За крстот – за неговите извори и корени
Често како приказ и симбол на богот на Сонцето се користел и крстот, кој бил симбол на обожавателите на Сонцето многу векови пред да се појави христијанството. Еден од неговите најстари симболи бил кукастиот крст. Со текот на времето тој во магијата на источните народи ќе ја прикажува добрата или лошата сила, зависно од насоката на кукичките.
„Бидејќи Семирамида себеси се прогласила за божица, таа барала да ѝ се жртвуваат бебиња. На градите на бебињата е врежуван крст („Т“ или „+“, симбол на Тамуза), а потоа од нив се вадело срцето. Тоа ѝ се допаѓало на Семирамида, па за возврат, таа би воспоставувала мир со нивниот бог, Неврод. Таа била олицетворение на злото.“11
Значи, прв преттеча на крстот била буквата Т (тау), од која ќе произлезат различни облици уште од раното вавилонско царство по заслуга на Семирамида, како знак на нејзиниот син Тамуз. Така настануваат разни облици на крстови, кои сите со ред имаат магиско-култен карактер.
Со текот на времето сите овие окултни елементи влегуваат и во христијанството во вид на „свети крстови“, особено во времето на царот Константин (наводно во негово време света Елена го пронашла Христовиот крст во Ерусалим и го пренела во Цариград) кој бил обожавател на богот на Сонцето па, според тоа, и застапник на овие магиско-окултни знаци. Во негово време и се забележува масовно воведување на крстовите секаде низ царството: на штитовите, знамињата, шлемовите, црквите итн. Целото негово царство го добива овој знак како свое обележје. Христијаните од тогаш го прифаќаат крстот како мистичен знак со тоа што ќе направат заштитен знак на себеси – ќе се прекрстат.
Често се кажува „чесен крст“ – се мисли на мистичниот знак кој ќе го заштити човекот од лошите сили, што било присутно во магијата и во паганските религии. Но се заборава она што го сторил Исус на крстот – дека принел жртва за спасение на луѓето
Иако крстот се смета за оригинален христијански симбол, тој всушност бил знак на старите Халдеи при принесувањето на првороденото дете на жртва на богот на Сонцето.12
Почнувајќи од Семирамида, со векови биле жртвувани малечки бебиња, така што им се правел рез на градите во вид на крст и им се вадело срцето. Тоа била жртва која требало да го смилоса богот на Сонцето и да ѝ донесе живот на нацијата.
Очигледно е дека крстот уште од својот почеток е поврзан со најбрутален масакр. Токму на тој инструмент на злото бил распнат и Господ Исус Христос. Тоа бил систем – принесување на луѓе на жртва на богот на Сонцето во кого верувале и Римјаните. Меѓутоа, Христос го победил тој „бог“ (всушност ѓаволот) со неговото оружје. Умирајќи на крст, Спасителот го разоткрил сето зло и сета расипаност на сатаната, кој стоел зад ова и зад сите други крвопролевања во историјата. Затоа христијаните не би требало премногу да го величаат самиот предмет кој сатаната го употребил против нашиот Спасител.
Крстот како предмет е средство со кое е убиен Исус. Тој може да служи само како симбол на Христовата победа, но во никој случај не како амајлија која се носи за да нè заштити од злото со некоја своја волшебна моќ, зашто тој во себе воопшто нема таква моќ.
Кога станува збор за „чесниот крст“, во списите на апостолите и во зборовите на Исуса Христа тој има наполно поинакво значење. Во своите повици да го носиме својот крст (Матеј 10,38; 16,24), Исус симболички ја опишува самопожртвуваноста, самопрегорот. Апостолите под зборот крст подразбираат и зборуваат за Христовата жртва (1. Коринќаните 2,2), како и за планот на спасението преку Христа (1. Коринќаните 1,18; Галатите 6,14; Филипјаните 3,18; Колошаните 1,20).
Во народот обично се вели: „Бега како ѓавол од крстот!“ Но тоа не е вистина. Крстот го измислил лично ѓаволот, па затоа тој не се плаши од него, наспроти општото мислење на народот. Тоа е заблуда со која непријателот успешно мами многу христијани. Кога го носиме крстот како чудотворен предмет, иако мислиме дека со тоа ја покажуваме својата вера во Христа, ние всушност го признаваме не вистинскиот, туку лажниот бог на Сонцето – сатаната. Затоа, не ви препорачуваме да го носите неговиот знак. Крстот служи само како симбол на Христовата смрт, без никаква волшебна моќ во себе.
Христовиот крст, односно неговата жртва, ние ја признаваме не така што ќе го носиме тој предмет на себе, туку така што ќе го прифатиме она што Тој го сторил на него пред 2.000 години за нас лично. Тоа е прашање на срцето, а не надворешна форма. Резултатите на вистинската вера во Исуса Христа природно ќе се видат во жртвата на еден вистински христијанин, што не може да ги замени никаков предмет, амајлија, украс или надворешен знак. Причина зошто крстот денес масовно се носи, од една страна е мода, а од друга, логиката на формализмот, верувањето дека тоа е вистински знак на верата. Тој облик на религиозност апостол Павле го нарекува „изглед на побожност“, но без вистинска сила (2. Тимотеја 3,5).
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Астрологијата и нејзините апсурди“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
АСТРОЛОГИЈАТА И НЕЈЗИНИТЕ АПСУРДИ
Најскокотливо и мошне загадочно прашање за луѓето отсекогаш било прашањето поврзано со иднината. Оттаму не е чудно што тој интерес за оваа загатка и во ова наше турбулентно време станува сè поголем од кога и да е порано. Тие со сите сили се обидуваат настојувајќи по...
Видови на гатање
Во недостиг од дар на видовитост, оние што би сакале да ја „видат“ иднината прибегнуваат кон разни техники за „читање на иднината“. Тука спаѓаат сите видови на гатање или преткажување на иднината и судбината: - онеиромантија или онеирологија (грч. oneiros - сон,...
Апсурдите во врска со космичката енергија со која е проникната целата вселена и секое создание
Според таоистичката, хиндуистичко - будистичката, монистичката, пантеистичката и анимистичката религија и филозофија, со која денес е заплуснат светот како никогаш порано, длабоко во секое човечко суштество постои „искра“ на некакво „божество“ или „божествено јадро“,...
Реинкарнација
Според ориенталните религии и филозофии постои тврд и неумолив закон, кармички циклус на реинкарнација, или повторно раѓање при смртта и премин од еден во друг вид живот, можност некој и над четириесетина милиони пати да се реинкарнира, повторно да се воплоти, додека...
Кој ги измисли апсурдите во врска со космичката енергија и зошто?
Наводно може да се комуницира со другите без употреба на телефон, писмо, интернет; може да се контактира со билките (селанецот со своите посеви) со животните, со мртвата природа (со водата), со мртвите луѓе, или со повисоките, трансцендентни суштества, кои божем можат...
За анимизмот и пантеизмот
Анимизам. Мистично, спиритистичко верување според кое целокупната природа, дрвјата, птиците, животните и сите елементи, како што се дождот, ветерот, а и луѓето, имаат свој дух или душа. Насекаде околу нас се наоѓаат духови. Тие живеат во земјата, во водата, во...
Неврод и Семирамида
Вавилонците биле ориентално ориентирани не само географски, туку и религиозно - кон Сонцето. Така неговиот главен основач, а и организатор на целиот овој потфат, Неврод, станува основач на сите ориентални религии. Со култот на Неврода, како олицетворение на богот на...
Античките мистерии визави мистериите на традиционалната христијанска Црква
Под поимот античка традиција ги подразбираме античките мистерии, религиозно-окултните толкувања на паганските свештеници кои првенствено служеле за потчинување на лековерните и необразованите народни маси. Генерално кажано, ние не би погрешиле ако во сите наши...
Односот на христијанинот кон астрологијата
Видовме дека астрологијата не е наука, туку религија со древно паганско потекло, која со силен замав со застрашувачки размери го освојува светот, при што сме соочени со најголемо будење на паганизмот до сега во историјата. Дали христијанството е немоќно па полека се...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.