Античките мистерии визави мистериите на традиционалната христијанска Црква

Под поимот античка традиција ги подразбираме античките мистерии, религиозно-окултните толкувања на паганските свештеници кои првенствено служеле за потчинување на лековерните и необразованите народни маси.

Генерално кажано, ние не би погрешиле ако во сите наши досегашни и идни текстови, во сите наслови и поднаслови, наместо зборовите „адепти“, „антички мајстори“, „антички учители“, „античко свештенство“ или „антички свештеници“, ги ставиме зборовите „христијански свештеници“; нема многу да згрешиме ако зборовите „паганско свештенство“ и „паганска наука“ ги замениме со зборовите „христијанско свештенство“ и со „христијанска наука“, или ако зборовите „антички култови“ и „антички мистерии“ ги замениме со зборовите „христијански култови“ и со „христијански свети тајни (мистерии)“, зашто меѓу едните и другите постои огромна сличност и соодветство и двете имаат еднаква суштина – суштината на теологијата и практиката на традиционалната христијанска Црква е еднаква со суштината на теологијата и практиката на антиката.

Да го илустрираме ова во куси црти, зашто за ова што ќе го кажеме подолу веќе е зборувано во книгава според потребите на други места, но контекстот бара и овде да кажеме нешто за тоа.

Да почнеме со целибатот. Тој кај Католичката црква води потекло од Семирамида, од стариот паганизам. Злоупотребите во врска со целибатот се евидентни кај двете страни. Верската проституција е присутна и кај едните и кај другите, само во различен вид.

Каде да ги сместиме во Библијата црковните ритуали на традиционалната Црква поврзани со процесиите и со кружењето околу црквата и во црквата? „Без сомнение, ова кружење, овој ритуал е поврзан со доктрината (на античкиот свет) чијашто суштина е обожавање на Сонцето.“7

Бидејќи Сонцето е еден од најпривлечните и најважните елементи во природата и во секојдневниот живот, тоа било најпогодно да се поврзе со некакво божество, да се прикаже како бог, или како манифестација или еманација на некаков бог кој стои зад него. Тоа добро го сфатиле старите мајстори, адептите, учителите, „посветените“, свештениците, и затоа како темел на својата лажна религија го зеле токму него, токму Сонцето – кое станало темел на сите древни, антички религии.

„Оваа практика, наречена ‘кружење’, потекнува од дамнина и постоела меѓу Римјаните, Семитите, Хиндусите и другите народи. Се сметало дека тоа е ритуал на прочистување; се верувало дека Сонцето патува околу Земјата. Кога кружеле околу олтарот, свештениците го имитирале движењето на Сонцето.“8 „Без сомнение, ова кружење, овој ритуал е поврзан со доктрината чијашто суштина е обожавање на Сонцето.“9

Да, антиката има свои мистерии, наречени „антички мистерии“, со чија помош нејзиното свештенство се издигнува над обичниот народ. Но, и традиционалната Црква има своја мистика и свои мистерии, т.н. седум „свети тајни“, „свети отајства“, „сакраменти“: крштавање, миропомазание, причестување (евхаристија), покајание (исповед), свештенство, брак и елеосвештение. Меѓутоа, во Библијата никаде овие нешта не се нарекуваат „свети тајни“. Зошто тогаш Црквата ги нарекува тајни? – Секако, не без причина! Таа „голема и длабока тајна“ со којашто, на пример, господин Милин ја обвива вечерата Господова и за која вели дека е тајна „подлабока од секоја длабочина, подлабока и од вселенското пространство, пред кое нашиот разум стои зачуден и збунет“, и сите „седум свети тајни“ што ги измислија, како и тајната на митарствата, на чистилиштето, пеколот итн., на свештениците им овозможуваат да се издигнат над верниците. Како што рековме, тоа се тајни што им се познати и што се привилегија само на свештениците, во кои не треба и не смеат да навлегуваат лаиците, зашто тоа не е нивна работа. Тоа е сродна идеја со идејата на францускиот филозоф Жан Жак Русо: „Малцинството знае што е добро за народот и тоа мора да му ги наметне своите идеи на мнозинството, на човештвото, за негово добро.“

Да повториме дел од она што беше кажано за вечерата Господова: „Со чудесното достоинство на свештениците, во нивните раце се овоплотува Божјиот Син како во утробата на благословената Девица Марија. Гледајте ја моќта на свештеникот! Свештеничкиот јазик го создава Бога од залак леб – тоа е повеќе од создавањето на светот.“10

Каква моќ и каква мистерија на свештеникот! Со зборови  „го создава Бога од залак леб!“ Се чини дека ни паганските свештеници од антиката не располагале со таква моќ да ги создаваат своите измислени богови, како што може еден свештеник од традиционалната христијанска Црква со својот „свештеничи јазик да го создава Бога од залак леб“! Човек-свештеник во секое време го создава и пресоздава Христа Бога од обичен леб и вино! Па ние со право се прашуваме: чија служба е помистична и помистериозна – онаа на античките, или на христијанските свештеници? Кои мистерии се поголеми, потаинствени и понедосегливи за обичните верници – паганските или христијанските? Секако, светите тајни на традиционалната христијанска Црква се поголеми и помистериозни од сите антички тајни и мистерии, зашто истите потекнуваат од нив.

Исповедта на верникот пред свештеник исто така потекнува од древниот паганизам и е присутна и во традиционалната Црква. Таа е одличен начин свештенството од прва рака да добива изворни информации од верниците за да има апсолутен увид во целокупното живеење на лаикатот, увид во сите настани што се случуваат и ефикасно да го надгледува расположението на народот, целосно да го контролира теренот и базата и ситуацијата да ја држи во раце.

Но не само тоа – исповедта им дава можност на свештениците да навлезат и во внатрешниот свет на своите верници, во светот на нивните мисли и тајни и да ја контролираат нивната психа, да го контролираат човечкото мислење и однесување, со што на верниците им го одземаат најголемото богатство со кое Бог го надарил човекот – правото на слободно и неконтролирано мислење. Ако верникот-грешник не се исповеди пред свештеник и ако свештеникот не му ги прости гревовите и не го разреши од нив, тој останува грешник и губи право на спасение. Значи, и паганскиот и христијанскиот свештеник, имаат власт да проштаваат гревови и да ги разрешуваат грешниците од нив, без што тие немаат спасение.

Раслојувањето меѓу свештенството и лаикатот (верниците) еднакво е присутно и застапено и кај древниот паганизам и во традиционалната христијанска Црква. Свештенството и кај едните и кај другите е на безброј скалила повисоко од неупатените верници. Свештенството и верниците се две различни категории меѓу кои постои огромна дистанца во секој поглед. Едните знаат сè, другите не знаат, едните се „привилегирани“, „одбрани“, „свети“ и упатени во сите тајни, а на другите тоа не им е достапно; едните се тука да мислат за другите и да кажуваат што треба да прават другите, а другите се тука не да мислат, туку само да извршуваат што ќе им се каже.

Значи, лаиците се тука само да слушаат, а не и да мислат, зашто свештениците мислат за нив. Тие знаат што е добро за нивното спасение. Верниците не можат и не смеат да ги контролираат своите свештеници, ниту да ја проверуваат и да ја толкуваат нивната наука што им ја наметнуваат. Тие со целосна доверба прифаќаат сè што ќе каже, и онака како што ќе каже свештеникот, зашто тој „знае“ сè!

Жедта за таква привилегија, власт и доминација над верниците, за таков повластен статус, во иста мера е присутна и кај едното и кај другото свештенство, и во таа насока постои апсолутен континуитет. Начинот, методите и патиштата со чија помош се постигнува тоа се наполно соодветни.

И едните и другите имаат свои измислени богови и светци со чија помош ги контролираат и земјата и небото и лаикатот го држат на нишан.

Паганските свештеници посредуваат за верниците и се заземаат за нив пред паганските богови, го молат врховниот бог, богот на Сонцето, Озириса…, секое утро да го запалува Сонцето за да не се угасне животот на земјата, и „успеваат“ во тоа, зашто божем се негови „избраници“ и „полномошници“.

И христијанските свештеници посредуваат пред Бога за верниците како исповедници. Тие и на небото пратиле плејада човечки посредници, светци, за да го „смилосаат“ семилостивиот библиски Бог и Спасител Исус Христос, покрај чиешто рамо поставиле и „семилостива спасителка“ и „небесна кралица“ (Богородица), за да го „смекне“ срцето на својот Син да им се смилува на грешниците. Така спасението, кое е директен бесплатен дар од Бога, го направиле зависно од себе и од илјадници други посредници.

И едните и другите свештеници се мајстори за создавање и за разрешување на мистериозни мистерии, но христијанските свештеници во тоа ги надминале своите колеги од паганството.

Да ги усложниме, си рекле, Христовите зборови кои се премногу едноставни и разбирливи и за најобичниот човек кој може и без наша помош да ги сфати; да ја мистифицираме неговата наука која ќе можеме само ние да ја толкуваме на начин што ни одговара нам; да направиме од Божјето евангелие мистерија несфатлива, неразбирлива и недосеглива за народот која ќе можеме само ние да ја разрешуваме, пак на начин што ни одговара нам. Колку поголема, позамрсена и подлабока мистерија, толку поголема дистанца меѓу нас и верниците, поголема светост, возвишеност, власт и почит, поповолна позиција и подобар статус за нас, широки рамки и простор за самостојно дејствување и одврзани раце за манипулација и доминација.

Таканаречените змиски кралеви биле основачи на школите на мистериите, па според тоа и врховни свештеници, понтифекси. Поради тоа, секој од нив е сметан за олицетворение на богот на Сонцето и обожаван како бог. Оттаму потекнува идејата на римскиот бискуп и папа како врховен свештеник, понтифекс, и како заменик на Божјиот Син, како Христов намесник, како „бог“ на земјата, кој има врховна духовна власт, но кој наскоро ќе се добере и до световната власт што ја имал некогаш, кој ги држи во свои раце клучевите од мистериите поврзани со чистилиштето и пеколот, односно клучевите на спасението, и во сè има последен збор. За ова е доста зборувано, а и ќе се зборува уште на други места во книгава.

Да заклучиме! Традиционалната христијанска Црква, со своите т.н. сакраменти или свети тајни (мистерии) ја продолжува традицијата на древните вавилонски вражари и астролози. Нејзините свети тајни се продолжение и верна копија на античките мистерии посветени на Луцифера како бог кој стои директно зад тандемот на сонцето и змијата како симболи на сите стари пагански религии или, традиционалната христијанска Црква е изданок од корените на античкиот паганизам, зашто речиси сета нејзина теологија и сите нејзини обичаи, преданија и идоли се пагански.

Но, драги мои, Новиот завет не познава таква разлика,  дистанца и раслојување меѓу свештениците и верниците-лаици. Во Новиот завет сите сме свештеници пред Бога, со еднакви позиции, можности, права, привилегии и предности и, во општа смисла, сите ние во иста мера ги познаваме едноставните библиски вистини, зашто секој верник има можност во свои раце да има Божја реч, Библија, со чија помош може да го контролира својот свештеник.

Во Библијата нема никаква посебна „света тајна“ која е привилегија само на свештеникот. Апостол Павле сите нас нè повикува: „Скапо сте платени, и затоа не станувајте им робови на луѓето“, не робувајте му никому, па ни на свештениците (1. Коринќаните 7,23). Не дозволувајте му никому да манипулира со вас. Вашето спасение е премногу скапо, вели Павле, и не ставајте го во нивни раце, зашто и тие, свештениците, се обични, грешни и смртни луѓе, кои во иста мера зависат од Бога за своето спасение како и вие.

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Астрологијата и нејзините апсурди“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

АСТРОЛОГИЈАТА И НЕЈЗИНИТЕ АПСУРДИ

Најскокотливо и мошне загадочно прашање за луѓето отсекогаш било прашањето поврзано со иднината. Оттаму не е чудно што тој интерес за оваа загатка и во ова наше турбулентно време станува сè поголем од кога и да е порано. Тие со сите сили се обидуваат настојувајќи по...

Видови на гатање

Во недостиг од дар на видовитост, оние што би сакале да ја „видат“ иднината прибегнуваат кон разни техники за „читање на иднината“. Тука спаѓаат сите видови на гатање или преткажување на иднината и судбината: - онеиромантија или онеирологија (грч. oneiros - сон,...

Апсурдите во врска со космичката енергија со која е проникната целата вселена и секое создание

Според таоистичката, хиндуистичко - будистичката, монистичката, пантеистичката и анимистичката религија и филозофија, со која денес е заплуснат светот како никогаш порано, длабоко во секое човечко суштество постои „искра“ на некакво „божество“ или „божествено јадро“,...

Реинкарнација

Според ориенталните религии и филозофии постои тврд и неумолив закон, кармички циклус на реинкарнација, или повторно раѓање при смртта и премин од еден во друг вид живот, можност некој и над четириесетина милиони пати да се реинкарнира, повторно да се воплоти, додека...

Кој ги измисли апсурдите во врска со космичката енергија и зошто?

Наводно може да се комуницира со другите без употреба на телефон, писмо, интернет; може да се контактира со билките (селанецот со своите посеви) со животните, со мртвата природа (со водата), со мртвите луѓе, или со повисоките, трансцендентни суштества, кои божем можат...

За анимизмот и пантеизмот

Анимизам. Мистично, спиритистичко верување според кое целокупната природа, дрвјата, птиците, животните и сите елементи, како што се дождот, ветерот, а и луѓето, имаат свој дух или душа. Насекаде околу нас се наоѓаат духови. Тие живеат во земјата, во водата, во...

Неврод и Семирамида

Вавилонците биле ориентално ориентирани не само географски, туку и религиозно - кон Сонцето. Така неговиот главен основач, а и организатор на целиот овој потфат, Неврод, станува основач на сите ориентални религии. Со култот на Неврода, како олицетворение на богот на...

За крстот – за неговите извори и корени

Често како приказ и симбол на богот на Сонцето се користел и крстот, кој бил симбол на обожавателите на Сонцето многу векови пред да се појави христијанството. Еден од неговите најстари симболи бил кукастиот крст. Со текот на времето тој во магијата на источните...

Односот на христијанинот кон астрологијата

Видовме дека астрологијата не е наука, туку религија со древно паганско потекло, која со силен замав со застрашувачки размери го освојува светот, при што сме соочени со најголемо будење на паганизмот до сега во историјата. Дали христијанството е немоќно па полека се...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат