Вистината со Јован 21,25
Да го разјасниме извештајот во Јован 21,25, кој за теолозите на традиционалната Црква, особено за православните теолози, претставува неисцрпен библиски мајдан од каде што тие ги ископуваат своите преданија. Со други зборови, тој текст е своевиден „елдорадо“ за нивните преданија: „А има и многу други работи што ги изврши Исус и кои, ако би се напишале по ред, ми се чини не би можеле да се сместат во целиот свет напишаните книги.“
Православието главно во овој стих го сместува своето свето предание и него го користи како свој алиби кога преданието го изедначува по важност со Светото писмо; и кога ги прашуваме нашите православни браќа каде имаат доказ во Библијата за своето предание, тие првенствено се повикуваат на апостол Јован 21,25 каде што тој кажува дека не можело да се запише сè што рекол Христос, дека тоа било многу обемно итн. Значи, според православието, во текот на својата служба во различни пригоди Христос, покрај сè друго, го изговорил и сето православно предание. Но тоа, како што нагласивме, останало незабележано бидејќи било многу опширно за да се напише. Затоа апостолите тоа незапишано предание, што го чуле од Христа, усно им го пренеле на своите наследници кое, според Василие Велики и другите црковни отци, по разни таинствени патишта и коридори, по устен пат и чувано од Светиот Дух, пристигнало до нив неколку века подоцна. Секако, не веќе како оригинална вест од Христа и апостолите, зашто во текот на тоа долготрајно патешествие, попатно неговата оригинална содржина истекла, а од него останала само лушпата.
Но, да се вратиме на Јован 21,25. Во овој стих Јован кажува дека „и многу други работи … изврши Исус“. Тоа укажува дека Исус извршил и многу други активности, кои не се стриктно врзани за усно изнесување на Речта. Да се вратиме малку назад и таму ќе најдеме одговор на прашањето кои се тие „други работи што ги изврши Исус“, а не ги запишале ниту Јован ниту другите апостоли. Дали тука навистина се работи за преданијата што ги изговорил Христос, а апостолите немале можност да ги запишат? Да читаме Јован 20,30.31: „И многу други чуда изврши Исус пред своите ученици, што не се запишани во оваа книга. А овие се запишани за да поверувате дека Исус е Христос, Божји Син, и верувајќи да имате живот во неговото име.“ Православието вешто го одбегнува овој извештај, зашто му ги расипува есапите, се коси со нивната намера некако да го протуркаат светото предание во Библијата, конкретно, да го сместат во Јован 21,25. Затоа за нив Јован 20,30.31 како да не постои; пред него ги затвораат очите зашто тој текст им го нарушува нивниот комодитет.
Во вториот извештај на апостол Јован ги имаме речиси истите зборови: „И многу други чуда изврши Исус пред своите ученици, што не се запишани во оваа книга.“ Значи, станува збор не за некаква наука што ја изговорил Исус, и што неколку века подоцна таа како усно предание или како испревртена Христова наука по таинствени патишта и коридори пристигнала до ушите на црковните отци, туку станова збор за многубројни Христови чуда кои не се забележани во евангелијата.
Да читаме во Матеј 4,23-25: „И одеше Исус по цела Галилеја, поучувајќи по нивните синагоги, прорповедајќи го евангелието за царството и лекувајќи секаква болест и немоќ кај народот. Па се разнесе глас за него по цела Сирија и ги доведоа кај него сите болни, нападнати од различни болести и страдања, опседанати од демони, месечари, фатени, а Тој ги излекува. И по него одеше многу народ од Галилеја, Десетоградието, Ерусалим, Јудеја и отаде Јордан.“
Овој текст многу убаво и јасно го осветлува и го објаснува извештајот во Јован 21,25 каде што православието со сите сили се обидува да го смести своето свето предание како дел на севкупната Христова наука и на истото да му обезбеди библиски и Христов легитимитет!
Да го изанализираме малку посочениот текст од Матеј 4,23-25! Христа го следи/придружува големо мноштво народ, „и ги доведоа кај него сите болни (болните од цела држава Сирија, од Галилеја, од Десетоградието, од Ерусалим, од Јудеја и од другата страна на Јордан) нападнати од различни болести и страдања, опседанати од демони, месечари, фатени, а Тој ги излекува.“ Замислете, во таа пригода, тие денови Христос можеби излекувал илјада, а во текот на целата негова служба на земјата можеби излекувал повеќе илјади болни, и Јован се фаќа за глава и вели: Не е можно подробно да ги опишам сите тие илјадници случаи на исцелување и истите извештаи да ги сместам во мојава книга. За тоа се потебни многубројни томови пишувани книги. А во негово време немало таква можност: папирус, пергамент, перце, мастило и други тешкотии… Затоа Јован и другите апстоли од тоа силно мноштво чуда и исцелени болни опишале само мал број случаи со цел „да поверувате дека Исус е Христос, Божји Син, и верувајќи да имате живот во неговото име.“
Тоа е сушта вистина во врска со Јован 21,25. Според тоа, за православното свето предание навистина нема место во Библијата, зашто тоа е зачнато и развиено надвор од нејзините корици, во наполно друга средина и проникнато со друга, наполно различна наука од Божјата изворна библиска наука. Православното „свето предание“ не е библиска билка, зашто таа никнала, се развивала и целосно се развила на сосем поинаква почва од библиската. Од таа поинаква почва преданието цицало поинакви сокови и се хранело со наполно поинаква храна од библиската, и затоа донело поинакви, отровни плодови од кои милиони ќе се отрујат и ќе заминат во вечна пропаст. Православната црква со сите сили го брани своето „свето предание“ затоа што „без светото предание Црквата би престанала да биде тоа што е!“53 – Токму така!
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата и преданието“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
За Библијата како единствен темел на нашето спасение доста зборувавме во претходниот наслов со неговите поднаслови. Но, пред да преминеме на ПРЕДАНИЕТО, овде ќе приведеме уште два библиски текста: „Имаме најсигурна пророчка Реч (Библија), и вие добро правите што...
Католичката црква и преданието
Веќе кажавме дека Римокатоличката црква во 16 век (1546 г.), на соборот во Трент, донела одлука за проширување на еврејската Библија (Стариот завет), прифаќајќи го „поширокиот“, односно александрискиот канон, или грчкиот превод на Стариот завет со апокрифи, наречен...
Православната црква и преданието
Што е тоа предание? Приведуваме повеќе дефиниции: „Усното предавање/пренесување на учењето на Исуса Христа и на настаните на евангелската историја е - Свето предание. Тоа во Црквата постои паралелно со Светото писмо и го дополнува (...), но во евангелието ни приближно...
Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“
Би било интересно да се забележи вистината што веднаш ни паѓа во очи кога го читаме тврдењето на православните теолози дека „светото предание“ е постаро од Светото писмо. Имено, одлуките на вселенските собори, учењето за светите тајни, каноните и правилата на...
Василие Велики и светото предание на православието
Еден од најголемите црковни учители и црковни отци, врвен авторитет за православието, секако, е Василие Велики од 4-от век. Заедно со другиот великан на православието, Јован Златоуст, подоцна двајцата прогласени за светци, го напишале текстот на молитвата која за...
Вистината за православните вселенски собори
„Како е дадено божественото откровение и како им се дава тоа на луѓето? На два начина: со помош на Светото предание и Светото писмо. Кој и каде дал вакво сведоштво за светото предание? Светата Црква на своите свечени собори кои се викаат Вселенски собори и кои се...
Христијанство по инерција
Ако ги прашате верниците на Православната црква зошто веруваат така како што веруваат, повеќеото од нив ќе одговорат на следниот начин: „Ние веруваме така како што веруваме затоа што така учи нашата „Православна црква која е единствена правоверна Црква која верува и...
Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!
„Црковното учење се темели на два извора - на Светото писмо и на Светото предание - при што Светото писмо се смета за изданок на Светото предание, и како такво тоа се толкува само во неговите рамки.“47 „Што е постаро, Светото писмо или Светото предание? Светото...
Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?
„Што е тоа Свето предание? Тоа се сите оние духовни богатства што сме ги наследиле од нашите свети предци, а кои се во совршена хармонија со Светото писмо и кои ни помагаат правилно да го разбереме Светото писмо.“54 „Може ли да се оддели Светото предание од Светото...
За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква
Свети обреди: За да ги опишат христијанските свети обреди, христијаните во источниот дел од традиционалната Црква, каде што се користел грчкиот јазик, го употребувале зборот mysterion (мистерија) „тајна“. Во Католичката црква на запад, каде што преовладувал латинскиот...
Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет
Кирил Зајцев, руски протојереј и апологет, во една своја жолчна расправија со протестантите, јавно им поставува повеќе прашања. Внимателно да го ислушаме неговиот говор, кој едновремено е и говор со кој православието им се обраќа на протестантите: „Дозволете ми да ви...
Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието
Христос не ги посветил апостолите за свештеници да вршат свештеничка служба во храмот или во црквата, чијашто завеса Бог ја искинал надве во мигот кога Христос издивнал на крстот, туку ги посветил и ги ракоположил за проповедници на евангелието, давајќи им заповед:...
Универзално свештенство на верниците во Новиот завет
Да нема забуна во врска со земните свештеници! Новиот завет зборува за универзално свештенство - сите верници на Божјата црква во Новиот завет се Божји свештеници, „царско (Божје) свештенство“: „А вие сте избран род, царско свештенство, свет народ, кој му припаѓа на...
Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва
„Талмуд е збирка на запишани еврејски усни преданија, многукратно поголема од Библијата. Таа збирка науката ја познава како талмудска книжевност, или, како што сите ја знаат, Талмуд.“70 Постојат два талмуда: Ерусалимски и Вавилонски Талмуд. „Пред сè, талмудите, ниту...
Светото писмо и Светото предание
„Светото писмо е врв на Светото предание на Божјата Црква, и за својата висина и големина што ги достигнува тоа може да ѝ заблагодари на таа огомна планина чијшто врв е. Симнато од таа планина на Светото предание, цврстата карпа на Светото писмо станува глина која...
Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата
Апостол Павле имал проблем со лажни апостоли кои на верниците во Коринт им проповедале друго евангелие, различно од она што го проповедале Христовите апостоли, а им забележува и на верниците што се одвратиле од вистинското апостолско евангелие и прифатиле лажно...
За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква
Божјата реч на традиционалната Црква ѝ припишува тежок грев идолопоклонство. Како што видовме, Источната црква многу крв пролеала додека не ги внела иконите како идоли во своите храмови. Покрај иконите, друг вид тешко идолопоклонство и суеверие општо во...
Христијанската црква е виновна за појавата на исламот
Да повториме! Токму заради гревовите што ги опишавме претходно, Источната црква ја снашла тешка казна - заради тие нејзини гревови Бог дозволил да се појави исламот како камшик за христијанството. Всушност христијанството е виновно што на светската сцена во петтата и...
Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?
Треба и мораме да признаеме дека во религиозниот свет се појавуваат најразлични чудеса (чудотворенија) кои припадниците на одредена вероисповед ги уверуваат дека Бог токму ним им е наклонет и дека токму тие се дел на единствената вистинска Божја црква. Факт е дека...
Христос и преданијата
Разлика меѓу преданијата што ги наследиле од предците и Божјата реч постоела и кај луѓето во Христово време и Христос бил мошне отворен и јасен по тоа прашање: „Зошто твоите ученици не живеат според преданието (традицијата) на старите, туку јадат леб со неизмиени...
Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?
Црквата дошла во жесток судир со Библијата која се дигнала против неа и силно ја осудувала затоа што нејзината изворна Божја наука ја заменила со црковна наука екстремно проникната со паганизмот на старите народи. За да се ослободи од нејзината осуда и од осилката што...
Протестантскиот лозунг
Како што видовме, Римокатоличката и Православната црква се поставуваат над Светото писмо. Тие веруваат и учат дека Црквата има авторитет да го толкува или да го ограничи толкувањето на Светото писмо, зашто, наводно, таа одлучила кои книги ќе влезат во канонот на...
За христијанските празници и за христијанскиот политеизам
Веднаш да кажеме дека празниците се дел на христијанското предание и традиција, чиста историска категорија без библиска основа. Тие, барем на нашиве простори, потекнуваат од словенскиот паганизам, или пак се хибрид меѓу словенскиот и индоевропскиот паганизам, со...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.