Василие Велики и светото предание на православието

Еден од најголемите црковни учители и црковни отци, врвен авторитет за православието, секако, е Василие Велики од 4-от век. Заедно со другиот великан на православието, Јован Златоуст, подоцна двајцата прогласени за светци, го напишале текстот на молитвата која за време на Вечерата Господова и литургијата во Православната црква се упатува кон Бог Отецот да го прати Светиот Дух да изврши пресуштествување (претворање) на „евхаристискиот леб и чашата на благословот“ во вистинско Христово тело и во вистинска Христова крв.

Врз овие два авторитета, меѓу нив и Атанасие Велики и уште некои, во најголема мера се потпира и почива теологијата на Православната црква и православната Црква како Црква, како установа, нејзините црковни служби, нејзиното устројство, целокупната нејзина структура и сè што е поврзано со неа. Овие творци на Православната црква ѝ го создале „светото предание“ во чиишто габарити го сместиле православието, објаснувајќи му дека „светото предание“, е вистинскиот пат кон небото. Значи, споменатите православни великани се столбови врз кои почива православното „свето предание“ и општо православието.

Да слушнеме што кажува за „светото предание“ свети Василие Велики како еден од неговите втемелувачи:

„Некои од догмите и поуките што се сочувани во Црквата ги имаме во пишан облик, додека некои сме примиле од апостолското предание со преемство во тајност. И едното и другото имаат иста сила за побожност, на што нема да противречи никој кој макар и малку е упатен во црковниот поредок. Зашто, ако се осмелиме да ги отфрлиме непишаните обичаи, како да немаат големо значење, незабележано ќе му нанесеме штета на евангелието во она што е најважно, а од апостолските проповеди ќе остане само празно име. На пример, да се потсетиме најпрво на она прво и најопшто: Кој со писмо учел дека оние кои се надеваат во иметео на нашиот Господ Исус Христос се осенуваат со крстниот знак? Кое послание нè учело на молитва да се свртуваме кон исток? Кој од светите ни ги оставил написмено зборовите со кои го повикуваме (Светиот Дух) при претворањето на евхаристискиот леб и чашата на благословот? Зашто ние не се задоволуваме со оние зборови што ги спомнуваат апостолите и евангелието, туку и пред и по нив произнесуваме и други, што сме ги примиле од ненапишано учење кои имаат голема сила за извршување на Светата тајна. Исто така, според кое писмо ние ја благословуваме водата за крштение, и елејот за помазание, па дури и оној што се крштава? Зар тоа не го правиме според (во Светото писмо) премолчаното и тајно Предание? И што уште? Која пишана реч нè научила и за самото помазание со елеј? Од каде трикратното нуркање на човекот и сè друго во врска со крштението; од кое писмо е земено откажувањето од сатаната и од неговите ангели? Не е ли земено од ова необнародувано и необјавено учење кое нашите Отци го сочувале во молчење недостапно за љубопитноста и за изнесување (обелоденување), бидејќи тие со причина биле научени со молчење да ја чуваат светињата на Тајните? Зашто, како би можело писмено да се објавува учење за она што на некрстените не им е дозволно ниту да го погледаат?“17

Тоа беше исказот и аргументите на најголемиот православен црковен отец, учител и апологет, св. Василие Велики, во врска со православното „свето предание“.

Се ројат многу мисли и прашања! Православните апологети мора да ги засучат ракавите и да одговорат на многу прашања што произлегуваат од теологијата на Весилие Велики.

Колку пати Василие го спомнува зборот „тајна“, „тајност“: „преемство во тајност“, „света тајна“, „премолчано и тајно предание“, „нашите отци го сочувале во молчење недостапно за … обелоденување“, „научени со молчење да ја чуваат светињата на тајните“.

Да ја анализираме главната мисла на Василие Велики: „Зар тоа не го правиме според (во Светото писмо) премолчаното и тајно предание?“ – Значи, постои „премолчано и тајно предание“.

Заклучок: Прво, преданието во Светото писмо е премолчано, нерегистрирано, и второ, преданието е тајно!

Зошто преданието не е регистрирано, не е запишано во Библијата? За тоа православието има свое образложение. Пред сè, се повикува на Јован 21,25 каде што апостол Јован кажува: „А има и многу други работи што ги изврши Исус и кои, ако би се напишале по ред, ми се чини не би можеле да се сместат во целиот свет напишаните книги.“ – Според православието, преданието, како и Светото писмо, произлегло од Христа. Меѓутоа, бидејќи преданието е многу обемно, апостолите не го запишале и него заедно со библиските текстови во списите на Новиот завет, туку на своите следбеници им го пренеле усно и така по устен пат, по разни таинствени канали и коридори, чиешто патешествие траело три века, тоа конечно пристигнало до ушите на Василие Велики и на другите црковни отци кои го запишале и истото на светот му го соопштите во пишана форма. Но, во поднасловот „Вистината со Јован 21,25“ ние покажавме дека тоа тврдење на православието е неодржливо.

Второ, зошто преданието е „тајно“, „тајно предание“? Од ова прашање произлегуваат други две потпрашања. Прво, дали Христос преданието го изговорил тајно, на таинствен начин, како тајна недостапна за јавноста? И второ, дали поради тоа што преданието било тајна што ја изговорил Христос тајно, апостолите не можеле или не смееле да ја напишат таа тајна?

Што е вистина? Дали апостолите не го забележале тоа тајно предание затоа што во нивните списи немало место да го забележат оти било премногу обемно, или затоа што природата на самото предание е тајна и до црковните отци морала да патува и да пристигне како тајна? Ако тоа предание го изговорил лично Христос, дали Тој го изговорил јавно или тајно? Ако го изговорил јавно, како и сè друго што го запишале апостолите во своите новозаветни списи, зошто подоцна тоа станало тајно и низ вековите патувало како тајна?

Да ја анализираме и следната изјава на Василе Велики: „Некои од догмите и поуките што се сочувани во Црквата ги имаме во пишан облик, додека некои сме примиле од апостолското предание со преемство во тајност. И едното и другото имаат иста сила за побожност.“

Прашање: Ако „догмите и поуките што ни се сочувани“ во апостолските списи во пишан облик „имаат иста сила за побожност“ како оние што „сме ги примиле од апостолското предание со преемство во тајност“, тогаш зошто едните до нас пристигнале во пишан облик, јавно, а другите ни се дадени тајно и до црковните отци пристигнале како тајна?

Василие Велики ова го правда на следниот начин кој нема никаква логика: „Не е ли (тоа) земено од ова необнародувано и необјавено учење кое нашите Отци го сочувале во молчење недостапно за љубопитноста и за изнесување (обелоденување), бидејќи тие со причина биле научени со молчење да ја чуваат светињата на тајните? Зашто, како би можело писмено да се објавува учење за она што на некрстените не им е дозволно ниту да го погледаат?“

Заклучок! Василие Велики тврди дека неговите претходници („нашите отци“), според православниот слоган на архиепископот Аверкие „Ние и Светиот Дух одлучивме“18,   биле поучени и научени од Светиот Дух тоа „необнародувано и необјавено учење“ да го сочуваат во молчење недостапно за љубопитноста и за обелоденување“; „тие со причина биле научени со молчење да ја чуваат светињата на тајните“, односно „светото предание“ како тајна. И најнакрај Василе ја објаснува причината зошто „светото предание“ морало да се сочува како ненапишана тајна и кажува: „Зашто, како би можело писмено да се објавува учење за она што на некрстените не им е дозволно ниту да го погледаат?“ – Многу нелогично: На „некрстените не им е дозволно ниту да го погледаат“ „светото предание“.

Некрстени имало и во времто на Василие, па и денеска. Зошто во постапостолскиот период, сè до Василие Велики, „на некрстените не им е дозволено ниту да го погледаат“ „светото предание“? Зошто за нив тоа било ненапишана тајна во која не можеле и смееле ниту да ѕирнат, а за некрстените во времето на Всилие, па и денеска, не е веќе тајна, па можат не само да го гледаат туку и да го читаат со свои очи? Какви апсурди, апсурди изговорени од најголемиот црковен учител, од најголемиот црковен отец на православието. Апсурди кои православието низ сите векови, па и денес, ги прифаќа без и најмал напор да ја провери нивната логика и нивната вистинитост. Зар денешните православни теолози не ги гледаат тие апсурди на своите учители? Да, не ги гледаат, зашто православието живее по инерција. Ќе ја повториме дефиницијата за живот по инерција. Духовниот брат и близнак на Василие Велики, Јован Златоуст, им рекол на своите парохијани:

„Кога примате пари, дали вие сами ги броите парите? Да, сами ги броите! А кога станува збор за вечните вредности, вие со затворени очи примате мислење на други!“ – Тоа е живот по инерција.

Како да се извлече православието од животот по инерција? Ако го прифати советот на Свети Августин, кој на своите следбеници им оставил аманет: „Читајте го Писмото! Читајте го за да не бидете слепи и водачи на слепите!“

Живот по инерција е она што го тврдат православните теолози и нивните верници: „Затоа православните христијани, сакајќи да ја запазат чистата вера, се придржуваат кон толкувањата на Светите Отци, на кои од Бога им е дадено да ги знаат духовните тајни.“19 – И навистина православието со затворени очи ги прифаќа мислењата и императивите на своите црковни отци, убедено дека „на Светите Отци од Бога им е дадено да ги знаат духовните тајни“ без да провери дали е тоа вистина, како што направивме ние сега со теологијата на Весилие Велики.

Нема вистина во тврдењето дека црковните отци се „законити благодатни преемници на светите апостоли“, дека тие „го примиле апостолското предание со преемство во тајност“.Многу делови од својата теологија, која е надвор од Библијата, и кои никако не можат да ги поврзат со библиското учење, светите отци едноставно ги облекуваат во руво на мистичност и ги прогласуваат за „тајни“ кои само тие ги разбираат, и само нивното толкување на тие тајни е исправно и задолжително за верниците на православието кои, да повториме, со затворени очи ги прифаќаат и ги следат. Оттаму и доаѓа пренагласената димензија на мистичноста и на мистериозноста на теологијата на Православната црква и на Црквата воопшто.

Да ја повториме пак мислата што е искажана: „На одреден начн целокупната сфера на традиционалната Црква е ‘мистериогена’ и од својата харизматична полнота таа  секогаш може да создава нови мистерии.“20 – Мистериогена, мистична теологија, мистериогена Црква, секогаш подготвена да создава нови мистерии кога не може проблемите да ги разреши на единствен исправен начин – библиски.

Меѓутоа, списите на Новиот завет на Православната црква не ѝ даваат никаква можност за некаква мистичност и мистериозност, можност за некаква „мистериогеност“ да создава мистерии! Едноставно Христос не ѝ дава таква можност, зашто сè што кажал и што изговорил, Христос кажал и изговорил не тајно, туку јавно. Да го проследиме тоа со библиски текстови:

„Ете, јавно говори, и ништо не му велат…“ (Јован 7,26). „Тоа што ви го говорам во темнина, кажете го на видело; и она што ви се шепоти, разгласувајте го од покривите!“ (Матеј 10,27). „Нема ништо скриено што нема да се открие, ниту пак тајно што не ќе се дознае. Затоа, што сте рекле во темнина, ќе се слушне на виделина; и што сте шепотеле на уво во скришните одаи, ќе биде разгласено од покривите“ (Лука 12,2.3). „Првосвештеникот, пак, го праша Исуса за неговите ученици и за неговото учење. Исус му одговори: ‘Јас му зборував на светот јавно; Јас секогаш поучував во синагогата и во храмот, каде што секојпат се собираат Јудејците, и тајно ништо не сум зборувал.“ (Јован 18,19.20)

Почитувани, во светлината на овие библиски текстови, прашуваме: Од каде таа и толкава тајност и таинственост на православните црковни отци, на чело со Василие Велики; од каде тој и толкав мистицизам со кој е проникната теологијата на православието; од каде тие, такви  и толкави мистерии во кои плива Православната црква, и таа нејзина „мистериогеност“ да создава мистерии? Од каде сето тоа кога Христос кажува: „Јас ништо не сум зборувал тајно!?“

Оваа анализа на теологијата на Василие Велики покажува дека во неа нема ништо рационално, дека сето тоа е само имагинација и фикција во умовите на црковните отци кои скршнале од вистинскиот Божји пат и христијанството и човештвото во целост го повеле во погрешна насока, во насока која милиони луѓе ќе одведе во вечна пропаст. Увидувајќи дека застраниле од библискиот пат, црковните отци морале да измислат таква теологија со која барем ќе се обидат да ги оправдаат своите скршнувања на странпатица и да ги оправдаат своите огромни промашувања. Не постои никакво тајно, ниту јавно предание што го изговорил Христос кое пристигнало до црковните отци јавно или тајно како незапишана тајна, којашто православието го експолоатира во огромни размери, попусто грчовито обидувајќи се на некој начин да ја премости таа огромна провалија што настанала при неговото скршнување од изворната библиска теологија токму во времето на црковните отци.

Да ја завршиме анализата на теологијата на Василие Велики! „Ако се осмелиме да ги отфрлиме непишаните обичаи, како да немаат големо значење, незабележано ќе му нанесеме штета на евангелието во она што е најважно, а од апостолските проповеди ќе остане само празно име.“ За какви „непишани обичаи“ зборува Василие Велики кои „имаат големо значење“, без кои евангелието ќе претрпи штета и без кои „од апостолските проповеди ќе остане само празно име?“ Зар евангелието и апостолските проповеди зависат од некаква човечка поддршка и од некакви човечки обичаи? Во никој случај! Тие не се никакви климави библиски институции на кои им е потребно потпирање врз некакви човечки обичаи и преданија, некакво дополнување и скратување или некаква модификација. Ништо од тоа. Евангелието и апостолските проповеди се Божји установи кои цврсто стојат самостојно на свои нозе и нив ништо не може да ги разниша.

Во продолжение Василие набројува некои обичаи, без кои, според него, евангелието би претрпело штета и без кои „од апостолските проповеди ќе остане само празно име“. На пример: „Оние кои се надеваат во иметео на нашиот Господ Исус Христос се осенуваат со крстниот знак.“ Значи, осенувањето со крстниот знак не е библиски знак, туку човечки обичај, без значење за евангелието и за апостолските проповеди.

Многу чуден е обичајот што го спомнува Василие кој води директно во идолопоклонство: „Кое послание нè учело на молитва да се свртуваме кон исток?“ Таа пракса, што ја споменува Василие, Црквата ја презела од паганите кои во недела наутро излегувале надвор, се свртувале кон исток и му се поклонувале на сонцето кое изгревало, кое било нивно божество.

Други обичаи што ги спомнува Василие Велики: „Според кое писмо ние ја благословуваме водата за крштение, и елејот за помазание, па дури и оној што се крштава? Од каде трикратното нуркање на човекот и сè друго во врска со крштението?“ – Ниту еден од овие обичаи нема библиска потврда и тие не се дозволени со библиската теологија. Никаде во новозаветните списи немаме запис дека апостолите или црковните старешини вршеле посветување на водата за крштение и на оној кој се крштава, ниту запис за „трикратното нуркање на човекот“ при крштението. Исто така никаде во новозаветните списи немаме запис за посветување или осветување на елејот со кој се вршело помазание на болните

Уште неколку размислувања во врска со обичаите што ги наброи Василие Велики: „Каква и колку смисла има да се верува во наследно право на званичната Црква која тврди дека потекнува директно од апостолите, а со тоа и од Христа, како што тоа своевремено го формулирал уште црковниот отец Тертулијан (160-220), кога истиот автор, расправајќи за веќе до тогаш врежаните обичаи на тројно нуркање при крштението, за принесување на дарови за мртвите, за употребата на крстниот знак при осенувањето, морал да признае: ‘Ако за овие и за други такви прописи барате позитивни библиски наредби, вие не ќе најдете ниту една таква наредба. Традицијата е нивни извор, обичаите ги потврдуваат и верата ги држи.’“21

Тертулијан е јасен: „Ако барате позитивни библиски наредби за врежаните обичаи на тројно нуркање при крштението, за принесување дарови за мртвите, за употреба на крстниот знак при осенувањето, и за другите такви прописи, вие не ќе најдете ниту една таква наредба. Традицијата е нивни извор, обичаите ги потврдуваат и верата ги држи“.

И на крај, за најголемото промашување на Василие Велики, промашување од кое произлегле наголемите теолошки злоупотреби на изворната библиска теологија. Тоа е неговата изјава: „Кој од светите ни ги оставил написмено зборовите со кои го повикуваме (Светиот Дух) при претворањето на евхаристискиот леб и чашата на благословот?“

Кажавме дека текстот на молитвата која за време на литургијата во Православната црква православниот свештеник ја упатува кон Бог Отецот да го прати Светиот Дух да изврши пресуштествување на „евхаристискиот леб и чашата на благословот“ при Вечерата Господова во вистинско Христово тело и во вистинска Христова крв го напишале Василие Велики и Јован Златоуст. Иако за ова многу повеќе зборуваме во насловот: „Како е прикажан Христос во стожерот на литургијата на традиционалната Црква“, сепак, и овој контекст бара и овде да кажеме нешто за тоа. Повеќе од јасно е дека тој текст не е библиски текст, зашто не се наоѓа во Библијата, ниту пак до ушите на Василие Велики и Јован Златоуст пристигнал како незапишана тајна која потекнала од Исуса или од апостолите. Тој текст е стопроцентна човечка измислица и е надвор од секаков библиски контекст, зашто никаде во Библијата немаме макар и најмала идеја и најава за такво нешто.

Со таа своја литургија што ја вовеле во Црквата, овие двајца великани на православието, Василие Велики и Јован Златоуст, ѝ нанеле огромно зло на библиската теологија, а со тоа и на христијанството, поведувајќи го на теолошка странпатица. Свештенството и свештениците на традиционалната Црква, како црковна (не библиска, туку црковна) категорија (повеќе за ова во поднасловот „Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет) тие го издигнале во ранг на чудотворци, со натприродна моќ „евхаристискиот леб и чашата на благословот“ при Вечерата Господова да ги претвораат во вистинско Христово тело и во вистинска Христова крв. Со тоа тие извршиле директен упад во библиската теологија и во неа инсталирале, уфрлиле, своја, човечка теологија, според која „евхаристијата е иста (жртва) со жртвата принесена на крстот, бидејќи се принесува истото ‘Јагне’ на жртвеникот во Црквата, како што беше принесено на Голгота“ (ќе каже православниот теолог Лазар Милин).

Почитувани, ова е неприфатливо! Неприфатлива е натприродната, чудотвораната моќ на свештениците да го создаваат и пресоздаваат Христа од парче обичен леб секогаш кога ќе ја упатат кон Бога молитвата на Василие Велики и на Златоуст за време на евхаристијата. Неприфатливо е тие постојано Христа да го принесуваат на жртва, како бескрвна жртва еднаква по важност со неговата жртва на Голгота. Тоа е хула, тоа е далеку, многу далеку од библиската вистина. Таа теологија на светот му прикажува поразен Христос, Христос кој не успеал да ја заврши комплетно својата задача на Голгота; таа теологија на светот му прикажува погрешна, фалична Голгота!

Почитувани, тоа е вистина за најголемиот православен учител, Василие Велики; тоа е вистина за православните црковни отци и за нивната теологија; тоа е вистина за православието и за неговата теологија.

 

 

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата и преданието“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

 

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

За Библијата како единствен темел на нашето спасение доста зборувавме во претходниот наслов со неговите поднаслови. Но, пред да преминеме на ПРЕДАНИЕТО, овде ќе приведеме уште два библиски текста: „Имаме најсигурна пророчка Реч (Библија), и вие добро правите што...

Католичката црква и преданието

Веќе кажавме дека Римокатоличката црква во 16 век (1546 г.), на соборот во Трент, донела одлука за проширување  на еврејската Библија (Стариот завет), прифаќајќи го „поширокиот“, односно александрискиот канон, или грчкиот превод на Стариот завет со апокрифи, наречен...

Православната црква и преданието

Што е тоа предание? Приведуваме повеќе дефиниции: „Усното предавање/пренесување на учењето на Исуса Христа и на настаните на евангелската историја е - Свето предание. Тоа во Црквата постои паралелно со Светото писмо и го дополнува (...), но во евангелието ни приближно...

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Би било интересно да се забележи вистината што веднаш ни паѓа во очи кога го читаме тврдењето на православните теолози дека „светото предание“ е постаро од Светото писмо. Имено, одлуките на вселенските собори, учењето за светите тајни, каноните и правилата на...

Вистината за православните вселенски собори

„Како е дадено божественото откровение и како им се дава тоа на луѓето? На два начина: со помош на Светото предание и Светото писмо. Кој и каде дал вакво сведоштво за светото предание? Светата Црква на своите свечени собори кои се викаат Вселенски собори и кои се...

Христијанство по инерција

Ако ги прашате верниците на Православната црква зошто веруваат така како што веруваат, повеќеото од нив ќе одговорат на следниот начин: „Ние веруваме така како што веруваме затоа што така учи нашата „Православна црква која е единствена правоверна Црква која верува и...

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

„Црковното учење се темели на два извора - на Светото писмо и на Светото предание - при што Светото писмо се смета за изданок на Светото предание, и како такво тоа се толкува само во неговите рамки.“47 „Што е постаро, Светото писмо или Светото предание? Светото...

Вистината со Јован 21,25

Да го разјасниме извештајот во Јован 21,25, кој за теолозите на традиционалната Црква, особено за православните теолози, претставува неисцрпен библиски мајдан од каде што тие ги ископуваат своите преданија. Со други зборови, тој текст е своевиден „елдорадо“ за нивните...

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

„Што е тоа Свето предание? Тоа се сите оние духовни богатства што сме ги наследиле од нашите свети предци, а кои се во совршена хармонија со Светото писмо и кои ни помагаат правилно да го разбереме Светото писмо.“54 „Може ли да се оддели Светото предание од Светото...

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Свети обреди: За да ги опишат христијанските свети обреди, христијаните во источниот дел од традиционалната Црква, каде што се користел грчкиот јазик, го употребувале зборот mysterion (мистерија) „тајна“. Во Католичката црква на запад, каде што преовладувал латинскиот...

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Кирил Зајцев, руски протојереј и апологет, во една своја жолчна расправија со протестантите, јавно им поставува повеќе прашања. Внимателно да го ислушаме неговиот говор, кој едновремено е и говор со кој православието им се обраќа на протестантите: „Дозволете ми да ви...

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Христос не ги посветил апостолите за свештеници да вршат свештеничка служба во храмот или во црквата, чијашто завеса Бог ја искинал надве во мигот кога Христос издивнал на крстот, туку ги посветил и ги ракоположил за проповедници на евангелието, давајќи им  заповед:...

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Да нема забуна во врска со земните свештеници! Новиот завет зборува за универзално свештенство - сите верници на Божјата црква во Новиот завет се Божји свештеници, „царско (Божје) свештенство“: „А вие сте избран род, царско свештенство, свет народ, кој му припаѓа на...

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

„Талмуд е збирка на запишани еврејски усни преданија, многукратно поголема од Библијата. Таа збирка науката ја познава како талмудска книжевност, или, како што сите ја знаат, Талмуд.“70 Постојат два талмуда: Ерусалимски и Вавилонски Талмуд. „Пред сè, талмудите, ниту...

Светото писмо и Светото предание

„Светото писмо е врв на Светото предание на Божјата Црква, и за својата висина и големина што ги достигнува тоа може да ѝ заблагодари на таа огомна планина чијшто врв е. Симнато од таа планина на Светото предание, цврстата карпа на Светото писмо станува глина која...

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

Апостол Павле имал проблем со лажни апостоли кои на верниците во Коринт им проповедале друго евангелие, различно од она што го проповедале Христовите апостоли, а им забележува и на верниците што се одвратиле од вистинското апостолско евангелие и прифатиле лажно...

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Божјата реч на традиционалната Црква ѝ припишува тежок грев идолопоклонство. Како што видовме, Источната црква многу крв пролеала додека не ги внела иконите како идоли во своите храмови. Покрај иконите, друг вид тешко идолопоклонство и суеверие општо во...

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Да повториме! Токму заради гревовите што ги опишавме претходно, Источната црква ја снашла тешка казна - заради тие нејзини гревови Бог дозволил да се појави исламот како камшик за христијанството. Всушност христијанството е виновно што на светската сцена во петтата и...

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Треба и мораме да признаеме дека во религиозниот свет се појавуваат најразлични чудеса (чудотворенија) кои припадниците на одредена вероисповед ги уверуваат дека Бог токму ним им е наклонет и дека токму тие се дел на единствената вистинска Божја црква. Факт е дека...

Христос и преданијата

Разлика меѓу преданијата што ги наследиле од предците и Божјата реч постоела и кај луѓето во Христово време и Христос бил мошне отворен и јасен по тоа прашање: „Зошто твоите ученици не живеат според преданието (традицијата) на старите, туку јадат леб со неизмиени...

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Црквата дошла во жесток судир со Библијата која се дигнала против неа и силно ја осудувала затоа што нејзината изворна Божја наука ја заменила со црковна наука екстремно проникната со паганизмот на старите народи. За да се ослободи од нејзината осуда и од осилката што...

Протестантскиот лозунг

Како што видовме, Римокатоличката и Православната црква се поставуваат над Светото писмо. Тие веруваат и учат дека Црквата има авторитет да го толкува или да го ограничи толкувањето на Светото писмо, зашто, наводно, таа одлучила кои книги ќе влезат во канонот на...

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

Веднаш да кажеме дека празниците се дел на христијанското предание и традиција, чиста историска категорија без библиска основа. Тие, барем на нашиве простори, потекнуваат од словенскиот паганизам, или пак се хибрид меѓу словенскиот и индоевропскиот паганизам, со...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат