Светото писмо и Светото предание
„Светото писмо е врв на Светото предание на Божјата Црква, и за својата висина и големина што ги достигнува тоа може да ѝ заблагодари на таа огомна планина чијшто врв е. Симнато од таа планина на Светото предание, цврстата карпа на Светото писмо станува глина која тогаш секој може да ја обликува по своја волја.“73
Според оваа теологија на Православната црква, Светото писмо не може да стои самостојно на свои нозе. Значи, пророците и апостолите ни напишале, односно ни создале или родиле немошно дете, инвалид во инвалидска количка, или дете кое мора да се потпира на патерици; покорно слугинче кое му слугува на светото предание. Според парвославието, Светото писмо се испилило од „таа огромна планина“ на „светото предание“ коешто е негова „сигурна подлога“ да не го оддуваат планинските ветришта. Надвор од таа подлога, надвор од православното „свето предание“, Светото писмо е само „глина“ и кршлива грнчарија, и ништо друго. – Огромни бесмислици! Бог да му е на помош на православието за овие бесмислици!
„Усното Свето предание што го сочувала Православната црква во чистота сè до денес го изразува животот на Светиот Дух во Црквата и на исправен начин нè оспособува во целост, и како што треба, да ја сфатиме Библијата. Без сомнение, тоа е постаро од Светото писмо зашто, да не било тоа, тогаш ни ден денес не би го имале Светото писмо. Без Светото предание сè уште би траела борбата на Црквата за утврдување на автентичноста на новозаветните книги. Конкретно, Светото писмо на Новиот завет никогаш не би заживеало.“74 – Не! Токму „светото предание“ толку многу го усложнило процесот на канонизацијата на Новиот завет! Кога „светото предание“ не би ги вмешало своите прсти во тој процес, споменатата канонизација не би траела толку долго, речиси илјада години, туку би завршила веднаш откако биле напишани сите списи на Новиот завет. За ова доста зборуваме во насловот „Светото писмо или Библијата“, во поднасловот „Канонот на Новиот завет“.
„Светото писмо не е подлабоко ниту поважно од Светото предание, туку, како што е кажано, тоа претставува еден од неговите облици. Светото писмо е најдрагоцен облик на Светото предание, најпогоден за чување и користење, и кога тоа би се изделило од потокот на светото предание, не би можело правилно да се разбере со никакви научни истражувања.“75
Од ова тврдење на Катихизисот на Православната црква за односот меѓу Светото писмо и светото предание произлегува следната вистина: Кога Светото писмо „би се изделило од потокот на светото предание“, тоа би се исушило и пресушило и би се претворило во сува безживотна пустина. Од таа причина, тоа (Светото писмо) е присилено постојано да биде прикачено на „потокот на светото предание“, постојано да биде залевано и наводнувано (дополнувано) од него за да опстане, да преживее. „Светото писмо не е“ ниту „подлабоко ниту поважно од светото предание, туку, како што е кажано, тоа претставува еден од неговите облици.“ Зборовите „еден од неговите облици“ значат дека светото предание се јавува во повеќе облици, од кои, еден е и Светото писмо. Или, „потокот на светото предание“ во своето устие се дели на повеќе ракави, од кои еден е и Светото писмо. Според тоа, светото предание е стожер околу кој, заедно со другите негови облици и ракави, се врти и Светото писмо! – Какви бесмислици! Какви апсурди! Какво понижување за Светото писмо како директна Божја реч!Светото предание е „Реч Божја која не ни е предадена по писмен пат, туку усно, и потекнува од самиот Христос и од неговите апостоли“, а подоцна, на вселенските собори потврдено и прифатено како „свето предание“ и како „Реч Божја“, тврди православието.
Можно ли е порака да патува со векови, низ толку бурна историја, од почеток не во пишан облик од нејзините автори, ами изговорена само усно, до нас да пристигне изворно, неизменета, необременета со човечки примеси? – Тоа наликува на онаа вообичаена игра кога сакаме да поучиме некого како се искривоколчува некоја порака кога патува усно од уво до уво. Првите измени ги забележуваме веќе при вториот пренесувач на пораката, за на крај, кај четвртиот, петтиот или шестиот пренесувач таа наполно да ја загуби својата првобитна смисла и содржина. Така и преданието, доколку и постоела некаква првобитна основа за него, со текот на времето нему многу работи му се накалемиле, така што тоа, пренесувајќи се усно од поколение на поколение, прераснало во бесмислено празноверие и суеверие.
Кој имал можност да го контролира од мигот кога било изговорено, макар тоа да било и од страна на апостолите, па сè до моментот кога е запишано и прифатено како свето предание дури подоцна на црковните собори? Во прашање се векови во кои преданието кружело усно како исказ од уво до уво и на крај запишано кога од неговиот оригинал истекла содржината и суштината а останала само лушпата.
Слабост на преданието е тоа што не можеме да го споредиме и да го провериме на ниту еден начин, зашто за него не постои никаков автограф, оригинален запис од авторот, или веродостојна копија, или писмен извор од кој потекнува за да оцениме дека таа порака до нас стигнала во нејзиниот првобитен оригинал, како што е тоа случај со книгите на библискиот канон. Сепак, најголема трагедија на преданието: ако го споредиме со Светото писмо, тоа е премногу далеку од него.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата и преданието“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
За Библијата како единствен темел на нашето спасение доста зборувавме во претходниот наслов со неговите поднаслови. Но, пред да преминеме на ПРЕДАНИЕТО, овде ќе приведеме уште два библиски текста: „Имаме најсигурна пророчка Реч (Библија), и вие добро правите што...
Католичката црква и преданието
Веќе кажавме дека Римокатоличката црква во 16 век (1546 г.), на соборот во Трент, донела одлука за проширување на еврејската Библија (Стариот завет), прифаќајќи го „поширокиот“, односно александрискиот канон, или грчкиот превод на Стариот завет со апокрифи, наречен...
Православната црква и преданието
Што е тоа предание? Приведуваме повеќе дефиниции: „Усното предавање/пренесување на учењето на Исуса Христа и на настаните на евангелската историја е - Свето предание. Тоа во Црквата постои паралелно со Светото писмо и го дополнува (...), но во евангелието ни приближно...
Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“
Би било интересно да се забележи вистината што веднаш ни паѓа во очи кога го читаме тврдењето на православните теолози дека „светото предание“ е постаро од Светото писмо. Имено, одлуките на вселенските собори, учењето за светите тајни, каноните и правилата на...
Василие Велики и светото предание на православието
Еден од најголемите црковни учители и црковни отци, врвен авторитет за православието, секако, е Василие Велики од 4-от век. Заедно со другиот великан на православието, Јован Златоуст, подоцна двајцата прогласени за светци, го напишале текстот на молитвата која за...
Вистината за православните вселенски собори
„Како е дадено божественото откровение и како им се дава тоа на луѓето? На два начина: со помош на Светото предание и Светото писмо. Кој и каде дал вакво сведоштво за светото предание? Светата Црква на своите свечени собори кои се викаат Вселенски собори и кои се...
Христијанство по инерција
Ако ги прашате верниците на Православната црква зошто веруваат така како што веруваат, повеќеото од нив ќе одговорат на следниот начин: „Ние веруваме така како што веруваме затоа што така учи нашата „Православна црква која е единствена правоверна Црква која верува и...
Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!
„Црковното учење се темели на два извора - на Светото писмо и на Светото предание - при што Светото писмо се смета за изданок на Светото предание, и како такво тоа се толкува само во неговите рамки.“47 „Што е постаро, Светото писмо или Светото предание? Светото...
Вистината со Јован 21,25
Да го разјасниме извештајот во Јован 21,25, кој за теолозите на традиционалната Црква, особено за православните теолози, претставува неисцрпен библиски мајдан од каде што тие ги ископуваат своите преданија. Со други зборови, тој текст е своевиден „елдорадо“ за нивните...
Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?
„Што е тоа Свето предание? Тоа се сите оние духовни богатства што сме ги наследиле од нашите свети предци, а кои се во совршена хармонија со Светото писмо и кои ни помагаат правилно да го разбереме Светото писмо.“54 „Може ли да се оддели Светото предание од Светото...
За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква
Свети обреди: За да ги опишат христијанските свети обреди, христијаните во источниот дел од традиционалната Црква, каде што се користел грчкиот јазик, го употребувале зборот mysterion (мистерија) „тајна“. Во Католичката црква на запад, каде што преовладувал латинскиот...
Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет
Кирил Зајцев, руски протојереј и апологет, во една своја жолчна расправија со протестантите, јавно им поставува повеќе прашања. Внимателно да го ислушаме неговиот говор, кој едновремено е и говор со кој православието им се обраќа на протестантите: „Дозволете ми да ви...
Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието
Христос не ги посветил апостолите за свештеници да вршат свештеничка служба во храмот или во црквата, чијашто завеса Бог ја искинал надве во мигот кога Христос издивнал на крстот, туку ги посветил и ги ракоположил за проповедници на евангелието, давајќи им заповед:...
Универзално свештенство на верниците во Новиот завет
Да нема забуна во врска со земните свештеници! Новиот завет зборува за универзално свештенство - сите верници на Божјата црква во Новиот завет се Божји свештеници, „царско (Божје) свештенство“: „А вие сте избран род, царско свештенство, свет народ, кој му припаѓа на...
Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва
„Талмуд е збирка на запишани еврејски усни преданија, многукратно поголема од Библијата. Таа збирка науката ја познава како талмудска книжевност, или, како што сите ја знаат, Талмуд.“70 Постојат два талмуда: Ерусалимски и Вавилонски Талмуд. „Пред сè, талмудите, ниту...
Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата
Апостол Павле имал проблем со лажни апостоли кои на верниците во Коринт им проповедале друго евангелие, различно од она што го проповедале Христовите апостоли, а им забележува и на верниците што се одвратиле од вистинското апостолско евангелие и прифатиле лажно...
За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква
Божјата реч на традиционалната Црква ѝ припишува тежок грев идолопоклонство. Како што видовме, Источната црква многу крв пролеала додека не ги внела иконите како идоли во своите храмови. Покрај иконите, друг вид тешко идолопоклонство и суеверие општо во...
Христијанската црква е виновна за појавата на исламот
Да повториме! Токму заради гревовите што ги опишавме претходно, Источната црква ја снашла тешка казна - заради тие нејзини гревови Бог дозволил да се појави исламот како камшик за христијанството. Всушност христијанството е виновно што на светската сцена во петтата и...
Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?
Треба и мораме да признаеме дека во религиозниот свет се појавуваат најразлични чудеса (чудотворенија) кои припадниците на одредена вероисповед ги уверуваат дека Бог токму ним им е наклонет и дека токму тие се дел на единствената вистинска Божја црква. Факт е дека...
Христос и преданијата
Разлика меѓу преданијата што ги наследиле од предците и Божјата реч постоела и кај луѓето во Христово време и Христос бил мошне отворен и јасен по тоа прашање: „Зошто твоите ученици не живеат според преданието (традицијата) на старите, туку јадат леб со неизмиени...
Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?
Црквата дошла во жесток судир со Библијата која се дигнала против неа и силно ја осудувала затоа што нејзината изворна Божја наука ја заменила со црковна наука екстремно проникната со паганизмот на старите народи. За да се ослободи од нејзината осуда и од осилката што...
Протестантскиот лозунг
Како што видовме, Римокатоличката и Православната црква се поставуваат над Светото писмо. Тие веруваат и учат дека Црквата има авторитет да го толкува или да го ограничи толкувањето на Светото писмо, зашто, наводно, таа одлучила кои книги ќе влезат во канонот на...
За христијанските празници и за христијанскиот политеизам
Веднаш да кажеме дека празниците се дел на христијанското предание и традиција, чиста историска категорија без библиска основа. Тие, барем на нашиве простори, потекнуваат од словенскиот паганизам, или пак се хибрид меѓу словенскиот и индоевропскиот паганизам, со...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.