Видови на гатање
Во недостиг од дар на видовитост, оние што би сакале да ја „видат“ иднината прибегнуваат кон разни техники за „читање на иднината“. Тука спаѓаат сите видови на гатање или преткажување на иднината и судбината:
– онеиромантија или онеирологија (грч. oneiros – сон, logia или logos – реч, говор) значи „соништата зборуваат“ или „соништата преткажуваат“; толкување на соништа или преткажување со помош на соништа;
– некроманија или некрологија (грч. nekros – мртов, мртовец и logos – реч, говор) значи „мртвите зборуваат“; окултна појава, комуницирање со мртвите или спиритизам;
– клеромантија – фрлање на ждрепка или извлекување на броеви;
– хепатоскопија – гледање во црниот дроб на заклано или убиено животно;
– картоманија – гатање со помош на карти, особено со тарот карти. Целокупниот распоред и симболиката на овие карти се базираат на астролошки и магиски симболи;
– гатање со помош на огледало, стаклена топка, горски кристали или со мазни површини што рефлектираат, со биопирамиди;
– хиромантија, читање на судбината од дланка, од облиците на линиите на дланката;
– хороскоп или астрологија – гатање според ѕвездите;
– психометрија – гатање со помош на предмети на сопственикот (магија, вражање со помош на магиски симболи, предмети, формули);
– гледање во филџан (најраширен облик на гатање);
– геомантија – со помош на симболи разместени на земја;
– пиромантија – гатање со помош на пламен;
– радиестезија – буквално „чувство за зраци“, божем способност на поединци со помош на чатал да откријат подземни водни токови или наслаги на руда. Наводно радиестезистите откриваат и „зрачења во земјата“ кои предизвикуваат болести, или пак „зрачења“ кај живите суштества или објектите.
– гатање со помош на чаша и букви, и многу други помалку познати начини.
Сите ови пракси главно се поврзани со астрологијата и магијата. Не е можно да се гата (да се преткажува судбина) без старите древни окултни сознанија. Сите тие имаат единствена суштина поврзана со астролошката претстава за вселената. Овие правци сметаат дека сè произлегува од космичката интелигентна енергија, која некои ја нарекуваат „бог“ а други само „ум“. Сите тие веруваат дека натприродните сознанија потекнуваат од тој космички извор.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Астрологијата и нејзините апсурди“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
АСТРОЛОГИЈАТА И НЕЈЗИНИТЕ АПСУРДИ
Најскокотливо и мошне загадочно прашање за луѓето отсекогаш било прашањето поврзано со иднината. Оттаму не е чудно што тој интерес за оваа загатка и во ова наше турбулентно време станува сè поголем од кога и да е порано. Тие со сите сили се обидуваат настојувајќи по...
Апсурдите во врска со космичката енергија со која е проникната целата вселена и секое создание
Според таоистичката, хиндуистичко - будистичката, монистичката, пантеистичката и анимистичката религија и филозофија, со која денес е заплуснат светот како никогаш порано, длабоко во секое човечко суштество постои „искра“ на некакво „божество“ или „божествено јадро“,...
Реинкарнација
Според ориенталните религии и филозофии постои тврд и неумолив закон, кармички циклус на реинкарнација, или повторно раѓање при смртта и премин од еден во друг вид живот, можност некој и над четириесетина милиони пати да се реинкарнира, повторно да се воплоти, додека...
Кој ги измисли апсурдите во врска со космичката енергија и зошто?
Наводно може да се комуницира со другите без употреба на телефон, писмо, интернет; може да се контактира со билките (селанецот со своите посеви) со животните, со мртвата природа (со водата), со мртвите луѓе, или со повисоките, трансцендентни суштества, кои божем можат...
За анимизмот и пантеизмот
Анимизам. Мистично, спиритистичко верување според кое целокупната природа, дрвјата, птиците, животните и сите елементи, како што се дождот, ветерот, а и луѓето, имаат свој дух или душа. Насекаде околу нас се наоѓаат духови. Тие живеат во земјата, во водата, во...
Неврод и Семирамида
Вавилонците биле ориентално ориентирани не само географски, туку и религиозно - кон Сонцето. Така неговиот главен основач, а и организатор на целиот овој потфат, Неврод, станува основач на сите ориентални религии. Со култот на Неврода, како олицетворение на богот на...
Античките мистерии визави мистериите на традиционалната христијанска Црква
Под поимот античка традиција ги подразбираме античките мистерии, религиозно-окултните толкувања на паганските свештеници кои првенствено служеле за потчинување на лековерните и необразованите народни маси. Генерално кажано, ние не би погрешиле ако во сите наши...
За крстот – за неговите извори и корени
Често како приказ и симбол на богот на Сонцето се користел и крстот, кој бил симбол на обожавателите на Сонцето многу векови пред да се појави христијанството. Еден од неговите најстари симболи бил кукастиот крст. Со текот на времето тој во магијата на источните...
Односот на христијанинот кон астрологијата
Видовме дека астрологијата не е наука, туку религија со древно паганско потекло, која со силен замав со застрашувачки размери го освојува светот, при што сме соочени со најголемо будење на паганизмот до сега во историјата. Дали христијанството е немоќно па полека се...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.