Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Би било интересно да се забележи вистината што веднаш ни паѓа во очи кога го читаме тврдењето на православните теолози дека „светото предание“ е постаро од Светото писмо. Имено, одлуките на вселенските собори, учењето за светите тајни, каноните и правилата на помесните синоди и собори, правилата на св. Василие и на другите светители, списите на светите отци и нивните житија и другите компоненти на православното предание настанале со векови подоцна откако е завршено пишувањето на Библијата и смртта на апостолите! Сиот проблем, кој всушност теолозите на Источната црква сакаат да го решат со прогласување на светото предание за еднакво со Светото писмо лежи во сознанието или во вистината дека во рамките на нивното верување постои долга низа догми кои не можат на ниту еден начин да ги пронајдат своите темели во светите текстови на христијанството, односно во светите текстови на Новиот завет. Многу од нив дури се и во директна спротивност со апостолската теологија.

Православниот автор, Иван Николин, наставник на Витанската духовна семинарија, признал дека причина за претераното нагласување на важноста на преданието е токму ова: „Важноста и неопходноста на преданието и во еден и во друг облик (устен и пишан) се неоспорни. (…) Ако светото предание не би го дополнувало Светото писмо, тогаш, значи, многу верски прашања (почитување на светителите, на иконите, на молитвите за мртвите) би останале без поволно решение.“9

Според тоа, единствено решение што им преостанало на теолозите на Источната црква е споменатите учења на преданијата да ги прогласат за еднакво боговдахновени како и текстовите кои произлегле од перото на личните придружници или од апостолите на Исуса Христа.

„Каква и колку смисла има да се верува во наследно право на званичната Црква, која тврди дека потекнува директно од апостолите, а со тоа и од Христа, како што тоа своевремено го формулирал уште Тертулијан (160-220)? Истиот автор, расправајќи за веќе до тогаш врежаните обичаи на тројно нуркање при крштавањето, за принесување на дарови за мртвите, за осенувањето со крстниот знак и друго, морал да признае: ‘Ако за овие и за други такви прописи барате позитивни библиски наредби, вие не ќе најдете ниту една таква наредба. Традицијата е нивни извор, обичаите ги потврдуваат и верата ги држи.’“ – Да, не Светото писмо, туку традицијата и обичаите!10

Православието за воздушните митарства: „Темел на учењето за митарствата во Светото писмо! Непрекратната и постојана употреба насекаде во Црквата, учењето за митарствата, особено меѓу учителите во четвртиот век, непорекливо сведочи за тоа дека ним тоа учење им го предале учителите од постарите векови и дека истото се темели на апостолското предание. Со други зборови, тоа се темели на Светото писмо и во потполност се согласува со него.“ – Во никој случај! Ниту трунка вистина во ова тврдење дека учењето за митарствата „се темели на Светото писмо и во потполност се согласува со него“. Учењето за православните митарства е светлосни години далеку од библиската вистина! Тоа се стопроцентни човечки измислици! Повеќе за апсурдите на митарствата во насловот „Библијата за смртта“, во поднасловот „Православието за православните митарства“.

Беше кажано дека истакнатиот православен теолог, Јустин Поповиќ, признава оти многу нешта од православното учење потекнуваат од апокрифните евангелија: „Во историјата за раѓањето на Господа Исуса Христа се изнесени подробности кои ги нема во евангелската благовест. Речиси сите тие подробности се позајмени од таканаречените апокрифни евангелија. На прво место тука спаѓа ‘Протоевангелието (Прво евангелие) на Јакова’, кое, без сомнение, е најстар споменик на апокрифната книжевност.“11

„Во евангелието ни приближно не е се’ запишано… Многу настани и понатаму се прераскажувале усно. На пример, прераскажувањата за раѓањето на Богородица, за нејзиното воведение во Храмот, за нејзиното славно успение, не се напишани во Евангелието.“ – Секако, тие кажувања и прераскажувања за Богородица и сите други кажувања и прераскажувања за другите настани, кои православието преку преданието ги прибрало во својата теологија – се и остануваат на ниво на кажувања и прераскажувања, без Божји печат.12

Добар одговор во врска со овие „кажувања и прераскажувања“ дава православниот епископ, Георгие Поповиќ (епископ нишки и темишварски, живеел до 1757. год.). Неговите зборови ги запишал големиот српски просветител, Доситеј Обрадовиќ. Георгие Поповиќ рекол: „Праведниот и милостив Бог човекот го создал слободен, му дал ум и разум за да го водат и просветлуваат во секое време. Старите (светите отци) мислеле за себе, а ние треба да мислиме за нас; не сме ниту ние изделкани од трупец. Луѓе сме разумни, надарени со ум и разум од Бога, а при тоа го имаме во раце Христовото евенгелие и апостолската наука; според тоа, зошто е потребно други да нè влечат за нос? Ниту е право ниту е чесно.“13

Според православните правила, човек во никој случај не смее да ја чита Библијата толкувајќи и разбирајќи ја независно од учењата на светите отци, напоменувајќи дека и самата таа помисла би била „лажна и сенишна (страшна)“14

Кога за библиските текстови би расудувале изделено од учењето на многубројните „свети отци“, токму онака како што би требало да се расудува (иако православните тоа го сметаат за „сенишна“ мисла), би ни станало јасно дека Господ во никој случај не одобрува голем дел од нивната верска пракса, од праксата на црковните отци. Божјата реч забранува иконопочитување, молитви за мртвите, молитвено обраќање на мртвите „светители“, а има и наполно поинакво учењето за спасението, за крштението, за причеста, за воскресението на мртвите итн. Вака, кога човек на своите очи ќе ги стави „очилата“ на светото предание и кога значењето на Библијата ќе го прифати онака како што произлегло од умовите на подоцнежните црковни авторитети (кои во многу нешта биле и едни со други противречни), кои во христијанското богослужение воведувале најрзалични новотарии, наполно е сигурно дека низ тие очила (низ очилата на преданието) тој нема да го забележи изворното христијанско исповедање, туку ќе прифати наука и вера кои се далеку од Библијата. Токму така постапува видниот руски богослов и автор, Сергиј Булгаков, кој на православието речиси сосила му ги наметнува очилата на преданието тврдејќи дека и самата помисла Библијата да ја толкува и да ја сфаќа независно од учењата на светите отци е „лажна и сенишна (страшна)“. Православието просто е опиено со таа мисла од која многу тешко се ослободува, да ги симне од своите очи очилата на преданието и да почне трезно и рационално да размислува за темелните спасоносни библиски вистини, да ја прифати Библијата како единствено мерило за сè, како мерило за спасението на грешниците.

Оваа вистина за православието со очилата на преданието ја забележал и еден од најголемите и најпознати книжевници на модерното време, рускиот писател Лав Николајевич Толстој. Иако тој не им припаѓал на црквите на евангелските христијани, ниту пак во многу нешта го делел нивното верување, Толстој напишал неколку дела во кои покажал отворено несогласување со учењето на Православната црква, при што настанал отворен судир во кој тој е исклучен од споменатата Црква. Меѓу другото, еве што напишал Толстој, споредувајќи го изворното Христово учење со неговите многубројни погрешни и погубни толкувања што настанале во текот на подоцнежните векови:

„И јас почнав да го изучувам од христијанството она христијанско учење кое раководи со животот на луѓето. Јас почнав да го изучувам она христијанство чијашто примена сум ја видел во животот, и почнав таа примена да ја споредувам со нејзиниот извор. Извор на христијанското учење беа евангелијата; и во евангелијата јас наоѓав објаснение за онаа смисла што раководела со животите на сите луѓе. Но паралелно со тој извор на чиста вода на животот, јас најдов неоправдано соединето со неа кал и тревулина, кои ја засолнуваат од мене неговата чистота; наспоредно со високото христијанско учење, јас најдов поврзано со него и за него туѓо, грдо еврејско и црковно учење.“15

Да го послушаме повторно епископот Георгие Поповиќ, кој, во врска со православните црковни отци, кои го родиле православното „свето предание“, застапувал исправно библиско гледиште: „Но, нели ни е слободно да расудиме дали е можно Светиот Дух поинаку да учи и озаконува преку апостол Павле, а поинаку преку ‘светите отци’? На овој начин Светиот Дух би си противречил самиот на себе, денес учејќи на еден начин, а утре на друг, и не би можело да му се верува ниту во едно ниту во друго; но тоа не е можно ниту да се помисли. Сè што Светиот Дух еднаш ќе озакони и утврди, тоа мора во век века да остане непоколебано и свето. Луѓето често самите себеси си противречат, навлегуваат во незаконитост, зашто се луѓе подложни на грешки; а Божјиот Дух, вечната Вистина, Безгрешниот и Совршен, никогаш во ништо ниту може, ниту сака себеси да си противречи, ниту во нешто да згреши. Затоа, ако ‘светите отци’ во нешто постапувале против науката на апостол Павле, нека ми простат, тие можеле како луѓе во тоа и да згрешат против јавната наука на Светиот Дух, предадена преку апостол Павле, мудрувајќи (…) Но имало многу свети отци!? Ништо за тоа! Да биле илјада пати толку, сиот свет да се согласи, да дојде и ангел од небото и да учи нешто против апостолската наука, не треба да се прими ниту да се верува. Ова не го кажувам јас, туку лично Светиот Дух од устата на апостол Павле (епископот мисли на стиховите од Посланието до Галатите 1,6-10, н.з.). ‘Не верувајте му на секој дух, туку проверувајте ги духовите дали се од Бога’, нè учи истиот оној, Јован Богослов, кој од градите на Спасителот црпел мудрост (1. Јованово 4,1). Како ќе ги проверуваме? (…) Дали тоа се согласува со првата наука на Светиот Дух? И, ако не е, не е од Бога; Бог својата волја никогаш не ја менува.“16 – Во целост се согласуваме со изјавата на мудриот епископ.

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата и преданието“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

 

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

За Библијата како единствен темел на нашето спасение доста зборувавме во претходниот наслов со неговите поднаслови. Но, пред да преминеме на ПРЕДАНИЕТО, овде ќе приведеме уште два библиски текста: „Имаме најсигурна пророчка Реч (Библија), и вие добро правите што...

Католичката црква и преданието

Веќе кажавме дека Римокатоличката црква во 16 век (1546 г.), на соборот во Трент, донела одлука за проширување  на еврејската Библија (Стариот завет), прифаќајќи го „поширокиот“, односно александрискиот канон, или грчкиот превод на Стариот завет со апокрифи, наречен...

Православната црква и преданието

Што е тоа предание? Приведуваме повеќе дефиниции: „Усното предавање/пренесување на учењето на Исуса Христа и на настаните на евангелската историја е - Свето предание. Тоа во Црквата постои паралелно со Светото писмо и го дополнува (...), но во евангелието ни приближно...

Василие Велики и светото предание на православието

Еден од најголемите црковни учители и црковни отци, врвен авторитет за православието, секако, е Василие Велики од 4-от век. Заедно со другиот великан на православието, Јован Златоуст, подоцна двајцата прогласени за светци, го напишале текстот на молитвата која за...

Вистината за православните вселенски собори

„Како е дадено божественото откровение и како им се дава тоа на луѓето? На два начина: со помош на Светото предание и Светото писмо. Кој и каде дал вакво сведоштво за светото предание? Светата Црква на своите свечени собори кои се викаат Вселенски собори и кои се...

Христијанство по инерција

Ако ги прашате верниците на Православната црква зошто веруваат така како што веруваат, повеќеото од нив ќе одговорат на следниот начин: „Ние веруваме така како што веруваме затоа што така учи нашата „Православна црква која е единствена правоверна Црква која верува и...

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

„Црковното учење се темели на два извора - на Светото писмо и на Светото предание - при што Светото писмо се смета за изданок на Светото предание, и како такво тоа се толкува само во неговите рамки.“47 „Што е постаро, Светото писмо или Светото предание? Светото...

Вистината со Јован 21,25

Да го разјасниме извештајот во Јован 21,25, кој за теолозите на традиционалната Црква, особено за православните теолози, претставува неисцрпен библиски мајдан од каде што тие ги ископуваат своите преданија. Со други зборови, тој текст е своевиден „елдорадо“ за нивните...

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

„Што е тоа Свето предание? Тоа се сите оние духовни богатства што сме ги наследиле од нашите свети предци, а кои се во совршена хармонија со Светото писмо и кои ни помагаат правилно да го разбереме Светото писмо.“54 „Може ли да се оддели Светото предание од Светото...

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Свети обреди: За да ги опишат христијанските свети обреди, христијаните во источниот дел од традиционалната Црква, каде што се користел грчкиот јазик, го употребувале зборот mysterion (мистерија) „тајна“. Во Католичката црква на запад, каде што преовладувал латинскиот...

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Кирил Зајцев, руски протојереј и апологет, во една своја жолчна расправија со протестантите, јавно им поставува повеќе прашања. Внимателно да го ислушаме неговиот говор, кој едновремено е и говор со кој православието им се обраќа на протестантите: „Дозволете ми да ви...

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Христос не ги посветил апостолите за свештеници да вршат свештеничка служба во храмот или во црквата, чијашто завеса Бог ја искинал надве во мигот кога Христос издивнал на крстот, туку ги посветил и ги ракоположил за проповедници на евангелието, давајќи им  заповед:...

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Да нема забуна во врска со земните свештеници! Новиот завет зборува за универзално свештенство - сите верници на Божјата црква во Новиот завет се Божји свештеници, „царско (Божје) свештенство“: „А вие сте избран род, царско свештенство, свет народ, кој му припаѓа на...

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

„Талмуд е збирка на запишани еврејски усни преданија, многукратно поголема од Библијата. Таа збирка науката ја познава како талмудска книжевност, или, како што сите ја знаат, Талмуд.“70 Постојат два талмуда: Ерусалимски и Вавилонски Талмуд. „Пред сè, талмудите, ниту...

Светото писмо и Светото предание

„Светото писмо е врв на Светото предание на Божјата Црква, и за својата висина и големина што ги достигнува тоа може да ѝ заблагодари на таа огомна планина чијшто врв е. Симнато од таа планина на Светото предание, цврстата карпа на Светото писмо станува глина која...

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

Апостол Павле имал проблем со лажни апостоли кои на верниците во Коринт им проповедале друго евангелие, различно од она што го проповедале Христовите апостоли, а им забележува и на верниците што се одвратиле од вистинското апостолско евангелие и прифатиле лажно...

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Божјата реч на традиционалната Црква ѝ припишува тежок грев идолопоклонство. Како што видовме, Источната црква многу крв пролеала додека не ги внела иконите како идоли во своите храмови. Покрај иконите, друг вид тешко идолопоклонство и суеверие општо во...

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Да повториме! Токму заради гревовите што ги опишавме претходно, Источната црква ја снашла тешка казна - заради тие нејзини гревови Бог дозволил да се појави исламот како камшик за христијанството. Всушност христијанството е виновно што на светската сцена во петтата и...

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Треба и мораме да признаеме дека во религиозниот свет се појавуваат најразлични чудеса (чудотворенија) кои припадниците на одредена вероисповед ги уверуваат дека Бог токму ним им е наклонет и дека токму тие се дел на единствената вистинска Божја црква. Факт е дека...

Христос и преданијата

Разлика меѓу преданијата што ги наследиле од предците и Божјата реч постоела и кај луѓето во Христово време и Христос бил мошне отворен и јасен по тоа прашање: „Зошто твоите ученици не живеат според преданието (традицијата) на старите, туку јадат леб со неизмиени...

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Црквата дошла во жесток судир со Библијата која се дигнала против неа и силно ја осудувала затоа што нејзината изворна Божја наука ја заменила со црковна наука екстремно проникната со паганизмот на старите народи. За да се ослободи од нејзината осуда и од осилката што...

Протестантскиот лозунг

Како што видовме, Римокатоличката и Православната црква се поставуваат над Светото писмо. Тие веруваат и учат дека Црквата има авторитет да го толкува или да го ограничи толкувањето на Светото писмо, зашто, наводно, таа одлучила кои книги ќе влезат во канонот на...

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

Веднаш да кажеме дека празниците се дел на христијанското предание и традиција, чиста историска категорија без библиска основа. Тие, барем на нашиве простори, потекнуваат од словенскиот паганизам, или пак се хибрид меѓу словенскиот и индоевропскиот паганизам, со...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат