За анимизмот и пантеизмот
Анимизам. Мистично, спиритистичко верување според кое целокупната природа, дрвјата, птиците, животните и сите елементи, како што се дождот, ветерот, а и луѓето, имаат свој дух или душа. Насекаде околу нас се наоѓаат духови. Тие живеат во земјата, во водата, во облаците, на небото… Анимизмот учи дека луѓето се дел на овој мистичен свет исполнет со духови – со добри и зли. Сите елементи во природата имаат сроден дух кој може да општи со човечкиот дух; луѓето можат да општат, и општат со тие духови, со духовите на тополите, на врбите, со духовите на шумите, на мочуриштата, на планините… Тие духови можат да ги поврзуваат едни со други и да управуваат со нивната судбина, ако ги „слушаат“. Вака веруваат Хиндусите, будистите, американските домородци.
Човек анимист комуницира со врбата, со шумата, со планината, со мочуриштето – го слуша гласот на нивниот дух, стапува во разговор со него. Духот му објаснува, го советува, го упатува, му наредува; се јавуваат разни привиденија и ликови со кои разговара, се договара и заедно прават планови за разни заеднички активности и акции; меѓу нив се развива заемно пријателство и доверба; тие му раскажуваат чудни случки од минатото, му прикажуваат неверојатни настани што треба да се одиграат во иднина, му ги исполнуваат желбите, одат пред него, го водат, му помагаат, го предупредуваат, заедно се впуштаат во разни авантури, учествуваат во чудни заеднички потфати…
И навистина околу нас насекаде има духови, но „тоа се демонски (ѓаволски) духови кои прават чуда“ (Окровение 16,14), и кога луѓето контактираат со божемниот дух на планините, на шумите, на мочуриштата, со духот на врбите и тополите, тие всушност контактираат директно со ѓаволот и со неговите демони кои се кријат зад тој нивни замислен дух. Тоа е опасна и мошне ризична игра која најчесто завршува трагично за оној кој разговара со нив.
Пантеизам (грчки: pan – сè, и teizam- „бог“). Религиозно-филозофско учење кое Бога го идентификува со природата и природата ја посматра како манифестација на божеството, учење според кое бог и природата се едно исто, а предметите и појавите во светот се само моменти на божествениот сеживот, според кој бог и природата не стојат во однос како бог и создадено дело. Идеја дека божјата суштина или вселенската енергија проникнува сè, вклучувајќи ја и планетата Земја. Пантеизмот учи дека вселената и сè што е во неа е бог или негова манифестација. Во пантеизмот не постои жив бог како личност којашто одржува и учествува во настаните меѓу луѓето. Според Библијата, нашиот Творец, Бог, и неговите созданија се две наполно различни нешта, целосно изделени. Библискиот Бог не е внатре во своите созданија, туку е надвор од нив, додека пантеистичкиот бог е едно со созданијата, внатре во нив. Нивниот бог е присутен во сè, во секој елемент на вселената – сè во сè – во листот на дрвото, во тревката, во дождовната капка и во човечките суштества. Верување дека луѓето се богови.
Идејата дека бог е присутен во сè и сè во сè (пантеизам), ги укинува сите разлики меѓу луѓето и животните, зашто сè се слева во едно. Пантеизмот има истакната улога во хиндуистичкиот светоглед.
Атеизмот, натурализмот, монизмот, дуализмот, политеизмот, таоизмот, анимизмот и пантеизмот се дијаметрално спротивни од вистинскиот, теистичкиот библиски светоглед. Сите тие светогледи се наполно спротивни од библискиот креационистички светоглед.
За размислување: Независно од тоа дали сте образовано лице или не, дали верувате дека со вашиот живот управува некое „астрално божество“, кое всушност не е ништо друго освен мртво планетарно тело? Ако сте христијанин (христијанка), прифаќате ли да ве води некој пагански бог, кој нема никакво место во христијанската вера? Не е ли чудно што денес многу „христијани“ веруваат во една ваква паганска религија?
Се надеваме дека не сакате карактерот да ви го обликуваат ниту другите луѓе ниту некакви несовршени „богови“ и „планетарни духови“, кои всушност се ѓаволски духови, безочни демони. Не бидете ничии робови, робови на луѓето, уште помалку робови на демоните, во чијашто рака сте обична ветрушка. Замете го својот случај во свои раце и стојте простум пред силните налети и на астрологијата и на сите други спиритистички, окултни сеништа што се реат над нашите глави, жестоко настојувајќи секој ден да го турнат светот во бездна од која нема излез, да ве стават и вас во својот јарем на најцрно ропство од кое не можете да се избавите ако Бог не ви се смилува да ве избави на ваш повик за помош.
Оставете го настрана Нострадамуса, Саи Баба и сите други квази пророци, сите ѕвездочатци (астролози) кои гатаат и ја преткажуваат вашата иднина и судбина според ѕвездите; настрана гледачите на карти и сите видови вражари и маѓесници; подалеку од сите што се договараат со мртвите и ви пренесуваат од нив пораки од другиот свет; презрете ги јасновидците, оние кои иднината ја преткажуваат вака: „Јас верувам“, „јас очекувам“, „јас се надевам“, „јас претпоставувам“, „јас мислам“…
Почитувани, Бог ќе ни ја открие иднината и нашата вистинска судбина во својата Реч, Библијата, зависно од тоа дали живееме според неа или не.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Астрологијата и нејзините апсурди“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
АСТРОЛОГИЈАТА И НЕЈЗИНИТЕ АПСУРДИ
Најскокотливо и мошне загадочно прашање за луѓето отсекогаш било прашањето поврзано со иднината. Оттаму не е чудно што тој интерес за оваа загатка и во ова наше турбулентно време станува сè поголем од кога и да е порано. Тие со сите сили се обидуваат настојувајќи по...
Видови на гатање
Во недостиг од дар на видовитост, оние што би сакале да ја „видат“ иднината прибегнуваат кон разни техники за „читање на иднината“. Тука спаѓаат сите видови на гатање или преткажување на иднината и судбината: - онеиромантија или онеирологија (грч. oneiros - сон,...
Апсурдите во врска со космичката енергија со која е проникната целата вселена и секое создание
Според таоистичката, хиндуистичко - будистичката, монистичката, пантеистичката и анимистичката религија и филозофија, со која денес е заплуснат светот како никогаш порано, длабоко во секое човечко суштество постои „искра“ на некакво „божество“ или „божествено јадро“,...
Реинкарнација
Според ориенталните религии и филозофии постои тврд и неумолив закон, кармички циклус на реинкарнација, или повторно раѓање при смртта и премин од еден во друг вид живот, можност некој и над четириесетина милиони пати да се реинкарнира, повторно да се воплоти, додека...
Кој ги измисли апсурдите во врска со космичката енергија и зошто?
Наводно може да се комуницира со другите без употреба на телефон, писмо, интернет; може да се контактира со билките (селанецот со своите посеви) со животните, со мртвата природа (со водата), со мртвите луѓе, или со повисоките, трансцендентни суштества, кои божем можат...
Неврод и Семирамида
Вавилонците биле ориентално ориентирани не само географски, туку и религиозно - кон Сонцето. Така неговиот главен основач, а и организатор на целиот овој потфат, Неврод, станува основач на сите ориентални религии. Со култот на Неврода, како олицетворение на богот на...
Античките мистерии визави мистериите на традиционалната христијанска Црква
Под поимот античка традиција ги подразбираме античките мистерии, религиозно-окултните толкувања на паганските свештеници кои првенствено служеле за потчинување на лековерните и необразованите народни маси. Генерално кажано, ние не би погрешиле ако во сите наши...
За крстот – за неговите извори и корени
Често како приказ и симбол на богот на Сонцето се користел и крстот, кој бил симбол на обожавателите на Сонцето многу векови пред да се појави христијанството. Еден од неговите најстари симболи бил кукастиот крст. Со текот на времето тој во магијата на источните...
Односот на христијанинот кон астрологијата
Видовме дека астрологијата не е наука, туку религија со древно паганско потекло, која со силен замав со застрашувачки размери го освојува светот, при што сме соочени со најголемо будење на паганизмот до сега во историјата. Дали христијанството е немоќно па полека се...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.