Православната црква и преданието

Што е тоа предание? Приведуваме повеќе дефиниции: „Усното предавање/пренесување на учењето на Исуса Христа и на настаните на евангелската историја е – Свето предание. Тоа во Црквата постои паралелно со Светото писмо и го дополнува (…), но во евангелието ни приближно не е сè запишано… Многу настани и понатаму се прераскажувале усно. На пример, прераскажувањата за раѓањето на Богородица, за нејзиното воведение во Храмот, за нејзиното славно успение, не се напишани во Евангелието.“4

„За нас православните светото предание е најголемо духовно богатство кое на Црквата усно ѝ го подариле сам Господ и најголемите духовни отци на христијанството, почнувајќи од светите апостоли и понатаму преку светите отци и учители на Црквата. Тоа е неразделно од Светото писмо и, како и Светото писмо, и тоа е извор на верата и мерило на вистинитоста и на верското учење.“5

„Црквата отсекогаш учела дека своето натприродно откровение Бог ни го дал во два облика. Во облик на Свето предание и во облик на Свето Писмо. Овие два облика не се исклучуваат, туку се надополнуваат“, ќе каже истакнатиот православен теолог и гласноговорник на православието, господин Лазар Милин, во своето дело „Црквата и сектите“, во издание на МПЦ, Скопје 1999, во одделот „Светото Писмо и Светото предание“ на стр. 165, и продолжува: „И навистина, никаде, буквално никаде во целото Свето Писмо не е запишано такво тврдење дека Светото Писмо е единствениот извор на верата и единствена мерка на вистинитоста.“ – Повеќе пати потврдивме дека Светото писмо е единствен извор на вистината и Божје мерило на кое и со кое Бог мери и проверува сè. Не ни е јасно зошто Бог своето натприродно откровение би ни го дал во два облика!?

Во споменатиот оддел господин Милин тврди: „Светото предание, кое ние го сметаме за извор и правило на верата како и Светото Писмо, не е никакво ‘човечко предание’, ниту ‘човечка’ наука и заповед, ниту пак фолклор или народен обичај. Ништо од сето тоа не влегува во поимот и содржината на Светото предание за кое ние зборуваме. Под Свето предание ние ја подразбираме Речта Божја која не ни е предадена по писмен пат, туку усно, и потекнува од самиот Христос и од неговите апостоли… Тоа што усно го примила Црквата од апостолите, тоа е Свето предание. Тоа се чувало во Црквата, и тоа морало да се чува. Тоа е историски познато, а тоа е и логично“ (стр. 168,170). – Се чувало 3-4 века изворно, незапишано, историски познато – И ТОА Е ЛОГИЧНО!? Во никој случај! Тука нема никаква логика, никаква рационалност!

„Црковното учење се темели на два извора – на Светото писмо и на Светото предание – при што Светото писмо се смета за изданок на Светото предание, и како такво тоа се толкува само во неговите рамки.“6

„Што е тоа Свето предание? Тоа се сите оние духовни богатства што сме ги наследиле од нашите свети предци, а кои се во совршена хармонија со Светото писмо и кои ни помагаат правилно да го разбереме Светото писмо. Што е постаро, Светото писмо или Светото предание? Светото предание. Што е пообемно? Светото предание. Апостол Јован го потврдува ова кога кажува: ‘А има и многу други работи што ги изврши Исус и кои, ако би се напишале по ред, ми се чини не би можеле да се сместат во целиот свет напишаните книги’ (Јован 21,25).“7

„Светото предание постојано се продолжува; и сега, не во помала мера отколку порано, ние живееме во Светото предание и го создаваме.“8 – Споре тоа, преданијата се незавршен процес на постојано надоградување. Согласно со тоа, кон учењето на Источната црква постојано се додаваат нови откровенија кои стануваат составен дел на нејзината догма.

Да резимираме: Православната црква верува и тврди дека нејзиното „свето предание“ „во Црквата постои паралелно со Светото писмо и го дополнува“, дека „тоа е неразделно од Светото писмо и, како и Светото писмо, и тоа е извор на верата и мерило на вистинитоста и на верското учење“, дека „светото предание не е никакво ‘човечко предание’, ниту ‘човечка’ наука и заповед, ниту пак фолклор или народен обичај“, дека ‘светото предание’ е „Божја реч која потекнува од Христа и Православната црква „го примила усно од апостолите“, дека „морала да го чува“ усно, незапишано (3-4 века, н.з.), дека „црковното учење се темели на два извора – на Светото писмо и на Светото предание“, дека „Светото писмо се смета за изданок на светото предание“, дека тоа произлегло од пазувите на „светото предание“ и дека „тоа се толкува само во неговите рамки“, дека под „свето предание“ се подразбираат „сите оние духовни богатства што Црквата ги наследила од нејзините свети предци“, дека таа огромна книжна оставина од црковните отци „е во совршена хармонија со Светото писмо и дека таа (оставината од црковните отци) ни помага правилно да го разбереме Светото писмо“, дека „светото предание“ „е постаро и пообемно од Светото писмо“, дека „светото предание постојано се продолжува и сега не во помала мера отколку порано“, и дека православието „живее во светото предание и го создава“.

Почитувани, така верува, така тврди и така, со преголема самоувереност, Православната црква ни го претставува своето „свето предание“. Ако овие многубројни силни тврдења на Православната црква за нејзиното „свето предание“ се точни, тогаш „светото предание“ навистина мора да биде соодветно, наполно компатибилно и комплементарно со Светото писмо! А дали е така? Не! Во никој случај! Преданието и Библијата се два непомирливи антипода меѓу кои не постои никакво соодветство, никаков еквивалент, ниту пак некаква компатибилност или комплементарност.

Не треба многу да се намачиме за да потврдиме и да докажеме дека овие тврдења на православието за неговото „свето предание“, кое во сè го изедначува со Светото писмо, не се точни. Ако „светото предание“ навистина е вистинито, тоа мора да биде наполно согласно со учењето на апостолите што го наоѓаме во канонот на Новиот завет, чиишто списи ни ги напишале лично апостолите со своја рака пред две илјади години. Ако е точно тврдењето на Православнта црква: „Црковното учење се темели на два извора – на Светото писмо и на Светото предание“, тогаш мора двата извора да точат иста,  бистра и слатка вода, а не едниот бистра, а другиот матна, не едниот слатка, а другиот горчлива вода, како што ни кажува апостол Јаков: „А тече ли од еден ист извор слатка и горчлива вода? … Така, од еден ист извор не може да тече солена и слатка вода“ (Јаков 3,11.12). Ако се помешаат двете различни води од двата извора – бистрата и матната, горчливата и слатката, солената и слатката, се добива вода мешаница која не е за никаква употреба. Православието го направило токму тоа: Бистрите води на Божјата реч „светите отци“ ги помешале со матните и горчливите води на апокрифните теологии на античкиот паганизам и ја добиле православната теологија, која личи на сè друго само не на вистинската христијанска библиска теологија. Но, рековме дека тоа треба да го потврдиме.

Ќе наведеме мислења и на православни теолози, но и на други автори, со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“ и ќе се увериме колку вистина има во тоа тврдење на нашите православни браќа.

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата и преданието“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

 

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

За Библијата како единствен темел на нашето спасение доста зборувавме во претходниот наслов со неговите поднаслови. Но, пред да преминеме на ПРЕДАНИЕТО, овде ќе приведеме уште два библиски текста: „Имаме најсигурна пророчка Реч (Библија), и вие добро правите што...

Католичката црква и преданието

Веќе кажавме дека Римокатоличката црква во 16 век (1546 г.), на соборот во Трент, донела одлука за проширување  на еврејската Библија (Стариот завет), прифаќајќи го „поширокиот“, односно александрискиот канон, или грчкиот превод на Стариот завет со апокрифи, наречен...

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Би било интересно да се забележи вистината што веднаш ни паѓа во очи кога го читаме тврдењето на православните теолози дека „светото предание“ е постаро од Светото писмо. Имено, одлуките на вселенските собори, учењето за светите тајни, каноните и правилата на...

Василие Велики и светото предание на православието

Еден од најголемите црковни учители и црковни отци, врвен авторитет за православието, секако, е Василие Велики од 4-от век. Заедно со другиот великан на православието, Јован Златоуст, подоцна двајцата прогласени за светци, го напишале текстот на молитвата која за...

Вистината за православните вселенски собори

„Како е дадено божественото откровение и како им се дава тоа на луѓето? На два начина: со помош на Светото предание и Светото писмо. Кој и каде дал вакво сведоштво за светото предание? Светата Црква на своите свечени собори кои се викаат Вселенски собори и кои се...

Христијанство по инерција

Ако ги прашате верниците на Православната црква зошто веруваат така како што веруваат, повеќеото од нив ќе одговорат на следниот начин: „Ние веруваме така како што веруваме затоа што така учи нашата „Православна црква која е единствена правоверна Црква која верува и...

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

„Црковното учење се темели на два извора - на Светото писмо и на Светото предание - при што Светото писмо се смета за изданок на Светото предание, и како такво тоа се толкува само во неговите рамки.“47 „Што е постаро, Светото писмо или Светото предание? Светото...

Вистината со Јован 21,25

Да го разјасниме извештајот во Јован 21,25, кој за теолозите на традиционалната Црква, особено за православните теолози, претставува неисцрпен библиски мајдан од каде што тие ги ископуваат своите преданија. Со други зборови, тој текст е своевиден „елдорадо“ за нивните...

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

„Што е тоа Свето предание? Тоа се сите оние духовни богатства што сме ги наследиле од нашите свети предци, а кои се во совршена хармонија со Светото писмо и кои ни помагаат правилно да го разбереме Светото писмо.“54 „Може ли да се оддели Светото предание од Светото...

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Свети обреди: За да ги опишат христијанските свети обреди, христијаните во источниот дел од традиционалната Црква, каде што се користел грчкиот јазик, го употребувале зборот mysterion (мистерија) „тајна“. Во Католичката црква на запад, каде што преовладувал латинскиот...

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Кирил Зајцев, руски протојереј и апологет, во една своја жолчна расправија со протестантите, јавно им поставува повеќе прашања. Внимателно да го ислушаме неговиот говор, кој едновремено е и говор со кој православието им се обраќа на протестантите: „Дозволете ми да ви...

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Христос не ги посветил апостолите за свештеници да вршат свештеничка служба во храмот или во црквата, чијашто завеса Бог ја искинал надве во мигот кога Христос издивнал на крстот, туку ги посветил и ги ракоположил за проповедници на евангелието, давајќи им  заповед:...

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Да нема забуна во врска со земните свештеници! Новиот завет зборува за универзално свештенство - сите верници на Божјата црква во Новиот завет се Божји свештеници, „царско (Божје) свештенство“: „А вие сте избран род, царско свештенство, свет народ, кој му припаѓа на...

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

„Талмуд е збирка на запишани еврејски усни преданија, многукратно поголема од Библијата. Таа збирка науката ја познава како талмудска книжевност, или, како што сите ја знаат, Талмуд.“70 Постојат два талмуда: Ерусалимски и Вавилонски Талмуд. „Пред сè, талмудите, ниту...

Светото писмо и Светото предание

„Светото писмо е врв на Светото предание на Божјата Црква, и за својата висина и големина што ги достигнува тоа може да ѝ заблагодари на таа огомна планина чијшто врв е. Симнато од таа планина на Светото предание, цврстата карпа на Светото писмо станува глина која...

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

Апостол Павле имал проблем со лажни апостоли кои на верниците во Коринт им проповедале друго евангелие, различно од она што го проповедале Христовите апостоли, а им забележува и на верниците што се одвратиле од вистинското апостолско евангелие и прифатиле лажно...

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Божјата реч на традиционалната Црква ѝ припишува тежок грев идолопоклонство. Како што видовме, Источната црква многу крв пролеала додека не ги внела иконите како идоли во своите храмови. Покрај иконите, друг вид тешко идолопоклонство и суеверие општо во...

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Да повториме! Токму заради гревовите што ги опишавме претходно, Источната црква ја снашла тешка казна - заради тие нејзини гревови Бог дозволил да се појави исламот како камшик за христијанството. Всушност христијанството е виновно што на светската сцена во петтата и...

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Треба и мораме да признаеме дека во религиозниот свет се појавуваат најразлични чудеса (чудотворенија) кои припадниците на одредена вероисповед ги уверуваат дека Бог токму ним им е наклонет и дека токму тие се дел на единствената вистинска Божја црква. Факт е дека...

Христос и преданијата

Разлика меѓу преданијата што ги наследиле од предците и Божјата реч постоела и кај луѓето во Христово време и Христос бил мошне отворен и јасен по тоа прашање: „Зошто твоите ученици не живеат според преданието (традицијата) на старите, туку јадат леб со неизмиени...

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Црквата дошла во жесток судир со Библијата која се дигнала против неа и силно ја осудувала затоа што нејзината изворна Божја наука ја заменила со црковна наука екстремно проникната со паганизмот на старите народи. За да се ослободи од нејзината осуда и од осилката што...

Протестантскиот лозунг

Како што видовме, Римокатоличката и Православната црква се поставуваат над Светото писмо. Тие веруваат и учат дека Црквата има авторитет да го толкува или да го ограничи толкувањето на Светото писмо, зашто, наводно, таа одлучила кои книги ќе влезат во канонот на...

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

Веднаш да кажеме дека празниците се дел на христијанското предание и традиција, чиста историска категорија без библиска основа. Тие, барем на нашиве простори, потекнуваат од словенскиот паганизам, или пак се хибрид меѓу словенскиот и индоевропскиот паганизам, со...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат