Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?
„Што е тоа Свето предание? Тоа се сите оние духовни богатства што сме ги наследиле од нашите свети предци, а кои се во совршена хармонија со Светото писмо и кои ни помагаат правилно да го разбереме Светото писмо.“54
„Може ли да се оддели Светото предание од Светото писмо? Не, тие се неразделни, зашто во светлината на Светото предание ние правилно го разбираме Светото писмо.“55
„Светото писмо не е подлабоко ниту поважно од Светото предание, туку, како што е кажано, тоа претставува еден од неговите облици. Светото писмо е најдрагоцен облик на Светото предание, најпогоден за чување и користење, и кога тоа би се изделило од потокот на светото предание, не би можело правилно да се разбере со никакви научни истражувања.“56
„Усното Свето предание што го сочувала Православната црква во чистота сè до денес го изразува животот на Светиот Дух во Црквата и на исправен начин нè оспособува во целост, и како што треба, да ја сфатиме Библијата.“57
„Светото писмо се смета за изданок на Светото предание, и како такво тоа се толкува само во неговите рамки.“58
„Погрешно е Библијата да се смета за самодоволна и за самотолкувачка, зашто таа сама по себе не може да даде одговор на ниту едно прашање.“59
„Црквата, како чуварка на Божјето откровение… поседува благодатен дар непогрешно да ја објаснува Божјата реч или вистините на Светото писмо, и во случај на недоумица и спорови, на овие вистини им дава точна дефиниција која се вика догма.“60
Да ги разгледаме приложените тврдења на Православната теологија: „Во светлината на Светото предание ние правилно го разбираме Светото писмо“ … „Светото писмо не може правилно да се разбере без светото предание“ … „Кога Светото писмо би се изделило од потокот на светото предание, не би можело правилно да се разбере со никакви научни истражувања“ … „Светото предание нè оспособува на исправен начин во целост и како што треба да ја сфатиме Библијата“ … „Светото писмо се смета за изданок на Светото предание, и како такво тоа се толкува само во неговите рамки“ … „Зашто таа (Библијата) сама по себе не може да даде одговор на ниту едно прашање“ … „Црквата поседува благодатен дар непогрешно да ја објаснува Божјата реч или вистините на Светото писмо“ и сл.
Општ заклучок од приведените текстови на православната теологија: Без светото предание ние не можеме правилно да го разбереме Светото писмо!
Ова свое тврдење православието го правда на следниот начин: Библиските текстови се дополнети со некои текстови кои библиските писатели ги презеле од небиблиски извори и тоа е доказ дека Библијата, за да може правилно да се разбере, таа мора да се дополнува со светото предание кое ќе осветли многу библиски текстови за да не се разберат погрешно.
Факт е дека и Христос, и апостолите и пророците, цитирале/преземале зборови и текстови од историјата, од усната традиција од апокрифите и од други извори што им биле достапни.
Ќе разгледаме неколку такви текстови кои Христос и неговите апостоли ги презеле од извори надвор од Библијата. Тие текстови што влегле во Библијата „отсрана“, за православните теолози претставуваат вистински „камен на мудроста“ со чија помош го решаваат проблемот со своето „свето предание“, велејќи: Ако Христос и неговите апостоли преземале и внесувале во Библијата текстови „отстрана“ и ако на истите им дале целосен библиски легитимитет и Божји печат, тогаш и нашите црковни отци имале право во Библијата да го внесат православното „свето предание“ и да прогласат дека и тоа има ист библиски лагитимите и Божји печат и дека е еднакво по важност со Библијата. Тука православието наоѓа оправдание и право да тврди дека „Светото писмо не може правилно да се разбере без светото предание.“
Но, најнапред едно наше генерално прашање: Што е тоа во Светото писмо што ние протестантите/адвентистите не можеме правилно да го разбереме без православното свето предание? Наведете ни некој пример за некоја спасоносна библиска вистина која ние не можеме правилно да ја разбереме без светото предание!
На ова наше прашање ни се посочуваат следните примери и текстови кои библиските писатели ги презеле „отстрана“, од извори надвор од Библијата, како опрвадание и доказ дека и православното свето предание треба да има рамноправен и еднаков третман со библиските текстови:
- Тимотеј 3,8: „Па, како што Јаниј и Јамвриј му се противеа на Мојсеја, така и тие ѝ се противат на вистината, бидејќи се луѓе со изопачен ум, отпаднати од верата.“ – Овој текст Павле го презел од еврејските усни преданија за египетските вражари Јание и Јамврие кои му се противеле на Мојсеја пред фараонот кога Мојсеј барал од него дозвола израелскиот народ да замине во пустуната да му принесе жртва на Бога.
Јуда 1,9: „А Архангел Михаил, кога се препираше со ѓаволот за Мојсеевото тело, не се осмели да изрече хулна пресуда, туку рече: ‘Господ да те спречи.’“ – Овој цитат Јуда го презел од еврејското апокрифно дело наречено „Вознесението на Мојсеја“, создадено врз основа на еврејски преданија.
Јуда 1,14,15: „А за овие пророкуваше и Енох, седмиот од Адама, зборувајќи: ‘Ете, доаѓа Господ со илјадници свои свети ангели, за да изврши суд над сите и за да ги разобличи сите безбожници за сите нивни нечисти дела што ги направиле со своето беззаконие и за сите лоши зборови што ги изрекле за него безбожните грешници.’“ – Текст преземен од апокрифната книга на Еноха.
Во својата изјава: „На Мојсеевиот стол седнаа книжевниците и фарисеите“ (Матеј 23,2), Христос цитира еврејска усна традиција која не е запишана во Стариот завет. Тој им вели на своите следбеници дека фарисеите седат на Мојсеевото седиште. Според еврејската традиција, запишана во Мишна, тоа челно место му припаѓало на Мојсеја, кое сега го презеле „книжевниците и фарисеите“.
Откако ни ги посочија овие библиски текстови како доказ за соето „божемно“ право да буричкаат во библиските текстови и истите да ги гарнираат и дополнуваат со своето „свето предание“ за да можеме „правилно“ да ги разбереме, православните теолзи ни ги поставуваат следните прашања:
Кажете ни, кои се Јание и Јамврие и кога архангел Михаил се препирал со ѓаволот за Мојсеевото тело? Во кој дел од Стариот завет може да се најде одговорот на овие прашања? Јуда презел текст од апокрифната Книга на Еноха – текст од апокриф на кој му дава библиски легитимитет и Божји печат? И Христос цитира еврејска усна традиција која не е запишана во Стариот завет. Зошто не можат да постапуваат така и православните црковни отци со православното свето предание? Какво е вашето толкување? – Да одговориме на овие прашања!
Која темелна библиска вистина ние, протестантите, не можеме правилно да разбереме без да знаеме кои биле Јание и Јамврие? Можеби не можеме правилно да ја разбереме вистината за тоа како египетските вражари, кои се викале Јание и Јамврие, му се опирале на Мојсеја пред фараонот? Во што е проблемот?
Која темелна библиска вистина ние не можеме правилно да разбереме без да знаеме дека „Архангел Михаил се препирал со ѓаволот за Мојсеевото тело“? Можеби без тој текст, што го презел Јуда од еден апокриф, не можеме правилно да разбереме дека Бог го воскреснал Мојсеја и дека Мојсеј и Илија разговарале со Исуса на Гората на преображението? Дали без тој текст, кој во Библијата влегол „отсрана“, ние не можеме правилно да го разбереме препирањето меѓу Божјиот ангел и сатаната во Захарија 3,1 или, можеби, препирањето меѓу сатаната и ангелот Гаврил во Даниел 10,13?
Која темелна библиска вистина ние не можеме да разбереме правилно без да го знаеме пророштвото што го презел Јуда од апокрифната книга на Еноха, кој кажува: „Ете, доаѓа Господ со илјадници свои свети ангели, за да изврши суд над сите и за да ги разобличи сите безбожници за сите нивни нечисти дела што ги направиле со своето беззаконие и за сите лоши зборови што ги изрекле за него безбожните грешници.“
Можеби без тоа Енохово пророштво не можеме правилно да го разбереме Откровение 1,7 каде што Јован кажува: „Ене, иде со облаци, и ќе го види секое око…“ Или Христовото пророштво: „А кога ќе дојде Синот човечки во својата слава и сите свети ангели со него…?“ Или не можеме правилно да го сфатиме бројот на небесните ангели од Даниел 7,10: „Илјада илјади му служеа, и десетина илјади по десет илјади стоеја пред него…“ што ќе го придружуваат Христа при неговото второ доѓање? Или, пак, без тоа пророштво на Еноха не можеме правилно да сфатиме дека, кога Христос ќе дојде, ќе „изврши суд над сите и ќе ги разобличи сите безбожници“?
Која темелна библиска вистина ние не можеме правилно да разбереме, или погрешно ја разбираме и сфаќаме без Христовата изјава „На Мојсеевиот стол седнаа книжевниците и фарисеите“, којшто „Христос ја презема од еврејската усна традиција, која не е запишана во Стариот Завет?“
Ќе направиме голем исчекор и на православните теолози ќе им дадеме уште еден силин аргумент во раце за да можат уште поуспешно да ја промовираат и да ја бранат оваа своја филозофија со која тврдат дека без православното свето предание ние навистина не можеме правилно да го разбереме Светото писмо. Станува збор за апостол Павле кој цитира/презема многу значајни текстови од грчката световна/паганска поезија посветена на Зевса: „Зашто ние преку него живееме, се движиме и постоиме, како што рекле и некои од вашите стихотворци: ‘Негов род сме!’“ (Дела 17,28)
Зборовите: „Ние преку него живееме, се движиме и постоиме“, апостол Павле ги презема од грчкиот поет Епименидес, од 6 век пред Христа. Таа песна, од која апостол Павле ги презема споменатите зборови, Епименидес му ја посветува на врховниот бог на грчките богови, Зевс. Во таа своја песна Епименидес одушевено пее: Ние „живееме, се движиме и постоиме“ благодарение на Зевса. А зборовите: „Негов род сме“, Павле ги цитира/презема од една песна на грчкиот поет Аратус, 3 век пред Христа, која Аратус, исто како Епименидес, му ја посветува на Зевса. Во таа своја песна и Аратус одушевено пее: „Ние сме негов род“, род на Зевса, деца на Зевса.
Зборовите на Епименидеса и Аратуса, надвор од Библијата, во нивната поезија, имаат само световна вредност или само световна поетска инспирација и се однесуваат само и единствено на Зевса и на никој друг. Но, кога истите зборови ги презема апостол Павле, вдахновен од Светиот Дух, и ги користи во Светото писмо за да прикаже со нив друга, библиска вистина, тие зборови стануваат вдахновени и добиваат пророчка вредност, библиски легитимитет и Божји печат, зашто не се однесуваат веќе на Зевса, туку на Семоќниот Господ Бог. Зборовите на двајцата поети во нивната поезија не се божествено вдахновени. Тој текст или тие зборови, станува/стануваат вдахновени оној миг кога нив ги цитира од Бога вдахновен човек, оној миг кога во Библијата ги внесува апостол Павле инспириран од Светиот Дух. Павле има право тој текст, кој грчките поети му го посветиле на Зевса, да ги примени на Семоќниот Господ Бог.
Замислете, апостол Павле во еден единствен стих од Библијата презема два текста од паганската поезија и на истите им дава библиски легитимитет и Божји печат! Несфатливо/незамисливо, можеби одбивно и неприфатливо, но, сепак, вистинито! Да биде шокот уште поголем, атрибутите што му припаѓаат на еден пагански бог, во дадениов случај на Зевса, Павле му ги припишува на христијанскиот Семоќен Господ Бог!
Во Атина Павле се соочува со проблем како да им ја објасни на атињаните вистината дека тие, и ние, и целото човештво, „живееме, се движиме и постоиме“ не благодарение на Зевса, туку благодарение на Оној, за нив „непознат Бог“ (Дела 17,23), благодарение на Семоќниот Господ Бог; да им објасни дека ние не сме род и деца на Зевса, туку род и деца на Семоќниот Господ Бог. Во тие мигови Павле добива силна инспирација од Светиот Дух таа вистина да им ја објасни на жителите на Атина, и тој е целосно проникнат со неа; неговиот дух, неговите мисли, неговиот ум се инспирирани од Светиот Дух кој со асоцијативни врски го поврзува со неговите сознанија што ги стекнувал во сите области од неговиот живот во минатото во нив да бара мисли, метафори и текстови, со кои силно ќе им ја прикаже таа вистина на атињаните. Павле во тие околности бара начин и средства со чија помош најдобро ќе ја изнесе таа вистина, и токму тогаш Светиот Дух го потсетува на поезијата на Епименидеса и Аратуса што некогаш ја читал, а која зборува за таа тема.
Еве го сега интегралниот библиски текст: „За да го бараат Господа, та да би можеле некако да го насетат и најдат, иако Тој не е далеку од секого од нас: зашто ние преку него живееме, се движиме и постоиме, како што рекле и некои од вашите стихотворци: ‘Негов род сме!’“ (Дела 17,27.28)
Се надеваме дека православните теолози нема навистина да посегнат и по овој „силен“ аргумент што им го дадовме ние во раце и да кажат: Ако апостол Павле користел мисли, идеи и текстови од пагански поети за да им ја објасни библиската вистина на атињаните, тогаш зошто и нашите „свети отци, како законити благодатни преемници на светите апостоли“, не можеле да го внесат во Библијата своето свето предание, без кое многу библиски текстови ние не можеме правилно да разбереме? Меѓутоа, таквото размислување е наполно несоодветно, зашто овој библиски текст е потполно јасен и без да знаеме, како што можеби и не сме знаеле, дека апостол Павле во него внел две мисли или две идеи што ги презел од пагански поети.
Кажавме: Факт е дека и Христос и неговите апостоли цитирале/преземале мисли, идеи и текстови „отстрана“, од историјата, од усната традиција, од апокрифите и од други извори што им биле достапни, и истите текстови, кои на тој начин, со перото на раката на апостолите нашле свое место во Библијата, добиле пророчко значење, библиски легитимитет и Божји печат. Но надвор од Библијата, тие имаат секаква друга вредност – историска, традициска, апокрифна, дефтероканонска, светиотечка – но не и пророчка и библиска вредност.
Друга, могу значајна работа! Освен Христос, апостолите и пророците, никој, апсолутно никој друг, нема право да буричка во изворните библиски текстови и истите да ги дополнува со мисли, со идеи или со цитати и текстови од „светото предание“, од „светоотечкото предание“, од дефтероканонските книги, од историјата, од усната традиција, од апокрифите и од кои било други извори што им се достапни. Затоа, што подалеку од трдењето на Василе Велики: „Ние не се задоволуваме со оние зборови што ги спомнуваат апостолите и евангелието и затоа, и пред и по нив произнесуваме и други, што сме ги примиле од ненапишано учење кои имаат голема сила за извршување на Светата тајна.“ Што подалеку од тврдењето на православието дека „во светлината на Светото предание ние правилно го разбираме Светото писмо“; дека „Светото писмо не може правилно да се разбере без светото предание“; дека „кога Светото писмо би се изделило од потокот на светото предание, тоа не би можело правилно да се разбере со никакви научни истражувања“; дека „светото предание нè оспособува на исправен начин во целост и како што треба да ја сфатиме Библијата“; дека „Светото писмо се смета за изданок на Светото предание, и како такво тоа се толкува само во неговите рамки“; дека „Библијата сама по себе не може да даде одговор на ниту едно прашање“; дека „Црквата поседува благодатен дар непогрешно да ја објаснува Божјата реч или вистините на Светото писмо“; дека „светото предание во Црквата постои паралелно со Светото писмо и го дополнува“ и сл. – Што подалеку од овие погубни тврдења и црковни догми на православието кои целосно го обезвредуваат Светото писмо како Божја реч и кои во процесот на спасението на грешниците Библијата ја сведуваат на обична маргиналија.
Почитувани, само и единствено апостолите можат и имаат право да кажат: „Ние и Светиот Дух одлучивме“ да преземеме текстови од историјата, од усната традиција, од апокрифите и од други извори што ни беа достапни. Но не можат Василие Велики, Јован Златоуст, Атанасие Велики и другите црковни великани и црковни отци да кажат „Ние и Светиот Дух одлучивме“, на пример, во Вечерата Господова да воведеме молитва за пресуштествување на лебот и виното, со што Вечерата Господова ја поставиле главечкум. Тоа е само еден од многубројните непростливи терори и фалсификати што ги извршиле црковните отци над и во библиските текстови со помош на „светото предание“.
Православните теолози бараат од нас одговор и за следното свое тврдење: „Исто така, битно е да не се испушти и фактот дека и Самиот Господ Исус Христос одобрувал вон-библиски традиции и цитирал од апокрифни книги. Така, во Јован 10,22-23 се вели дека Христос отишол во Ерусалим на празникот Ханука, Празникот на светлината, чија основа се наоѓа во 1. Книга Макавеи 4,42-60.“61
Почитувани, веднаш да ве прашаме: Каде прочитавте дека „Христос отишол во Ерусалим на празникот Ханука?“ Вие тврдите дека ова ваше „откритие“, според кое „Христос отишол во Ерусалим на празникот Ханука“, е голем, неразрешлив проблем или камен-сопка за протестантите, со образложение дека Христос отишол во Ерусалим да празнува еден празник кој не е запишан никаде во Стариот завет, освен во книгата 1. Макавеи 4,42-60 „која протестантите ја сметаат за дефтероканонска“. Тоа за вас е многу „силен“ аргумент дека Христос, апостолите и првите христијани ја прифатиле, се служеле и цитирале од Септуагинтата која ги содржи дефтероканонските книги, дека за нив и тие книги имале иста канонска вредност како и другите старозаветни книги. Но тоа е далеку од вистината, зашто никаде во Јован 10,22.23. не пишува дека „Христос отишол во Ерусалим на празникот Ханука“, како што тврдите вие. Христос не отишол во Ерусалим специјално на празникот Ханука за да му оддаде некакво значење и да го празнува тој народен празник кој не е забележан и не се наоѓа на списокот меѓу старозаветните библиски празници. Христос веќе бил во Ерусалим од порано и, неврзано за празникот, во тремот на храмот го поучувал народот. Според тоа, не е добро и не е исправно работите да ги прикажувате во погрешна светлина.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата и преданието“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
За Библијата како единствен темел на нашето спасение доста зборувавме во претходниот наслов со неговите поднаслови. Но, пред да преминеме на ПРЕДАНИЕТО, овде ќе приведеме уште два библиски текста: „Имаме најсигурна пророчка Реч (Библија), и вие добро правите што...
Католичката црква и преданието
Веќе кажавме дека Римокатоличката црква во 16 век (1546 г.), на соборот во Трент, донела одлука за проширување на еврејската Библија (Стариот завет), прифаќајќи го „поширокиот“, односно александрискиот канон, или грчкиот превод на Стариот завет со апокрифи, наречен...
Православната црква и преданието
Што е тоа предание? Приведуваме повеќе дефиниции: „Усното предавање/пренесување на учењето на Исуса Христа и на настаните на евангелската историја е - Свето предание. Тоа во Црквата постои паралелно со Светото писмо и го дополнува (...), но во евангелието ни приближно...
Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“
Би било интересно да се забележи вистината што веднаш ни паѓа во очи кога го читаме тврдењето на православните теолози дека „светото предание“ е постаро од Светото писмо. Имено, одлуките на вселенските собори, учењето за светите тајни, каноните и правилата на...
Василие Велики и светото предание на православието
Еден од најголемите црковни учители и црковни отци, врвен авторитет за православието, секако, е Василие Велики од 4-от век. Заедно со другиот великан на православието, Јован Златоуст, подоцна двајцата прогласени за светци, го напишале текстот на молитвата која за...
Вистината за православните вселенски собори
„Како е дадено божественото откровение и како им се дава тоа на луѓето? На два начина: со помош на Светото предание и Светото писмо. Кој и каде дал вакво сведоштво за светото предание? Светата Црква на своите свечени собори кои се викаат Вселенски собори и кои се...
Христијанство по инерција
Ако ги прашате верниците на Православната црква зошто веруваат така како што веруваат, повеќеото од нив ќе одговорат на следниот начин: „Ние веруваме така како што веруваме затоа што така учи нашата „Православна црква која е единствена правоверна Црква која верува и...
Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!
„Црковното учење се темели на два извора - на Светото писмо и на Светото предание - при што Светото писмо се смета за изданок на Светото предание, и како такво тоа се толкува само во неговите рамки.“47 „Што е постаро, Светото писмо или Светото предание? Светото...
Вистината со Јован 21,25
Да го разјасниме извештајот во Јован 21,25, кој за теолозите на традиционалната Црква, особено за православните теолози, претставува неисцрпен библиски мајдан од каде што тие ги ископуваат своите преданија. Со други зборови, тој текст е своевиден „елдорадо“ за нивните...
За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква
Свети обреди: За да ги опишат христијанските свети обреди, христијаните во источниот дел од традиционалната Црква, каде што се користел грчкиот јазик, го употребувале зборот mysterion (мистерија) „тајна“. Во Католичката црква на запад, каде што преовладувал латинскиот...
Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет
Кирил Зајцев, руски протојереј и апологет, во една своја жолчна расправија со протестантите, јавно им поставува повеќе прашања. Внимателно да го ислушаме неговиот говор, кој едновремено е и говор со кој православието им се обраќа на протестантите: „Дозволете ми да ви...
Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието
Христос не ги посветил апостолите за свештеници да вршат свештеничка служба во храмот или во црквата, чијашто завеса Бог ја искинал надве во мигот кога Христос издивнал на крстот, туку ги посветил и ги ракоположил за проповедници на евангелието, давајќи им заповед:...
Универзално свештенство на верниците во Новиот завет
Да нема забуна во врска со земните свештеници! Новиот завет зборува за универзално свештенство - сите верници на Божјата црква во Новиот завет се Божји свештеници, „царско (Божје) свештенство“: „А вие сте избран род, царско свештенство, свет народ, кој му припаѓа на...
Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва
„Талмуд е збирка на запишани еврејски усни преданија, многукратно поголема од Библијата. Таа збирка науката ја познава како талмудска книжевност, или, како што сите ја знаат, Талмуд.“70 Постојат два талмуда: Ерусалимски и Вавилонски Талмуд. „Пред сè, талмудите, ниту...
Светото писмо и Светото предание
„Светото писмо е врв на Светото предание на Божјата Црква, и за својата висина и големина што ги достигнува тоа може да ѝ заблагодари на таа огомна планина чијшто врв е. Симнато од таа планина на Светото предание, цврстата карпа на Светото писмо станува глина која...
Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата
Апостол Павле имал проблем со лажни апостоли кои на верниците во Коринт им проповедале друго евангелие, различно од она што го проповедале Христовите апостоли, а им забележува и на верниците што се одвратиле од вистинското апостолско евангелие и прифатиле лажно...
За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква
Божјата реч на традиционалната Црква ѝ припишува тежок грев идолопоклонство. Како што видовме, Источната црква многу крв пролеала додека не ги внела иконите како идоли во своите храмови. Покрај иконите, друг вид тешко идолопоклонство и суеверие општо во...
Христијанската црква е виновна за појавата на исламот
Да повториме! Токму заради гревовите што ги опишавме претходно, Источната црква ја снашла тешка казна - заради тие нејзини гревови Бог дозволил да се појави исламот како камшик за христијанството. Всушност христијанството е виновно што на светската сцена во петтата и...
Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?
Треба и мораме да признаеме дека во религиозниот свет се појавуваат најразлични чудеса (чудотворенија) кои припадниците на одредена вероисповед ги уверуваат дека Бог токму ним им е наклонет и дека токму тие се дел на единствената вистинска Божја црква. Факт е дека...
Христос и преданијата
Разлика меѓу преданијата што ги наследиле од предците и Божјата реч постоела и кај луѓето во Христово време и Христос бил мошне отворен и јасен по тоа прашање: „Зошто твоите ученици не живеат според преданието (традицијата) на старите, туку јадат леб со неизмиени...
Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?
Црквата дошла во жесток судир со Библијата која се дигнала против неа и силно ја осудувала затоа што нејзината изворна Божја наука ја заменила со црковна наука екстремно проникната со паганизмот на старите народи. За да се ослободи од нејзината осуда и од осилката што...
Протестантскиот лозунг
Како што видовме, Римокатоличката и Православната црква се поставуваат над Светото писмо. Тие веруваат и учат дека Црквата има авторитет да го толкува или да го ограничи толкувањето на Светото писмо, зашто, наводно, таа одлучила кои книги ќе влезат во канонот на...
За христијанските празници и за христијанскиот политеизам
Веднаш да кажеме дека празниците се дел на христијанското предание и традиција, чиста историска категорија без библиска основа. Тие, барем на нашиве простори, потекнуваат од словенскиот паганизам, или пак се хибрид меѓу словенскиот и индоевропскиот паганизам, со...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.