Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!
„Црковното учење се темели на два извора – на Светото писмо и на Светото предание – при што Светото писмо се смета за изданок на Светото предание, и како такво тоа се толкува само во неговите рамки.“47
„Што е постаро, Светото писмо или Светото предание? Светото предание.“48
„Без сомнение, усното свето предание е постаро од Светото писмо зашто, да не било тоа, тогаш ни ден денес не би го имале Светото писмо. Без Светото предание сè уште би траела борбата на Црквата за утврдување на автентичноста на новозаветните книги. Конкретно, Светото писмо на Новиот завет никогаш не би заживеало.“49
„Не е Светото писмо извор на Црквата, туку Светото предание. Првите децении од својата историја Црквата уште ги немала списите на Новиот завет, туку живеела само според преданието кое верните, според советот на апостол Павле, треба да го чуваат (2. Солуњаните 2,15).“50
„Да забележиме: Светото писмо никаде, ниту со еден збор, не тврди дека тоа е единствен извор на верата. Но затоа кажува нешто друго! Апостол Павле порачува: ‘И така, браќа, стојте и држете ги преданијата што ги научивте било преку нашето слово, било преку нашето послание’“ (2. Солуњаните 2,15). Значи, Библијата порачува: И Светото писмо и Светото предание! А секташите велат: Само Светото писмо!“51
Истиот текст од 2. Солуњаните 2,15 преземен од други библиски преводи. 1) Превод на Др. Лујо Бакотиќ: „Според тоа, браќа, стојте и држете ги уредбите што сте ги примиле од нашите зборови или од нашето послание.“ 2) Превод на Стварност – Загреб, 1968: „Според тоа, браќа, бидете постојани и држете ги преданијата што сте ги примиле од нас, било усно, било писмено!“
Од приведените текстови јасно се гледа дека апостол Павле на верниците во Солун евангелието им го проповедал на два начина: усно и писмено. Усно значи евангелието им го изнесувал усно и тоа усно пренесување на евангелието се вика „усно предание“, нешто што им е предадено на верниците, што им предал апостолот – „преданијата што сте ги примиле од нас“. А писмено изнесување или писмено објавување на евангелието Павле вршел преку своите писма или посланија. Така постапувале сите апостоли.
Многу значајно е да сфатиме дека Павле не прави никаква разлика по важност меѓу усниот и писмениот начин на проповедање на евангелието. Двата се еднакво важни, и двата солуњаните мораат еднакво да ги чуваат. Апостол Павле три години во Ефес, година и пол во Коринт и многу години во безброј други градови и села, во синагоги, во цркви, по пазаришта, по улици, по затвори, на бродови, по куќи; со врзани раце, со нозете во клади, ден и ноќ, со солзи, усно, со збор, ги поучувал верниците на Божјиот пат. Уште од мигот кога се сретнал со Христа на патот кон Дамаск, кога Христос запалил свој оган во неговото срце, тој, проникнат со Христовата љубов и со огнена ревност во градите, сè до својата смрт, додека не му се стркалала главата на губилиштето во Рим, неуморно, и усно и писмено, им го проповедал на ближните Христа – не друго, не преданија, не човечка наука и филозофија, туку Христа и само Христа: „Зашто решив да не знам меѓу вас ништо друго, освен Исуса Христа, и тоа распнатиот“ (1. Коринќаните 2,2).
Порано Павле бил проникнат и опседнат со преданијата на своите предци и нив ги проповедал. Но сега тој е опседант и проникнат со Христа и го проповеда само Христа и Христовата наука, не старите преданија на своите предци.
Да потврдиме дека е вистина оти Црквата (но апостолската, не православната) го напишала Новиот завет или, подобро кажано, нејзините апостоли и нивните најблиски соработници. Вистина е и тоа дека апостолската Црква најмалку две децении била без ниту една напишана новозаветна книга, кои апостолите почнале да ги пишуваат некаде од 50-та година по Христа. Според тоа, јасно е: додека не биле напишани новозаветните книги, евангелието се проповедало исклучиво по устен пат, или по пат на усно „предание“, како што милуваат да кажат нашите браќа од православието.
„Секташите“, без никаков проблем и тешкотија го прифаќаат советот на апостол Павле: И Светото писмо и усното предание од едноставна причина што меѓу нив нема никаква разлика, бидејќи двете – и преданието и посланието – за кои зборува апостол Павле, потекнуваат и произлегуваат лично од него – нема разлика меѓу она што Павле им го изнесувал на солуњаните, коринќаните… усно и она што им го напишал подоцна во своите посланија писмено. Тоа предание за кое зборува апостол Павле во своите посланија е БИБЛИСКО ПРЕДАНИЕ, со иста библиска вредност со пишаните текстови на Новиот завет, без никаква разлика меѓу нив.
Меѓутоа, „светото предание“ на традиционалната Црква, во дадениов случај „светото предание“ на Православната црква, е предание само на Православната црква, ЦРКОВНО ПРЕДАНИЕ, но не и библиско, зашто меѓу нив постои огромна непремостлива разлика. Преданието на Православнта црква кој знае на колку и чии сè вретена е испредено…
Да ги погледаме стиховите кои православните теолози ги користат обидувајќи се да докажат дека апостолската црква ги почитувала преданијата во кои денеска веруваат припадниците на Источната црква. Докажувајќи дека Светото писмо потврдува и бара да се верува и во светото предание што постои денес во православието, Лазар Милин, и другите православни теолози, ги истакнуваат следните стихови од Библијата: Јован 21,25; 1. Коринќаните 11,2.23; 15,3; 2. Солуњаните 2,15; 3,6; 1. Тимотеј 6,20 и 2. Тимотеј 2,2. Од сите овие библиски стихови православието најмногу го користи текстот во Јован 21,25 кој го истакнува како сигурен доказ дека православното предание потекнува директно од Христа. Но за тоа опширно веднаш во следниот поднаслов.
Во Матеј 15 глава и во Марко 7 глава поимот „предание“ Господ Исус Христос негативно го карактеризира. Во овие текстови Христос ги осудува еврејските водачии на кои јасно и категорично им кажува дека почитувајќи и придржувајќи се кон преданијата на своите предци, тие ја укинуваат Божјата реч. Значи, еврејското „предание“ било противречно на Светото писмо (во тоа време Стариот завет) и негова директна негација. На тие што се придржувале кон такво предание, Исус им кажува дека нивното богослужение е напразно, неприфатливо, зашто се темели на човечки заповеди и мудрувања, а не на Божјата реч.
Зборот „предание има негативно значење и во Посланието до Галатите 1,13.14 и во Колошаните 2,8. Беше кажано дека во Галатите 1,14 апостол Павле го изнесува своето лично искуство во врска со преданието на неговите татковци со кое бил проникнат и за кое огнено ревнувал: „Во јудејството напредував многу повеќе од мнозина мои врсници, бидејќи бев голем ревнител за татковските преданија.“ Овде апостол Павле преданието го истакнува како изразито негативна појава (како и Христос во евангелијата), тврдејќи дека поради ревнувањето и држењето на обичаите на неговите татковци бил спеп за духовната реалност што го опкружувала.
Кога овој поим го спомнува во Посланието до Колошаните 2,8, истиот апостол мошне сериозно ги предупредува тогашните верници да се пазат од лажните науки и филозофии што настануваат како резултат на човечки мудрувања (преданија) на штета на вистинската евангелска наука: „Браќа, пазете се некој да не ве заведе со филозофија и со празна измама што се потпира на човечко предание, на стихиите на светот, а не на Христа.“
Нема потреба подробно да ги анализираме сите приведени текстови во кои се спомнува зборот „предание“ кој, за разлика од православното „предание“, во Библијата покрива библиски реалности, ги опфаќа евангелските активности на апостолите кога тие усно го проповедале евангелието додека истото не го запишале во своите новозаветни списи. Тоа е библиско предание. Едно е јасно: Ниту во еден од приведените библиски стихови не можеме да препознаеме дека во нив станува збор за преданијата што зборуваат за настаните од православното исповедање за кои апостолите знаеле, но не ги запишале. Православието треба и мора да сфати дека се ирационални сите негови обиди тоа библиско предание, што се спомнува во посочените текстови од Библијата, да го поврзе и да го изедначи со православното предание кое настанало во текот на вековите, да докаже дека библиското предание од времето на апстолите, кога тие и усно ја изнесувале Божјата наука како апостолско усно предание, е еднакво со православното предание. Тоа воопшто е несврзливо, зашто меѓу нив разликата е премногу голема. Всушност, меѓу нив нема апсолутно ништо заедничко, зашто апстолското предание е библиско и Божје предание, а православното предание во себе нема ништо библиско.
Иако православието тврди дека Светото писмо и „светото предание“ се еднакво значајни за спасението на грешниците, сепак, во неговите тврдења на свој начин му дава предимство на преданието и истото го поставува над Светото писмо.
Во својата книга „Црквата и сектите“ (стр. 169) Лазар Милин тврди: „Светото писмо постанало од Светото предание. Пред Мојсеја не постоела ниту една книга од Библијата. Тоа што Мојсеј го напишал во Исход, Левит, Броеви и Повторени закони секако претставува лично доживување и искуство на Мојсеја. Но тоа што го напишал во првата книга од Библијата, во книгата Битие, напишано е според преданието. Значи, во Стариот завет преданието му претходело на Светото писмо.“
Да ја сумираме содржината на приведените тврдења на Православната црква: Светото предание е постаро од Светото писмо; Светото писмо произлегло од светото предание; без светото предание ние не би го имале Светото писмо и „во Стариот завет преданието му претходело на Светото писмо“.
Кажавме дека апостолската Црква најмалку две децении била без ниту една напишана новозаветна книга, кои апостолите почнале да ги пишуваат некаде од 50-та година по Христа. Според тоа, јасно е: додека не биле напишани новозаветните книги, евангелието се проповедало исклучиво по устен пат, или по пат на усно „предание“, како што милуваат да кажат нашите браќа од православието.
Но, се јавила насушна потреба истото евангелие, кое веќе било изнесено на терен како усно предание, да биде запишано, и во пишан облик да му биде предадено на целото човештво како пат кој води во спасение. Таа мисла да се напише усното предание, за да не замине во заборав и да се поштеди од злоупотреби и искривоколчување, кои веќе сериозно почнале да ја штрбат неговата изворност, потекнала од Светиот Дух. Апостолите седнале и, секој во свое време, како што ги учел Светиот Дух, ги напишале новозаветните книги.
А сега, најзначајното прашање во врска со приведените православни тврдења! Како ги напишаа апостолите своите списи? Каде го најдоа тој материјал што го запишаа во своите книги? Дали тие, пред да седнат да ги напишат новозаветните списи, излегоа на терен да го соберат истиот материјал што пред тоа им го изнесоа или што им го предадоа на верниците како усно предание? И дали тие за своите книги зависеа и во колкава мера зависеа од усното предание што веќе беше меѓу верниците на терен? Дали без усното предание, што самите пред тоа го изнесоа на терен, апостолите не ќе можеа да ни ги напишат новозаветните книги, Новиот завет? Дали навистина „светото предание е постаро од Светото писмо?“ Ако навистина „Светото писмо произлегло од светото предание“, тогаш како произлегло, како се испилило од него? Ако навистина „Светото писмо е изданок на светото предание“, тогаш како никна и како израсна тој изданок, тој ластар, од светото предание? Дали навистина светото предание беше извор од кој произлезе Светото писмо? И дали, кога не би постоел тој извор, „ние ни ден денес не би го имале Светото писмо?“ Итн., итн.
Да му дадеме збор на апостол Јован да ни одговори на овие прашања, тој да ни каже каде го најде и од кого го доби тој материјал што го напиша во своето евангелие, во своите три посланија и во Откровението: „Она што го чувме, она што го видовме со нашите очи, што го разгледавме и што го опипаа нашите раце, за Речта на животот, и животот се јави, и видовме, и сведочиме, и ви го навестуваме вечниот живот, кој беше во Отецот, и ни се јави нам; она што го видовме и го чувме, тоа ви го навестуваме, та и вие да имате заедништво; а нашето заедништво е со Отецот и со неговиот Син, Исус Христос. Тоа ви го пишуваме за да биде вашата радост потполна.“ (1. Јованово 1,1-4)
Накратко! Апостол Јован е многу јасен и прецизен. Христос е извор на целокупната библиска наука. Апостолите три и пол години се напојувале од тој извор додека и самите не станале извор и жива Библија од која произлегле и усното библиско предание и напишаните списи на Новиот завет, односно Светото писмо на Новиот завет. Со помош на Светиот Дух Христос својата наука ја пренел, ја всадил, ја врежал длабоко во нив, во нивниот ум, во нивните мисли, во нивното срце и во целокупниот нивни живот, и на тој начин самите тие, апостолите, станале, како што кажавме, жив извор на Христовата наука која се разлевала насекаде околу нив, нивниот ум прераснал во жива Библија од која произлегло и усното библиско предание, а подоцна, независно од преданието, истата таа жива Библија од нивниот ум преминала во пишан облик, во облик на Свето писмо на Новиот завет. Она што го виделе, што го слушнале и што го доживеале апостолите за време на својата заедница со Хриса која траела три и пол години, во меѓувреме Христос со Светиот Дух го надополнил и го збогатил со нови сознанија и откровенија и, како што кажавме, апостолите сето тоа огромно духовно богатство од својата жива Библија од прва рака ни го преточиле во пишан облик во своите списи. Така апостолите ни ги напишале своите списи на Новиот завет. Така настанало Светото писмо на Новиот завет. Така настанало и Светото писмо на Стариот завет. Според тоа, Светото писмо ни е дадено од прва рака, директно од Бога преку пророците и апостолите. Тоа не никнало, не произлегло, не се испилило, ниту пак зависело од некакво постаро предание кое пред тоа кружело меѓу народот како усно предание. Ништо од сето тоа.
Да ги анализираме посебно списите на Новиот завет. Евангелието според Матеја и списите на апостол Петар и на апостол Павле! Сите тие биле Исусови апостоли, како и Јован. Според тоа, немало потреба тие за своите списи да собираат информации кај народот и од тие информации да ги напишат своите списи. Сите откровенија што ни ги напишале во своите списи тие ги добиле директно од Христа.
Марко е внук на апостол Петар и директен очевидец и учесник во настаните што се одигрувале во тоа време. Бил придружник и на апостол Павле на неговите мисионерски патувања. Се смета дека Марко е оној младич кој го следел Христа од Гетсиманија до свештеничкиот поглавар, кого го фатиле, а тој им ја оставил наметката во раце и гол побегнал (Марко 14,51). Но, некои работи што Марко ги запишал во своето евангелие ги чул директно од апостол Петар. Петар е очевидецот, а Марко е писателот на тој извештај на апостол Петар. Значи, Марко не одел околу наоколу да собира материјал и граѓа (усно предание) за своето евангелие, зашто дел од материјалот за своето евангелие Марко добил директно од очевидецот Петар. Затоа евангелието на Марко инаку се вика Евангелие на апостол Петар.
Лука е историчар и учесник во подоцнежните настани поврзани со активностите на апостолите, особено со активностите на апстол Павле. Тој го придружува апостол Павле на патот кон Рим и води дневник за сите настани што ги доживувале на бродот и во Рим. Така настанала книгата „Делата на апостолите“, како дневник на Лука. Во таа книга немаме преданија, туку изворен извештај од прва рака на нејзиниот писател. Како стојат работите со Еванглието на Лука? Рековме дека Лука е историчар. За своето евангелие тој не собира информации од улица, туку од директните очевидци на настаните поврзани со Исуса Христа. Самиот тој кажува: „Мнозина се обидоа да го запишат кажувањето на настаните што се случија меѓу нас, како што ни ги предадоа оние кои уште од почетокот беа очевидци и служители на Словото, намислив и јас, откако испитав сè од почеток, да ти опишам точно по ред, честити Теофиле, за да ја познаеш веродостојноста на учењето, во кое си поучуван.“ (Лука 1,1-4)
Јасно е дека за своето евангелие Лука отишол кај апостолите и од нив добил информации од прва рака, кај „оние кои уште од почетокот беа очевидци и служители на Словото“, кои настаните ги виделе со свои очи и ги чуле со свои уши. Тие информации што кружеле меѓу народот како усно предание и како некоја божем претходница на Светото писмо, Лука имал можност да ги провери кај очевидците, за разлика од Василие Велики кој немал таква можност да ги провери информациите, односно точноста на светото православно предание кое до него пристигнало по тајни патишта три века подоцна како испревртено Свето писмо. Според тоа, ниту Евангелито на Лука не произлегло од пазувите на светото предание.
Понатаму, посланијата на Јакова и Јуда! Јаков и Јуда се Исусови браќа и од почеток директни учесници во сите новозаветни настани. Според тоа, и тие ни пренесуваат директно откровение од Бога.
Накусо и за тврдењето на Лазар Милин и на другите православни теолози: „Пред Мојсеја не постоела ниту една книга од Библијата. Тоа што Мојсеј го напишал во Исход, Левит, Броеви и Повторени закони секако претставува лично доживување и искуство на Мојсеја. Но тоа што го напишал во првата книга од Библијата, во книгата Битие, напишано е според преданието. Значи, во Стариот завет преданието му претходело на Светото писмо.“52
Да не губиме време околу тврдењето на Милина дека тоа што Мојсеј „го напишал во првата книга од Библијата, во книгата Битие, напишано е според преданието. Значи, во Стариот завет преданието му претходело на Светото писмо.“
Во Библијата имаме два текста кои упатуваат на Мојсеја како писател на првата негова книга, наречена Прва книга Мојсеева или Битие.
Дела 15,1: „А некои луѓе слегоа од Јудеја и ги поучуваа браќата: ‘Ако не се обрежете според Мојсеевиот обичај, не можете да бидете спасени!’“ Овој текст упатува на 1. Мојсеева 17,9-14 каде што Мојсеј го напишал законот за обрезанието.
Вториот текст кој упатува на Мојсеја како автор на Прва книга Мојсеева се наоѓа во Јован 7,22: „Мојсеј ви го даде обрезанието, не затоа што тоа е од Мојсеја, туку од татковците, и вие во сабота обрезувате човек.“ Според тоа, Мојсеј ја пишувал и својата прва книга, книгата наречена Прва книга Мојсеева или Битие.
Како теолог, Лазар Милин требало да ги знае овие текстови за Мојсеја како автор на споменатата книга.
Можно е Мојсеј како историчар да презел некои делови и од историјата или за потребите на своите хронологии и родословии некои податоци да презел од други извори што му биле достапни но, секако, тоа не е предание.
Заклучок: Апостолите и пророците во своите свети списи ни пренесуваат лични и директни откровенија од Бога, не преданија кои пред тоа кружеле меѓу народот усно. Ни пренесуваат оригинална Божја реч, не реч што ја препишале од некакви претходни преданија што ги собрале некаде на терен, на улица, на пазариште во чаршијата на своето време.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата и преданието“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
За Библијата како единствен темел на нашето спасение доста зборувавме во претходниот наслов со неговите поднаслови. Но, пред да преминеме на ПРЕДАНИЕТО, овде ќе приведеме уште два библиски текста: „Имаме најсигурна пророчка Реч (Библија), и вие добро правите што...
Католичката црква и преданието
Веќе кажавме дека Римокатоличката црква во 16 век (1546 г.), на соборот во Трент, донела одлука за проширување на еврејската Библија (Стариот завет), прифаќајќи го „поширокиот“, односно александрискиот канон, или грчкиот превод на Стариот завет со апокрифи, наречен...
Православната црква и преданието
Што е тоа предание? Приведуваме повеќе дефиниции: „Усното предавање/пренесување на учењето на Исуса Христа и на настаните на евангелската историја е - Свето предание. Тоа во Црквата постои паралелно со Светото писмо и го дополнува (...), но во евангелието ни приближно...
Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“
Би било интересно да се забележи вистината што веднаш ни паѓа во очи кога го читаме тврдењето на православните теолози дека „светото предание“ е постаро од Светото писмо. Имено, одлуките на вселенските собори, учењето за светите тајни, каноните и правилата на...
Василие Велики и светото предание на православието
Еден од најголемите црковни учители и црковни отци, врвен авторитет за православието, секако, е Василие Велики од 4-от век. Заедно со другиот великан на православието, Јован Златоуст, подоцна двајцата прогласени за светци, го напишале текстот на молитвата која за...
Вистината за православните вселенски собори
„Како е дадено божественото откровение и како им се дава тоа на луѓето? На два начина: со помош на Светото предание и Светото писмо. Кој и каде дал вакво сведоштво за светото предание? Светата Црква на своите свечени собори кои се викаат Вселенски собори и кои се...
Христијанство по инерција
Ако ги прашате верниците на Православната црква зошто веруваат така како што веруваат, повеќеото од нив ќе одговорат на следниот начин: „Ние веруваме така како што веруваме затоа што така учи нашата „Православна црква која е единствена правоверна Црква која верува и...
Вистината со Јован 21,25
Да го разјасниме извештајот во Јован 21,25, кој за теолозите на традиционалната Црква, особено за православните теолози, претставува неисцрпен библиски мајдан од каде што тие ги ископуваат своите преданија. Со други зборови, тој текст е своевиден „елдорадо“ за нивните...
Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?
„Што е тоа Свето предание? Тоа се сите оние духовни богатства што сме ги наследиле од нашите свети предци, а кои се во совршена хармонија со Светото писмо и кои ни помагаат правилно да го разбереме Светото писмо.“54 „Може ли да се оддели Светото предание од Светото...
За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква
Свети обреди: За да ги опишат христијанските свети обреди, христијаните во источниот дел од традиционалната Црква, каде што се користел грчкиот јазик, го употребувале зборот mysterion (мистерија) „тајна“. Во Католичката црква на запад, каде што преовладувал латинскиот...
Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет
Кирил Зајцев, руски протојереј и апологет, во една своја жолчна расправија со протестантите, јавно им поставува повеќе прашања. Внимателно да го ислушаме неговиот говор, кој едновремено е и говор со кој православието им се обраќа на протестантите: „Дозволете ми да ви...
Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието
Христос не ги посветил апостолите за свештеници да вршат свештеничка служба во храмот или во црквата, чијашто завеса Бог ја искинал надве во мигот кога Христос издивнал на крстот, туку ги посветил и ги ракоположил за проповедници на евангелието, давајќи им заповед:...
Универзално свештенство на верниците во Новиот завет
Да нема забуна во врска со земните свештеници! Новиот завет зборува за универзално свештенство - сите верници на Божјата црква во Новиот завет се Божји свештеници, „царско (Божје) свештенство“: „А вие сте избран род, царско свештенство, свет народ, кој му припаѓа на...
Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва
„Талмуд е збирка на запишани еврејски усни преданија, многукратно поголема од Библијата. Таа збирка науката ја познава како талмудска книжевност, или, како што сите ја знаат, Талмуд.“70 Постојат два талмуда: Ерусалимски и Вавилонски Талмуд. „Пред сè, талмудите, ниту...
Светото писмо и Светото предание
„Светото писмо е врв на Светото предание на Божјата Црква, и за својата висина и големина што ги достигнува тоа може да ѝ заблагодари на таа огомна планина чијшто врв е. Симнато од таа планина на Светото предание, цврстата карпа на Светото писмо станува глина која...
Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата
Апостол Павле имал проблем со лажни апостоли кои на верниците во Коринт им проповедале друго евангелие, различно од она што го проповедале Христовите апостоли, а им забележува и на верниците што се одвратиле од вистинското апостолско евангелие и прифатиле лажно...
За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква
Божјата реч на традиционалната Црква ѝ припишува тежок грев идолопоклонство. Како што видовме, Источната црква многу крв пролеала додека не ги внела иконите како идоли во своите храмови. Покрај иконите, друг вид тешко идолопоклонство и суеверие општо во...
Христијанската црква е виновна за појавата на исламот
Да повториме! Токму заради гревовите што ги опишавме претходно, Источната црква ја снашла тешка казна - заради тие нејзини гревови Бог дозволил да се појави исламот како камшик за христијанството. Всушност христијанството е виновно што на светската сцена во петтата и...
Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?
Треба и мораме да признаеме дека во религиозниот свет се појавуваат најразлични чудеса (чудотворенија) кои припадниците на одредена вероисповед ги уверуваат дека Бог токму ним им е наклонет и дека токму тие се дел на единствената вистинска Божја црква. Факт е дека...
Христос и преданијата
Разлика меѓу преданијата што ги наследиле од предците и Божјата реч постоела и кај луѓето во Христово време и Христос бил мошне отворен и јасен по тоа прашање: „Зошто твоите ученици не живеат според преданието (традицијата) на старите, туку јадат леб со неизмиени...
Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?
Црквата дошла во жесток судир со Библијата која се дигнала против неа и силно ја осудувала затоа што нејзината изворна Божја наука ја заменила со црковна наука екстремно проникната со паганизмот на старите народи. За да се ослободи од нејзината осуда и од осилката што...
Протестантскиот лозунг
Како што видовме, Римокатоличката и Православната црква се поставуваат над Светото писмо. Тие веруваат и учат дека Црквата има авторитет да го толкува или да го ограничи толкувањето на Светото писмо, зашто, наводно, таа одлучила кои книги ќе влезат во канонот на...
За христијанските празници и за христијанскиот политеизам
Веднаш да кажеме дека празниците се дел на христијанското предание и традиција, чиста историска категорија без библиска основа. Тие, барем на нашиве простори, потекнуваат од словенскиот паганизам, или пак се хибрид меѓу словенскиот и индоевропскиот паганизам, со...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.