Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?
Треба и мораме да признаеме дека во религиозниот свет се појавуваат најразлични чудеса (чудотворенија) кои припадниците на одредена вероисповед ги уверуваат дека Бог токму ним им е наклонет и дека токму тие се дел на единствената вистинска Божја црква.
Факт е дека Источната и Западната црква се две доктринално противставени и меѓусебно анатемисани цркви, со вековна меѓусебна исклучивост, и секоја од нив верува дека токму таа е изворно Христова, додека онаа, другата, треба да се покае, да ги отфрли своите ереси и да стапи во канонско единство со онаа, првата. Така, очигледно е дека припадниците и на Источната и на Западната црква ќе бидат уверени дека баш нивната Црква е „единствено исправна“ токму поради чудата што ги прават нивните светители/светци „во Божје име“ меѓу Божјиот народ.
Но факт е дека и во Источната и во Западната црква е присутна еднаква чудотворност на светците, на иконите, киповите, моштите и реликвиите, и според здравата логика, не е можно чудата кај едни да потекнуваат од Бога, а кај другите од ѓаволот, што би требало да претставува факт дека Бог еднакво ги благословува и римокатолиците и православните. Или, според Библијата, што е многу пореално – споменатите чудотворенија во рамките на двете цркви воопшто не доаѓаат од Бога, туку од силите што му се противставени на Бога.
Во минатото и меѓу паганските идолопоклнички народи имало многу слични религиски феномени. Во четвртиот век по Христа, кога паганскиот идолопоклонички систем се рушел пред налетот на христијанството на Константина, се случувале исти вакви чудеса и во незнабожечките храмови. Тие чудеса ги правеле римските и другите богови, со очајни обиди повторно да ги привлечат кон себе масите на римското царство за да не заминат во заборав пред ширењето на христијанството.
„Во втората половина од четвртиот век, кога Римското царство почнало да се урива ‘под ударите на новите општествени и економски сили, кои својот верски израз го наоѓале во христијанството’, тогаш цутат чудеса; паганските идоли и светци ги отвораат и затвораат очите, се потат и леат чудотворни солзи. Се множи бројот на храмови и капели во светилиштата на Ескулап и на другите божества во Епидаур, во Делфи, во Атина и на Тибериските острови како доказ за ‘добиената милост’. (…) Чудотворенијата од крајот на политеизмот се неприфатливи за идеологијата на христијанството кое почнало да напредува. Но истото тоа христијанство веќе во средниот век чудото ќе го користи како основно средство на својата идеолошка стратегија. Чудото станува одредувачки елемент на хагиогафиите на христијанските светци.“94
Ние во никој случај не можеме да се согласиме со теолозите на традиционалната Црква кои тврдат дека чудесата што потекнуваат од иконите, од киповите и од реливкиите на светителите (светците) доаѓаат од Бога. Имено, Господ Исус и апостолите уште во свое време навестиле дека ќе се појават лажни учители, лажни пророци и исцелители кои ќе се претставуваат како следбеници на единствениот вистински христијански пат и ќе заведат многу библиски неупатени луѓе, а ќе се обидат да ги прелажат и Божјите избрани:
„Ќе се појават лажни христоси и лажни пророци и ќе покажат големи знаци и чуда за да ги прелажат, ако е можно, и избраните“ (Матеј 24,24).
„Доаѓањето на тој беззаконик ќе биде под дејство на сатаната, со секаква сила и знаци и лажни чудеса, и со секакво неправедно измамување меѓу оние кои гинат, затоа што не ја примија љубовта на вистината за да се спасат. И затоа Бог ќе им прати сила на заблуда за да поверуваат во лагата и да бидат осудени сите кои не поверуваа во вистината, а ја засакаа неправдата.“ (2. Солуњаните 2,9-12)
Светот ќе биде сведок за појава на чудни знаци и лажни чуда во религиозниот свет. Сосем сигурно се подразбира дека „лажните учители и чудотворци“ од Далечниот Исток (слично на Саи Баба и другите хиндуистички гуруи, левитатори и јогисти) или од окултистичкото New Age движење, не можат да ги прелажат христијаните кои се утврдени во изворната библиска вера чијшто темел е сам Христос.
Меѓутоа, за жал, огромен дел од христијаните кои го сочинуваат христијанскиот кош, немаат абер што е тоа Библија, што е тоа изворна библиска наука и вистинско библиско христијанство. Тие не се упатени ниту во основните библиски вистини кои се оружје за одбрана од секоја лага и невистина, во дадениов случај од лажните чудотворенија во христијанскиот свет со кои постојано сме сардисани од сите страни.
Според Библијата, сите чудотворенија што ги прават „лажните христоси и лажните пророци“, чудотворци, и сите чудотворенија што ги прават светителите/светците со помош на чудотворните икони, кипови, мошти и реликвии, се лажни чудотворенија и не доаѓаат од Бога, туку од силите што му се противставени на Бога. „Тоа се демонски (ѓаволски) духови, кои прават чуда“ (Откровение 16,14.16).
За нив и за нивните активности, Христос кажува: „Мнозина ќе ми речат во оној ден: ‘Господе, Господе, не ли во твое име пророкувавме? И зар во твое име демони не изгонувавме? И нели во твое име многу чуда правевме?’ И тогаш јас ќе им кажам: ‘Никогаш не сум ве познавал; бегајте од мене вие што правите беззаконие!’“ (Матеј 7,22.23).
Апостол Павле ја опишува нашата борба со „демонските (ѓаволски) духови, кои прават чуда“ и ни кажува како единствено можеме да ги победиме: „Облечете се во сето Божје оружје за да можете да се одржите пред лукавствата на ѓаволот. Зашто нашата борба не е против крв и месо, туку против управителите, против властите, против световните мрачни сили на овој свет, против духовните сили на злото под небесата. Затоа земето го сето Божје оружје за да можете да се противставите во лош ден и, откако ќе свршите сè, да се одржите!… Земете го шлемот на спасението и мечот на Духот, кој е Речта Божја“, Божјето слово, Библијата (Ефесците 6,11-18).
Да, пред силните налети на „демонските (ѓаволски) духови, кои прават чуда“, и пред нивните лажни чудотворенија, можеме да опстанеме, да не паднеме, да не бидеме прелагани, единствено со силата на изворната библиска наука, се разбира, ако добро ја познаваме и ако сме утврдени во неа и со неа.
Да заклучиме: Зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците, стојат демонски сили.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата и преданието“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
За Библијата како единствен темел на нашето спасение доста зборувавме во претходниот наслов со неговите поднаслови. Но, пред да преминеме на ПРЕДАНИЕТО, овде ќе приведеме уште два библиски текста: „Имаме најсигурна пророчка Реч (Библија), и вие добро правите што...
Католичката црква и преданието
Веќе кажавме дека Римокатоличката црква во 16 век (1546 г.), на соборот во Трент, донела одлука за проширување на еврејската Библија (Стариот завет), прифаќајќи го „поширокиот“, односно александрискиот канон, или грчкиот превод на Стариот завет со апокрифи, наречен...
Православната црква и преданието
Што е тоа предание? Приведуваме повеќе дефиниции: „Усното предавање/пренесување на учењето на Исуса Христа и на настаните на евангелската историја е - Свето предание. Тоа во Црквата постои паралелно со Светото писмо и го дополнува (...), но во евангелието ни приближно...
Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“
Би било интересно да се забележи вистината што веднаш ни паѓа во очи кога го читаме тврдењето на православните теолози дека „светото предание“ е постаро од Светото писмо. Имено, одлуките на вселенските собори, учењето за светите тајни, каноните и правилата на...
Василие Велики и светото предание на православието
Еден од најголемите црковни учители и црковни отци, врвен авторитет за православието, секако, е Василие Велики од 4-от век. Заедно со другиот великан на православието, Јован Златоуст, подоцна двајцата прогласени за светци, го напишале текстот на молитвата која за...
Вистината за православните вселенски собори
„Како е дадено божественото откровение и како им се дава тоа на луѓето? На два начина: со помош на Светото предание и Светото писмо. Кој и каде дал вакво сведоштво за светото предание? Светата Црква на своите свечени собори кои се викаат Вселенски собори и кои се...
Христијанство по инерција
Ако ги прашате верниците на Православната црква зошто веруваат така како што веруваат, повеќеото од нив ќе одговорат на следниот начин: „Ние веруваме така како што веруваме затоа што така учи нашата „Православна црква која е единствена правоверна Црква која верува и...
Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!
„Црковното учење се темели на два извора - на Светото писмо и на Светото предание - при што Светото писмо се смета за изданок на Светото предание, и како такво тоа се толкува само во неговите рамки.“47 „Што е постаро, Светото писмо или Светото предание? Светото...
Вистината со Јован 21,25
Да го разјасниме извештајот во Јован 21,25, кој за теолозите на традиционалната Црква, особено за православните теолози, претставува неисцрпен библиски мајдан од каде што тие ги ископуваат своите преданија. Со други зборови, тој текст е своевиден „елдорадо“ за нивните...
Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?
„Што е тоа Свето предание? Тоа се сите оние духовни богатства што сме ги наследиле од нашите свети предци, а кои се во совршена хармонија со Светото писмо и кои ни помагаат правилно да го разбереме Светото писмо.“54 „Може ли да се оддели Светото предание од Светото...
За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква
Свети обреди: За да ги опишат христијанските свети обреди, христијаните во источниот дел од традиционалната Црква, каде што се користел грчкиот јазик, го употребувале зборот mysterion (мистерија) „тајна“. Во Католичката црква на запад, каде што преовладувал латинскиот...
Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет
Кирил Зајцев, руски протојереј и апологет, во една своја жолчна расправија со протестантите, јавно им поставува повеќе прашања. Внимателно да го ислушаме неговиот говор, кој едновремено е и говор со кој православието им се обраќа на протестантите: „Дозволете ми да ви...
Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието
Христос не ги посветил апостолите за свештеници да вршат свештеничка служба во храмот или во црквата, чијашто завеса Бог ја искинал надве во мигот кога Христос издивнал на крстот, туку ги посветил и ги ракоположил за проповедници на евангелието, давајќи им заповед:...
Универзално свештенство на верниците во Новиот завет
Да нема забуна во врска со земните свештеници! Новиот завет зборува за универзално свештенство - сите верници на Божјата црква во Новиот завет се Божји свештеници, „царско (Божје) свештенство“: „А вие сте избран род, царско свештенство, свет народ, кој му припаѓа на...
Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва
„Талмуд е збирка на запишани еврејски усни преданија, многукратно поголема од Библијата. Таа збирка науката ја познава како талмудска книжевност, или, како што сите ја знаат, Талмуд.“70 Постојат два талмуда: Ерусалимски и Вавилонски Талмуд. „Пред сè, талмудите, ниту...
Светото писмо и Светото предание
„Светото писмо е врв на Светото предание на Божјата Црква, и за својата висина и големина што ги достигнува тоа може да ѝ заблагодари на таа огомна планина чијшто врв е. Симнато од таа планина на Светото предание, цврстата карпа на Светото писмо станува глина која...
Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата
Апостол Павле имал проблем со лажни апостоли кои на верниците во Коринт им проповедале друго евангелие, различно од она што го проповедале Христовите апостоли, а им забележува и на верниците што се одвратиле од вистинското апостолско евангелие и прифатиле лажно...
За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква
Божјата реч на традиционалната Црква ѝ припишува тежок грев идолопоклонство. Како што видовме, Источната црква многу крв пролеала додека не ги внела иконите како идоли во своите храмови. Покрај иконите, друг вид тешко идолопоклонство и суеверие општо во...
Христијанската црква е виновна за појавата на исламот
Да повториме! Токму заради гревовите што ги опишавме претходно, Источната црква ја снашла тешка казна - заради тие нејзини гревови Бог дозволил да се појави исламот како камшик за христијанството. Всушност христијанството е виновно што на светската сцена во петтата и...
Христос и преданијата
Разлика меѓу преданијата што ги наследиле од предците и Божјата реч постоела и кај луѓето во Христово време и Христос бил мошне отворен и јасен по тоа прашање: „Зошто твоите ученици не живеат според преданието (традицијата) на старите, туку јадат леб со неизмиени...
Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?
Црквата дошла во жесток судир со Библијата која се дигнала против неа и силно ја осудувала затоа што нејзината изворна Божја наука ја заменила со црковна наука екстремно проникната со паганизмот на старите народи. За да се ослободи од нејзината осуда и од осилката што...
Протестантскиот лозунг
Како што видовме, Римокатоличката и Православната црква се поставуваат над Светото писмо. Тие веруваат и учат дека Црквата има авторитет да го толкува или да го ограничи толкувањето на Светото писмо, зашто, наводно, таа одлучила кои книги ќе влезат во канонот на...
За христијанските празници и за христијанскиот политеизам
Веднаш да кажеме дека празниците се дел на христијанското предание и традиција, чиста историска категорија без библиска основа. Тие, барем на нашиве простори, потекнуваат од словенскиот паганизам, или пак се хибрид меѓу словенскиот и индоевропскиот паганизам, со...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.