Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет 66
Кирил Зајцев, руски протојереј и апологет, во една своја жолчна расправија со протестантите, јавно им поставува повеќе прашања. Внимателно да го ислушаме неговиот говор, кој едновремено е и говор со кој православието им се обраќа на протестантите:
„Дозволете ми да ви поставам неколку јасни, ниту малку магловити прашања и на нив одговорете ми јасно, без магловита красноречивост… Кажете ми, дали кај вас се сочувало она огромно духовно богатство кое на Црквата ѝ го предале светите апостоли? Или можеби за тоа не сте мислеле ниту пак сте чуле за такво богатство? (Молчење!)
Имате ли свештеници? Не! А тие постојат во Црквата од апостолските времиња. Свештенството ни го предале апостолите. За него јасно зборува истото Свето писмо кое во овој миг вие го држите во своите раце.
„Дали кај вас се сочувале светите тајни – крштение, миропомазание, покајание (или исповед), свештенство, причесна (евхаристија), брак, елеоосветување? Тие постојат од апостолскиот период, а за нив се говори во новозаветните свети книги.“
Дали, согласно со евангелието, ја почитувате Божјата мајка?
Имате ли молитвено општење со небесната црква, со светите апостоли, чиишто Писма сега се во вашите раце, со светителите, со мачениците и со сите праведници?
Имате ли молитвено општење со ангелите? Дали му се молите на ангелот чувар?
А, како што гледате, сето тоа постоело во апостолската црква. И сето тоа постои и во Православната црква.
Имате ли молитвено општење со умрените татковци, со мајките, со дедовците и со сите кои умреле со вера? Дали се молите за покојниците? Или нив сте ги заборавиле, па смртта испаднала посилна од Христовата љубов? А во апостолската црква се молеле за покојниците!
Иконите не ги почитувате. А дали го почитувате животворниот Господов крст? Дали себеси се осенувате со светиот крст? Дали крстот го носите на своите гради кој, според зборовите на апостолот, е „негова поруга“ (Евреите 13,13)
Сето тоа постоело во апостолската црква.
Моите прашања се јасни. Одговорете на нив. Молчите? Да, а што и би можеле да кажете кога ништо од тоа ни немате. А тоа навистина е огромно богатство.“67
На прв поглед се чини дека многу тешко ќе се ослободиме од впечатокот дека Кирил Зајцев, како „извонреден“ апологет на православието, со својот динамичен, инспиративен и убедлив говор пред протестантите мошне „успешно ја одбранил“ исправноста на речиси сета теологија на Православната црква. Тој повеќе пати повторува дека „сето тоа постоело во апостолската црква“ и дека „сето тоа постои и во Православната црква.“ Тој тврди дека тоа „огромно духовно богатство на Црквата ѝ го предале светите апостоли“. Што е уште позначајно, тој тврди дека за сето тоа „јасно зборува истото Свето писмо кое“ протестантите го држат „во своите раце“.
Ќе бидеме слободни да прашаме дали Кирил Зајцев воопшто ја отворил и дали ја прочитал Библијата за да провери во неа дали има и малку вистина во тоа што толку „убедливо“ го изнесува во својот говор?
За сето ова што го слушавме во говорот на Зајцев, и за севкупната теологија на традиционалната Црква, ние зборуваме на разни места во нашава книга. Во овој поднаслов на кантарот на Новиот завет ќе ја мериме установата на традиционалната Црква наречена „свештенство“ и „свештеници“. За таа цел уште еднаш ќе ги приведеме прашањата што им ги поставува Кирил Зајцев на протестантите во врска со свештенството и свештениците на Православната и Католичката црква, кои во историското минато биле две сестри близначки, меѓу кои настанале кавги кои предизвикале нивна поделба.
Прашањата на Кирил Зајцев во врска со свештенството и свештениците: „Имате ли свештеници? Не! А тие постојат во Црквата од апостолските времиња. Свештенството ни го предале апостолите. За него јасно зборува истото Свето писмо кое во овој миг вие го држите во своите раце.“
Кон оваа апологија на Зајцев го додаваме и званичниот став на Православната црква за оваа тема:
„Свештенството го сочинуваат: ѓакони, презвитери (свештеници) и епископи (владики)… Тоа се три степени на свештенството: ѓакони, презвитери и епископи (…) Свештеничката служба во Христовата црква е продолжена апостолска служба. Светото свештенство е преемник (наследник) на апостолската служба и на апостолската власт. Свештенството добило од Спасителот право какво што нема ниедна служба ниту во земната ниту во небесната Христова Црква.“ 68
Читавме дека свештенството е една од седумте „свети тајни“ на традиционалната Црква.
Од претходните тврдења и учења на православието произлегува дека свештеничкиот поредок во Православната црква го воспоставиле Христовите апостоли, дека „свештенството“ нејзе ѝ „го предале апостолите“, дека „свештениците… постојат во Црквата од апостолските времиња“, дека „светото свештенство е преемник (наследник) на апостолската служба и на апостолската власт“, дека „свештенството добило од Спасителот право какво што нема ниедна служба ниту во земната ниту во небесната Христова Црква“ и дека „за него јасно зборува Свето писмо“.
Сето ова може да звучи, и всушност тоа звучи многу пријатно за православието, но истото е премногу далеку од библиската вистина, зашто оваа своја теологија Црквата не може да ја оправда со ниту еден библиски доказ, од едноставна причина што Новиот завет не познава, не признава ниту прифаќа свештенство од типот на свештенството на Православната и Католичката црква. Термините „свештеници“ наместо „презвитери“, и „владики“ наместо „епископи“, не се наоѓаат во изворната библиска апостолска терминологија. Тие два термина – „свештеници“ и „владики“ – во црковната терминологија ги инсталирала Црквата со единствена цел на своето свештенство и на своите свештеници да им обезбеди библиски, односно апостолски и Божји легитимитет. Но, останува фактот дека тие термини, со кои Црквата ги покрива своите две установи – свештенството и свештениците – се само црковни термини и само црковни установи, без библиски и Божји легитимитет.
Многу пати е кажано, и пак ќе кажеме дека, кога Христос ги изговорил своите последни зборови на крстот на Голгота „Се сврши!“, завесата во храмот се скинала надве, од горе до долу, со што дефинитивно и неотповикливо е означен крајот на старозаветното свештенство и на старозаветната свештеничка служба во храмот, а и крајот на храмот како старозаветна категорија. Никаде во Библијата нема никаква најава за новозаветно свештенство, чиишто свештеници од Бога ќе добијат натприродна власт и моќ со која лебот и виното при причесната ќе ги претвораат во вистинско Христово тело и во вистинска Христова крв ниту илјадници и милион пати повторно Христа со нафората ќе го принесуваат како бескрвна жртва на олтарот во Црквата. Никаде во Боблијата не пишува дека тие (свештениците) ќе добијат право и власт од Бога да ги „врзуваат и разврзуваат“ гревовите на грешниците, дека токму тие ќе ги добијат од Христа „клучевите од небесното царство“ за да им ја отвораат и затвораат на грешниците вратата на рајот и пеколот, власт и сила грешниците да ги избавуваат од пеколот и да ги препраќаат во рајот и сл.
Според тоа, не е реална, ниту оправдана теологијата на традиционалната Црква која тврди дека „свештенството добило од Спасителот право какво што нема ниедна служба ниту во земната ниту во небесната Христова Црква.“ Тоа може да биде само фикција во умовите на оние што ја измислиле и на оние што ја прифатиле таа теологија. Тоа божемно право и таа божемна власт Црквата не ги добила од Бога, туку сама ги измислила и сама си ги припишала себеси. Тоа е најголема злоупотреба што ја извршила Црквата над библискиот текст за „клучевите од небесното царство“, злоупотреба од која произлегле најсвирепите грозомори на инквизицијата на двете цркви кои тоа божемно право и таа божемна власт што ги добиле од Христа ги бранеле со оган и крв, со ломачи и гилотини, ги бранеле пролевајќи стотици илјади тони невина човечка крв. (Напомена: За оваа тема опширно ќе зборуваме во насловот „Власта што свештениците на традиционалната Црква сами си ја присвоите“, во поднасловот „Клучевите од небесното царство“ и во поднасловот „Инквизиција“)
Да се вратиме на темата! Зошто тврдењето на Православната црква дека нејзините „свештеници постојат во Црквата од апостолските времиња“ и дека „светото свештенство е преемник (наследник) на апостолската служба и на апостолската власт“ нема библиски доказ? Од едноставна причина. Прво, Библијата не го прифаќа тоа тврдење на Црквата затоа што во Новиот завет нема таков чин, и второ, апостолите не биле свештеници и не вршеле свештеничка служба која православното и католичкото свештенство можело да ја преземе таа служба од нив.
Заклучок, ако сакаме да бидеме „преемници (наследници) на апостолската служба и на апостолската власт“, ние мораме да ги обуеме опинците на апостолите и, патот под нозе, да одиме „по сиот свет и да му го проповедаме евангелието на секое создание“, како што правеле апостолите! Во Новиот завет имаме само еден Свештеник, Христа во небесното Светилиште, а сите ние сме негови свештеници со универзално свештенство.
Понатаму, ако внимателно ги проучиме новозаветните списи, ќе забележиме дека изразот „свештеник“ (jerej, hiereus) на ниту едно место не се користи со него да се опише службата на христијанските епископи (надгледници), на презвитерите (старешините) и на ѓаконите (послужителите). Овој израз се користи во евангелијата, во Делата на апстолите и во Посланието до Евреите со единствена цел да ги означи припадниците на старозаветното еврејско свештенство и нивната служба поврзана со старозаветниот свештенички систем до мигот кога Христос издивнал на крстот на Голгота, и ништо друго. Според тоа, изразот „свештеник“ во Новиот завет не се користи да ги означи ниту христијанските служители како служители, ниту нивната служба како свештеничка служба.
Во Посланието до Тит 1,5-7 апостол Павле му порачува на својот соработник, Тит: „Во сите градови да поставиш презвитери како што ти бев порачал“, а во 7-от стих се спомнува зборот „епископ“. Значи, во „сите градови“, во сите цркви се поставувале, не свештеници, туку презвитери и епископи.
Многу текстови на Новиот завет можат да ни послужат како доказ дека службите на „презвитерите“ и „епископите“ во апостолскиот период не се разликувале, туку се однесувале на една иста должност – надгледување, бдеење и грижа над црковното и за црковното, односно за Божјето стадо, и затоа тие се нарекуваат, не свештеници, туку надгледници, старешини и епископи. Ова го потврдува евангелистот Лука опишувајќи ја средбата на апостол Павле со старешините (презвитерите) на црквата во Ефес:
„Од Мелит прати во Ефес да ги повика црковните старешини. И кога дојдоа кај него, тој им рече: … ‘Грижете се за себе и за целото стадо, во кое Духот Свети ве постави за епископи, за да бидете пастири на Божјата црква којашто ја придоби Тој со својата крв’“ (Дела 20,17.18.28).
Во 17. стих во грчкиот текст се користи зборот presbuteroi (презвитери) „старешини“ (не свештеници), во множина, а presbuteros (презвитер) „старешина“ (не свештеник), во еднина. А во 28. стих истите луѓе, презвитерите, апостолот ги иманува со друг збор, со зборот episkopoi, „епископи“, во множина, а во еднина episkopos, „епископ“, односно надгледник. Изедначувајќи ги чиновите „презвитер“ и „епископ“, Павле кажува дека токму стерешините (presbuteroi) биле во служба на епископи (episkopoi), или во служба на надгледници. Во Тит 1,5-9 апостол Павле епископот и презвитерот ги изедначува, па кажува дека „презвитер“ е исто што и „епископ“, односно, „епископ“ е исто што и „презвитер“. Во Дела 20,17.18.28 читавме дека Светиот Дух во Црквата поставувал, не свештеници, туку презвитери и епископи, односно надгледници.
Интересен е случајот со црквата во Филипа (Филипјаните 1,1-2: „Павле и Тимотеј, слуги на Исуса Христа, до сите свети во Христа Исуса, што се во Филипа, со епископите и ѓаконите: благодат и мир вам од Бога, нашиот Отец и од Господа Исуса Христа.“ Во овој текст не се појавуваат презвитери, туку само епископи и ѓакони, што значи службите на презвитерите и епископите се слеани во една служба – надгледници. Значајно е и тоа што во црквата во градот Филипа, и во црквата во градот Ефес имало повеќе епископи. Меѓутоа, Православната црква, која себеси се нарекува „апостолска“, отстапува и од ова првовековно правило, па во Црквата вовела ново правило според кое во еден град може да има само еден епископ. Во осмото правило од Првиот вселенски собор, одржан во Никеја во 325 година, меѓу другото стои напишано: „Но во еден град да нема два епископа.“69
Службата на ѓаконите во апсотолската црква главно се одвивала во рамките на социјалната сфера на верниците. Ѓаконите се грижеле за насушните потреби на верниците: За храна, облека, посета на болните и немошните и сл. Секако, ѓаконите учествувале и во мисионските активносто на Црквата (Дела 6,1-8; 8,5-13.26-40)
Во голем дел од библиските текстови католичкиот превод „Стварност – Загреб, 1968“, наместо термините „презвитери“ „епископи“ и „ѓакони“, ги користи термините „старешини“, „надгледници“ и „помошници“.
Во Ефесците 4,8-15 и во 1. Коринќаните 12,28 читаме што сè Бог поставил во новозаветната хиерархиска структура на Црквата: „Тој постави едни за апостоли, други за пророци, трети за благовестители, четврти за пастири и учители.“ И тука не читаме и не наоѓаме дека Бог меѓу овие чинови во Црквата поставил и чин „свештеници“ и „свештенство“. Всушност, никаде во Новиот завет не читаме дека Бог во споменатата новозаветна хиерархиска структура на Црквата поставил и „свештеници“ и „свештенство“.
Во текот на својата историја традиционалната Црква новозаветната библиска хиерархија сама ја надоградувала со нови црковни чинови, покрај другото и со чинот „свештенство“ и „свештеници“, но таа нова хиерархија не е библиска, туку црковна.
Уште нешто: Покрај другите високи стандарди, приложените библиски текстови пред епископите, презвитерите и ѓаконите поставуваат императив тие да бидат женети, и кажуваат зошто да бидат женети. Нивниот целибат во традициналната Црква е црковна категорија и во Библијата нема место. Тоа значи дека традиционалната Црква не го почитува и отстапува и од тоа апостолско правило (Тит 1,5-9; 1. Тимотеј 3,1-10).
И на крај да поставиме прашање: Можно ли е Христос да го воспоставил свештенството на традиционалната Црква и на истото да му дал толку големо право и власт, а сето тоа апостолите да го прескокнат во своите апостолски списи и за истото да не ни кажат и да не ни напишат ниту еден збор? Дали е можно Светиот Дух кој, како што видовме, ги поставил во Црквата сите набројани чинови, да дозволи таа толку значајна, или таа есенцијална новозаветна вистина за свештенството до нас да дојде по устен пат, патувајќи неколку века усно, од уво на уво? Ова не дозволува никакво рационално размислување. Тоа е премногу мачно, би рекле бизарно за размислување и премногу несоодвентно за него да се донесе некаков рационален потврден одговор. Ако таа вистина или теологија на традиционалната Црква за свештенството и за свештениците не потекнува, или не произлегува директно од Христа или од неговите апостоли, тогаш Црквата мора да одговори на прашањето – кој и на чие вретено ја испреде таа теологија?
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата и преданието“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
За Библијата како единствен темел на нашето спасение доста зборувавме во претходниот наслов со неговите поднаслови. Но, пред да преминеме на ПРЕДАНИЕТО, овде ќе приведеме уште два библиски текста: „Имаме најсигурна пророчка Реч (Библија), и вие добро правите што...
Католичката црква и преданието
Веќе кажавме дека Римокатоличката црква во 16 век (1546 г.), на соборот во Трент, донела одлука за проширување на еврејската Библија (Стариот завет), прифаќајќи го „поширокиот“, односно александрискиот канон, или грчкиот превод на Стариот завет со апокрифи, наречен...
Православната црква и преданието
Што е тоа предание? Приведуваме повеќе дефиниции: „Усното предавање/пренесување на учењето на Исуса Христа и на настаните на евангелската историја е - Свето предание. Тоа во Црквата постои паралелно со Светото писмо и го дополнува (...), но во евангелието ни приближно...
Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“
Би било интересно да се забележи вистината што веднаш ни паѓа во очи кога го читаме тврдењето на православните теолози дека „светото предание“ е постаро од Светото писмо. Имено, одлуките на вселенските собори, учењето за светите тајни, каноните и правилата на...
Василие Велики и светото предание на православието
Еден од најголемите црковни учители и црковни отци, врвен авторитет за православието, секако, е Василие Велики од 4-от век. Заедно со другиот великан на православието, Јован Златоуст, подоцна двајцата прогласени за светци, го напишале текстот на молитвата која за...
Вистината за православните вселенски собори
„Како е дадено божественото откровение и како им се дава тоа на луѓето? На два начина: со помош на Светото предание и Светото писмо. Кој и каде дал вакво сведоштво за светото предание? Светата Црква на своите свечени собори кои се викаат Вселенски собори и кои се...
Христијанство по инерција
Ако ги прашате верниците на Православната црква зошто веруваат така како што веруваат, повеќеото од нив ќе одговорат на следниот начин: „Ние веруваме така како што веруваме затоа што така учи нашата „Православна црква која е единствена правоверна Црква која верува и...
Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!
„Црковното учење се темели на два извора - на Светото писмо и на Светото предание - при што Светото писмо се смета за изданок на Светото предание, и како такво тоа се толкува само во неговите рамки.“47 „Што е постаро, Светото писмо или Светото предание? Светото...
Вистината со Јован 21,25
Да го разјасниме извештајот во Јован 21,25, кој за теолозите на традиционалната Црква, особено за православните теолози, претставува неисцрпен библиски мајдан од каде што тие ги ископуваат своите преданија. Со други зборови, тој текст е своевиден „елдорадо“ за нивните...
Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?
„Што е тоа Свето предание? Тоа се сите оние духовни богатства што сме ги наследиле од нашите свети предци, а кои се во совршена хармонија со Светото писмо и кои ни помагаат правилно да го разбереме Светото писмо.“54 „Може ли да се оддели Светото предание од Светото...
За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква
Свети обреди: За да ги опишат христијанските свети обреди, христијаните во источниот дел од традиционалната Црква, каде што се користел грчкиот јазик, го употребувале зборот mysterion (мистерија) „тајна“. Во Католичката црква на запад, каде што преовладувал латинскиот...
Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието
Христос не ги посветил апостолите за свештеници да вршат свештеничка служба во храмот или во црквата, чијашто завеса Бог ја искинал надве во мигот кога Христос издивнал на крстот, туку ги посветил и ги ракоположил за проповедници на евангелието, давајќи им заповед:...
Универзално свештенство на верниците во Новиот завет
Да нема забуна во врска со земните свештеници! Новиот завет зборува за универзално свештенство - сите верници на Божјата црква во Новиот завет се Божји свештеници, „царско (Божје) свештенство“: „А вие сте избран род, царско свештенство, свет народ, кој му припаѓа на...
Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва
„Талмуд е збирка на запишани еврејски усни преданија, многукратно поголема од Библијата. Таа збирка науката ја познава како талмудска книжевност, или, како што сите ја знаат, Талмуд.“70 Постојат два талмуда: Ерусалимски и Вавилонски Талмуд. „Пред сè, талмудите, ниту...
Светото писмо и Светото предание
„Светото писмо е врв на Светото предание на Божјата Црква, и за својата висина и големина што ги достигнува тоа може да ѝ заблагодари на таа огомна планина чијшто врв е. Симнато од таа планина на Светото предание, цврстата карпа на Светото писмо станува глина која...
Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата
Апостол Павле имал проблем со лажни апостоли кои на верниците во Коринт им проповедале друго евангелие, различно од она што го проповедале Христовите апостоли, а им забележува и на верниците што се одвратиле од вистинското апостолско евангелие и прифатиле лажно...
За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква
Божјата реч на традиционалната Црква ѝ припишува тежок грев идолопоклонство. Како што видовме, Источната црква многу крв пролеала додека не ги внела иконите како идоли во своите храмови. Покрај иконите, друг вид тешко идолопоклонство и суеверие општо во...
Христијанската црква е виновна за појавата на исламот
Да повториме! Токму заради гревовите што ги опишавме претходно, Источната црква ја снашла тешка казна - заради тие нејзини гревови Бог дозволил да се појави исламот како камшик за христијанството. Всушност христијанството е виновно што на светската сцена во петтата и...
Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?
Треба и мораме да признаеме дека во религиозниот свет се појавуваат најразлични чудеса (чудотворенија) кои припадниците на одредена вероисповед ги уверуваат дека Бог токму ним им е наклонет и дека токму тие се дел на единствената вистинска Божја црква. Факт е дека...
Христос и преданијата
Разлика меѓу преданијата што ги наследиле од предците и Божјата реч постоела и кај луѓето во Христово време и Христос бил мошне отворен и јасен по тоа прашање: „Зошто твоите ученици не живеат според преданието (традицијата) на старите, туку јадат леб со неизмиени...
Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?
Црквата дошла во жесток судир со Библијата која се дигнала против неа и силно ја осудувала затоа што нејзината изворна Божја наука ја заменила со црковна наука екстремно проникната со паганизмот на старите народи. За да се ослободи од нејзината осуда и од осилката што...
Протестантскиот лозунг
Како што видовме, Римокатоличката и Православната црква се поставуваат над Светото писмо. Тие веруваат и учат дека Црквата има авторитет да го толкува или да го ограничи толкувањето на Светото писмо, зашто, наводно, таа одлучила кои книги ќе влезат во канонот на...
За христијанските празници и за христијанскиот политеизам
Веднаш да кажеме дека празниците се дел на христијанското предание и традиција, чиста историска категорија без библиска основа. Тие, барем на нашиве простори, потекнуваат од словенскиот паганизам, или пак се хибрид меѓу словенскиот и индоевропскиот паганизам, со...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.