Божјите ангели како посредници меѓу Бога и грешниците
Никаде, ниту во Стариот, ниту во Новиот завет, немаме ниту еден запис дека Бог праќал од небото светци да им помагаат на луѓето на земјата. Напротив, и во Стариот и во Новиот завет Бог од небото на луѓето им праќал само ангели да им донесат вест или помош.
Божјите ангели го гледаат Божјето лице, не светителите и светците. „Гледајте да не презрете едно од овие мали, зашто ви велам, нивните ангели на небесата секогаш го гледаат лицето на мојот небесен Отец.“ (Матеј 18,10)
Бог ги задолжил своите ангели да бидат наши помошници на оваа земја. Еве неколку библиски записи за тоа:
„За ангелите, пак, е речено: ‘Ти ги правиш своите ангели ветрови, и своите служители огнен пламен… Нели се тие сите служителски духови, пратени да им служат на оние што ќе го наследат спасението“ (Евреите 1,7.14). „Ангел Господов се улогорува околу оние кои се бојат од него и ги спасува“ (Псалм 34,7). Еден ангел ги убил сите првенци во Египет (2. Мојсеева 12,29). Еден ангел за една ноќ убил 185 илјади асирски војници кои дошле да војуваат со Израел (2. Царевите 19,35). Бог ангел му праќа на Маное, на Гедеона, на Лота. На пророкот Елисеј му пратил мноштво свои ангели во вид на огнени коли и огнени коњи кои ја исполните сета гора за да го заштитат од непријателите кои го сардисале за да го убијат (2. Царевите 6,16.17).
Ангел Господов ги избавил апостолите од затвор: „Но преку ноќта ангел Господов ја отвори вратата од затворот и, откако ги изведе, им рече: ‘Одете, застанете во храмот и кажувајте му ги на народот сите зборови на овој живот.’“ Ангел го избавил и апостол Петар од затвор (Дела 5,19.20; 12,1-11).
Господ пратил свој ангел да го спаси апостол Павле и сиот екипаж на бродот кој на патот кон Рим бил зафатен со жестока бура на морето која беснеела многу денови и кој доживеал бродолом. Павле кажува: „Оваа ноќ ми се јави Господовиот ангел, ангелот на мојот Бог на кого му служам, и ми рече: ’Не плаши се, Павле, ти треба да излезеш пред царот; и ете, Господ ти ги дарува сите што пловат со тебе.’“ (Дела 27,23.24)
Почитувани, Бог предвидел неговите ангели, кои се силни, да ни помагаат на патот кон спесението. Меѓутоа, православието и овде ставило свои прсти. Ангелот, кој го избавил апостол Павле од бродоломот што го доживеал на патот кон Рим, православието го заменило со свети Никола кого Црквата го прогласила за светец и заштитник на бродарите. Пренесуваме дел од биографијата на овој православен светец од православниот сајт „Премин Портал“:
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за човечките посредници меѓу Бога и грешниците“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БИБЛИЈАТА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПОСРЕДНИЦИ МЕЃУ БОГА И ГРЕШНИЦИТЕ
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за човечките посредници меѓу Бога и грешниците“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. [viz-category-posts...
Гревовите да се исповедаат единствено пред Бога – не во исповедална пред увото на смртен свештеник
Никаде во Библијата Бог не заповеда ниту пак бара од луѓето да одат кај свештениците во исповедална и таму, пред увото на смртни луѓе, да ги исповедаат своите гревови, што е своевидно понижување. Грев пред Бога прават свештениците што си дозволуваат себеси таква...
Прошка на минатите, сегашните и на идните гревови на живите; прошка и на мртвите – за пари!
Според римокатоличкото учење, светците направиле повеќе добри дела отколку што им било потребно за нивно лично спасение. Тие „одвишни“ добри дела на светците ја сочинуваат духовната ризница со која располага папата, па тој од неа може да им даде прошка за гревовите на...
Денешните свештеници како посредници меѓу Бога и грешниците
Наполно небиблиска е науката и на Православната црква за проштавање на гревовите според која свештеникот, изговарајќи одредена формула, му ги проштава гревовите на грешникот. Откако грешникот ќе се исповеда пред свештеникот, тој, според своја проценка, чита отпусна...
Христос е брилијантен Спасител кој поинаку им ги проштава гревовите на грешниците
Еднаш пред Христа фарисеите довеле голема грешница, жена фатена во прељуба, изркана и исплукана од општеството и како општествен смет исфрлена на буниште. За тој нејзин голем грев Христос на грешницата не ѝ определил никаква епитимија ниту покора за да го окае гревот...
Традиционалната Црква за култот на Исусовата мајка Марија, Дева Марија или Света Богородица
„Според Православната црква, Дева Марија ужива поголема ‘чест од херувимите и неспоредливо е пославна од серафимите.’ Таа ги надминува сите созданија. Црквата во неа гледа Божја мајка и молителка пред Синот за целиот човечки род и непосредно ѝ се моли за застапништво....
Нашиот пристап кон Бога е личен и слободен, непосреден и директен
Непростлива хула на теологијата на традиционалната Црква е што на грешниците им го препречува патот на спасението и им го блокира пристапот кон Бога. Каде најде традиционалната Црква во Библијата, во евангелијата, основа за својата опачна теологија според која „патот...
Едно од многубројните чуда на свети Никола (270-343)
Во Цариград живееше еден благочестив човек, полн со вера во Господа Христа. Тој го сакаше и многу го почитуваше големиот угодник Божји свети Никола. Еднаш, подготвувајќи се по некоја работа да отпатува со кораб во друга земја, тој според својот обичај отиде во црквата...
Парастоси (помен за мртвите)
Ќе наведеме изјава на рускиот православен богослов, протојереј Александар Шмеман, која гласи вака: „Главна метода со која се служела Црквата за да ги преобрати незнабошците во христијанство била методата на сублимација и преобразба на паганските верувања: Црквата...
Марија визави паганските божици
Марија на Христа не му дала божествена и Божја природа, туку му дала тоа што имала - човечка природа. Христос како Бог постои од вечноста, а не од мигот кога се родил, односно од мигот кога Марија му дала човечка природа. „Голема е тајната на побожноста: ‘Бог се јави...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.