За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква 62
Свети обреди: За да ги опишат христијанските свети обреди, христијаните во источниот дел од традиционалната Црква, каде што се користел грчкиот јазик, го употребувале зборот mysterion (мистерија) „тајна“. Во Католичката црква на запад, каде што преовладувал латинскиот јазик, е користен називот „сакрамент“ (латински sacramentum). Sacramentum била заклетва што ја давал римскиот војник, заколнувајќи се на послушност на наредбите на својот заповедник. Оние што го користеле тој збор сметале дека тој точно ја опишува природата на светите обреди. Меѓутоа, со текот на времето, таа идеја почнала да претставува чин на некоја невидлива внатрешна сила. Црквата во Средниот век утврдила седум такви обреди, на запад наречени „сакраменти“, а во православието „свети тајни“, за кои се смета дека тие претставуваат натприроден настан кој на душата ѝ носи благодат и спасение. Наместо споменатите два израза, „сакраменти“ и „свети тајни“, библиски посоодветен е изразот обред/обреди. Ние сметаме дека крштението, миењето на нозе и Вечерата Господова се обреди кои не носат во себе Божја благодат, спасоносна сила и спасение што го примаме кога учествуваме во нив, туку тие обреди ја прикажуваат нашата заедница и нашата преданост на Христа. Со други зборови, обредите сами по себе не ни носат и не ни обезбедуваат спасение.
Кирил Зајцев, руски протојереј и апологет, во една своја жолчна расправија со протестантите јавно им поставува повеќе прашања, меѓу кои и прашањето за светите тајни на православието:
„Дали кај вас се сочувале светите тајни – крштение, миропомазание, покајание (или исповед), свештенство, причесна (евхаристија), брак, елеоосветување? Тие постојат од апостолскиот период, а за нив се говори во новозаветните свети книги.“63
Дали светите тајни на православието навистина постојат „од апостолскиот период“ и дали навистина „за нив се говори во новозаветните свети книги?“
Според учењето на Православната црква, Господ предвидел и осмислил спасението на грешниците да го оствари така што ќе им предаде одреден број на „свети тајни“ кон кои треба да се придржуваат и да ги извршуваат. Според тоа учење, токму тие свети тајни претставуваат единствен начин да се добие спасение и вечен живот. Еве што кажува за тоа православието:
„’Сиот свет лежи во зло’, констатирал одамна саканиот Христов апостол Јован (1. Јованово 5,19). Во тој зол свет човекот се наоѓа како во бунар, на неговото дно, од каде што пека за спасение. Сам е немоќен со своја сила да се спаси додека некој од врвот на бунарот не му подаде канап за да го спаси, за кој тој доброволно ќе се фати со двете раце… Светите тајни на Христовата (православна) црква се оној ‘канап’ кој Господ Исус Христос, од чиста и безгранична љубов кон човекот, од небесните висини го спуштил на нашата плачна долина за ние, грешни луѓе, да се фатиме за него и со нашите раслабени сили, со помош на Божјата благодат да излеземе на светлината на Божјиот ден.“64
Како што видовме, во православието постојат седум свети тајни. Меѓутоа, внимателното читање ќе открие дека во новозаветните текстови не се спомнуваат и потполно изостануваат три од споменатите тајни. Тоа се миропомазанието, света тајна која се извршува веднаш по крштавањето како посебна света тајна, а не како составен дел на крштавањето (повеќе за ова во поднасловот „Света тајна миропомазание“), елеоосветувањето, односно осветувањето на елејот или на маслото за помазание на болните, и свештенството во Новиот завет. Исто така и „светата тајна“ покајание (или исповед) во традиционалната Црква до крајни можни граници е злоупотребена кога свештениците ги викаат своите верници да се изповедаат пред нив, пред увото на смртен човек. Библијата не познава таков вид исповедање на гревовите.
Апостолската служба, опишана во Библијата, со ниту една буква не ни дава доказ дека над христијаните во апостолската црква по крштението било вршено помазание со масло (со миро) или дека пред помазанието на болните со масло „во Господово име“ апостолите претходно вршеле негово осветување (посветување). Иако во Новиот завет се спомнува крштение на многу луѓе и помазание на болни со молитва за нивно оздравување, споменатата пракса на миропомазание и елеоосветување од Православната црква целосно изостанува. Исто така Новиот завет не познава чин „свештенство“. Според тоа, споменатите три православни и католички „свети тајни“ не пстојат во списокот на библиските „свети тајни“.
Од друга страна, во историјата на Источната црква, покрај споменатите седум, се верувало дека постојат уште некои свети тајни. На пример, монашкото потстрижување (сечење на косата, односно стрижење на монасите пред тие да стапат во монашкиот ред). Сепак, под влијание на Римокатоличката црква, православната теологија подоцна го презела од неа бројот седум сакраменти.
Учењето за светите тајни се развивало постепено, во текот на многу векови, со различни мислења на црковните авторитети за нивниот број. Дури илјада и двесте години по Христовото вознесение конечно е обликувана догмата за тајните (сакраментите) каква што ја гледаме денес во православното и римокатоличкото христијанство.
„На одреден начн целокупната сфера на традиционалната Црква е ‘мистериогена’ и од својата харизматична полнота таа секогаш може да создава нови мистерии.“65
Изнесените факти јасно зборуваат дека бројот на „светите тајни“ нема место во учењето на нашиот Спасител Исус Христос ниту во апостолското учење. Таа табела со седумте „свети тајни“ на традиционалната Црква е продукт на мислењата на црковните отци и на одлуките на подоцнежните собори. Во претходните отсеци го приведовме званичното учење на Православната црква со која таа нè уверува дека бројот со седум „свети тајни“ го воспоставил Христос и ни го пратил од небото како своевиден „канап за спасение“, а ние видовме дека тој канап го исплеле црковните отци низ вековите, и најпосле еден негов крај задржале на Запад, а друг префрлиле на Исток.
Крштението, Вечерата Господова, бракот и покајанието (или исповедта), кои православието ги вика „свети тајни“, во Новиот завет не се викаат така. Светото писмо на ниту едно место не го спомнува за нив поимот „света тајна“ или „свети тајни“. Според тоа, поимот „свети тајни“, како што се сфаќа во традиционалното христијанство и на Исток и на Запад, не соодветствува со библиската вистина. Тој поим е само црковен и останува само црковен поим, целосно надвор од Библијата.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата и преданието“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
За Библијата како единствен темел на нашето спасение доста зборувавме во претходниот наслов со неговите поднаслови. Но, пред да преминеме на ПРЕДАНИЕТО, овде ќе приведеме уште два библиски текста: „Имаме најсигурна пророчка Реч (Библија), и вие добро правите што...
Католичката црква и преданието
Веќе кажавме дека Римокатоличката црква во 16 век (1546 г.), на соборот во Трент, донела одлука за проширување на еврејската Библија (Стариот завет), прифаќајќи го „поширокиот“, односно александрискиот канон, или грчкиот превод на Стариот завет со апокрифи, наречен...
Православната црква и преданието
Што е тоа предание? Приведуваме повеќе дефиниции: „Усното предавање/пренесување на учењето на Исуса Христа и на настаните на евангелската историја е - Свето предание. Тоа во Црквата постои паралелно со Светото писмо и го дополнува (...), но во евангелието ни приближно...
Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“
Би било интересно да се забележи вистината што веднаш ни паѓа во очи кога го читаме тврдењето на православните теолози дека „светото предание“ е постаро од Светото писмо. Имено, одлуките на вселенските собори, учењето за светите тајни, каноните и правилата на...
Василие Велики и светото предание на православието
Еден од најголемите црковни учители и црковни отци, врвен авторитет за православието, секако, е Василие Велики од 4-от век. Заедно со другиот великан на православието, Јован Златоуст, подоцна двајцата прогласени за светци, го напишале текстот на молитвата која за...
Вистината за православните вселенски собори
„Како е дадено божественото откровение и како им се дава тоа на луѓето? На два начина: со помош на Светото предание и Светото писмо. Кој и каде дал вакво сведоштво за светото предание? Светата Црква на своите свечени собори кои се викаат Вселенски собори и кои се...
Христијанство по инерција
Ако ги прашате верниците на Православната црква зошто веруваат така како што веруваат, повеќеото од нив ќе одговорат на следниот начин: „Ние веруваме така како што веруваме затоа што така учи нашата „Православна црква која е единствена правоверна Црква која верува и...
Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!
„Црковното учење се темели на два извора - на Светото писмо и на Светото предание - при што Светото писмо се смета за изданок на Светото предание, и како такво тоа се толкува само во неговите рамки.“47 „Што е постаро, Светото писмо или Светото предание? Светото...
Вистината со Јован 21,25
Да го разјасниме извештајот во Јован 21,25, кој за теолозите на традиционалната Црква, особено за православните теолози, претставува неисцрпен библиски мајдан од каде што тие ги ископуваат своите преданија. Со други зборови, тој текст е своевиден „елдорадо“ за нивните...
Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?
„Што е тоа Свето предание? Тоа се сите оние духовни богатства што сме ги наследиле од нашите свети предци, а кои се во совршена хармонија со Светото писмо и кои ни помагаат правилно да го разбереме Светото писмо.“54 „Може ли да се оддели Светото предание од Светото...
Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет
Кирил Зајцев, руски протојереј и апологет, во една своја жолчна расправија со протестантите, јавно им поставува повеќе прашања. Внимателно да го ислушаме неговиот говор, кој едновремено е и говор со кој православието им се обраќа на протестантите: „Дозволете ми да ви...
Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието
Христос не ги посветил апостолите за свештеници да вршат свештеничка служба во храмот или во црквата, чијашто завеса Бог ја искинал надве во мигот кога Христос издивнал на крстот, туку ги посветил и ги ракоположил за проповедници на евангелието, давајќи им заповед:...
Универзално свештенство на верниците во Новиот завет
Да нема забуна во врска со земните свештеници! Новиот завет зборува за универзално свештенство - сите верници на Божјата црква во Новиот завет се Божји свештеници, „царско (Божје) свештенство“: „А вие сте избран род, царско свештенство, свет народ, кој му припаѓа на...
Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва
„Талмуд е збирка на запишани еврејски усни преданија, многукратно поголема од Библијата. Таа збирка науката ја познава како талмудска книжевност, или, како што сите ја знаат, Талмуд.“70 Постојат два талмуда: Ерусалимски и Вавилонски Талмуд. „Пред сè, талмудите, ниту...
Светото писмо и Светото предание
„Светото писмо е врв на Светото предание на Божјата Црква, и за својата висина и големина што ги достигнува тоа може да ѝ заблагодари на таа огомна планина чијшто врв е. Симнато од таа планина на Светото предание, цврстата карпа на Светото писмо станува глина која...
Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата
Апостол Павле имал проблем со лажни апостоли кои на верниците во Коринт им проповедале друго евангелие, различно од она што го проповедале Христовите апостоли, а им забележува и на верниците што се одвратиле од вистинското апостолско евангелие и прифатиле лажно...
За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква
Божјата реч на традиционалната Црква ѝ припишува тежок грев идолопоклонство. Како што видовме, Источната црква многу крв пролеала додека не ги внела иконите како идоли во своите храмови. Покрај иконите, друг вид тешко идолопоклонство и суеверие општо во...
Христијанската црква е виновна за појавата на исламот
Да повториме! Токму заради гревовите што ги опишавме претходно, Источната црква ја снашла тешка казна - заради тие нејзини гревови Бог дозволил да се појави исламот како камшик за христијанството. Всушност христијанството е виновно што на светската сцена во петтата и...
Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?
Треба и мораме да признаеме дека во религиозниот свет се појавуваат најразлични чудеса (чудотворенија) кои припадниците на одредена вероисповед ги уверуваат дека Бог токму ним им е наклонет и дека токму тие се дел на единствената вистинска Божја црква. Факт е дека...
Христос и преданијата
Разлика меѓу преданијата што ги наследиле од предците и Божјата реч постоела и кај луѓето во Христово време и Христос бил мошне отворен и јасен по тоа прашање: „Зошто твоите ученици не живеат според преданието (традицијата) на старите, туку јадат леб со неизмиени...
Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?
Црквата дошла во жесток судир со Библијата која се дигнала против неа и силно ја осудувала затоа што нејзината изворна Божја наука ја заменила со црковна наука екстремно проникната со паганизмот на старите народи. За да се ослободи од нејзината осуда и од осилката што...
Протестантскиот лозунг
Како што видовме, Римокатоличката и Православната црква се поставуваат над Светото писмо. Тие веруваат и учат дека Црквата има авторитет да го толкува или да го ограничи толкувањето на Светото писмо, зашто, наводно, таа одлучила кои книги ќе влезат во канонот на...
За христијанските празници и за христијанскиот политеизам
Веднаш да кажеме дека празниците се дел на христијанското предание и традиција, чиста историска категорија без библиска основа. Тие, барем на нашиве простори, потекнуваат од словенскиот паганизам, или пак се хибрид меѓу словенскиот и индоевропскиот паганизам, со...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.