Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Да нема забуна во врска со земните свештеници! Новиот завет зборува за универзално свештенство – сите верници на Божјата црква во Новиот завет се Божји свештеници, „царско (Божје) свештенство“: „А вие сте избран род, царско свештенство, свет народ, кој му припаѓа на Бога“ (1. Петрово 2,9).

Овој текст јасно кажува дека ние сме „царско свештенство, свет народ“ уште овде, на оваа земја. Но следниот библиски текст кажува дека ние „цареви и свештеници“ ќе бидеме и на новата земја на која ќе царуваме со Христа: „Нему (на Христа), кој нè љуби и кој нè откупи од нашите гревови со својата крв, и нè направи цареви и свештеници на својот Бог и Отец – нему слава и власт во вечни векови, Амин!“ „И нè направи цареви и свештеници на нашиот Бог, и ние ќе царуваме на земјата.“ „Над нив втората смрт нема власт, туку ќе бидат свештеници Божји и Христови.“ (Откр. 1,5.6; 5,10; 20,6).

Универзално свештенство имал и Божјиот народ во целост како народ и во Стариот завет: „Вие ќе ми бидете царство на свештеници, свет народ“ (2. Мојсеева 19,6). Но постои разлика меѓу универзалното свештенство на израелскиот народ и Ароновото свештенство. Верниците во Стариот завет немале директен пристап кон Бога во земното Светилиште. Тоа било привилегија и обврска само на старозаветното свештенство на Арона и на неговите синови. Само тие, како свештеници,  влегувале во Светилиштето и вршеле служба во него пред Бога. Само првосвештеникот, како посредник меѓу Божјиот народ и Бога во Стариот завет, еднаш годишно влегувал во најсветиот дел од земнтото Светилиште и таму, пред ковчегот со Десетте Божји заповеди имал директна средба со Бога, а народот, надвор од Светилиштето бил во пост и молитва. Ова подробно го објаснуваме во насловот „Библијата за земното Светилиште“.

Во Новиот завет имаме сосем друга ситуација: „Исус извика со силен глас и издивна. А завесата во Светилиштето се расцепи надве, озгора додолу“ (Марко 15,37.38).

Според тоа, кога Исус издивнал на крстот, и во мигот кога „завесата во Светилиштето се расцепила надве, озгора до долу“, старозаветното свештенство на Арона и старозаветниот храм со сите негови служби ја завршиле својате задача и конечно заминале во старозаветната историја. Нема веќе земен храм со земни служби во него, нема веќе земно свештенство со земни свештеници, нема веќе земни посредници меѓу Бога и Божјиот народ, зашто истиот миг на небото е отворено небесното Светилиште во кое Исус влегол, не како Арон со животинска крв, туку со својата крв што ја пролеал на Голгота како вистинско Јагне за откуп на грешниците од нивниот грев (Евреите 9,11-12). Во небесното Светилиште го имаме Христа како небесен Првосвештеник и небесен посредник меѓу нас и Бога (1. Тим. 2,5). На Божјиот народ во Новиот завет постојано му е отворено небесното Светилиште со право и можност слободно да пристапува кон Божјиот престол и преку Христа како наш посредник директно и во секое време да разговара со Бога. Секој верник на Божјиот народ во Новиот завет поединечно е повикан: „Да пристапиме слободно пред престолот на благодатта, да примиме милост и да најдеме благодат за време кога ќе ни затреба помош“ (Евреите 4,16). Тоа не е случај со верниците на старозаветната Црква.

Во тоа се состои предимството на универзалното свештенство на верниците во Новиот завет над Ароновото и над  универзалното свештенство на верниците во Стариот завет.

Во Новиот завет имаме друга голема библиска вистина:

  1. Во Стариот завет свештениците принесуваа жртва за верниците. Значи, за верниците во Стариот завет некој друг принесувал жртва.
  2. Во Новиот завет „Христос (сам) беше принесен само еднаш за да ги земе гревовите на мнозина“ (Евреите 9,28). Сам и само еднаш!
  3. Верниците во Новиот завет, како „свето свештенство“ и како „свештеници Божји и Христови“, слободно излегуваат пред Бога и самите себеси се принесуваат на „жртва, жива, света и угодна на Бога“ (2. Петрово 2,5; Римјаните 12,1).

Според тоа, за верниците и во име на верниците во Новиот завет никој, апсолутно никој, не принесува никаква жртва и на никаков начин никој не посредува, ниту пак се застапува за нив пред Бога. Тие во секое време слободно и сами излегуваат пред Бога, и со благодарно срце својот живот му го предаваат на Бога во „жртва, жива, света и угодна на Бога“. – Тоа е новозаветна вистина за универзално свештенство на верниците, различна од старозаветната.

Во Стариот завет Ароновото свештенство, кое се однесува само на свештениците, не е исто со „царството на свештеници“ кое го опфаќа вкупниот старозаветен Божји народ. Според  тоа, очигледно е дека и во Новиот завет приведените термини се однесуваат на универзалното свештенство на целокупниот новозаветен Божји народ, а не на свештенството на традиционалната Црква. Тоа е библиска вистина за унуверзално свештенство на верниците во Новиот завет.

Милин и православието од петни жили напразно се обидуваат над универзалното свештенство на сите верници, кое во Библијата се опишува со изразите „свето свештенство“, „царско свештенство“, „цареви и свештеници на нашиот Бог“, „свештеници Божји и Христови“ и „царство на свештеници“, да го постават своето свештенство, односно свештенството на традиционалната Црква и на истото да му најдат место во Библијата. Но Православната и Католичката црква немаат библиски доказ за воспоставување на своето свештенство, на својата јерархија во Новиот завет (црковна јерархија: ги опфаќа епископите, архиепископите, патријарсите, со еден збор јерарсите; јерарх –  владика, епископ, архијереј). Нивна најголема фрустрација е што ниту еден библиски текст ниту малку не укажува на тоа дека Христос и апостолите во Новиот завет воспоставиле некаква новозаветна јерархија слична на старозаветната. Ни трага ни глас од тоа во Новиот завет.

Традиционалната црква сама ја копирала старозаветната јерархија: сама ја копирала старозаветната црква, шаторот во пустината и Соломоновиот храм, сама го копирала старозаветното свештенство, сама ги копирала старозаветните свештеници и нивната свештеничка служба… Сето тоа е само нејзина, црковна копија, која во сè е премногу далеку од библискиот оригинал. Со други зборови, црквите, или храмовите на традиционалната Црква се неуспешна копија на старозаветниот храм; свештенството и свештеницте на традиционалната Црква се неуспешна копија на старозаветното свештенство и на старозаветните свештеници, и општо, устројството на традиционалната Црква е неуспешна копија на устројството на старозаветната Црква. Се прашуваме зошто? Причината е едноставна! Затоа што и старозаветниот храм со старозаветните служби во него, и старозаветното свештенство со старозаветните свештеници и целокупното устројство на старозаветна Црква – умреле заедно со Христа на Голгота оној миг кога Христос ги изговорил последните зборови „Се сврши!“ и кога завесата во храмот невидлива рака ја скинала надве, од гое до долу, со што конечно му е ставен крст на целокупното устројство на старозаветна Црква.

Премногу тешко е да се сфати како традиционалната Црква не ја сфаќа оваа библиска вистина која е јасна како солза! Како може традиционалната Црква да воскресне нешто што умрело, нешто што е мртво, нешто што остарело, нешто што ја завршило својата задача, нешто што му го отстапило местото на нешто друго, ново! Нејасно е и премногу мачно за размислување како свештенството на традиционалната Црква на олтарот во своите храмови, наместо крвна жртва, јагне, принесува бескрвна жртва – леб и вино! Копијата е несоодветна: крвна жртва заменета со бескрвна! Што ли ќе каже Бог на Божјиот суд за овие фалсификати на традиционалната Црква!

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата и преданието“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

 

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

За Библијата како единствен темел на нашето спасение доста зборувавме во претходниот наслов со неговите поднаслови. Но, пред да преминеме на ПРЕДАНИЕТО, овде ќе приведеме уште два библиски текста: „Имаме најсигурна пророчка Реч (Библија), и вие добро правите што...

Католичката црква и преданието

Веќе кажавме дека Римокатоличката црква во 16 век (1546 г.), на соборот во Трент, донела одлука за проширување  на еврејската Библија (Стариот завет), прифаќајќи го „поширокиот“, односно александрискиот канон, или грчкиот превод на Стариот завет со апокрифи, наречен...

Православната црква и преданието

Што е тоа предание? Приведуваме повеќе дефиниции: „Усното предавање/пренесување на учењето на Исуса Христа и на настаните на евангелската историја е - Свето предание. Тоа во Црквата постои паралелно со Светото писмо и го дополнува (...), но во евангелието ни приближно...

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Би било интересно да се забележи вистината што веднаш ни паѓа во очи кога го читаме тврдењето на православните теолози дека „светото предание“ е постаро од Светото писмо. Имено, одлуките на вселенските собори, учењето за светите тајни, каноните и правилата на...

Василие Велики и светото предание на православието

Еден од најголемите црковни учители и црковни отци, врвен авторитет за православието, секако, е Василие Велики од 4-от век. Заедно со другиот великан на православието, Јован Златоуст, подоцна двајцата прогласени за светци, го напишале текстот на молитвата која за...

Вистината за православните вселенски собори

„Како е дадено божественото откровение и како им се дава тоа на луѓето? На два начина: со помош на Светото предание и Светото писмо. Кој и каде дал вакво сведоштво за светото предание? Светата Црква на своите свечени собори кои се викаат Вселенски собори и кои се...

Христијанство по инерција

Ако ги прашате верниците на Православната црква зошто веруваат така како што веруваат, повеќеото од нив ќе одговорат на следниот начин: „Ние веруваме така како што веруваме затоа што така учи нашата „Православна црква која е единствена правоверна Црква која верува и...

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

„Црковното учење се темели на два извора - на Светото писмо и на Светото предание - при што Светото писмо се смета за изданок на Светото предание, и како такво тоа се толкува само во неговите рамки.“47 „Што е постаро, Светото писмо или Светото предание? Светото...

Вистината со Јован 21,25

Да го разјасниме извештајот во Јован 21,25, кој за теолозите на традиционалната Црква, особено за православните теолози, претставува неисцрпен библиски мајдан од каде што тие ги ископуваат своите преданија. Со други зборови, тој текст е своевиден „елдорадо“ за нивните...

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

„Што е тоа Свето предание? Тоа се сите оние духовни богатства што сме ги наследиле од нашите свети предци, а кои се во совршена хармонија со Светото писмо и кои ни помагаат правилно да го разбереме Светото писмо.“54 „Може ли да се оддели Светото предание од Светото...

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Свети обреди: За да ги опишат христијанските свети обреди, христијаните во источниот дел од традиционалната Црква, каде што се користел грчкиот јазик, го употребувале зборот mysterion (мистерија) „тајна“. Во Католичката црква на запад, каде што преовладувал латинскиот...

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Кирил Зајцев, руски протојереј и апологет, во една своја жолчна расправија со протестантите, јавно им поставува повеќе прашања. Внимателно да го ислушаме неговиот говор, кој едновремено е и говор со кој православието им се обраќа на протестантите: „Дозволете ми да ви...

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Христос не ги посветил апостолите за свештеници да вршат свештеничка служба во храмот или во црквата, чијашто завеса Бог ја искинал надве во мигот кога Христос издивнал на крстот, туку ги посветил и ги ракоположил за проповедници на евангелието, давајќи им  заповед:...

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

„Талмуд е збирка на запишани еврејски усни преданија, многукратно поголема од Библијата. Таа збирка науката ја познава како талмудска книжевност, или, како што сите ја знаат, Талмуд.“70 Постојат два талмуда: Ерусалимски и Вавилонски Талмуд. „Пред сè, талмудите, ниту...

Светото писмо и Светото предание

„Светото писмо е врв на Светото предание на Божјата Црква, и за својата висина и големина што ги достигнува тоа може да ѝ заблагодари на таа огомна планина чијшто врв е. Симнато од таа планина на Светото предание, цврстата карпа на Светото писмо станува глина која...

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

Апостол Павле имал проблем со лажни апостоли кои на верниците во Коринт им проповедале друго евангелие, различно од она што го проповедале Христовите апостоли, а им забележува и на верниците што се одвратиле од вистинското апостолско евангелие и прифатиле лажно...

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Божјата реч на традиционалната Црква ѝ припишува тежок грев идолопоклонство. Како што видовме, Источната црква многу крв пролеала додека не ги внела иконите како идоли во своите храмови. Покрај иконите, друг вид тешко идолопоклонство и суеверие општо во...

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Да повториме! Токму заради гревовите што ги опишавме претходно, Источната црква ја снашла тешка казна - заради тие нејзини гревови Бог дозволил да се појави исламот како камшик за христијанството. Всушност христијанството е виновно што на светската сцена во петтата и...

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Треба и мораме да признаеме дека во религиозниот свет се појавуваат најразлични чудеса (чудотворенија) кои припадниците на одредена вероисповед ги уверуваат дека Бог токму ним им е наклонет и дека токму тие се дел на единствената вистинска Божја црква. Факт е дека...

Христос и преданијата

Разлика меѓу преданијата што ги наследиле од предците и Божјата реч постоела и кај луѓето во Христово време и Христос бил мошне отворен и јасен по тоа прашање: „Зошто твоите ученици не живеат според преданието (традицијата) на старите, туку јадат леб со неизмиени...

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Црквата дошла во жесток судир со Библијата која се дигнала против неа и силно ја осудувала затоа што нејзината изворна Божја наука ја заменила со црковна наука екстремно проникната со паганизмот на старите народи. За да се ослободи од нејзината осуда и од осилката што...

Протестантскиот лозунг

Како што видовме, Римокатоличката и Православната црква се поставуваат над Светото писмо. Тие веруваат и учат дека Црквата има авторитет да го толкува или да го ограничи толкувањето на Светото писмо, зашто, наводно, таа одлучила кои книги ќе влезат во канонот на...

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

Веднаш да кажеме дека празниците се дел на христијанското предание и традиција, чиста историска категорија без библиска основа. Тие, барем на нашиве простори, потекнуваат од словенскиот паганизам, или пак се хибрид меѓу словенскиот и индоевропскиот паганизам, со...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат