Апсурдите во врска со космичката енергија со која е проникната целата вселена и секое создание
Според таоистичката, хиндуистичко – будистичката, монистичката, пантеистичката и анимистичката религија и филозофија, со која денес е заплуснат светот како никогаш порано, длабоко во секое човечко суштество постои „искра“ на некакво „божество“ или „божествено јадро“, некакво „повисоко јас“, недефинирана „енергија“, нејасна „универзална космичка енергија“, „повисока свест“. Таа енергија е маглива „божествена суштина“ на тоа божество, некаков „негов божествен принцип“, кој е извор на ред во нашиот живот и тело. Овие правци сметаат дека сè произлегува од таа мистична „интелигентна или умна космичка енергија“, која некои, како што кажавме, ја нарекуваат „бог“, а други само „ум“. Сите тие веруваат дека натприродните сознанија потекнуваат од тој космички извор. Се смета дека тој „божествен принцип“, тоа „божество“, тој „ум“, тој „бог“, таа „интелигентна, умна космичка енергија“, проникнува сè во природата и во космосот, дека е присутна во сè, дека „бог е во сè“, „сè е бог“ и едновремено сите ние сме богови. Во рамките на ова гледиште и христијанскиот Бог е безлична „космичка енергија“ којашто е суштина на сè.
Споменатата религија и филозофија тврдат дека сите суштества, сите живи организми, се свети затоа што истите „божества“, истата „суштина“ или истата „космичка (вселенска) енергија“ („прана“, „ки“), која постои во луѓето, се наоѓа и во сите други созданија – во животните, во птиците, во рибите, во бубалките, во црвите, во растенијата, во камењата, во водата, во дождот, во воздухот…, во другите небесни тела, во целата вселена. Човечкото суштество е дел на космосот, и на космичко ниво сите ние едновремено постоиме низ целата вселена. Човекот е само „микрокопија“ на вселената, на „макрокосмосот“. Тоа е основен темел на магијата и окултизмот. Нивна е идејата за поврзаност на микрокосмосот (нашето тело) со макрокосмосот (вселената), идеја дека едната е микрокопија на другата.
Според споменатата религија и филозофија, таа „универзална космичка енергија“ го поврзува и на космосот му обезбедува нераскинлив интегритет, чијшто интегрален дел или алка во тој нераскинлив синџир сме и ние луѓето, заедно со животните и растенијата, со вошките и црвите, со змиите и крокодилите, со копривите и трњето, со водата и камењата, со ветерот и маглата… Не постои никаква можност за независно и самостојно постоење надвор од тој синџир, можност за нешто и некој да се откачи или да се издели од тој семирски интегритет, да ја напушти таа нераскинлива вселенска заедница, ниту пак можност некој да умре и да исчезне, зашто „нема“ смрт. Нема никаква можност да се ослободиме од железните стеги на строгата судбина што ни ја определила и запишала таа квази „умна (интелигентна) космичка енергија“ која нè изедначила со жабите и гуштерите, со врбите и тополите, со снегот и мразот… Таа нашиот живот однапред го програмира и ние како роботи присилно, без наша согласност, сме ставени во своевиден гето од кое не можеме да побегнеме, да излеземе и слободно да дишеме, сами да го креираме животот, иднината, слободно да бираме…
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Астрологијата и нејзините апсурди“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
АСТРОЛОГИЈАТА И НЕЈЗИНИТЕ АПСУРДИ
Најскокотливо и мошне загадочно прашање за луѓето отсекогаш било прашањето поврзано со иднината. Оттаму не е чудно што тој интерес за оваа загатка и во ова наше турбулентно време станува сè поголем од кога и да е порано. Тие со сите сили се обидуваат настојувајќи по...
Видови на гатање
Во недостиг од дар на видовитост, оние што би сакале да ја „видат“ иднината прибегнуваат кон разни техники за „читање на иднината“. Тука спаѓаат сите видови на гатање или преткажување на иднината и судбината: - онеиромантија или онеирологија (грч. oneiros - сон,...
Реинкарнација
Според ориенталните религии и филозофии постои тврд и неумолив закон, кармички циклус на реинкарнација, или повторно раѓање при смртта и премин од еден во друг вид живот, можност некој и над четириесетина милиони пати да се реинкарнира, повторно да се воплоти, додека...
Кој ги измисли апсурдите во врска со космичката енергија и зошто?
Наводно може да се комуницира со другите без употреба на телефон, писмо, интернет; може да се контактира со билките (селанецот со своите посеви) со животните, со мртвата природа (со водата), со мртвите луѓе, или со повисоките, трансцендентни суштества, кои божем можат...
За анимизмот и пантеизмот
Анимизам. Мистично, спиритистичко верување според кое целокупната природа, дрвјата, птиците, животните и сите елементи, како што се дождот, ветерот, а и луѓето, имаат свој дух или душа. Насекаде околу нас се наоѓаат духови. Тие живеат во земјата, во водата, во...
Неврод и Семирамида
Вавилонците биле ориентално ориентирани не само географски, туку и религиозно - кон Сонцето. Така неговиот главен основач, а и организатор на целиот овој потфат, Неврод, станува основач на сите ориентални религии. Со култот на Неврода, како олицетворение на богот на...
Античките мистерии визави мистериите на традиционалната христијанска Црква
Под поимот античка традиција ги подразбираме античките мистерии, религиозно-окултните толкувања на паганските свештеници кои првенствено служеле за потчинување на лековерните и необразованите народни маси. Генерално кажано, ние не би погрешиле ако во сите наши...
За крстот – за неговите извори и корени
Често како приказ и симбол на богот на Сонцето се користел и крстот, кој бил симбол на обожавателите на Сонцето многу векови пред да се појави христијанството. Еден од неговите најстари симболи бил кукастиот крст. Со текот на времето тој во магијата на источните...
Односот на христијанинот кон астрологијата
Видовме дека астрологијата не е наука, туку религија со древно паганско потекло, која со силен замав со застрашувачки размери го освојува светот, при што сме соочени со најголемо будење на паганизмот до сега во историјата. Дали христијанството е немоќно па полека се...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.