За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква
Божјата реч на традиционалната Црква ѝ припишува тежок грев идолопоклонство. Како што видовме, Источната црква многу крв пролеала додека не ги внела иконите како идоли во своите храмови.
Покрај иконите, друг вид тешко идолопоклонство и суеверие општо во традиционалната Црква претставуваат моштите и реликвиите. Под поимот свети мошти се подразбира она што останало од телото на светителот/светецот, а свети реликвии се нарекуваат и моштите и предметите што им припаѓале на Божјите угодници или светители со кои се служеле за време на нивниот живот. Првенствено тоа се однесува на Христа и на апостолите. Но, како свети и чудотворни реликвии се сметаат и се почитуваат и моштите и предметите што им припаѓале и на многубројни светители од подоцнежната историја, а кои, наводно, тие биле чудотворци уште додека биле живи.
Слична моќ како кај светите тајни/сакрменти, Црквата инсталирала и во светите мошти: „Затоа што моштите на светителите и мачениците се извор на многубројни чудесни исцелувања, а со тоа и доказ за Божјата сила која дејствува преку нив, светата Црква на VII вселенски собор (787 г.) донела одлука светите мошти да се почитуваат: ‘Нашиот Господ Исус Христос ни ги дарувал моштите на светителите како спасоносни извори кои на многу начини излеваат доброчинства врз немоќните. Затоа, оној што ќе се осмели да ги отфрла моштите на мачениците (или светителите)… да се лиши од светата причесна.’“76
Моќта на своите реликвии Црквата ја поврзува и ја правда со неколку примери од Новиот завет, пред сè со примерот на жената која дванаесет години боледувала од крвавење и која оздравела истиот миг кога ја допрела Христовата наметка (Марко 5,25-34; Матеј 9 глава и Лука 8 глава).
Мошне значајно е да забележиме дека текстот кажува оти исцелувачката сила излегла „од него“, од Христа, а не од неговата наметка, бидејќи таа сама по себе не била чудотворна. До тогаш, но и од тогаш, не било познато дека Господовата наметка била чудотворна. Тоа се гледа од фактот дека никој ни пред ни по тој настан не обрнувал внимание ниту Исусовата наметка ја сметал за чудотворна. Кога таа наметка би задржала некаква исцелителска способност, и кога во првовековната Црква тоа би било признато, тогаш апостолите не би дозволиле таа да се загуби, туку веднаш по неговото вознесение ќе станела предмет на почит и исцелување на многу болни. За чудо, „пронајдена“ е дури во времето кога меѓу црковните обичаи почнале да се вовлекуваат многу суеверија и паганштини за време и по Константина.
Втор случај со кој моќта на своите реликвии Црквата ја поврзува и ја правда е случајот со предметите што му припаѓале на апостол Павле: „А Бог правеше многу чудеса преку рацета на Павле, така што врз болните полагаа крпи и шамивчиња за пот, што го беа допреле неговот тело, и болестите ги напуштаа, а злите духови излегуваа од нив“ (Дела ап. 19,11-12).
При првобитното ширење на христијанството, за време на апостолите, Бог правел чудеса на различни начини потврдувајќи дека токму тие луѓе што ги прават чудесата се преносители на вистинската Божја порака за вечен живот. Пред да се појават чудесата поврзани со „крпите и шамивчињате за пот“ на Павле, многу болни биле исцелени и преку сенката на апостол Петар која би паднала врз нив при неговото поминување (Дела 5,15).
Меѓутоа, и покрај големите чуда што ги правеле апостолите на различни начини со Христова сила, се случувало некои блиски пријатели на апостолите, кои и самите биле Христови ученици, да бидат многу болни, и апостолите не можеле и не се обидувале да ги исцелат. На пример, Епафродит, кој бил толку многу болен што и животот му бил во опасност, како и примерот на Трофима, кој Павле го оставил болен (неизлечен) во Милит (Филипјаните 2,25-30; 2. Тимотеј 4,20). Кога на овие болни би можеле да им помогнат „светите реликвии“ на апостол Павле, тие сигурно би биле излечени, зашто апостолот не би дозволил неговите блиски пријатели и соработници да страдаат.
За разлика од масовните исцелувања што ги правеле Христос и апостолите опишани во евангелијата и во Делата на апостолиоте, кои биле привремени и служеле за да се потврди божествената сила која дејствувала среде таа нова верска група следбеници на Исуса од Назарет, подоцна Библијата препорачува сосем поинаков начин за исцелување на болните христијани. Јаков во своето послание кажува вака: „Болен ли е некој меѓу вас, нека ги повика црковните презбитери (старешини) да се помолат и да извршат помазание над него со масло во името Господово. И молитвата со вера ќе го исцели болниот, и Господ ќе го крене.“ (Јаков 5,14.15)
Јасно е дека Јаков не им препорачува на болните христијани да одат на поклоненија за да се поклонуваат пред чудотворните мошти и реликвии на апостолите и светителите, односно на светците, за да оздрават, ниту пак да повикуваат живи исцелители и чудотворци, туку да им се обратат на своите црковни старешини нивниот случај да го изнесат во молитва пред Бога.
Најстариот податок за дејството на благодатната Божја сила преку моштите на светителите од Стариот завет е поврзан со Божјиот пророк Елисеј: „Елисеј умре и го погребаа. А секоја година во земјата навлегуваа разбојнички моавски чети. И додека некои луѓе погребуваа еден човек, видоа разбојници, па го фрлија мртовецот во гробот на Елисеја и си заминаа. А мртовецот, штом се допре до коските на Елисеја, оживеа и се исправи на своите нозе.“ (2. Книга за царевите 13,20.21)
Веднаш да кажеме дека Елисеј е силен Божји пророк кој, уште додека бил жив, со Божја помош и сила направил многубројни чуда и воскереснал мртовец (2. Книга за царевите 4,32-36). Тоа е сè што е запишано и што може да се поврзе со моштите на овој силен Божји пророк. Во Библијата немаме никаков друг запис дека гробот на Елисеја го посетувале поклоници, дека ги разграбале неговите коски како свети мошти со цел, на овој или оној начин да ја користат нивната чудотворна моќ. Тоа е одлика на поклониците на Традиционалната Црква во Новиот завет.
За разлика од нив, верниците на старозаветната Црква не им придавале никаква чудотворна моќ на моштите на своите пророци. Тие строго се придржувале кон упатствата и заповедта на Божјата реч: „Не треба ли народот да го праша својот Бог? Зар ќе ги прашува мртвите за живите?“ (Исаија 8,19). А на верниците на традиционалната Црква во Новиот завет Христос им дава заповед што произлегува како резиме, заклучок или поука од сторијата за сиромавиот Лазар и богатиот човек: „Тие го имаат Мојсеја и пророците. Нив нека ги слушаат… Ако навистина не ги слушаат Мојсеја и пророците, нема да веруваат ако некој воскресне од мртвите.“ (Лука 16,29-31)
Според тоа, не свети реликвии и свети мошти, туку Мојсеј и пророците, односно Божјата реч, која не познава ниту некакви свети реликвии ниту некакви свети мошти!
Да приведеме некои чуда кои Црквата им ги припишува на светите реликвии. Постојат примери од кои се гледа дека телата на светците во нивните гробови на чудесен начин во целост или делумно се сочувани нераспаднати, иако имало услови за нивно распаѓање. Но, факт е дека нераспаднати посмртни останки на луѓе не се наоѓаат само меѓу покојните светци на Источната црква. Исто така нераспаднати мошти можат да се најдат и во рамките на Римокатоличката црква, и тоа како меѓу свештениците и монасите (монахињите), така и меѓу обичниот свет. Она што е најинтересно, нераспаднати мошти можат да се најдат и меѓу умрените атеисти, како и меѓу другите нехристијански религии, во исламскиот и будистичкиот свет. Според тоа, нераспаднатите мошти не се никаква гаранција дека тие потекнуваат од некој светител или светец кој има моќ да прави чуда во Божје име.
Постојано од сите страни слушаме за најразлични чуда што ги прават светците дирктно или преку своите икони, кипови и мошти. Слушаме како од мртвите тела на светителите, односно како од нивните нераспаднати мошти излегува посебен пријатен мирис; не се појавува карактеристична мртовечка укоченост; на телото нема знаци на распаѓање; долго по смртта од телото (моштите) тече крв; долго по смртта телото е топло, а во некои случаи се јавуваат грчеви кои не можат да се објаснат со грчење на мускулите; од гробовите со мошти на светителите излегува светлина, а понекогаш искри; во гробовите се слушаат шумови и звуци; 56 години по смртта, масивниот дрвен сандак почнал да гние, а на телото не се пронајдени ниту траги од распаѓање; од многу мошти, посебно од коските и на православни и на католички светители се цеди некој посебен вид миризливо масло (миро), како на пример од коските на света Valpurge која умрела уште во дамнешната 779 година. Некои мошти, кои почнуваат пријатно да мирисаат, почнуваат и да лекуваат, што привлекува голем број поклоници.
Слушаме за икони кои плачат, кои леат бистри солзи, но и за икони кои ронат крвави солзи – крв; за икони кои леат или точат миро, густи миризливи капки миро и стануваат миротечни икони; со крвави солзи проплакала дури и обична пластифицирана разгледница со Христов лик; слушаме како во црквите и манастирите стари, извалкани и зачадени икони на чудесен начин сами од себе се чистат и се обновуваат (реставрираат), доведувајќи се во првобитна состојба; слушаме како на ѕидовите во некои цркви сами се појавуваат икони на некои светители – икони кои самите себеси се насликале или ги насликала некоја невидлива рака и сила…
На високо место во манастирот во Сајдана, во Сирија, се наоѓа икона со Марија и Исуса, која наводно ја насликал апостол Лука. Иконата плаче, при што рони солзи од масло, а една таква капка од масло, која паднала, го формирала ликот на Марија со бебето Исус. Тој лик се обожава сè до денешен ден.
„Крвават слики и икони; крвават и кипови; и светиците во рамките на римокатолицизмот се огласуваат со многубројни чуда: „Исусов кип постојано крвави полни четири часа.“77
„Крвават и надгобни споменици, а крв се појавува и на куќи во кои се прикажуваат духови на убиени луѓе, на места каде што се случувале убиства. Освен киповите и сликите на Мадона (Богородица), плачат и слики на световни луѓе. За време на тие многубројни појави се случуваат и чудесни исцелувања на болни. Сето ова докажува дека Римокатоличката црква, исто како и Православната, се под силно и директно влијание на натприродни сили од кои произлегуваат сите чуда што ги приведовме.“78
Со светите реликвии се поврзани многу историски нелогичности и наивности, а и шпекулации. Во минатото тие станале силно орудие во рацете на свештенството за ограбување на неуките верници.
„Уште од најраните христијански времиња, а најдоцна од 4 век, поклоникот можел да смета на поволна реакција од страна на својот светец што го одбрал, доколку дал каков било ‘доброволен принос’ или дар во полза на култот на светецот. За возврат тој добивал каменче, малку прав, троа земја или неколку капки вода од последното престојувалиште на светецот – зашто тука, наводно, се криело нешто од волшебната моќ на светецот што можело да направи дури и чудо. Често болните му се заветувале на својот светец заштитник дека, откако ќе оздрават, ќе му подарат жито, леб или восок во тежина на своето сопствено тело. Секако, најценет принос биле накитот и скапоцените облеки, а не храната и парите, зашто свештеникот веднаш нив ги задржувал за себе.“79
Бидејќи во средновековна Европа била развиена трговијата со мошти, со нивните покровки, па дури и со правот од нивните гробници како мошне барана стока, со освојувањето на византиската престолнина крстоносците направиле добар бизнис: „Откако крстоносците го освоиле и го ограбиле Цариград (како најбогат светски центар со мошти и реликвии) во 1204 година, Европа ја заплуснал порој од реликвии. Се верувало дека отимањето на моштите можело да се изврши со согласност на светецот.“80
„Со оваа необична болест било зафатено целото христијанство. За да се излезе во пресрет на барањата на црквата, ископани се и посветени многу тони мртви тела. И денеска во Италија можат да се најдат четири уши на свети Прокопие, девет дојки на света Еулалија, 28 прсти на свети Доминик, две тела на свети Силвестер (во Рим и во Модена), двајца свети Лука (еден во Венеција и друг во Падова), повеќе од 150 клинови од Христовиот крст итн.
Од оваа пракса не бил поштеден ни сам Господ Исус Христос. Строгиот критичар на ваквото христијанство, историчарот Карлханц Дешнер тврди дека ‘само во Франција постојат над 500 заби на Исуса кога бил дете.’81
А што да се каже за многубројните хектолитри Христова крв која манастирите и црквите ја изнесувале на показ пред средновековните поклоници за дебели пари, ветувајќи им во таа пригода прошка на гревовите и за неколку илјади години?!“82 – Немаме коментар за ова!
„За многу коски кои со години се почитувани како коски на маченици и светители се докажало дека тие биле коски на животни. Кон средината на осмиот век од новата ера настанала голема јагма за мошти, така што во Рим пристигнувале непрегледни колони од коли со големи количества черепи и скелети, кои подоцна се сортирани и кои папите ги продавале како реликвии. Гробовите биле ограбувани ноќе, а гробниците во црквите ги чувале вооружани стражари. Историчарот Грегоровие рекол дека во тоа време Рим наликувал на некое мувлосано гробиште во кое завивале хиени и се бореле ископувајќи мртви тела.
Кога папата Бонифацие IV, околу 609 година по Христа, паганскиот храм Пантеон го претворил во христијанска црква, тој 28 коли полни со коски од гробиштата и катакомбите пренел и ги сместил во базенот под големиот црковен олтар. Како што дознаваме од Јевсевие Поповиќ, а за тоа ни зборува и Ralph Woodrow, во средниот век ниту една црква не можела да се освети без присуство на свети мошти и реликвии, што е посебно заповедано и на вториот по ред сеопшт црковен собор кој е одржан во Никеја 787 година (кој е познат како VII Вселенски собор).“83
„Побожноста обилно била придружувана со суеверие. Византијците се гордееле со големите збирки на мошти во Цариград и на тој начин ја покажувале својата љубов и приврзаност кон моштите. Збирките што постоеле постојано се збогатувале со нови мошти. Света Јелена ги поставила темелите на дворската збирка за време на Константина.“ Подоцна на чуден начин во таа збирка се донесени од Ерусалим „дрво од крст, света крв, трнова круна, копје, наметка без шев, клинци (се разбира, овие предмети ги поврзувале со Христа, а дали се оригинални и по толку векови пристигнале токму во Цариград!?). Јелена ги донела во Цариград моштите на Даниела, а Констанциј моштите на св. Тимотеј, на св. Андреј и на св. Лука. Аркадиј го донел Самоила, а Теодосиј II Исаија… Марија Магдалена и Лазара ги донел Лав VI. Ниќифор Фока донел коса на Јована Крстителот, а Јован Дамаскин Исусовите сандали. Плаштот на Илија се чувал во новата базилика… додека повеќето реликвии на Божјата мајка можеле да се видат во нејзините цркви. Збирките со мошти во Цариград биле најбогати и со нив не можел да се споредува ниту еден музеј во светот… Историјата на иконоборството покажува колку многу на Византијците им значеле сликите.“84
„Во 326 г. мајка му на царот Константин Велики, Елена, барајќи го Христовиот крст, организирала ископување на Голгота при што се пронајдени три крста. Крстот на Спасителот веднаш го распознале по чудесата што се случиле на него, и царицата го поделила на два дела. Едната половина ја сместила во црквата на воскресението, којашто ја подигнал нејзиниот син во Ерусалим, а другата половина му ја пратила на својот син кој ја сместил во својата статуа во Цариград. Крстот, кој се чува во Ерусалим, беше предмет на општа почит и многу побожни христијански посетители на Ерусалим истргнуваа малечки делчиња од него и оттаму она големо мноштво деличиња од Христовиот крст низ целиот христијански свет. Побожното барање, чување и почитување на крстот во Ерусалим, побудил други да бараат Господова облека, облека од неговата мајка, од апостолите, од мачениците и светителите, да бараат предмети со кои ги мачеле мачениците итн., а се верувало дека такви предмети и се наоѓаат. Така, покрај коските на апостолите, мачениците и светителите, се појавија и други предмети кои, како нивни реликвии се чувале во црквите и во приватни куќи и ги почитувале како и коските… Како што се зборува за крстот, така се раскажуваат чудеса и за другите реликвии на светителите.“85
„Во легендите за пронаоѓање на Христовиот крст се тврди дека делот од крстот со зачуканите клинови со кои биле прободени Христовите раце, му е пратен на Константина, кој едниот клин го прицврстил на својот шлем, а другиот за уздите на својот коњ. Тоа е сторено, како што многу ‘свети отци’ го протолкувале, а ни го пренела Католичката енциклопедија, да се исполни Писмото кое преткажало во книгата на пророк Захарија 14,20: ‘Во тоа време дури и на уздите од коњите ќе биде забележано: Посветен на Господа!’“86
Бројот на поситни и покрупни делчиња од „вистинскиот Христов крст“ во Средниот век толку многу се намножил по цел свет, што францускиот реформатор, Жан Калвин, во една пригода рекол дека, „кога сите тие би се собрале на едно место, би можеле да формираат добар бродски товар.“ Секако, тоа би требало да значи дека најголем дел од тие делови на дрво бил лажно претставуван и погрешно сметан за делови од вистинскиот Христов крст.
„За да го објасни тоа големо количество на дрвен материјал откинат од споменатиот ‘вистински крст’, свети Паулин (Павле) оваа појава ја објаснува со ‘реинтеграција на крстот’. Со други зборови, независно од тоа колку делови се откинувале од него, оригиналниот Христов крст никогаш не се намалувал во својата големина.“87
„Меѓу светите реликвии во Средниот век се пронајдени и следните работи: Трновиот Христов венец, за кој тврделе неколку цркви дека го поседуваат; садовите во кои се наоѓала водата која Исус во Кана Галилејска ја претворил во вино; вино кое потекнувало од свадбата во Кана Галилејска; парче печена риба што му го понудил Петар на Исуса; јаслите во кои Исус бил положен кога се родил – кои секоја година пред Божиќ биле изложени во црквата Света Марија Велика во Рим; детската облека на Исуса, за која неколку цркви тврделе дека ја поседуваат; олтарот на кој Исус бил положен во храмот во Ерусалим за време на обрезанието – бил прикажуван во црквата Свети Јаков во Рим; ‘светата постелка’ на Марија (која го обвиткувала Исуса додека бил во мајчината утроба), за која неколку цркви тврделе дека ја поседуваат (црквата од Coulomb во Франција, црквата Свети Иван во Рим и црквата Свети Луј во Вела).
Други реликвии: столарскиот алат на Исусовиот притатко Јосиф; коски од магарето на кое Исус јавал и влегол во Ерусалим; чашата од која Исус пиел на последната вечера; паричникот на Јуда, празен; мијалникот на Пилата; пурпурната Исусова наметка со која бил наметнат додека му се подбивале римските војници; сунѓерот со кој му ги кваселе усните на Исуса со оцет додека висел на крстот; ракатки коса од пресвета Богородица (некои биле русокоси, некои костенливи, некои црвени, а оние, четвртите, црни); делови од нејзината облека; нејзиниот венчален прстен; нејзините сандали; нејзината наметка; па дури и шишенцето од кое Исус пиел.“88
Прашање: Кој е тој од православието, или од Католичката црква, што ќе направи селекција на сите овие историски записи за светите реликвии и мошти што ги приведовме и ќе каже: Зад овие свети реликвии и мошти стојат нивните вистински светители, а другите се измислица на одредени фактори на времето во кои настанале. Или, да каже: Овие се вистински свети реликвии и мошти со вистинска моќ што ги придружува вистинските свети реликвии, а другиве се лажни реликвии?
„Суеверието имало и своја мрачна страна. Насекаде имало ѓаволи и демони. Сатаната како куче го нападнал епископот Партениј од Лампсак… Иконоборечкиот патријарх од 10 век, Јован Граматичарот, се оддал на вражба и одржувал состаноци со калуѓерките како медиуми; а за Фотија се мислело дека своето огромно знаење го стекнал по цена на откажување од Христа. Патријархот Козма во 12 век ја проколнал царицата Берта никогаш да не роди син. Неговиот современик, Михаел Сикидит, можел предметите да ги направи невидливи и изведувал шеговити трикови со помош на демони. Имало калуѓери и инспирирани деца кои постојано ги препознавале идните цареви. Астрологијата била наука.“89
„Колку порамнодушно и поскептично се покажувало тогашното општество кон верата, сè полековерно било кон празноверијата. Астрологијата и магијата уживале општа доверба; маса луѓе правеле магии со помош на восочни фигури и користеле љубовни напивки. Многу луѓе, дури и во највисоките класи, биле уверени дека, кога ќе ја прашаат ‘Соломоновата книга’, ќе можат по своја волја да ги повикуваат демоните и да ги стават под своја власт, да им заповедаат. Огромно мноштво луѓе верувале во чуда.“90
„Ниту еден народ не верувал повеќе од Византијците во вредноста на соништата како предзнак на иднината… Постоела цела една книжевност, од која се сочувани повеќе интересни споменици за толкување на пророштвата и соништата.“91
„Со настаните управувале соништа и визии. Сон му преткажал на Лав V дека ќе го заколе Михаел Аморијанецот. Јован II не сакал да го круниса својот најстар син поради еден сон… Византијците ги биел лош глас поради корупција, сплетки, свирепост и суеверија. Малку византиски цареви умреле со природна смрт.“92
Суеверија, суеверија, суеверија; демони, ѓаволи, спиритизам, вражби, магија, астрологија, соништа, интриги, сплетки, крвопролевање! Ниту малку библиска вистина! Христијанство без Христа! – Со тоа се одликувала Источната православна црква, и библиското пророштво кажува дека токму заради тие гревови пропаднало Византиското царство, зашто Црквата, наместо цврст, на царството му изградила гнил духовен скелет кој не можел да им преодолее на налетите на невремето со кои се соочило; токму заради тие гревови православието го снашла тешка казна и заради тие негови гревови Бог дозволил да се појави исламот како камшик за христијанството.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата и преданието“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
За Библијата како единствен темел на нашето спасение доста зборувавме во претходниот наслов со неговите поднаслови. Но, пред да преминеме на ПРЕДАНИЕТО, овде ќе приведеме уште два библиски текста: „Имаме најсигурна пророчка Реч (Библија), и вие добро правите што...
Католичката црква и преданието
Веќе кажавме дека Римокатоличката црква во 16 век (1546 г.), на соборот во Трент, донела одлука за проширување на еврејската Библија (Стариот завет), прифаќајќи го „поширокиот“, односно александрискиот канон, или грчкиот превод на Стариот завет со апокрифи, наречен...
Православната црква и преданието
Што е тоа предание? Приведуваме повеќе дефиниции: „Усното предавање/пренесување на учењето на Исуса Христа и на настаните на евангелската историја е - Свето предание. Тоа во Црквата постои паралелно со Светото писмо и го дополнува (...), но во евангелието ни приближно...
Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“
Би било интересно да се забележи вистината што веднаш ни паѓа во очи кога го читаме тврдењето на православните теолози дека „светото предание“ е постаро од Светото писмо. Имено, одлуките на вселенските собори, учењето за светите тајни, каноните и правилата на...
Василие Велики и светото предание на православието
Еден од најголемите црковни учители и црковни отци, врвен авторитет за православието, секако, е Василие Велики од 4-от век. Заедно со другиот великан на православието, Јован Златоуст, подоцна двајцата прогласени за светци, го напишале текстот на молитвата која за...
Вистината за православните вселенски собори
„Како е дадено божественото откровение и како им се дава тоа на луѓето? На два начина: со помош на Светото предание и Светото писмо. Кој и каде дал вакво сведоштво за светото предание? Светата Црква на своите свечени собори кои се викаат Вселенски собори и кои се...
Христијанство по инерција
Ако ги прашате верниците на Православната црква зошто веруваат така како што веруваат, повеќеото од нив ќе одговорат на следниот начин: „Ние веруваме така како што веруваме затоа што така учи нашата „Православна црква која е единствена правоверна Црква која верува и...
Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!
„Црковното учење се темели на два извора - на Светото писмо и на Светото предание - при што Светото писмо се смета за изданок на Светото предание, и како такво тоа се толкува само во неговите рамки.“47 „Што е постаро, Светото писмо или Светото предание? Светото...
Вистината со Јован 21,25
Да го разјасниме извештајот во Јован 21,25, кој за теолозите на традиционалната Црква, особено за православните теолози, претставува неисцрпен библиски мајдан од каде што тие ги ископуваат своите преданија. Со други зборови, тој текст е своевиден „елдорадо“ за нивните...
Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?
„Што е тоа Свето предание? Тоа се сите оние духовни богатства што сме ги наследиле од нашите свети предци, а кои се во совршена хармонија со Светото писмо и кои ни помагаат правилно да го разбереме Светото писмо.“54 „Може ли да се оддели Светото предание од Светото...
За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква
Свети обреди: За да ги опишат христијанските свети обреди, христијаните во источниот дел од традиционалната Црква, каде што се користел грчкиот јазик, го употребувале зборот mysterion (мистерија) „тајна“. Во Католичката црква на запад, каде што преовладувал латинскиот...
Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет
Кирил Зајцев, руски протојереј и апологет, во една своја жолчна расправија со протестантите, јавно им поставува повеќе прашања. Внимателно да го ислушаме неговиот говор, кој едновремено е и говор со кој православието им се обраќа на протестантите: „Дозволете ми да ви...
Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието
Христос не ги посветил апостолите за свештеници да вршат свештеничка служба во храмот или во црквата, чијашто завеса Бог ја искинал надве во мигот кога Христос издивнал на крстот, туку ги посветил и ги ракоположил за проповедници на евангелието, давајќи им заповед:...
Универзално свештенство на верниците во Новиот завет
Да нема забуна во врска со земните свештеници! Новиот завет зборува за универзално свештенство - сите верници на Божјата црква во Новиот завет се Божји свештеници, „царско (Божје) свештенство“: „А вие сте избран род, царско свештенство, свет народ, кој му припаѓа на...
Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва
„Талмуд е збирка на запишани еврејски усни преданија, многукратно поголема од Библијата. Таа збирка науката ја познава како талмудска книжевност, или, како што сите ја знаат, Талмуд.“70 Постојат два талмуда: Ерусалимски и Вавилонски Талмуд. „Пред сè, талмудите, ниту...
Светото писмо и Светото предание
„Светото писмо е врв на Светото предание на Божјата Црква, и за својата висина и големина што ги достигнува тоа може да ѝ заблагодари на таа огомна планина чијшто врв е. Симнато од таа планина на Светото предание, цврстата карпа на Светото писмо станува глина која...
Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата
Апостол Павле имал проблем со лажни апостоли кои на верниците во Коринт им проповедале друго евангелие, различно од она што го проповедале Христовите апостоли, а им забележува и на верниците што се одвратиле од вистинското апостолско евангелие и прифатиле лажно...
Христијанската црква е виновна за појавата на исламот
Да повториме! Токму заради гревовите што ги опишавме претходно, Источната црква ја снашла тешка казна - заради тие нејзини гревови Бог дозволил да се појави исламот како камшик за христијанството. Всушност христијанството е виновно што на светската сцена во петтата и...
Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?
Треба и мораме да признаеме дека во религиозниот свет се појавуваат најразлични чудеса (чудотворенија) кои припадниците на одредена вероисповед ги уверуваат дека Бог токму ним им е наклонет и дека токму тие се дел на единствената вистинска Божја црква. Факт е дека...
Христос и преданијата
Разлика меѓу преданијата што ги наследиле од предците и Божјата реч постоела и кај луѓето во Христово време и Христос бил мошне отворен и јасен по тоа прашање: „Зошто твоите ученици не живеат според преданието (традицијата) на старите, туку јадат леб со неизмиени...
Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?
Црквата дошла во жесток судир со Библијата која се дигнала против неа и силно ја осудувала затоа што нејзината изворна Божја наука ја заменила со црковна наука екстремно проникната со паганизмот на старите народи. За да се ослободи од нејзината осуда и од осилката што...
Протестантскиот лозунг
Како што видовме, Римокатоличката и Православната црква се поставуваат над Светото писмо. Тие веруваат и учат дека Црквата има авторитет да го толкува или да го ограничи толкувањето на Светото писмо, зашто, наводно, таа одлучила кои книги ќе влезат во канонот на...
За христијанските празници и за христијанскиот политеизам
Веднаш да кажеме дека празниците се дел на христијанското предание и традиција, чиста историска категорија без библиска основа. Тие, барем на нашиве простори, потекнуваат од словенскиот паганизам, или пак се хибрид меѓу словенскиот и индоевропскиот паганизам, со...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.