Реинкарнација
Според ориенталните религии и филозофии постои тврд и неумолив закон, кармички циклус на реинкарнација, или повторно раѓање при смртта и премин од еден во друг вид живот, можност некој и над четириесетина милиони пати да се реинкарнира, повторно да се воплоти, додека не постигне апсолутно совршенство или степен на „нирвана“.
Според тоа, реинкарнацијата подразбира преселба на душата (при смртта) од едно во друго тело, односно, од еден во друг вид тело. Тоа значи, претходниот живот се гаси, а веднаш се раѓа нов, слично на сонцето кое на едната страна од планината заоѓа, односно се гаси, а едновремено од другата страна се раѓа, односно изгрева, и продолжува да свети.
Слични мисли за премин од еден во друг вид на живот веднаш при смртта имавме и кај Били Грејем во протестантизмот: „Заминувањето на верникот на небо е директен пат. Штом ќе умреме, веднаш сме при Господа… Оној миг, кога ќе го испуштиме здивот на земјата, ние го добиваме својот прв здив на небото. Го напуштаме телото и веднаш сме во Божје присуство.“
За да напредува и да иде угоре, човекот мора да внимава секој негов следен живот да биде поправеден и посвет од претходниот; тоа е прогресивна реинкарнација. Но, ако севкупноста на неговите дела, направени во сегашниот живот, е полоша од онаа во претходниот, тогаш човекот, кога ќе умре, наместо да оди чекор напред, намалувајќи го така бројот на скалилата што му претстојат до врвот, до нирвана, паѓа под удар на регресивната реинкарнација – се враќа назад – и наместо пак да се роди како посреќен човек, следниот живот ќе мора да го проживее како куче, прасе, крокодил, глиста, вошка, комарец, како коприва или како некоја друга тревка или животно. Таков човек, кој оди чекор напред, а два назад, тешко ќе се добере до нирвана без да се реинкарнира безброј милиони пати и без да помине безброј милиони скалила додека не ја постигне целта. Значи, според тој закон (циклус), ние денес сме човек, а утре, како што рековме, сме прасе, па теле, глиста или комарец, па пак човек, па коприва или јоргован, и така во бескрај.
Да заокружиме! Според кармичкиот закон за реинкарнација, многу тешко е да се постигне спасение во текот на само еден човечки век. Затоа се потребни бескрајно многу други прилики и можности за прочистување и спасение, во безброј други реинкарнации. Конечно, спасението е прашање само на време. Реинкарнацијата ни дава наводна сигурност дека ќе имаме онолку прилики колку што ни се потребни за да стигнеме до конечно спасение. Се чини дека сите ќе стигнат на целта. Универзалноста на спасението е еден од важните елементи на верувањето во реинкарнација, што е неодржливо пред библиската вистина.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Астрологијата и нејзините апсурди“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
АСТРОЛОГИЈАТА И НЕЈЗИНИТЕ АПСУРДИ
Најскокотливо и мошне загадочно прашање за луѓето отсекогаш било прашањето поврзано со иднината. Оттаму не е чудно што тој интерес за оваа загатка и во ова наше турбулентно време станува сè поголем од кога и да е порано. Тие со сите сили се обидуваат настојувајќи по...
Видови на гатање
Во недостиг од дар на видовитост, оние што би сакале да ја „видат“ иднината прибегнуваат кон разни техники за „читање на иднината“. Тука спаѓаат сите видови на гатање или преткажување на иднината и судбината: - онеиромантија или онеирологија (грч. oneiros - сон,...
Апсурдите во врска со космичката енергија со која е проникната целата вселена и секое создание
Според таоистичката, хиндуистичко - будистичката, монистичката, пантеистичката и анимистичката религија и филозофија, со која денес е заплуснат светот како никогаш порано, длабоко во секое човечко суштество постои „искра“ на некакво „божество“ или „божествено јадро“,...
Кој ги измисли апсурдите во врска со космичката енергија и зошто?
Наводно може да се комуницира со другите без употреба на телефон, писмо, интернет; може да се контактира со билките (селанецот со своите посеви) со животните, со мртвата природа (со водата), со мртвите луѓе, или со повисоките, трансцендентни суштества, кои божем можат...
За анимизмот и пантеизмот
Анимизам. Мистично, спиритистичко верување според кое целокупната природа, дрвјата, птиците, животните и сите елементи, како што се дождот, ветерот, а и луѓето, имаат свој дух или душа. Насекаде околу нас се наоѓаат духови. Тие живеат во земјата, во водата, во...
Неврод и Семирамида
Вавилонците биле ориентално ориентирани не само географски, туку и религиозно - кон Сонцето. Така неговиот главен основач, а и организатор на целиот овој потфат, Неврод, станува основач на сите ориентални религии. Со култот на Неврода, како олицетворение на богот на...
Античките мистерии визави мистериите на традиционалната христијанска Црква
Под поимот античка традиција ги подразбираме античките мистерии, религиозно-окултните толкувања на паганските свештеници кои првенствено служеле за потчинување на лековерните и необразованите народни маси. Генерално кажано, ние не би погрешиле ако во сите наши...
За крстот – за неговите извори и корени
Често како приказ и симбол на богот на Сонцето се користел и крстот, кој бил симбол на обожавателите на Сонцето многу векови пред да се појави христијанството. Еден од неговите најстари симболи бил кукастиот крст. Со текот на времето тој во магијата на источните...
Односот на христијанинот кон астрологијата
Видовме дека астрологијата не е наука, туку религија со древно паганско потекло, која со силен замав со застрашувачки размери го освојува светот, при што сме соочени со најголемо будење на паганизмот до сега во историјата. Дали христијанството е немоќно па полека се...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.