За христијанските празници и за христијанскиот политеизам
Веднаш да кажеме дека празниците се дел на христијанското предание и традиција, чиста историска категорија без библиска основа. Тие, барем на нашиве простори, потекнуваат од словенскиот паганизам, или пак се хибрид меѓу словенскиот и индоевропскиот паганизам, со суштински пагански пораки. Во свое време тие биле чисто словенски, пагански празници, од каде што комплетно ги презеле христијаните, ги покрстиле и ги внеле во своето христијанство, христијанизирајќи го паганското во нив.
„Новата религија (христијанството) не ги искоренила поранешните многубожечки верувања и обичаи; напротив, таа нив ги усвоила и ги похристијанизирала. Многу својства на христијанската религија претставуваат прилагодување на поранешните верувања и култови. Многубожечкиот политеизам нашол нов здив во почитувањето на светците. Чуварот и заштитникот на морнарите и бродарите, Посејдон-Нептун, го заменил Свети Никола како нивни светец-заштитник. Култот на божицата Артемида (Дијана) од Ефес во најголема мера дејствува како прототип на девицата Марија, којашто најпрво во тој град почнале да ја почитуваат како ‘мајка Божја’. Мислата за безгрешна богомајка не му била ниту малку туѓа на римскиот свет… На тој начин биле асимилирани и по изглед похристијанизирани месните, народните или обласните обичаи на претхристијанските народи.“98
Приведуваме и неколку наводи од познатиот етнолог Веселин Чајкановиќ: „Како најважна карактеристика на старата религија на народите на нашиве простори треба да се спомене мошне големото значење што го има во неа култот на предците. Сите празници во годината, на чело со Бадник (бдеење, очекување Христос да се роди) и со домашниот и националниот празник (слава), се групираат околу тој култ; најголем дел од жртвите, случајни и периодични, им е наменет на предците. Без претерување може да се каже дека целата српска религија (се разбира, и македонската, н. з.) се темели на култот на предците.“99
Со други зборови, „сите празници, обреди и верувања“100 на православието, главно се врзани за предците, а не за Христа; претежно за преданието и традицијата, малку за Христовата наука; врзани се за историјата и проникнати се со историцизми, а не со изворното библиско христијанство – старото паганство е наметнато со христијанско руво.
За христијанскиот празник Божиќ: „Во прв ред и првобитно Божиќ е празник наменет за душите на предците. Но, покрај тоа, тој собрал и некои други празници кои ги ликвидирал и послужил како стожер за еден цел синкретизам во нашата религија.“
„Божиќ, онаков како што го слави нашиот народ денес – со бадник, со слама, со квачење, со жртвување на прасе и со многубројни други обичаи, е празник од нашата стара (словенска) вера.“ „Тој е наш стар домашен празник, но не е црковен.“
„Тој убав и мил Божиќ не е христијански празник, туку наш, старински, кој црквата го примила како свој и му дала свое објаснување.“
„Пред сè, Божиќ е празник од култот на нашите предци, на кои во тие денови им се давала можност да се нахранат и да се нагреат… Јасно е дека овде не станува збор за христијанскиот Бог кој ниту јава на коњ, ниту влегува в куќи низ таван, ниту пак учествува во вечерата што му се готви. Меѓутоа, сите тие се познати навики на боговите на паганизмот…“
„Фактот што Божиќ патува на коњ низ земјата и го обиколува својот народ наполно одговара на навиките на старите национални богови кои постојано, или периодично, или пак одненадеж и неочекувано го обиколуваат својот народ и кои се вечно на пат.“
„Божиќ првобитно и првенствено е бог на ‘оној свет’, бог на ‘долниот (подземниот) свет’ и бог на мртвите. Тоа е основна, негова првобитна функција… Дедо Божиќ е наметнат со кожув (кај нас коледарите се наметнати со кожуви, н. заб.), а, како што знаеме од историјата на религијата, кожувот (наметката) е еден од најважните атрибути на божествата и на демоните на долниот свет – на Хадеса, Хермеса, Водана, Танатоса и др. Како бог на мртвите, Божиќ бил и најголем бог на нашиве простори, и тоа е сосем разбирливо кога се знае дека божествата на долниот свет радо станувале најголеми национални божества. И кога работите стојат така, тогаш сè е јасно: старинскиот празник на нашиве простори, кој му претходел на христијанскиот Божиќ и кој продолжил да живее и понатаму во народните обичаи и верувања, бил празник во слава на предците и во слава на богот на мртвите, кој едновремено бил и најголем национален бог.“101
По овој кошмар што го читавме, се прашуваме кој може денес да изврши сепарација и да го издели од овој празник, а и од другите празници, паганското од христијанското, и да каже: до овде е паганско, а наваму христијанско, или, до овде Божиќ е пагански, а наваму христијански? Иако е празник на предците, Божиќ има и соларен карактер.
„Кога станува збор за празниците на православието, на прво место мора да се споменат два празника: домашната слава и Бадник или Божиќ. Тоа се најпознати и најпопуларни празници во нашиот народен календар. Обата празника се наследени од старата религија, и дури со текот на времето црквата ги санкционирала и до извесен степен се христијанизирале. И едниот и другиот имаат еднаков висок углед.“
„Божиќ е мошне компликуван празник. Веројатно тој таков бил и во претхристијанското време, зашто, уште тогаш за него се врзувале неколку религиозни идеи. Кон сето тоа христијанската црква додала свои објаснувања, толкувања и симболи. Според тоа, нашиот денешен Божиќ се состои од христијански елементи, кои се малобројни и секундарни, и од стари, пагански елементи, кои се многубројни и битни. Од интерес е сега да се знае кои се тие старински елементи, и каков карактер имал стариот српски празник кој подоцна е заменет и потиснат со христијанскиот Божиќ.“
„Што се однесува до црковниот, званичниот Божиќ, тој не е постар од четвртиот век… Дури подоцна црквата се обидела да го утврди датумот на Христовото раѓање (за кој новозаветните списи не ни кажуваат ништо) и од него да направи празник. Одбран е 25 декември (кога денот почнува да расте и времето да се затоплува), секако, затоа што тој ден во римскиот календар бил одбележан како ден на ‘непобедливото сонце’, и што тој временски период кај сите народи важел како раѓање на сонцето и како будење, почеток на новиот живот во природата. Дваесет и петти декември бил и роденден на Митра (Митрас – бог на сонцето), чијашто религија многу наликувала на христијанската и му правела мошне сериозна конкуренција на младото христијанство; поради тоа црквата, во 4 век, кога добила очигледна надмоќ, за конечно да ги уништи сите траги на култот на Митра, го одбрала најголемиот ден на Митра за најголем свој празник. Тоа што на 25 декември ќе му се даде друго, христијанско толкување, навистина било единствен начин празникот на ‘непобедливото сонце’, кој сè уште, дури и меѓу христијаните, имал голема публика, наполно да замине во заборав.
Но црковниот Божиќ не се ограничил само на оваа единствена идеја. Со текот на времето, кај сите народи кои, непосредно или посредно, биле под влијание на римската култура, за христијанскиот Божиќ се врзани извесни обичаи од римската нова година. Покрај другото, според римската нова година, која Римјаните ја нарекувале Calendae, многу народи својот Божиќ, или извесни божиќни обичаи, ги нарекувале така – на пример нашите зборови коледе, коледар, коледарка, коледачка, коледарски, потекнуваат оттаму.“
„Кога народите на нашиве простори го примиле христијанството, и со него и сите празници за кои знаела Православната црква, почнале да го празнуваат и Божиќ. Тој црковен Божиќ дошол да замени неколку стари празници, што ги празнувал нашиот народ за време на зимските солстиции. Но тоа не била замена, туку компромис; старите празници продолжиле да живеат и понатаму, само црквата им дала ново име, ново толкување и неколку навистина беззначајни подробности од христијанскиот култ. Ние не знаеме кои биле тие стари празници; но од божиќните обичаи, кои нашиот народ сè уште ги чува со полна почит, ние сме во состојба да извлечеме доста заклучоци од нивната содржина и цел.“102
Што кажува Православната црква за потеклото на празникот Божиќ? Во своето дело „Тајните на празниците“, православниот протојереј, д-р Александар Шмеман открива дека датумот на раѓање на Исуса Христа никаде не е забележан. Но бидејќи во евангелието се спомнуваат пастири кои ноќе ги паселе своите стада, може да се заклучи дека тоа се случило во лето. Меѓутоа, се јавува прашање од каде и како се појавил христијанскиот датум на Христовото рождество – 25 декември? Потеклото на тој датум православниот протојереј го објаснува со влијанието на паганскиот култ на сонцето и со обидот на христијанската црква да ги преобрати паганите во христијанство така што ќе го усвои нивниот празник, а потоа на истиот ќе му даде христијанско значење. Александар Шмеман пишува:
„Наеднаш црквата била присилена да крене во масовна проповед за Христа како Спасител со цел и тие преостанати деведесет проценти од населението на Римското царство да ги преобрати во христијанството како нова вера. … Главна метода со која се служела Црквата за да ги преобрати незнабошците во христијнство била методата ‘сублимација и преобразба’ на паганските верувања: Црквата ‘пречистувала’ некои пагански обичаи и ги исполнувала со христијанска смисла и содржина.
Паганите во декември го празнувале раѓањето на сонцето. И во истиот тој ден христијаните почнале да го празнуваат раѓањето на Исуса Христа како вистинско, духовно Сонце, односно, како ден на влегување на вистинска духовна светлина во овој свет. … Како што може да се види, христијанството ја прифатило идејата за сонцето како извор на светлината и животот. Таа идеја, која била карактеристична речиси за сите пагани и предхристијански култури, христијанството ја преобразило во откровение на својата вера во Христа.“
За христијанскиот празник Велигден: И Велигден е голем христијански празник, посветен на Христовото воскресение. Ќе ѝ дозволиме на етнологијата да ни каже нешто и за него.
„Христијаните – припадниците на ориенталните цркви – во прославувањето на Велигден внеле и неколку многубожечки обичаи од култот на Адониса. Адонис, или кај Вавилонците Тамуз, бил божество на вегетацијата, љубимец на Афродита. Тој загинал во својата рана младост. За време на празникот, посветен на Адониса, кој се славел многу раскошно кон крајот на летото, на одар бил поставуван кипот на Адониса, пренатрупан со цвеќе, и тука жените го оплакувале со неконтролиран излив на жалост. Обичаите од овој Адонисов празник влегле во источните цркви и во велигденскиот церемонијал.“
„Централно место во обичаите поврзани со празникот Велигден, секако, е обичајот бојадисување и кршење на јајца. Обичајот бојадисување на јајца е познат и кај другите христијански народи во Европа, и очигледно е дека тој е мошне стар.“
„Во религијата и во митологијата јајцето има големо значење. Особено тоа често се споменува во митовите за создавањето на светот… Јајцето се сметало за извор на животот и затоа имало голема улога во култот на мртвите – им се дава ним, лично, на гробот, или симболички, ‘за нивна душа’, јадење и пиење. Лесно е да се разбере дека жртвата во јајца особено им е драга на мртвите, зашто јајцето го содржи она што им е најпотребно на мртвите – содржи живот. Оттаму големото значење на јајцето во мртовечкиот култ… И нашиот народ давал и дава јајца како жртва на своите покојници. Раширен е обичајот да се носат јајца на гробовите и да се делат за душа… Значи, обичајот жртвување јајца кај нас е пренесен на Велигден од култот на предците.“
„Зошто јајцата се бојадисуваат со црвена боја? Веднаш да кажеме дека и црвената боја нè води кон култот на предците… Црвената боја радо се употребувала во мртовечкиот култ… Црвената боја е бојата на крвта, а крвта е животот или душата. Од таа причина крвта им се дава на мртвите како жртва… Но крвта е скап сок, па примитивниот човек рано се погрижил за неа да најде замена. Што може да ја замени крвта? Може да ја замени течност со иста боја, на пример, виното, и оттаму обичајот гробот да се прелива со вино, наместо да се прелива со крв, како што е правено тоа порано. Но крвта може да се замени и со црвена боја, па оттаму раширениот обичај во преисториска Европа човечките скелети, по извесно време, кога би биле повторно закопувани, да се мачкаат со крв. Значи, црвената боја на јајцата е симбол на крвта. Навистина нашиот народ јајцата ги бојадисувал со црвена боја уште порано, во култот на предците, па потоа тој обичај го пренел и на Велигден.“103
Заклучок: И обичаите на овој голем христијански празник, Велигден, се испилиле некаде во претхристијанскиот паганизам и немаат никакво библиско потекло, ниту каква и да е врска со Библијата. Тие се автохтоно чедо на преданието, чиста историска, небиблиска категорија. Во најдобар случај, Велигден, онака како што се прифаќа и се слави денес, е хибрид меѓу стариот паганизам и христијанството.
За задушниците: „Божиќните празници во нашата стара религија биле денови посветени на мртвите, задушници. Зимската сезона, кога беснеат непогоди и кога ноќите се долги, според религиските сфаќања на нашите предци, е тешка и критична. Тогаш мртвите се активни. Во тие денови Одиновата ‘дива војска’, ‘караконџолите (страшилата), вештерките, сеништата, и секоја нечестива сила’, имаат свои оргии. Таа сезона особено јасно е обележана во германската и словенската религија… Тој е наречен фатален период, полн со религиски страв и со секакви магични претпазливи мерки. Во тоа време селаните, кога излегуваат од дома, ‘ставаат во појасот корка леб или сол, главица кромид или нешто друго, како претпазлива мерка од секоја нечестива сила’. Во тие денови, кога мртвите се многу силни, и кога се наоѓаат во наша близина, навистина е најзгодно и најопортуно да им се даваат задушни гозби… Според тоа, божиќните празници ги носат сите белези на задушниците кога се дели храна за покој на душите на умрените и се оди на гробишта, па и таму се дели за покој на умрените.“
„Бадник е ден на душите на покојниците, задушници и, без сомнение, ние можеме да го идентификуваме со римските задушници, кои се прославувале речиси во истиот ден (23 декември). Само по себе се разбира дека нашиот празник не е продолжение на римскиот, туку и едниот и другиот се независни остатоци од најстарото индоевропско минато.“
„Од ова што го кажавме произлегува дека Бадник е многу сличен на домашната слава. И едниот и другиот ден се посветени на мртвите; и во едниот и во другиот ден на мртвите им се принесуваат жртви. Разликата е само во тоа што славата е домашен празник, домашна задушница, а Бадник е општ празник… За време на домашната слава им се принесуваат жртви на предците, а на Бадник на мртвите воопшто; оттаму постои пропис за време на домашната слава да се споменуваат, да се повикуваат на гозба сите предци по име, додека тоа не е случај со празникот Бадник… Фактот дека обата празника му припаѓаат на култот на мртвите сведочи за нивната голема старост, зашто култот на мртвите, особено приватниот култ, е една од најстарите институции што ја познава историјата на религијата. Според тоа, и Бадник, ако е празник на мртвите, не ни дошол заедно со христијанството, туку тој е празник од нашата стара религија.“104 Не Христовата, ами старата религија; не Библијата, ами преданието, традицијата, паганизмот, историјата…
За постовите: „Во што е суштината на постот? Кај нашиот народ нормалниот, ритуален пост се состои од забрана да се јаде животинско месо и животински продукти воопшто. Надвор од тоа, по правило, може да се јаде сè што се сака и колку што се сака. Тој пропис важи и за црковните и за старите народни постови.
„Очигледно е дека постот кај нашиот народ првобитно – во паганизмот – немал етичка подлога, туку чисто религиска. Од религиски причини месото во некои денови било забрането… Забраната да се јаде месо за време на божиќната и велигденската сезона спаѓа во времето коешто е исполнето со празници на предците, па очигледно е дека таа е остаток од претхристијанскиот култ. Поради тоа, јасно е дека постот, кој се состои од забрана да се јаде животинско месо, е составен дел на мртовечкиот култ и на култот на предците воопшто.“
„Во деновите кога постиме забрането е да се јаде месо од причина што во тоа време душите имаат слобода на движење и тогаш по правило тие се инкарнираат во животни и ние, јадејќи месо, доаѓаме во непосреден допир со некоја душа, евентуално ја внесуваме во себе, со што култно се клањаме и правиме грев.“105
Интересно, душите на покојниците се инкарнираат во животни и поради тоа ние кога постиме не јадеме месо! Ова повеќе наликува на нешто будистичко, отколку на христијанско и библиско.
За крстот, за крсната слава, за славата, за крсното име или за светецот: „Како нашиот старински празник, кој му претходел на Божиќ, што бил празник и на врховниот бог и на сите предци, така и крсната слава првобитно била спомен на предците, празник на митскиот предок и на сите предци и едновремено празник на најголемиот национален бог.“
„Изразите – крсна слава, слава, крсно име и светец – треба да ги сфатиме такви какви што се; тие, очигледно, можат да значат само ‘слава’, односно, жртвен обред и гозба наменети на крстот; колачот и свеќата исто така му припаѓаат на крстот. Се прашуваме на кој крст. Имаме само еден одговор: славата е чисто домашен празник, домашна мистерија, и бидејќи, како таква, му е наменета на некое божество, не може ништо друго да дојде во обѕир освен оној прост, дрвен крст, кој, како најголема светиња, се наоѓа на ѕидот во секоја куќа на нашиве простори. Ете, на тој крст, кој е постар и од самата славска икона.“
„Интересно е да се знае всушност што е тој крст и кого го претставува. Веднаш можеме да кажеме дека крстот првобитно не бил христијански симбол. Најмалку би смеел да се идентификува со круцификсот (со Христовото распнување), чијшто култ на православието на нашиве простори му е непознат. Тој домашен крст, по своето потекло е претхристијанска култна слика, старински идол на нашиве простори… Тој како култ се почитува наполно според паганските прописи – се закитува, се облекува итн. За нас е важно дека тој во далечното минато навистина бил идол со облик на крст. Освен тоа, домашниот крст се капе, онака како Египќаните секој ден што ги капеле статуите на своите богови, а Грците и Германците за време на празниците посветени на тие божества.“
„Тоа што крстот се капе во одреден празник (се фрла во вода на празникот Водици) е доказ дека капењето навистина е ритуално; освен тоа, доказ е дека овде не е во прашање некаков симбол, туку навистина божествен нумен, домашен идол од нашата стара вера. Што денес тој крст се смета за христијански симбол, тоа е сосем природен развој на работите.“
„Домашниот крст на нашиве простори, во чијашто чест за време на неговиот празник се приредува гозба, слава, навистина првобитно е старинска, претхристијанска култна слика. Прашање е само кого тој го претставува, и кое божество може да дојде во обѕир – тоа е или домашниот заштитник, односно митскиот предок, значи локалниот херој или, никој друг освен самиот најголем национален бог.“
„Но доволно е да се нагласи дека домашниот крст првобитно бил култна слика од старата вера, и дека крсната слава првобитно му била наменета на старото божество претставено со тој крст. Со покрстувањето на луѓето на нашиве простори, старото божество е заменето со овој или со оној светител – а тоа редовно се случувало и во други пригоди кога требало да се елиминира старото божество. При тоа секоја локална или крвна заедница би добивала свој светец-заштитник… Познато е дека свети Сава старите божества ги заменувал со христијански… Крсната слава се слави еднаш годишно во определен ден.“106
Значи, и домашниот крст во православните семејства и домашниот празник, наречен „Крсна слава“, се поврзани со предците и нивните богови, а не со Христа и со Христовиот крст. Тоа е нешто што произлегува од преданијата, од традицијата, од историјата и од паганизмот, а не од Библијата.
И сите други празници на христијанството, за кои нема потреба опширно да зборуваме, се паганска и историска категорија. Тоа се празници, денови кои, благодарение на своите светци ,станале свети, наспроти фактот што Господ посветил само еден ден – саботниот ден!
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата и преданието“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
За Библијата како единствен темел на нашето спасение доста зборувавме во претходниот наслов со неговите поднаслови. Но, пред да преминеме на ПРЕДАНИЕТО, овде ќе приведеме уште два библиски текста: „Имаме најсигурна пророчка Реч (Библија), и вие добро правите што...
Католичката црква и преданието
Веќе кажавме дека Римокатоличката црква во 16 век (1546 г.), на соборот во Трент, донела одлука за проширување на еврејската Библија (Стариот завет), прифаќајќи го „поширокиот“, односно александрискиот канон, или грчкиот превод на Стариот завет со апокрифи, наречен...
Православната црква и преданието
Што е тоа предание? Приведуваме повеќе дефиниции: „Усното предавање/пренесување на учењето на Исуса Христа и на настаните на евангелската историја е - Свето предание. Тоа во Црквата постои паралелно со Светото писмо и го дополнува (...), но во евангелието ни приближно...
Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“
Би било интересно да се забележи вистината што веднаш ни паѓа во очи кога го читаме тврдењето на православните теолози дека „светото предание“ е постаро од Светото писмо. Имено, одлуките на вселенските собори, учењето за светите тајни, каноните и правилата на...
Василие Велики и светото предание на православието
Еден од најголемите црковни учители и црковни отци, врвен авторитет за православието, секако, е Василие Велики од 4-от век. Заедно со другиот великан на православието, Јован Златоуст, подоцна двајцата прогласени за светци, го напишале текстот на молитвата која за...
Вистината за православните вселенски собори
„Како е дадено божественото откровение и како им се дава тоа на луѓето? На два начина: со помош на Светото предание и Светото писмо. Кој и каде дал вакво сведоштво за светото предание? Светата Црква на своите свечени собори кои се викаат Вселенски собори и кои се...
Христијанство по инерција
Ако ги прашате верниците на Православната црква зошто веруваат така како што веруваат, повеќеото од нив ќе одговорат на следниот начин: „Ние веруваме така како што веруваме затоа што така учи нашата „Православна црква која е единствена правоверна Црква која верува и...
Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!
„Црковното учење се темели на два извора - на Светото писмо и на Светото предание - при што Светото писмо се смета за изданок на Светото предание, и како такво тоа се толкува само во неговите рамки.“47 „Што е постаро, Светото писмо или Светото предание? Светото...
Вистината со Јован 21,25
Да го разјасниме извештајот во Јован 21,25, кој за теолозите на традиционалната Црква, особено за православните теолози, претставува неисцрпен библиски мајдан од каде што тие ги ископуваат своите преданија. Со други зборови, тој текст е своевиден „елдорадо“ за нивните...
Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?
„Што е тоа Свето предание? Тоа се сите оние духовни богатства што сме ги наследиле од нашите свети предци, а кои се во совршена хармонија со Светото писмо и кои ни помагаат правилно да го разбереме Светото писмо.“54 „Може ли да се оддели Светото предание од Светото...
За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква
Свети обреди: За да ги опишат христијанските свети обреди, христијаните во источниот дел од традиционалната Црква, каде што се користел грчкиот јазик, го употребувале зборот mysterion (мистерија) „тајна“. Во Католичката црква на запад, каде што преовладувал латинскиот...
Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет
Кирил Зајцев, руски протојереј и апологет, во една своја жолчна расправија со протестантите, јавно им поставува повеќе прашања. Внимателно да го ислушаме неговиот говор, кој едновремено е и говор со кој православието им се обраќа на протестантите: „Дозволете ми да ви...
Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието
Христос не ги посветил апостолите за свештеници да вршат свештеничка служба во храмот или во црквата, чијашто завеса Бог ја искинал надве во мигот кога Христос издивнал на крстот, туку ги посветил и ги ракоположил за проповедници на евангелието, давајќи им заповед:...
Универзално свештенство на верниците во Новиот завет
Да нема забуна во врска со земните свештеници! Новиот завет зборува за универзално свештенство - сите верници на Божјата црква во Новиот завет се Божји свештеници, „царско (Божје) свештенство“: „А вие сте избран род, царско свештенство, свет народ, кој му припаѓа на...
Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва
„Талмуд е збирка на запишани еврејски усни преданија, многукратно поголема од Библијата. Таа збирка науката ја познава како талмудска книжевност, или, како што сите ја знаат, Талмуд.“70 Постојат два талмуда: Ерусалимски и Вавилонски Талмуд. „Пред сè, талмудите, ниту...
Светото писмо и Светото предание
„Светото писмо е врв на Светото предание на Божјата Црква, и за својата висина и големина што ги достигнува тоа може да ѝ заблагодари на таа огомна планина чијшто врв е. Симнато од таа планина на Светото предание, цврстата карпа на Светото писмо станува глина која...
Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата
Апостол Павле имал проблем со лажни апостоли кои на верниците во Коринт им проповедале друго евангелие, различно од она што го проповедале Христовите апостоли, а им забележува и на верниците што се одвратиле од вистинското апостолско евангелие и прифатиле лажно...
За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква
Божјата реч на традиционалната Црква ѝ припишува тежок грев идолопоклонство. Како што видовме, Источната црква многу крв пролеала додека не ги внела иконите како идоли во своите храмови. Покрај иконите, друг вид тешко идолопоклонство и суеверие општо во...
Христијанската црква е виновна за појавата на исламот
Да повториме! Токму заради гревовите што ги опишавме претходно, Источната црква ја снашла тешка казна - заради тие нејзини гревови Бог дозволил да се појави исламот како камшик за христијанството. Всушност христијанството е виновно што на светската сцена во петтата и...
Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?
Треба и мораме да признаеме дека во религиозниот свет се појавуваат најразлични чудеса (чудотворенија) кои припадниците на одредена вероисповед ги уверуваат дека Бог токму ним им е наклонет и дека токму тие се дел на единствената вистинска Божја црква. Факт е дека...
Христос и преданијата
Разлика меѓу преданијата што ги наследиле од предците и Божјата реч постоела и кај луѓето во Христово време и Христос бил мошне отворен и јасен по тоа прашање: „Зошто твоите ученици не живеат според преданието (традицијата) на старите, туку јадат леб со неизмиени...
Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?
Црквата дошла во жесток судир со Библијата која се дигнала против неа и силно ја осудувала затоа што нејзината изворна Божја наука ја заменила со црковна наука екстремно проникната со паганизмот на старите народи. За да се ослободи од нејзината осуда и од осилката што...
Протестантскиот лозунг
Како што видовме, Римокатоличката и Православната црква се поставуваат над Светото писмо. Тие веруваат и учат дека Црквата има авторитет да го толкува или да го ограничи толкувањето на Светото писмо, зашто, наводно, таа одлучила кои книги ќе влезат во канонот на...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.