Контакт / Разговор со теолог
Почитувани,
Денешното турбулентно време во кое живееме секој ден станува се’ потешко за сите нас. Ние не сме програмирани и создадени за толку и за такви брзи промени што настануваат на сите подрачја од нашиот живот, а уште помалку за такви стресни состојби што ги доживуваме речиси секој ден. Проблемите со кои постојано се соочуваме пред бракот, во бракот, во семејствто, на работа и насекаде околу нас, стануваат се’ потешки и често неразрешливи. Сето тоа кај нас создава напнатост, страв, депресија, разочарување и очај. Бараме спас, бараме совет, бараме помош.
При разрешувањето на некои проблеми драгоцен совет може да даде и еден доверлив и искусен теолог. Почитувани, можеби таков драгоцен совет, кој навистина ќе ви помогне, може да ви даде авторот на оваа книга, “Времето и знаците”, теологот Никола Тесевски, кој зад себе има речиси 53-годишно теолошко искуство. Покрај теолошкиот факултет, тој има и факултетско образование од повеќе области на световните науки (види ја рубриката на сајтот “За авторот”). Повеќе од 50 години е во брак, семеен човек, има две ќерки и четири внуци.
Почитувани, теологот Никола Тесевски ве охрабрува во секое време слободно и со целосно доверие да му се обратите за совет, за разговор во четири очи, без притеснување и страв дека ќе бидете погрешно разбрани. Како теолог, тој има обврска пред Бога да ја штити вашата приватност.