Католичката црква и преданието
Веќе кажавме дека Римокатоличката црква во 16 век (1546 г.), на соборот во Трент, донела одлука за проширување на еврејската Библија (Стариот завет), прифаќајќи го „поширокиот“, односно александрискиот канон, или грчкиот превод на Стариот завет со апокрифи, наречен Септуагинта. Еве ја таа одлука од Трент:
„Секој кој овие книги не ги прими во целост како свети и канонизирани, онака како што често се читаат во Католичката црква, и кои се наоѓаат во старото издание на Vulgata Latina, или намерно и свесно ги презира споменатите традиции, нека биде проклет (Council of Trent fourth session).“ – Значи, покрај канонизираните списи на Стариот завет, Католичката црква прифаќа и канонизира апокрифи, прифаќа и канонизира традиција.
Католичката црква за доминантното значење на преданието или традицијата: „Традицијата, а не Писмото, е карпа врз којашто е изградена Црквата на Исуса Христа!“1 – Не! Во никој случај! Традицијата е карпа врз која е изградена Католичката црква, а не Црквата на Исуса Христа! Христовата црква е изградена врз карпата на Божјата реч, врз Писмото, врз темелите на пророците и апостолите, врз она неприкосновено: „Така кажува Господ Бог!“
Приведуваме дел од писмото на Комисијата од 1533 г. која на папата Климент VII му праќа извештај за преведувањето на Библијата кај протестантите:
„Треба да се вложат сите можни напори за да се оневозможи читањето на евангелието… Тоа е таа книга која, повеќе од која и да е друга книга, поттикнува против нас немири и буни пред кои ние целосно ќе се загубиме. И навистина, ако некој во целост ја студира и внимателно ја испитува, а потоа ја споредува со она како ние учиме и како постапуваме со текстовите од Библијата во нашите цркви, веднаш може да се забележи разлика и да се види нашата доктрина која во голема мера е спротивна на тие текстови. Ако тоа се сфати и се вкорени, ако се разгласи и прочуе кај народот, ќе има реакции и буни и ние ќе бидеме омаловажени и презрени. Затоа Библијата треба внимателно и целосно да се тргне од погледот на народот, зашто во спротивно можеме да поттикнуваме немири и буни.“3
Овој текст открива дека Католичката црква уште тогаш била свесна за големата разлика што постои меѓу библиската и црковната наука која во голема мера се темели на преданието, и затоа со сите можни средства настојувала Библијата „целосно да ја тргне од погледот на народот“, зашто, во спротивно, не ќе може народот да го држи на узда.
Што да кажеме за преданијата на Католичката црква која отворено тврди дека тие стојат над Библијата?
Уште нешто за еден од најважните црковни собори во историјата на Католичката црква, за соборот што го свикал папата Павле III во Трент, кој почнал во 1545 година и со прекини се состанувал полни осумнаесет години. На овој собор се водени расправии сè додека преданието (традицијата) не било прифатено и издигнато над Библијата. На тој собор надбискупот Гаспар де Фосо (Gaspare /Ricciulli/ de Fosso) од градот Реѓи, одржал говор во кој истакнал дека преданието има предност пред Библијата, зашто Црквата со својот авторитет ја заменила саботата со недела. Еве ги зборовите на неговиот говор одржан на 18 јануари во 1562 година:
„Законските прописи на Писмото, дадени од Господа, престанале по сила на авторитетот на Црквата. Највозвишениот ден во законот, саботата (тогаш наречена ‘Господов ден’), е заменет со недела … Оваа и другите промени, не произлегле од Христовата проповед (зашто Тој кажува дека не дошол да го укине законот, туку да го исполни). Тие промени настанале по сила на авторитетот на Црквата.“6
Во италијанското издание на книгата „Канонот и традицијата“ од д-р Х. Ј. Холцман, на стр. 263, авторот концизно го изнел истиот говор од кој цитираме еден дел:
„При крајот од последното заседание на соборот, на 18 јануари во 1562 година, колебањето меѓу присутните делегати престанало. Надбискупот Гаспар де Фосо од Реѓи во својот говор отворено изјавил дека традицијата (преданието) има предност пред Библијата. Според тоа, црковната власт не ѝ била потчинета на Библијата и влијанието на традицијата било поважно од Библијата, бидејќи Црквата ја заменила саботата со ‘сончевиот ден’, односно, наместо саботата, таа (Црквата) ја прогласила неделата како Господов ден, а тоа не го сторила по Христова заповед, туку по своја сопствена одлука.“
„Како две свети реки што течат од рајот, Библијата и божествената традиција содржат Реч Божја… Иако овие два божествена тока… се еднакво свети… сепак, вториот, ТРАДИЦИЈАТА, за нас е појасен и посигурен.“2
За Римокатоличката црква постојат три авторитети, односно три извори на христијанската доктрина или вистина:
- Свет магистериј или црковно учителство (бискупски или кардиналски совет), на чело со папата,
- Традицијата или преданието,
- Библијата.
За Католичката црква и за нејзините верници на прво место е црковното учителство (магистериј), на второ место е преданието, а Библијата дури на трето (последно) место. Едноставно кажано, врховен авторитет за верниците на оваа Црква, наместо Божјата реч или Библијата, е црковното учителство, кое има прв и последен збор во целокупниот нивни верски живот. Оттаму Црквата од своите верници бара апсолутна послушност кон црковното учителство, и неприкосновена покорност и послушност кон поглаварот на Црквата, кон папата, за кого една милијарда и двесте милиони католици веруваат и го прифаќаат како непогрешен кога издава некој декрет или кога прогласува некоја догма како „екс катедра“. Меѓутоа, атрибутот или прерогативот „непогрешен“ му припаѓа само и единствено на Бога и на ниту едно друго смртно суштество, па ниту на папата.
За разлика од Католичката, Православната црква има два извора на вистината: „Светото предание ние го сметаме за извор и правило на верата како и Светото Писмо.“ Но, како што веќе видовме, најголем дел од нејзината теологија се потпира врз апокрифите и всушност таа е апокрифна. Практично тоа значи дека за Православнта црква преданието е на прво место, а на второ е Библијата.
Како го правдаат Католичката и Православната црква преданието кое го издигнуваат над Библијата?
„Фактот што Светото писмо и традицијата одат заедно зброува за две правила кои управуваат со начинот на кој Црквата му пристапува на Божјето откровение. Првото од овие правила мошне едноставно е именувано во Ватикан II со овие зборови: ,Од она што е кажано произлегува дека Црквата своето знаење не го црпи од она што Бог го открил само во Светото писмо. Тоа произлегува оттаму што двете (традицијата и Светото писмо) мора да се прифатат и да се почитуваат со еднаква приврзаност и чест… Второ, нераскинливата врска меѓу Светото писмо и традицијата придонесува за фактот дека за католиците традицијата е контекст во чиишто рамки се толкува Светото писмо, токму како и традицијата што треба да се разбере и да се живее во согласност со Писмото.’“3
Истото тоа го тврди и Православната црква. Податоци за тоа во следниот поднаслов.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата и преданието“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
За Библијата како единствен темел на нашето спасение доста зборувавме во претходниот наслов со неговите поднаслови. Но, пред да преминеме на ПРЕДАНИЕТО, овде ќе приведеме уште два библиски текста: „Имаме најсигурна пророчка Реч (Библија), и вие добро правите што...
Православната црква и преданието
Што е тоа предание? Приведуваме повеќе дефиниции: „Усното предавање/пренесување на учењето на Исуса Христа и на настаните на евангелската историја е - Свето предание. Тоа во Црквата постои паралелно со Светото писмо и го дополнува (...), но во евангелието ни приближно...
Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“
Би било интересно да се забележи вистината што веднаш ни паѓа во очи кога го читаме тврдењето на православните теолози дека „светото предание“ е постаро од Светото писмо. Имено, одлуките на вселенските собори, учењето за светите тајни, каноните и правилата на...
Василие Велики и светото предание на православието
Еден од најголемите црковни учители и црковни отци, врвен авторитет за православието, секако, е Василие Велики од 4-от век. Заедно со другиот великан на православието, Јован Златоуст, подоцна двајцата прогласени за светци, го напишале текстот на молитвата која за...
Вистината за православните вселенски собори
„Како е дадено божественото откровение и како им се дава тоа на луѓето? На два начина: со помош на Светото предание и Светото писмо. Кој и каде дал вакво сведоштво за светото предание? Светата Црква на своите свечени собори кои се викаат Вселенски собори и кои се...
Христијанство по инерција
Ако ги прашате верниците на Православната црква зошто веруваат така како што веруваат, повеќеото од нив ќе одговорат на следниот начин: „Ние веруваме така како што веруваме затоа што така учи нашата „Православна црква која е единствена правоверна Црква која верува и...
Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!
„Црковното учење се темели на два извора - на Светото писмо и на Светото предание - при што Светото писмо се смета за изданок на Светото предание, и како такво тоа се толкува само во неговите рамки.“47 „Што е постаро, Светото писмо или Светото предание? Светото...
Вистината со Јован 21,25
Да го разјасниме извештајот во Јован 21,25, кој за теолозите на традиционалната Црква, особено за православните теолози, претставува неисцрпен библиски мајдан од каде што тие ги ископуваат своите преданија. Со други зборови, тој текст е своевиден „елдорадо“ за нивните...
Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?
„Што е тоа Свето предание? Тоа се сите оние духовни богатства што сме ги наследиле од нашите свети предци, а кои се во совршена хармонија со Светото писмо и кои ни помагаат правилно да го разбереме Светото писмо.“54 „Може ли да се оддели Светото предание од Светото...
За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква
Свети обреди: За да ги опишат христијанските свети обреди, христијаните во источниот дел од традиционалната Црква, каде што се користел грчкиот јазик, го употребувале зборот mysterion (мистерија) „тајна“. Во Католичката црква на запад, каде што преовладувал латинскиот...
Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет
Кирил Зајцев, руски протојереј и апологет, во една своја жолчна расправија со протестантите, јавно им поставува повеќе прашања. Внимателно да го ислушаме неговиот говор, кој едновремено е и говор со кој православието им се обраќа на протестантите: „Дозволете ми да ви...
Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието
Христос не ги посветил апостолите за свештеници да вршат свештеничка служба во храмот или во црквата, чијашто завеса Бог ја искинал надве во мигот кога Христос издивнал на крстот, туку ги посветил и ги ракоположил за проповедници на евангелието, давајќи им заповед:...
Универзално свештенство на верниците во Новиот завет
Да нема забуна во врска со земните свештеници! Новиот завет зборува за универзално свештенство - сите верници на Божјата црква во Новиот завет се Божји свештеници, „царско (Божје) свештенство“: „А вие сте избран род, царско свештенство, свет народ, кој му припаѓа на...
Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва
„Талмуд е збирка на запишани еврејски усни преданија, многукратно поголема од Библијата. Таа збирка науката ја познава како талмудска книжевност, или, како што сите ја знаат, Талмуд.“70 Постојат два талмуда: Ерусалимски и Вавилонски Талмуд. „Пред сè, талмудите, ниту...
Светото писмо и Светото предание
„Светото писмо е врв на Светото предание на Божјата Црква, и за својата висина и големина што ги достигнува тоа може да ѝ заблагодари на таа огомна планина чијшто врв е. Симнато од таа планина на Светото предание, цврстата карпа на Светото писмо станува глина која...
Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата
Апостол Павле имал проблем со лажни апостоли кои на верниците во Коринт им проповедале друго евангелие, различно од она што го проповедале Христовите апостоли, а им забележува и на верниците што се одвратиле од вистинското апостолско евангелие и прифатиле лажно...
За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква
Божјата реч на традиционалната Црква ѝ припишува тежок грев идолопоклонство. Како што видовме, Источната црква многу крв пролеала додека не ги внела иконите како идоли во своите храмови. Покрај иконите, друг вид тешко идолопоклонство и суеверие општо во...
Христијанската црква е виновна за појавата на исламот
Да повториме! Токму заради гревовите што ги опишавме претходно, Источната црква ја снашла тешка казна - заради тие нејзини гревови Бог дозволил да се појави исламот како камшик за христијанството. Всушност христијанството е виновно што на светската сцена во петтата и...
Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?
Треба и мораме да признаеме дека во религиозниот свет се појавуваат најразлични чудеса (чудотворенија) кои припадниците на одредена вероисповед ги уверуваат дека Бог токму ним им е наклонет и дека токму тие се дел на единствената вистинска Божја црква. Факт е дека...
Христос и преданијата
Разлика меѓу преданијата што ги наследиле од предците и Божјата реч постоела и кај луѓето во Христово време и Христос бил мошне отворен и јасен по тоа прашање: „Зошто твоите ученици не живеат според преданието (традицијата) на старите, туку јадат леб со неизмиени...
Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?
Црквата дошла во жесток судир со Библијата која се дигнала против неа и силно ја осудувала затоа што нејзината изворна Божја наука ја заменила со црковна наука екстремно проникната со паганизмот на старите народи. За да се ослободи од нејзината осуда и од осилката што...
Протестантскиот лозунг
Како што видовме, Римокатоличката и Православната црква се поставуваат над Светото писмо. Тие веруваат и учат дека Црквата има авторитет да го толкува или да го ограничи толкувањето на Светото писмо, зашто, наводно, таа одлучила кои книги ќе влезат во канонот на...
За христијанските празници и за христијанскиот политеизам
Веднаш да кажеме дека празниците се дел на христијанското предание и традиција, чиста историска категорија без библиска основа. Тие, барем на нашиве простори, потекнуваат од словенскиот паганизам, или пак се хибрид меѓу словенскиот и индоевропскиот паганизам, со...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.