Неврод и Семирамида
Вавилонците биле ориентално ориентирани не само географски, туку и религиозно – кон Сонцето. Така неговиот главен основач, а и организатор на целиот овој потфат, Неврод, станува основач на сите ориентални религии. Со култот на Неврода, како олицетворение на богот на Сонцето, тесно поврзан е култот на божицата на плодноста, кој потекнува од неговата жена, Семирамида. Со Неврода и со Семирамида веќе се сретнавме во книгава порано.. Семирамида воспоставила верување дека луѓето по смртта ги запоседнуваат своите ѕвезди на небото. Така астрологијата во основа е космичка религија, чијшто темел е верување во бесмртност на душата. Од тогаш таа станува темел на сите пагански верувања. Заедно со Неврода таа ја развила магијата како култ тесно поврзан со свештеничкиот целибат (неженство). Тие редови биле „… верски плашт за да се скријат прељубата, блудот, хомосексуалноста, содомијата (полово општење со животни) и лезбијството. Токму оттаму и води потеклото на римокатоличкиот целибат, кој свештениците ги прикажува како изделени, возвишени и свети. Како и денес, тие верувале дека сакраментот (света тајна) на светите редови (целибатот) е поголем отколку сакраментот брак, што е наполно небиблиски. Калуѓерките биле храмски проститутки, служејќи им на свештениците. Тогаш тие се викале ‘девици весталки’, а денес ‘Христова невеста’“2. Во античкиот период тие активности биле опфатени во „големиот ритуал“ на храмската проституција во магијата.3 За да ги следи настаните на терен и сите тајни на своите следбеници, Семирамида измислила и организирала исповед, уверувајќи го народот дека свештениците имаат власт да проштаваат гревови.4 Луѓето се плашеле да не биде фрлена врз нив црна магија, па морале принудно сè да признаат, со што свештенството со одврзани раце добивало увид во сè што прават нивните приврзаници, контролирајќи ја на тој начин ситуацијата на теренот и држејќи го лаикатот на узда. Оттаму идејата за исповед на уво во традиционалната христијанска Црква, за што е доста зборувано до сега.5 Така Семирамида станува примарна личност, особено по смртта на Неврода, за која пишува античкиот историчар Мајмонид, нарекувајќи го Тамуз. Кога Семирамида направила прељуба и родила син, за да го скрие тоа од јавноста, него го нарекла Тамуз, тврдејќи дека тој е реинкарниран Неврод, кој веќе е прогласен за бог на Сонцето. „Приказните за Неврода, Семирамида и Тамуза се рашириле низ цел свет. Басните станале популарни во митологијата. Измислувани се богови и божици, сите поврзани со овие три личности. Тие станале свето семејство.“6 Од изложениот материјал јасно се гледа дека астрологијата е стара окултна незнабожечка религија посветена на главните древни божества: Сонцето, Месечината и другите пет планети на нашиот сончев систем. Таа е космичка религија.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Астрологијата и нејзините апсурди“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
АСТРОЛОГИЈАТА И НЕЈЗИНИТЕ АПСУРДИ
Најскокотливо и мошне загадочно прашање за луѓето отсекогаш било прашањето поврзано со иднината. Оттаму не е чудно што тој интерес за оваа загатка и во ова наше турбулентно време станува сè поголем од кога и да е порано. Тие со сите сили се обидуваат настојувајќи по...
Видови на гатање
Во недостиг од дар на видовитост, оние што би сакале да ја „видат“ иднината прибегнуваат кон разни техники за „читање на иднината“. Тука спаѓаат сите видови на гатање или преткажување на иднината и судбината: - онеиромантија или онеирологија (грч. oneiros - сон,...
Апсурдите во врска со космичката енергија со која е проникната целата вселена и секое создание
Според таоистичката, хиндуистичко - будистичката, монистичката, пантеистичката и анимистичката религија и филозофија, со која денес е заплуснат светот како никогаш порано, длабоко во секое човечко суштество постои „искра“ на некакво „божество“ или „божествено јадро“,...
Реинкарнација
Според ориенталните религии и филозофии постои тврд и неумолив закон, кармички циклус на реинкарнација, или повторно раѓање при смртта и премин од еден во друг вид живот, можност некој и над четириесетина милиони пати да се реинкарнира, повторно да се воплоти, додека...
Кој ги измисли апсурдите во врска со космичката енергија и зошто?
Наводно може да се комуницира со другите без употреба на телефон, писмо, интернет; може да се контактира со билките (селанецот со своите посеви) со животните, со мртвата природа (со водата), со мртвите луѓе, или со повисоките, трансцендентни суштества, кои божем можат...
За анимизмот и пантеизмот
Анимизам. Мистично, спиритистичко верување според кое целокупната природа, дрвјата, птиците, животните и сите елементи, како што се дождот, ветерот, а и луѓето, имаат свој дух или душа. Насекаде околу нас се наоѓаат духови. Тие живеат во земјата, во водата, во...
Античките мистерии визави мистериите на традиционалната христијанска Црква
Под поимот античка традиција ги подразбираме античките мистерии, религиозно-окултните толкувања на паганските свештеници кои првенствено служеле за потчинување на лековерните и необразованите народни маси. Генерално кажано, ние не би погрешиле ако во сите наши...
За крстот – за неговите извори и корени
Често како приказ и симбол на богот на Сонцето се користел и крстот, кој бил симбол на обожавателите на Сонцето многу векови пред да се појави христијанството. Еден од неговите најстари симболи бил кукастиот крст. Со текот на времето тој во магијата на источните...
Односот на христијанинот кон астрологијата
Видовме дека астрологијата не е наука, туку религија со древно паганско потекло, која со силен замав со застрашувачки размери го освојува светот, при што сме соочени со најголемо будење на паганизмот до сега во историјата. Дали христијанството е немоќно па полека се...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.