Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва
„Талмуд е збирка на запишани еврејски усни преданија, многукратно поголема од Библијата. Таа збирка науката ја познава како талмудска книжевност, или, како што сите ја знаат, Талмуд.“70 Постојат два талмуда: Ерусалимски и Вавилонски Талмуд.
„Пред сè, талмудите, ниту ерусалимскиот, ниту вавилонскиот, никогаш не се завршени (што е случај и со преданието на традиционалната Црква – Православната и Католичката н. з.)… Тоа доаѓа оттаму што со векови сè повеќе се нижеле (пластеле) коментари на претходните коментари на коментарите. Поставени се илјадници прашања на веќе поставените прашања на прашањата. Давани се одговори кои некогаш ги задоволувале оние што прашувале, а често само делумно или никако.
Од големата граѓа на Талмудот никнала со векови создавана зграда од коментари и коментатори. Тешко е да се сфати како можела таа зграда да се одржи, зашто е градена врз темели на сушти спротивности, сета во негација на негација. Прво, писмозналците и фарисеите озакониле светост и неповредливост на Мојсеевата наука и на целиот Стар завет, според талмудската терминологија ‘Пишана Тора’, кон која не смеело ништо да се додава ниту од неа да се одзема. А потоа наследниците на тие учења воспоставиле правило за градење на ограда околу пишаната Тора, едновремено почнувајќи да ги толкуваат прописите на нејзините книги и законите во нив, прилагодувајќи ги истите кон потребите на своето време, кон барањата на своите општествено стопански услови, со што понекогаш и битно ги менувале.
Со поделени мислења, а ги почитувале и мислењата на своите соговорници дури и тогаш кога до навреди си спореле за нешто, расправале за битни и небитни работи, паметеле и учеле напамет сè што изговориле нивните претходници во тие расправии; сето тоа усно го пренесувале понатаму од поколение на поколение и така го создавале усното предание, или обичајното право.
Создавале сами или преземале од други извори и легенди и со незамислива за нас сериозност пренесувале несериозни надитрувања и шеги, предрасуди и неукости од своето време, простотии и работи од отаде рациналното, и од сето тоа создавале своја сопствена наука и предание кое љубоморно го чувале од туѓинците. Целокупното тоа предание, единствено во своите спротивности, било одраз на различните историски услови и околности.“71
Читајќи го овој извештај за патиштата по кои одело и ги изодило еврејското предание додека не се развило и оформило како еврејско предание, непреодоливо ни се наметнува заклучокот дека и преданието на историското христијанство, преданието на Православната и Католичката црква, чекорело, одело и ги изодило истите патеки и патишта по кои, како што кажавме, чекорело и ги изодило еврејското предание. Тоа е причината што двете преданија се еквивалентни, соодветни, истородни, компатибилни, комплементарни…, исти! Со други зборови, еврејското предание и преданието на традиционалната христијанска Црква се близнаци на кои Хростос им кажува: „Овој народ со уста ме почитува, а неговото срце е далеку од мене; залудно ме почитува кога проповеда учења кои всушност се човечки заповеди. Вие ја оставате Божјата заповед, а се држите за човечкото предание. На убав начин ја укинувате Божјата заповед за да го запазите вашето предание… И така правите престап спрема Божјата реч со своето предание што сте го воспоставиле вие“ (Марко 7,5-9.13).
Овде ќе појасниме дека петте книги Мојсееви се нарекуваат со името „Закон“, или на еврејски „Тора“. „Важно е да сфатиме дека Евреите имаат две Тори. Првата е пишана Тора, со која сме сите запознати. Тоа е онаа Тора што ја напишал Мојсеј, што се наоѓа во свитоци, која се состои од првите пет книги на Библијата, од петте книги Мојсееви. Тоа е оној свиток кој се чува и се чита по синагогите и кој, почнувајќи од првата Тора што ја напишал Мојсеј, внимателно се препишува и се пренесува од поколение на поколение.
Втората Тора Евреите ја викаат ненапишана или усна Тора и, според нив, таа се состои од усни преданија дадени на Мојсеја на Синај, и за нив усната Тора има еднаква важност со пишаната Тора. Усната Тора можела да се пренесува само по устен пат. Таа е пренесувана од учител на ученик речиси 1.800 години. За време на римските прогони станало мошне тешко да се негува академијата каде што е предавана усната Тора, така што се јавил оправдан страв дека таа би можела да биде заборавена и загубена. Поради тоа, усната Тора пред околу 1.700 години конечно била запишана и така е создадено она што денес се вика Талмуд“72, во кој се поместени еврејските преданија.
Да, почитувани, Евреите тврдат дека своите преданија ги добиле од Бога преку Мојсеја усно на Синај, и за нив тие имаат иста важност како и пишаната Тора. Но Христос не им го прифаќа тоа. Тој им вели: Само пишаната Тора! Усната не!
И христијаните настојуваат да докажат дека своите преданија ги добиле директно од Христа и од апостолите по устен пат и им придаваат иста важност како и на пишаната Божја реч. Но и ним Христос им кажува: Вашите преданија настрана! Само пишаната Реч!
Заклучок: Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата и преданието“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
За Библијата како единствен темел на нашето спасение доста зборувавме во претходниот наслов со неговите поднаслови. Но, пред да преминеме на ПРЕДАНИЕТО, овде ќе приведеме уште два библиски текста: „Имаме најсигурна пророчка Реч (Библија), и вие добро правите што...
Католичката црква и преданието
Веќе кажавме дека Римокатоличката црква во 16 век (1546 г.), на соборот во Трент, донела одлука за проширување на еврејската Библија (Стариот завет), прифаќајќи го „поширокиот“, односно александрискиот канон, или грчкиот превод на Стариот завет со апокрифи, наречен...
Православната црква и преданието
Што е тоа предание? Приведуваме повеќе дефиниции: „Усното предавање/пренесување на учењето на Исуса Христа и на настаните на евангелската историја е - Свето предание. Тоа во Црквата постои паралелно со Светото писмо и го дополнува (...), но во евангелието ни приближно...
Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“
Би било интересно да се забележи вистината што веднаш ни паѓа во очи кога го читаме тврдењето на православните теолози дека „светото предание“ е постаро од Светото писмо. Имено, одлуките на вселенските собори, учењето за светите тајни, каноните и правилата на...
Василие Велики и светото предание на православието
Еден од најголемите црковни учители и црковни отци, врвен авторитет за православието, секако, е Василие Велики од 4-от век. Заедно со другиот великан на православието, Јован Златоуст, подоцна двајцата прогласени за светци, го напишале текстот на молитвата која за...
Вистината за православните вселенски собори
„Како е дадено божественото откровение и како им се дава тоа на луѓето? На два начина: со помош на Светото предание и Светото писмо. Кој и каде дал вакво сведоштво за светото предание? Светата Црква на своите свечени собори кои се викаат Вселенски собори и кои се...
Христијанство по инерција
Ако ги прашате верниците на Православната црква зошто веруваат така како што веруваат, повеќеото од нив ќе одговорат на следниот начин: „Ние веруваме така како што веруваме затоа што така учи нашата „Православна црква која е единствена правоверна Црква која верува и...
Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!
„Црковното учење се темели на два извора - на Светото писмо и на Светото предание - при што Светото писмо се смета за изданок на Светото предание, и како такво тоа се толкува само во неговите рамки.“47 „Што е постаро, Светото писмо или Светото предание? Светото...
Вистината со Јован 21,25
Да го разјасниме извештајот во Јован 21,25, кој за теолозите на традиционалната Црква, особено за православните теолози, претставува неисцрпен библиски мајдан од каде што тие ги ископуваат своите преданија. Со други зборови, тој текст е своевиден „елдорадо“ за нивните...
Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?
„Што е тоа Свето предание? Тоа се сите оние духовни богатства што сме ги наследиле од нашите свети предци, а кои се во совршена хармонија со Светото писмо и кои ни помагаат правилно да го разбереме Светото писмо.“54 „Може ли да се оддели Светото предание од Светото...
За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква
Свети обреди: За да ги опишат христијанските свети обреди, христијаните во источниот дел од традиционалната Црква, каде што се користел грчкиот јазик, го употребувале зборот mysterion (мистерија) „тајна“. Во Католичката црква на запад, каде што преовладувал латинскиот...
Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет
Кирил Зајцев, руски протојереј и апологет, во една своја жолчна расправија со протестантите, јавно им поставува повеќе прашања. Внимателно да го ислушаме неговиот говор, кој едновремено е и говор со кој православието им се обраќа на протестантите: „Дозволете ми да ви...
Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието
Христос не ги посветил апостолите за свештеници да вршат свештеничка служба во храмот или во црквата, чијашто завеса Бог ја искинал надве во мигот кога Христос издивнал на крстот, туку ги посветил и ги ракоположил за проповедници на евангелието, давајќи им заповед:...
Универзално свештенство на верниците во Новиот завет
Да нема забуна во врска со земните свештеници! Новиот завет зборува за универзално свештенство - сите верници на Божјата црква во Новиот завет се Божји свештеници, „царско (Божје) свештенство“: „А вие сте избран род, царско свештенство, свет народ, кој му припаѓа на...
Светото писмо и Светото предание
„Светото писмо е врв на Светото предание на Божјата Црква, и за својата висина и големина што ги достигнува тоа може да ѝ заблагодари на таа огомна планина чијшто врв е. Симнато од таа планина на Светото предание, цврстата карпа на Светото писмо станува глина која...
Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата
Апостол Павле имал проблем со лажни апостоли кои на верниците во Коринт им проповедале друго евангелие, различно од она што го проповедале Христовите апостоли, а им забележува и на верниците што се одвратиле од вистинското апостолско евангелие и прифатиле лажно...
За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква
Божјата реч на традиционалната Црква ѝ припишува тежок грев идолопоклонство. Како што видовме, Источната црква многу крв пролеала додека не ги внела иконите како идоли во своите храмови. Покрај иконите, друг вид тешко идолопоклонство и суеверие општо во...
Христијанската црква е виновна за појавата на исламот
Да повториме! Токму заради гревовите што ги опишавме претходно, Источната црква ја снашла тешка казна - заради тие нејзини гревови Бог дозволил да се појави исламот како камшик за христијанството. Всушност христијанството е виновно што на светската сцена во петтата и...
Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?
Треба и мораме да признаеме дека во религиозниот свет се појавуваат најразлични чудеса (чудотворенија) кои припадниците на одредена вероисповед ги уверуваат дека Бог токму ним им е наклонет и дека токму тие се дел на единствената вистинска Божја црква. Факт е дека...
Христос и преданијата
Разлика меѓу преданијата што ги наследиле од предците и Божјата реч постоела и кај луѓето во Христово време и Христос бил мошне отворен и јасен по тоа прашање: „Зошто твоите ученици не живеат според преданието (традицијата) на старите, туку јадат леб со неизмиени...
Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?
Црквата дошла во жесток судир со Библијата која се дигнала против неа и силно ја осудувала затоа што нејзината изворна Божја наука ја заменила со црковна наука екстремно проникната со паганизмот на старите народи. За да се ослободи од нејзината осуда и од осилката што...
Протестантскиот лозунг
Како што видовме, Римокатоличката и Православната црква се поставуваат над Светото писмо. Тие веруваат и учат дека Црквата има авторитет да го толкува или да го ограничи толкувањето на Светото писмо, зашто, наводно, таа одлучила кои книги ќе влезат во канонот на...
За христијанските празници и за христијанскиот политеизам
Веднаш да кажеме дека празниците се дел на христијанското предание и традиција, чиста историска категорија без библиска основа. Тие, барем на нашиве простори, потекнуваат од словенскиот паганизам, или пак се хибрид меѓу словенскиот и индоевропскиот паганизам, со...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.