АСТРОЛОГИЈАТА И НЕЈЗИНИТЕ АПСУРДИ*
Најскокотливо и мошне загадочно прашање за луѓето отсекогаш било прашањето поврзано со иднината. Оттаму не е чудно што тој интерес за оваа загатка и во ова наше турбулентно време станува сè поголем од кога и да е порано. Тие со сите сили се обидуваат настојувајќи по секоја цена да проникнат и да ги одгатнат тајните на својот живот што ги крие нивната лична иднина, но и иднината на светот воопшто. Доказ за тоа е огромниот број на т.н. пророци и системи за преткажување на иднината. Енормно големиот број на списанија, книги, радио и ТВ емисии, зборуваат за оваа тема и сите тие, како решение за навлегување во тајните што ги крие и ни ги носи иднината, ни ги нудат гатањето и астрологијата. Беше кажано дека и во минатото, и денес, мнозинството претседатели на големите светски сили, музичари, актери и многу други видни и популарни личности, имале и имаат астролози како свои советници. Сите големи одлуки, светски настани и планови, се одвиваат под покровителство на овие луѓе. Така астрологијата денес добива статус на најпопуларно застапена идеја како меѓу обичното, така и меѓу образованото и елитно граѓанство.
Што е тоа астрологија? Каде води таа? Која е вистината за неа? Дали тоа е вистина или илузија? Дали е добро да се занимаваме со неа или не и зошто? Какви се последиците од тоа? Што ни носи новата (астролошка) епоха, наречена „Нова епоха“ или „Епоха на Водолеецот“, која треба да ги обележи следните 2000 години и која многумина ја очекуваа со надеж дека таа ќе ни донесе подобра иднина?
Голема помош при ова истражување ќе ни даде Библијата, пред сè затоа што таа содржи важни текстови кои зборуваат за астрологијата и за нејзината суштина, а и затоа што астролозите ја спомнуваат ова древна книга на мудроста.
Најпрво да ја дефинираме астрологијата. Зборот астрологија е грчки збор – сложенка составена од два збора: aster – ѕвезда, и logos – реч, говор. Според тоа, наједноставно кажано, астрологија значи „ѕвездите зборуваат“ – во древните времиња распространето квази учење за „преткажување на судбината“ на човекот според положбата на ѕвездите (кај старите народи: астролози – „ѕвездочатци“), или најраспространет облик за откривање на иднината со помош на движењето на небесните тела. Тоа е древно верување кое постои речиси од создавањето на светот, а преку Вавилон пристигнало и до нас. Тоа било оружје во рацете на владетелите и војските на стариот свет. Со помош на астролошки карти се планирани војни и воени походи и е предвидувано и одредувано најпогодно време и најдобри околности за нив.
Според мислењето на Аристотела, ѕвездите се суштества со натчовечка интелигенција и поради своите чисти и божествени облици тие влијаат врз животот на оваа земја. Оттаму астролозите создале празноверие за силно влијание на астралните духови врз човечкиот живот. Така астрологијата станала можност, односно вештина судбината на човекот да се чита од положбата на ѕвездите.
За разлика од астрологијата, чијшто темел е традицијата, астрономијата (астер – ѕвезда и номос, номија – закон, законитост, ред, правило) е егзактна наука која ги проучува ѕвездите и небесните тела, наука за вселената која почива врз строги и прецизни закони и законитости, што не е случај со астрологијата.
Денес „најпознатите светски астролози имаат еднаш или два пати годишно свои конгреси на кои ги утврдуваат своите искуства и студии…
И кај нас постои сè посилен интерсе за неа. Бројни списанија и книги ја обработуваат таа тематика на професионално ниво. Таа продира во речиси сите тиражни и еминентни списанија, а читателите главно најчесто по кусиот преглед на содржината, застануваат да ја видат прогнозата за својата иднина, хороскопот и астролошката карта; за некои тоа е само забава, но за мнозина истото е основен начин на размислување во животот. Големо мнозинство се длабоко уверени дека таа е вистина.
Беше кажано дека „помалку е познато значењето и улогата кои астрологијата и окултните науки ги имале за време на Втората светска војна. Главните нацистички водачи, Хитлер, Розенберг, Химлер, Хес…, често совети барале од своите астролози. Еден од тие астролози, Карл Ернст Крафт, имал дури извесна политичка улога при насочувањето на одлуките на Адолф Хитлер кој во него имал целосна доверба… И сојузниците ја користеле астрологијата… Во САД астролозите, кои преткажувале пропаст на силата на Оската, примале постојана парична помош од државата.“1
Отсекогаш, па и денес, астрологијата влијаела врз политичките и стратегиските одлуки. Таа се користела и за воени пропаганди за да го заплаши непријателот, преткажувајќи му пропаст.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Астрологијата и нејзините апсурди“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
Видови на гатање
Во недостиг од дар на видовитост, оние што би сакале да ја „видат“ иднината прибегнуваат кон разни техники за „читање на иднината“. Тука спаѓаат сите видови на гатање или преткажување на иднината и судбината: - онеиромантија или онеирологија (грч. oneiros - сон,...
Апсурдите во врска со космичката енергија со која е проникната целата вселена и секое создание
Според таоистичката, хиндуистичко - будистичката, монистичката, пантеистичката и анимистичката религија и филозофија, со која денес е заплуснат светот како никогаш порано, длабоко во секое човечко суштество постои „искра“ на некакво „божество“ или „божествено јадро“,...
Реинкарнација
Според ориенталните религии и филозофии постои тврд и неумолив закон, кармички циклус на реинкарнација, или повторно раѓање при смртта и премин од еден во друг вид живот, можност некој и над четириесетина милиони пати да се реинкарнира, повторно да се воплоти, додека...
Кој ги измисли апсурдите во врска со космичката енергија и зошто?
Наводно може да се комуницира со другите без употреба на телефон, писмо, интернет; може да се контактира со билките (селанецот со своите посеви) со животните, со мртвата природа (со водата), со мртвите луѓе, или со повисоките, трансцендентни суштества, кои божем можат...
За анимизмот и пантеизмот
Анимизам. Мистично, спиритистичко верување според кое целокупната природа, дрвјата, птиците, животните и сите елементи, како што се дождот, ветерот, а и луѓето, имаат свој дух или душа. Насекаде околу нас се наоѓаат духови. Тие живеат во земјата, во водата, во...
Неврод и Семирамида
Вавилонците биле ориентално ориентирани не само географски, туку и религиозно - кон Сонцето. Така неговиот главен основач, а и организатор на целиот овој потфат, Неврод, станува основач на сите ориентални религии. Со култот на Неврода, како олицетворение на богот на...
Античките мистерии визави мистериите на традиционалната христијанска Црква
Под поимот античка традиција ги подразбираме античките мистерии, религиозно-окултните толкувања на паганските свештеници кои првенствено служеле за потчинување на лековерните и необразованите народни маси. Генерално кажано, ние не би погрешиле ако во сите наши...
За крстот – за неговите извори и корени
Често како приказ и симбол на богот на Сонцето се користел и крстот, кој бил симбол на обожавателите на Сонцето многу векови пред да се појави христијанството. Еден од неговите најстари симболи бил кукастиот крст. Со текот на времето тој во магијата на источните...
Односот на христијанинот кон астрологијата
Видовме дека астрологијата не е наука, туку религија со древно паганско потекло, која со силен замав со застрашувачки размери го освојува светот, при што сме соочени со најголемо будење на паганизмот до сега во историјата. Дали христијанството е немоќно па полека се...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.