Распространетоста на книгата „Времето и знаците“
Во еден од поранешните проекти беше предвидено на терен да пратиме 13.000 примероци од книгата, и тоа е сторено. Повеќе од 2000 нејзини примероци им се пратени на службениците на сите државни институции – на претседателот на Р. Македонија и на сите службеници на неговиот кабинет, на сите парламентарци на македонскиот парламент, на премиерот и на сите службеници на неговата влада, на сите министри и на службениците на министерствата и на нивните подрачни единици во цела Македонија, на војската, на сите полициски станици во Македонија, на царината, на сите градоначалници и на нивните советници, на сите јавни обвинители во Македонија итн. Книгата им е пратена на сите ТВ куќи, на радио станиците, како и на редакциите на сите дневни листови и седмични и месечни списанија во Македонија, на библиотеките, уметничките галерии, ателеите, на детстките градинки, на затворите итн.
Книгата им е пратена на сите македонски академици, писатели и поети – над 500 примероци. Опфатени се сите институти, театри, глумци, оркестри, операта и балетот. Пратени им се повеќе од 3.000 примероци на професорите на сите основни и средни училишта во цела Македонија; над 1.800 примероци им се пратени на сите професори и асистенти на сите факултети во Македонија; повеќе од 1.000 примероци на сите адвокати и на нивните службеници; над 560 примероци од книгата им се пратени на сите судии на адреса на сите основни и апелациони судови во Македонија. Со книгата се опфатени илјадници други интелектуалци – инженери, економисти, правници, нотари, уметници, музичари, пеачи; илјадници лекари, стоматолзи, фарамацефти и интелектуалци од сите други струки и професии; со над 300 примероци од книгата се опфатени свештениците и службениците на сите православни, католички и другите цркви и џамии во Македонија.
Книгата им е пратена и на илјадници други луѓе кои живеат во Македонија – на Македонци, на Албанци, на Срби и Роми, и таа еднакво добро е примена од сите граѓани, и од сите страни на Македонија добиваме мошне убави повратни информации. Обични луѓе, политичари, академици, професори, судии, писатели, адвокати, правници, лекари, свештеници и други службеници и интелектуалци, кои ја примиле книгата, за неа не штедат комплименти. Одушевени се со нејзината содржина и со начинот на кој е изнесена библиската вистина во неа. Мнозина изјавуваат дека никогаш немале во свои раце толку високо вредно и драгоцено дело со таква актуелна тематика и содржина како што е книгата „Времето и знаците“ и дека со задоволство ја читаат. Во нивните очи книгата уште повеќе вреди кога гледаат дека нејзиниот автор е човек со 4 факултети, со 4 универзитетски дипломи, кои навистина одговараат на едно такво дело и целосно ја покриваат содржината на книгата и нејзиниот начин на обработка.
Увидувајќи ја огромната вредност на оваа книга, мнозина ја препорачуваат како драгоценост на други, нарачувајќи нови примероци за своите пријатели; а и многу други, кои ја виделе книгата кај свои познати, сами нарачуваат примерок од неа за себе. Десетина училишта, меѓу кои и албански, кои веќе примиле неколку примероци од оваа книга, дополнително нарачаа 20, 30 и повеќе примероци за сите свои професори и службеници. Имаме инфорамици од теренот дека професорите на многу училишта дискутираат меѓу себе и расправаат за содржината на книгата. Жителите на некои помалечки места во Македонија сите знаат и зборуваат за оваа книга.