникот“, епитимијата или црковната казна може да трае подолго или пократко – еден или повеќе месеци или една година…, додека грешникот не се поправи и удостои повторно да се врати во активниот живот на црквата и да му се врати правото на причест.

Наместо епитимија, во Католичката црква се користи зборот „покора“ со еквивалентно значење. Покора: казна; она што мора грешникот да го стори за да ги окае гревовите; казна што мора да ја поднесе грешникот за гревот; тоа е сакрамент, обред, поврзан со покајанието и исповедањето на гревовите, исповед; една од светите црковни тајни или сакраменти; добро дело што ќе му го одреди исповедникот како казна за гревовите на грешникот.

Така и покајанието се прикажува поинаку. За нив покајанието не значи да се молат на Бога за проштавање, да жалат поради гревот и истиот да го остават. Римокатоликот го „потплатува“ Бога со покора. Свештеникот му проштава и му одредува покора за неговиот грев.

Пред да ги изговори зборовите: „Во име на Отецот, Синот и Светиот Дух јас те разврзувам од твоите гревови“, исповедникот на грешникот, кој ги исповедал своите гревови пред неговото уво во исповедална, може да му определи покора – да измоли три или повеќе молитви „Оче наш“, 50 молитви „Здраво Маријо“, неколку молитви „Слава на Отецот“, или да го упати на добри дела: да даде доброволен дар во црквата, да плати миса, да пости, да се моли, да запали свеќи на разни светци, да оди на колена околу црквата, да оди на некое поклонение или да изврши некоја друга активност, со што исповедникот го ослободува од гревовите.

Каде најдоа Православната и Католичката црква во Библијата оправдание на покајникот за одредени гревови да му одредуваат епитимија или покора пред свештеникот да го „разврзе“ или да го „разреши“ од гревот? Зар со тоа не го понижуваат грешникот кога му го одложуваат „разврзувањето“ или „разрешувањето“ од гревот, присилувајќи го претходно да исполни определени услови и да поднесе санкции и казна пред да му биде простено? Христос ги повикува грешниците да дојдат кај него такви какви што се, недостојни, без да го условува нивното покајание и прифаќање и без да ги присилува претходно да исполнат определени услови и да поминат низ кзна:

„Дојдете кај мене сите онемоштени и обременети, јас ќе ви дадам починка. Земете го мојот јарем на себе и научете се од мене, зашто јас сум кроток и понизен по срце; а вие ќе најдете починка за своите души, зашто мојот јарем е поднослив и мојот товар е лесен “ (Матеј 11,28-30).

Кому Христос му го одложил проштавањето и кому му определил епитимија или покора пред да му прости и да го разврзе од гревот?

Уште повеќе, Јуда бил голем грешник кој веќе сковал план и се договорил со свештениците да им го предаде Христа. Но, иако го знаел тоа, Христос и нему – на најголемиот и на најнедостојниот грешник – му подал леб и вино (причест), како и на сите апостоли, и не го лишил од тоа право и предимство затоа што бил грешник. Според тоа, не е свештеникот тој кој определува кој е достоен, а кој недостоен да прими причест, зашто тоа право му припаѓа исклучиво на Бога, и тој не смее никого да лиши од тоа предимство. Свештеникот е должен претходно да ги поучи верниците и да ги повика: „Секој нека се испитува себеси, па потоа да јаде од лебот и да пие од чашата“, и да им обрне внимание: „зашто секој што јаде од лебот или пие од Господовата чаша на недостоен начин, ќе биде виновен за телото и за крвта на Господа… и јаде и пие за своја осуда“ (1. Коринќаните 11,27-29), и на крај да ги остави секој сам да одлучи дали е достоен или недостоен да прими причест.

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за човечките посредници меѓу Бога и грешниците“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

 

БИБЛИЈАТА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПОСРЕДНИЦИ МЕЃУ БОГА И ГРЕШНИЦИТЕ

  Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за човечките посредници меѓу Бога и грешниците“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.   [viz-category-posts...

Гревовите да се исповедаат единствено пред Бога – не во исповедална пред увото на смртен свештеник

Никаде во Библијата Бог не заповеда ниту пак бара од луѓето да одат кај свештениците во исповедална и таму, пред увото на смртни луѓе, да ги исповедаат своите гревови, што е своевидно понижување. Грев пред Бога прават свештениците што си дозволуваат себеси таква...

Прошка на минатите, сегашните и на идните гревови на живите; прошка и на мртвите – за пари!

Според римокатоличкото учење, светците направиле повеќе добри дела отколку што им било потребно за нивно лично спасение. Тие „одвишни“ добри дела на светците ја сочинуваат духовната ризница со која располага папата, па тој од неа може да им даде прошка за гревовите на...

Христос е брилијантен Спасител кој поинаку им ги проштава гревовите на грешниците

Еднаш пред Христа фарисеите довеле голема грешница, жена фатена во прељуба, изркана и исплукана од општеството и како општествен смет исфрлена на буниште. За тој нејзин голем грев Христос на грешницата не ѝ определил никаква епитимија ниту покора за да го окае гревот...

Традиционалната Црква за култот на Исусовата мајка Марија, Дева Марија или Света Богородица

„Според Православната црква, Дева Марија ужива поголема ‘чест од херувимите и неспоредливо е пославна од серафимите.’ Таа ги надминува сите созданија. Црквата во неа гледа Божја мајка и молителка пред Синот за целиот човечки род и непосредно ѝ се моли за застапништво....

Нашиот пристап кон Бога е личен и слободен, непосреден и директен

Непростлива хула на теологијата на традиционалната Црква е што на грешниците им го препречува патот на спасението и им го блокира пристапот кон Бога. Каде најде традиционалната Црква во Библијата, во евангелијата, основа за својата опачна теологија според која „патот...

Божјите ангели како посредници меѓу Бога и грешниците

Никаде, ниту во Стариот, ниту во Новиот завет, немаме ниту еден запис дека Бог праќал од небото светци да им помагаат на луѓето на земјата. Напротив, и во Стариот и во Новиот завет Бог од небото на луѓето им праќал само ангели да им донесат вест или помош. Божјите...

Едно од многубројните чуда на свети Никола (270-343)

Во Цариград живееше еден благочестив човек, полн со вера во Господа Христа. Тој го сакаше и многу го почитуваше големиот угодник Божји свети Никола. Еднаш, подготвувајќи се по некоја работа да отпатува со кораб во друга земја, тој според својот обичај отиде во црквата...

Парастоси (помен за мртвите)

Ќе наведеме изјава на рускиот православен богослов, протојереј Александар Шмеман, која гласи вака: „Главна метода со која се служела Црквата за да ги преобрати незнабошците во христијанство била методата на сублимација и преобразба на паганските верувања: Црквата...

Марија визави паганските божици

Марија на Христа не му дала божествена и Божја природа, туку му дала тоа што имала - човечка природа. Христос како Бог постои од вечноста, а не од мигот кога се родил, односно од мигот кога Марија му дала човечка природа. „Голема е тајната на побожноста: ‘Бог се јави...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат